логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Долго време немало дожд во Лесново и селаните дошле да го молат отец Гаврил да се помоли на Бога да им испрати дожд. „Дојдете, ајде сите да се молиме на Бога…“ и среде молитва, за чудо и радост на сите започнало да врне дожд. Селаните започнале да му благодарат за молитвите, а отец Гаврил им се обратил скромно со зборовите: „Никогаш не ги препишувајте чудата на себе… Не сум тоа јас… “

Манастирот е чудотворен и свет, а и тие што доаѓаат добиваат исцеление!“
Неговиот свет, подвижнички и многустрадален живот, чистотата на верата, како и многубројните чудеса, за време на животот, но и по смртта, се сигурен показател дека тој е примен во населбите на светителите, и таму, пред престолот Божји се моли за неговите духовни чеда, за верниот народ на нашата Света македонска православна црква како и за сите кои со вера го повикуваат.

Житие и чудеса на преп. Гаврил Светогорец, еп. Велички (+12.01.1990)

 

28.08.1989 - Лесновски манастир

 

По избор на: фејсбук страна на Православна Македонија

 Старец Гаврил Велички: Духовната глад секогаш ни е потешка од физичката

Можеме да помислиме: Дали Бог може воопшто да се осознае? Дали чисто и јасно изговорените зборови имаат сила да ја изгонат маглата пред нашите очи, за да можеме јасно да Го видиме Бога? А и кога би можеле сиот наш живот, од самото раѓање, па сѐ до смртта, да го посветиме само во размислување за Бога, не би можеле ниедна искра од Божјите тајни да сфатиме, а уште помалку со зборови да ги изразиме и објасниме. Човечкиот разум не е конструиран за тоа. Ако од нашите сили зависи сознанието на духовниот свет и Бога, ние би останале совршени незнајковци во тој поглед. И на тој начин би биле одвоени и отфрлени на оваа земја без Бога, далеку од Него и од Неговата помош и утеха. Но, за среќа, тоа не е случај со нас. Бог знае дека ние не можеме сами да Го најдеме и сфатиме, и нѐ утешил. Ни покажал милост, се спуштил и ни дал олеснување, за да може да нѐ одржува и непрестајно да нѐ храни мислата за спасоносната близина на Бога.

Сите видови напори во правец на барање и разбирање на Бога, радосно Бог ги прима и обилно ги помага. Он е снисходлив како татко кон своето мило чедо. Бог не чека немоќниот човек сам да го помине тој пат кон Него. Он или праќа свои ангели или светители, или, пак, се спушта Сам, ги крши бариерите и законите на природата и се приближува кон човекот. Навистина, поради љубовта на човекот кон Бога, Бог ги урива границите што Сам ги создал меѓу Себе и човекот, повторно поради човекот, зашто Бог е Љубов. А љубовта на човекот кон Бога и Самиот Бог, тоа се две исти љубови меѓу кои не може да има бариера. Или, пак, ако има некаква граница, тогаш таа е исто што и границата што би била меѓу Бог Отец и Бог Син, кога Господ Исус Христос бил на земјата во тело. А и како би можело поинаку да биде, барем според нашата човечка логика, кога ние претставуваме искра на Бога и сме исполнети со здивот на Божјото создавање на првиот човек.

Бог им се открива на оние што Го бараат во толкава мера колку што од нив е баран, секому, без разлика, на кој и да било начин да Го бараат. И тоа се открива во вид што ним најмногу им одговара. Разбојникот во последниот момент на смртниот час од крстот Го побарал Господа и Го нашол. Другиот разбојник не Го барал и не Го нашол.

Бог, колку што е подготвен да им се приближи на оние што Го бараат, исто толку се засолнува пред очите на оние што не се интересираат за Него. Значи, за да Го најдеме Бога, мораме да Го бараме. А барањето со кротост и смирение донесува повеќе плод, и таквиот човек е разбран. Навистина, Бог ги знае нашите мисли уште пред да се зачнат во нашата свест. Но, бидејќи на човекот му дал слободна волја, го задолжил и со потребата и сам да ги изнесува своите желби, било да се изговорени или преку дела изразени, сепак, стануваат полноважни. Бог не сака да ни фрли некој Свој дар и понатаму да не го интересира како ние ќе го примиме и што со него ќе направиме.

Бог не сака со нас да постапува како со наемници, туку како со Свои најмил пород на срцето. Кога ни дава некој дар, сака тоа да биде наше барање, наша желба и наша вистинска потреба, па кога ни ја исполнува желбата по долго или кусо време, кога тоа нам најмногу ни одговара, сака и Он да учествува во нашата радост, исто онака како таткото што се радува заедно со своите деца, кога ќе им донесе подарок што тие одамна од срце го сакале.

Нашето барање преку усрдност и молитва, преку ревносно служење на Бога и престојување во Него, претставува само обично тропање пред вратата на Бога. Неговите патишта се мошне разновидни и несознајни. Човекот е должен да тропа со труд, вера, пост и молитва. Само да тропа обично и просто, еднаш, двапати или повеќепати, па да застане и да чека. Вратата на Бога можеби нема веднаш да се отвори по чудо, но подоцна, во свое време, секако ќе се отвори. Колку повеќе чекаме, толку повеќе расте веројатноста дека Бог ќе ни ја отвори вратата на Својата милост, ќе ги рашири рацете и со Својата татковска љубов ќе го прими синот, жеден за татковска љубов, ќе го привлече и прегрне.

Колку и да се молиме на Бога, зарем ќе биде повеќе отколку што вложуваме труд во обичните физички работи? Ако повеќепати во денот ги подигнеме рацете кон Бога, ќе биде ли повеќе отколку градинарот, кој од темни зори до вечер ги подигнува рацете кон дрвото за да ги собере плодовите што му ја носат неговата корка леб; или повеќе отколку рударот во темната јама? Колку и да се наведнуваме правејќи метании, можат ли тие да бидат повеќе отколку жетварот кој се наведнува под жешкото сонце по цел Божји ден, а понекогаш и ноќе? Ако ние толку многу труд вложуваме заради физичкиот леб, не е ли, исто така, неопходно да се трудиме и за лебот на нашиот дух? Молитвата претставува леб за душата и никогаш не би требало да ни здодее да се молиме на Бога. Во мислите непрестајно треба да бидеме во врска со Него. Духовната глад секогаш ни е потешка од физичката. Поради тоа, потребно е непрестајно да одржуваме врска со Него. Без таа Негова врска, ние би престанале да постоиме.

Времето потрошено за Бога, грешиме ако го сметаме за изгубено, или, пак, недоволно искористено, како што честопати си мислиме. Некојпат можеби ќе се најде некој безверник да нѐ укори, префрлувајќи ни каква полза имаме од секојдневното повторување на речиси исти молитви, кои одамна сме ги научиле напамет. Такво нешто, било да чуеме отстрана, било да се зачне во нашиот ум, доаѓа од лукавиот, кому му пречи нашиот успех, зашто добро знае дека тоа е света работа и претставува чисто богатство кое се чува на небото. А сатаната оттаму не може да го грабне.

Патиштата што водат кон Бога и нашиот Спасител во својата основа се прости и едноставни. Нив ги компликува, отежнува или оневозможува нашето сладострастие и неумерените животни желби, кои невнимателно и потсвесно стапуваат во контакт со непријателот на нашето спасение. Па поради тоа, молитвата кон Бога претставува не само леб на душата, туку нешто повеќе од тоа – нејзин живот. А Бог, кој ги знае и гледа нашите потреби и желби, ќе направи она што секој татко би го направил за своето добро и послушно дете, зашто Бог е Татко на татковците. Татко на сите.

подготви: Катица Проданова

Извор: Списание „Премин“, двоброј 111/112

 

 

 

Друго:

sv.Gavril.Svetogorec1.jpg

 

 

РАДОСТ ЗА СВЕТИИТЕ

Постојат светители што ни е дадено, а постојат и некои што не ни е дадено да ги знаеме, но кои како пресветли ѕвезди светат на небото. Светиот Гаврил Светогорец е една од тие ѕвезди што самата ни се објави, која заедно со другите знајни и незнајни го осветлуваат небото на нашите срца.

Да знаев, тогаш, дека „Херувим“ не припаѓа и не служи на земната, туку на Небесната Црква, ќе ме фатеше страв и немаше да одам кај него. Неговиот однос со мене не беше како татко и син, туку како другар од најрано детство, кој ја има целата моја душа на дланка. Многупати не зборувавме, а само се гледавме, и се разбиравме!

Ме испраќа до портата манастирска за дома. Одам десет чекори, не се вртам, а нешто ми вели: „обѕирни се назад“. И во тој миг, го гледам со кренати раце – како да слегува оган од небото. „Брат Живко, не се врти, оди напред, ајде продолжи!“, ми вели. Продолжувам, и повторно исто, сѐ додека не ме сокри од неговите раце. Ама тоа е видливо, а тој останува и понатаму со мене, сѐ додека нѐ грее.

До точка светогорски типик, богослужба во ладна црква без оган, нејадење, а од каде доаѓаше таа топлина – медицински несфатливо. Чувствувам како и мене ме грее, се прелева, ја предава, каква е таа, чудотворна.
Ме вика во светиот олтар. Нема струја, а внатре свети на секое влегување. Благо се наведнува, рацете – целив за благослов, кадилница. Го подигнува Агнецот. „Свјатаја свјатих...“ Глетка незаменлива – рај, рај, рај... Ех, Боже, какви се тие души – сѐ си му зел и сѐ си му оставил – само Ти и молитва за сѐ.

Еднаш ми рече: „Душата да ти ја побарам, ќе ми ја дадеш ли?“ Јас нему ништо не му дадов, а тој не само на мене, ами на колку такви како мене сиот им се даде... Не постои книга што ќе ја докаже неговата светост...
Шепотеше како на уво на „друг“ човек. Тогаш научив кој е Тој Друг со Кој зборува и на Кого му шепнува имиња: Фјодор, Живко, Ѕвонко, Горан, Марика, Родна, Ружа, Теодора...

Покрај тоа што беше исполнет со Божја љубов за луѓето, тој ги беше возљубил сите созданија: во црквата имаше малечки глувчиња, сосем мали, убави, со црни очички и долги опавчиња, па понекогаш досадуваа. Тој живи ги фаќаше со стапици, но не ги убиваше; само ќе ги однесеше во шумата и ги пушташе на слобода. Ми велеше: „Нека ја исполнат волјата Божја“. Ех, Боже, прекрасен си во Твоите Светии...

На секое заминување го прашував: „Отец Гаврил, што да ти донесам или испратам?“ Обично порачуваше некои ситни нешта. Но тогаш се зауми малку и рече: „Знаеш што? Донеси ми еден мртовечки сандак!“ Јас во мој стил негодував и почнав да се карам. А тој стоеше така мирно и ме гледаше. Наскоро се случи и тоа. Дванаесетти јануари. Кога влегував во дворот, го видов сандакот и се сетив што ми кажа. Наместо да се радувам, почнав силно, наглас да плачам. Кој може да ме разбере? Може ли да бидам дрзок пред Милоста? Зошто, мили Боже, тоа го направи...

Каква милост ми даде небото, да видам ангел во тело и жив светител. Ова време, и ние во него, не можеме да разбереме и сфатиме – живееме чисто бесловесен живот, без и малку сознание за имагинацијата во која сме замотани. Малку е зборот жални за да ја искаже целата жалост на нашата суета!

Може да се направи цела збирка за мојот свет духовен отец Гаврил, навестувајќи ги миомирисите на ливанските темјани од неговите чуда. Нешто како „мала радосна сцена“ пред да се дигне големата пурпурна, како боја од старо вино, тешка завеса.

Христос Воскресе!

Навистина Воскресе!

д-р Живко Котевски
специјалист физијатар

 

„ Додека беше во земската Црква сведочеше за Небесното Царство“ (28.05.2017)

„ Овој Свет човек додека беше во земската Црква сведочеше за Небесното Царство, за Ангелската чистота, за Христовата Спасоносна наука, од кого многумина го спознаа Богооткриеното спасоносно учење, потврдено и посведочено лично од неговиот испоснички, подвижнички и ревносен живот за Христа и Верата. За новиот Светител Лесновски, сведочат многуте луѓе кои го познавале, за неговта прозорливост, за неговота чудотворна исцелителна моќ и за неговиот високоморален духовен авторитет.

За ова се зборува не само помеѓу нашиот народ, туку на секаде во светот каде што имало можност да се види и да се слушне за оваа вистинската фреска која оди (жив светител). Но, исто така и по неговото Блажено упокојување, неговиот гроб и неговите Свети мошти, кои се наоѓаат во Лесновскиот манастир се исцеление на болните, радост на тажните, надеж на безнадежните и утврдување на верните. Неговиот гроб е извор на благоухание, за кое што сведочат секојдневните поклоници кои што приоѓаат.“ - Митрополит Брегалнички Иларион

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4522
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4292
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3798
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Беседи

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Ми смо створени за вечност. Створени смо да, имајући свако посебан дар, лични, специфичан печат, своју непоновљивост, будемо једно у Господу, будемо једно у Христу, а то јединство се најреалније...

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe...

« »