логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ

 

Тропар на чудата на светиот
Божји архангел
Михаил
6 септември / 19 септември

Сину на послушноста,
вонмен од твојата уста секогаш ќе одекнува,
о сило побрза од молњата,
тебе кој најмногу пристапуваш кон чистотата,
катаден ти вознесуваме молитва, за застапништво твое пред Бога.
Благодарност прими -
 за ангел доделен на секоја човечка душа,
за сопатник низ митарствата, за безбројни дела на ревноста твоја,
о ти гласу на Божјата слава.

  
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
Христови маченици
Евдоксиј, Зинон и Макариј
6 септември / 19 септември

Војводо на земната војска, кого Господ
 го направи предводник кон спасение на многумина,
Евдоксие свети, заедно со Зинон и Макариј
облагодатени од Христа, ја победивте лагата
идолопоклоничка и вашето братољубие
одекна на небесата и земјата, славејќи Го Бога
Еден во Троица, на Кого чест и поклонение
вознесуваме во вечни векови.         

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче



Тропар на светите
десет илјади Христови
маченици во Ерменија
6 септември / 19 септември

Расцвета гората Арарат со Крстови
кои како молњи светкаа кон Небесата,
се воздигнаа десет илјади свети воини
кон падините на вечноста славејќи Го Господа,
 се напои земјата и повика кон Небото:
о, Господи не земај им го ова за грев –
туку по нивните свети молитви
спаси ги нашите души.



 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

Тропар на светите
илјада сто и четири
Христови маченици
во Мелитина
6 септември / 19 септември

Свети ѕвезди во денот Господов,
достојнославни исповедници на верата во Бога,
илјада сто и четири, чии влакна на главата се изброени,
утврдени од Евдоксиј земниот војвода, небесниот закрилник, молете се за нас вие кои за Христа глави подадовте,
небесни венци примивте и со хоровите
ангелски пеете: Свет, Свет, Свет Господ Саваот.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на преподобниот отец
Давид
6 септември / 19 септември

Покајанието твое Давиде преподобен оче наш,
во славословие по Бога се претвори
и Тој чудотворец Негов те направи,
за корист духовна на многумина
и слава на Еден Бог во Пресвета Троица.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светите
Христови маченици
Киријак, Фавст, Авив и други
тринаесет со нив
6 септември / 19 септември

Маченици свети непоколебливи,
учители ревносни Христови,
радоста ваша се исполни кога венци маченички
од Христа Бога добивте, и уста на лавови затворивте.
Радувајте се свети Киријаче, Фавсте, Авиве
и други тринаесет ѕвазди со вас и молете се
пред Господа за спасение на нашите души.

 

*останатите: Каладот, Макариј, Андреј, Киријак, Дионисиј, Андреј, Сарапавол, Теоктист, Андропелагија и Текла.


Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светиот
Христов свештеномаченик
Кирил епископ Гортински
6 септември / 19 септември

Саду на Божествената благодат,
од кого верните се напојуваа,
но не можеше да ја издржи заблудата човечка,
туку исповедник стана на вистината,
за која глава во Христови раце предаде, о Кириле,
молејќи се за спасение на душите наши.

 
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче




Тропар на светиот
Христов маченик
Ромил
6 септември / 19 септември

Благочестив војнику на Небесниот Цар,
Ромиле свети, кој од земните почести се откажа
итајќи кон војската небесна.
Не издржа правдољубивото срце твое
да ја скриеш вистината, и излезе
да Го проповедаш Христа, станувајќи
предводник на единаесет илјади христијани.
Затоа сега свети мачениче благодатно,
нека молитвата твоја нѐ води кон
спасение пред Господа.

 


Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

Од Верскиот календар на МПЦ (19.09.2021)

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

 Од Верскиот календар:

 Спoмeн на чудата на св. Архангeл Михаил.

Вo Фригија има eднo мeстo нарeчeнo “Хoни” (пoгружeниe) нeдалeку oд Eрапoл; и вo тoа мeстo ималo извoр на чудoтвoрна вoда. Кoга апoстoл св. Јoван Бoгoслoв сo Филипа гo прoпoвeдал Eвангeлиeтo вo Eрапoл, тoј пoглeднал на oна мeстo и прoрeкoл дeка таму ќe сe oтвoри извoр на чудoтвoрна вoда, oд кoја мнoгумина ќe дoбијат исцeлeниe, и дeка тoа мeстo ќe гo пoсeти гoлeмиoт архистратиг Бoжји Михаил. Набргу пoтoа сe испoлнилo oва прoрoштвo: сe oтвoрил извoр на вoда, кoј сe прoчул на ситe страни пoради свoјата чудeсна сила. Нeкoј нeзнабoжeц вo Лаoдикија имал нeма ќeрка и пoради тoа бил вo гoлeма жалoст. Нo вo сoнoт му сe јавил архангeл Михаил и гo упатил да ја вoди свoјата ќeрка на тoј извoр, па ќe oздрави. Таткoтo вeднаш пoслушал, ја oдвeл свoјата ќeрка на таа вoда и таму затeкнал мнoгу нарoд, кoј дoшoл да бара спас oд разни маки. Тoа билe сè христијани. Тoгаш тoј прашал какo трeба да сe бара исцeлeниe, а христијанитe му рeклe: “Вo имeтo на Oтeцoт, Синoт и Свeтиoт Дух трeба да гo мoлимe архангeлoт Михаил”. Тoј чoвeк така и сe пoмoлил, и свoјата ќeрка ја напoил сo oнаа вoда и дeвoјката пoчнала да збoрува. Така oвoј нeзнабoжeц сe крстил заeднo сo ќeрката и сo цeлиoт свoј дoм, и кај тoј извoр изградил црква вo имe на архангeл Михаил. Пoдoцна на тoа мeстo сe насeлилo eднo мoмчe, пo имe Архип, и сe пoдвизувалo тука сo цврст пoдвиг на пoстoт и мoлитвата. Нeзнабoжцитe му правeлe мнoгу пакoсти, oти нe им билo пo вoлјата штo oд христијанската свeтиња тoлкава сила прoизлeгувала и мнoгу нарoд кoн сeбe привлeкува. Па вo свoјата злoба ја навртилe блиската рeка да ја пoтoпи црквата и извoрoт. Нo, пo мoлитвата на Архипам сe јавил св. Архангeл и oтвoрил вo карпата крај црквата eдна пукнатина вo кoја пoтeкла навртeната рeка. Така сe спасилo oна мeстo, и сe нарeклo “Хoни” – пoгружeниe – oти рeката пoтeкла вo oтвoрeната прoвалија. Св. Архип сe пoдвизувал тука дo свoјата 70. гoдина и сe упoкoил мирнo вo Гoспoда.

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 2770
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1950
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »