Недела на проштевањето (14.03.2021)

Овој празник пред Чесниот пост е устроен за да потсети на духовниот карактер на постот. Му се посветува на проштевањето или посуштински на покајанието, кое во Црквата претставува единствената вистинска содржина на личносните односи.Телесното воздржување што се практикува за време на постот е неразделно од богокопнежливата љубов на христијаните.






Потоа, на вечерната, откако ќе го чуеме најавувањето на постот преку великиот прокимен: „Не одвраќај го лицето Твое од чедото Твое; бидејќи страдам, бргу услиши ме; пази ја душата моја и избави ја“, влегувајќи во великопосното богослужение, кое со своите посебности и молитвата на светиот Ефрем Сирин, при што преку матанија – бараме прошка еден од друг, го извршуваме обредот на простување и помирување. Приближувајќи се еден кон друг со зборови на помирување, хорот ги пее пасхалните песни, исполнувајќи ја црквата со очекување на пасхалната радост.
Затоа, потребно е секој од вас да има духовен отец, со вера (доверба) да му пристапи, смирено да застане пред него и да му ги открие лошите страсти на своето срце. Кога примате духовно исцеление, од душата со корења ќе ги исфрлите плевелот и трењето на гревот, што секој од вас ги одгледувал во себе заради острастениот и сластољубив живот. Така на своите уши ќе им дозволите да ги слушаат духовните поуки
Сето тоа е едно, одговорив јас. Евангелието е како молитвата Исусова: зашто божественото име на Исуса Христа во себе ги содржи сите евангелски вистини. Светите оци велат дека молитвата Исусова е резиме на целото Евангелие.
Забораваме на многу завети што во текот на животот сме ги дале и сме се обврзале дека ќе ги исполнуваме... затоа и нашите дела се празни,затоа што преку нашите дела и не препознаваат...Можеш илјада пати да кажеш нешто и да ги убедуваш другите со најсовршен јазик,со најсрочена мисла, со елоквентна гестикулација, но ако твоите дела поинаку зборуваат за тебе се е залудно,се е ветар и магла...
Во нашиот подвижнички живот во Црквата ништо друго не правиме, освен тоа што градиме љубовен однос со Богочовекот Христос. Црквата е Богочовечка тајна во којашто ја живееме тајната на воплотувањето Христово – вистината дека Бог толку Го возљуби човекот што се поистовети со него, дојде во овој свет воплотувајќи се, стана човек. Меѓутоа, не каков било човек, туку последен од сите, слуга на сите, а нам ни даде можност да станеме богови по благодат.
Во сирната сабота се совршува споменот на светите мажи и жени, кои засветлиле во подвигот на постот. Со примерот на светите подвижници, Црквата нè засилува за духовен подвиг: „угледувајќи се на незлобивото живеење, да твориме многувидни и различни добродетелни дела, секој според своите сили“,
Како последица на она што Црквата е, а тоа е – заедница на живи и упокоени членови, но и на верата во воскресението и праведниот Суд Божји, се јавува принесувањето на молитви за „блажен покој“ на оние кои се упокоиле во Христа. При вршењето на помени и молитви за упокоените,

Зoштo Гoспoд oграничил и нe рeкoл “ситe”, туку “мнoзина”. Искуствoтo нè учи дeка нeкoи oд oниe кoи билe први вo чeст на Зeмјата, oстаналe први вo чeст и кај Бoга. Ималo царeви кoи oд свoјoт прeстoл Му угoдилe на Бoга. Ималo мнoгу бoгати кoи сo дoбрoтвoрствoтo и вeрата сe спасилe, а ималo и сирoмаси кoи заради злoбата и нeвeрувањeтo примилe oсуда.
Цeлoтo Eвангeлиe учи дeка трeба да сe oстави пoмалoтo заради пoгoлeмoтo, минливoтo заради нeминливoтo, лoшoтo заради дoбрoтo, eвтинoтo заради драгoцeнoтo. Кoга Eвангeлиeтo нe би вeтувалo пoгoлeми врeднoсти, тoгаш кoј би гo oставил пoмалoтo? Кoга нe би гo oткривалo сјајoт на драгoцeнoтo благo, кoј би ги напуштил пoeвтинитe блага?
И затоа брате мој, не барај ништо друго во молитвата, освен покајание. Ниту светлини, ниту чуда, ниту пророштва, ниту благодатни дарови, туку само покајание. Покајанието ќе ти донесе смирение. Смирението - благодат Божја. И внатре во Својата благодат, Бог ќе ти даде сe што ти е потребно за твоето спасение. И сe што е потребно, ако треба да и помогнеш на некоја друга душа.

Далечна земја е „место“ на неисполнувањето на Божјата волја, пројавено како непослушание кон духовниот отец и предвремено духовно самораководење, поради што Божјата благодат постепено се оддалечува од нас.
























