логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Христос, мозаик.

02/12/2013 23 недела по Педесетница, демонологија, Неделно евангелие, отец Стефан Санџакоски

 

Минатата седмица Го почувствувавме во сета силина богочовекот Христос како господар на животот и светот, како дарител на животот и како лекар над лекарите на сите наши телесни, душевни и духовни недуги (немоќи, болести).

Денеска, Светото Евангелие отвора уште една, нова димензија во гледањето на богочовечката личност Христова. Денес Христос се потврди не само како вистински господар на животот и светот, туку и како личност пред која свештено трепери секоја создадена твар и секоја создадена личност што е исполнета со вера и знаење за реалното присуство на Бога во животот на луѓето.

 

Денеска чувме за антитеизмот на паднатите демонски битија, црните ангели. Тие се битија на небитието, апостазирани од Бога, но поради примордијалната создаденост од Бога, тие знаат дека Бог постои. При самото спомнување на Неговото име, треперат од страв, знаејќи дека Господарот на светот и животот има моќ и власт над секое создание. Силата на љубовта и силата на вистината го штитат човекот од демоните.

Христос, мозаик.

Христос, мозаик.

Светото Евангелие зборува за Христос, кој отиде во гадаринската област, спроти Галилеја. Таму го сретна еден човек од градот, кој долги години беше заробеник на демоните. Одеше сосема гол и не живееше дома, туку во гробовите. Штом го виде Христа, падна пред него и гласно извика: „Што имаш со мене ти, Исусе, Сине на севишниот Бог? Те молам не мачи ме“. И сето тоа се случи откако Исус му заповеда на нечистиот дух да излезе од човекот. Моќта на демонските сили беше немислено голема. Секогаш кога го ставаа во окови и кога го врзуваа со синџири, тој лесно ги раскинуваше. Негово омилено место за живеење беа пустите места. Утеха за демоните беше поривот на бесомачниот да живее во пусти, безводни и смртоносни простори. Негов најомилен простор на живеење беа гробиштата. При средбата со Христос, сумошедшиот стоеше и, тресејќи се, Го исповеда Неговото богочовечко име. Исповеда дека Исус е Син на Бога Отецот и Го молеше да се смилува над него. Потем, Христос го праша: „Како ти е името?“. Тој одговори: „Легион“, бидејќи во него се беа накотиле бесчислено многу демони. Тој стана орудие во рацете нивни. Тие потполно господареа со неговите внатрешни простори.

 

Кога Христос им заповеда да излезат, тие го молеа да ја одминат бездната. Предмет на нивните желби стана крдото свињи што пасеше по ридот. Го молеа Христа да им дозволи да влезат во нив. И Христос им допушти. Демоните излегоа од човекот и се вселија во свињите. Потем, свињите гргнаа низ стрмнината и се исподавија во езерото. Свињарите, пак, преплашени од настанот, се разбегаа и сведочеа во градот и околијата. Се насобра голем народ. Страшниот човек, човекот на демоните – кроток, благоразумен и трезвен, седеше облечен при нозете Исусови. Глетката ги збуни и ги уплаши луѓето. Народот од гадаринската област Го молеше Христа да си отиде. Излекуваниот бесомачник молеше да остане со Христос. Христос, пак, не му дозволи, туку го отпушти и го советуваше да се врати во домот свој и да сведочи за чудесното излекување. И Христос истиот час влезе во коработ и отплови од гадаринскиот крај.

Една од темите на денешното Евангелие е темата за демонократијата, несомнено колосална и можеби единствено вистинска тема на нашево време. Демонизмот од самиот почеток се облекува во рувото на ангелот на светлината. Негов медиум се лесноверните. Во моментов, драги мои, ми паѓа на ум големиот француски поет Бодлер. Во неговата книга „Цвеќето на злото“, воден од поетската интуиција, укажува на морбидната вистина: најголем успех на сатаната е да ги убеди луѓето не дека Бог, туку дека тој – ѓаволот – не постои. Отвореното зло и насилството отсекогаш се криеле зад маската на доброто и слободата.Возљубени мои, најголем сведок за тоа е векот во кој живееме. Клучните идеи и идеали, кои опрелестија мнозина со својата естетика и добрина, го родија плодот на човекоубиственото зло и незапаметеното насилство. Злото е ингениозниот виртуоз на модата и моден креатор. Во Египетскиот патерик се зборува како ава Макариј Велики го видел сатаната во пустината, со безбројни тикви обесени околу вратот. Ава Макариј го прашал: „Што носиш?“. Одговорил: „Разновидни јадења, за секој човек според неговата желба и вкус“. Затоа нашиот народ има право кога вели: „Кој со ѓаволот тикви сади, од главата му се кршат“.

Возљубени браќа и сестри, Христос е секогаш со нас. Христос е со нас како што родителот, односно мајката е секогаш крај детето свое. И како што мајката бдее над животот на своето дете, растејќи го од утробата своја до полнолетство, и како што нејзиното око и сите сетила нејзини ја следат секоја воздишка, секој чекор на своето дете, така и Христос Бог стои крај нас и нè следи, нè следи будно стражарејќи над срцата наши. Сите ние, како деца, сме биле во ситуација да бидеме осамени и преплашени од самотијата, предизвикана од отсуството на нашата мајка. И така осамени, ни се случувало да паднеме, да се повредиме и неутешно да му се предадеме на плачот. Но, секогаш кога ќе сме го почувствувале присуството на нашата мајка и нејзините прекрасни, топли, мајчински зборови: не плаши се, сине, јас сум со тебе, – плачот исчезнувал, а стравовите бивале изгонети. На ист начин, Христос Бог, кој е постојано присутен во животот наш, стои до нас и нè утешува: „Не плашете се, јас сум со вас“. Амин.

Отец Стефан Санџакоски

 

Извор: http://pravoslavie.mk.

Прочитајте повеќе на: http://pravoslavie.mk/demonokratija-gadarinska-oblast/



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 30, 2025
Patot.na.podviznikot53

ПРАВОСЛАВНА АСКЕТИКА ЗА МИРЈАНИ - ГЛАВА II

Самата збор „исповед“ значи дека христијанин дошол да ја раскаже, да исповеда и самиот да ги каже своите гревови. Свештеникот пред исповедта чита молитва: „Ти, како Благ и незлопамтив Господ, благоволи да ги разрешиш овие слуги Твои со Твојата реч“.

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА ОСУМНАЕСЕТА

Ное 28, 2025 Духовен Азбучник 2049
Patot.na.podviznikot45
Молитвата не завршува со утринското правило. Таа треба да трае во текот на целиот ден,…

ПАТОТ НА ПОДВИЖНИКОТ ГЛАВА СЕДУМНАЕСЕТТА

Ное 25, 2025 Духовен Азбучник 2070
Patot.na.podviznikot44
Не плаши се од сувоста во молитвата. Животворниот дожд слегува од Небето, а не од…

МИСИОНЕРСКИ ПИСМА: Владика Николај Велимировиќ 1. Писмо

Patot.na.podviznikot40
Како да Му возвратиме на Бога со љубов за љубовта, и како да се покажеме достојни на тој…

Гладни во изобилието

Ное 22, 2025 Ставови 513
Gladni.vo.izobilie
Не му е својствено да избира до избезумување меѓу стотици бесмислени варијанти на една…

Најново од духовност

Православен календар

 

09/05/2026 - сабота

Светиот свештеномаченик Василиј, епископ Амасиски; Свети Јоаникиј Девички; Свети Стефан епископ Пермски; Преподобен Филотеј Зервакос ;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2026

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2026

Крстот свој во времениот живот носејќи го, на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваа со кои светот сакаше...

Тропар на светиот великомаченик Георгиј  6 мај / 23 април 2026

Тропар на светиот великомаченик Георгиј 6 мај / 23 април 2026

глас 4Како ослободител на плениците и заштитник на сиромасите,лекар на немоќните, помошник на владетелите,победоносче, великомачениче Георгие,

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная