логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка



 sv.prorokIlija.jpg
Кондак 1.

Пророку Божји Илија, избран од Бога да го ослободиш Израилот од измамата Ваалова, страшен изобличителу на неправедните цареви, кој си заблескал со пламен на ревност кон Бога Седржителот и светост на животот и чудата, кој си земен со телото на небо и кој ќе му предходиш на Второто Христово доаѓање - тебе ти пееме пофални песни; а ти имајќи голема слобода пред Господа, од секакви зла и неволји ослободи не нас кои ти пееме побожно:

Радувај се Илија, голем пророку, славен предходнику на Второто Христово доаѓање.


Икос 1.

Водејќи чесен живот, пророку, ангел во тело си бил со својата ревност кон Бога, бидејќи уште кога си бил дете твојот татко Савах ги видел светлите ангели како
зборуваат со тебе, те повиваат во огин и те хранат со пламен , што ја претскажувало твојата пламена ревност кон Бога, силата на твоите зборови и животот
сјаен како светлост. Поради тоа со восхит извикуваме вака:

Радувај се, од вечноста избран да послужиш за спасување на синовите Израилеви;

Радувај се, од мајчината утроба предодреден за гласник на божествената вистина и побожност;

Радувај се, ти кој ги восхити твоите родители со преславното видение што на тебе им се покажа;

Радувај се, ти кој од младост ја засака девствената чистота и осаменоста;

Радувај се ти кој презирајќи ја суетата на овој свет и сите негови добра, својата душа потполно си ја посветил на Бога;

Радувај се ти, од Бога озарен со светлоста на премудроста и од детството напоен со побожност.

Радувај се Илија, голем пророку, славен предходник на Второто Христово доаѓање.


Кондак 2.

Гледајќи ја безбожноста и развратот во Израилот, преславен пророку, ти си бил многу жалостен во духот и си се распламтил со ревност за славата Божја, бидејќи синовите на Израил се поклониле на одвратните идоли, одстапувајќи од  вистинскиот Бог Кому сите небесни сили со страв Му извикуваат: Алилуја!


Икос 2.

Безаконитиот цар Израилски Ахав, замрачувајќи го својот разум со зла волја, Го остави вистинскиот Бог Седржител поклонувајќи се на одвратниот идол на
Ваал, па во своето царство го размножи поклонувањето на идолите и безбожноста. А ти, пророку, исполнет со голема ревност кон Бога, слободно го изобличи царот и му објави дека за казна нему и на царството три години и шест месеци нема да има дожд ни роса, и ќе има голем глад во целата земја. Восхитувајќи се на толкавата твоја ревност и голема смелост кон Бога, со љубов ти извикуваме:

Радувај се, смел проповеднику на вистината и силен бранител на побожноста;

Радувај се, ревносен изобличителу на безбожноста;

Радувај се ти, кој го замоли многутрпеливиот Бог да ги казни непокаените грешници;

Радувај се ти, кој со своите зборови го затвори небото и плодната земја ја направи неплодна;

Радувај се ти, кој за безбожните луѓе измоли тригодишен глад;

Радувај се, бидејќи Севишниот Господ ти го дарува тебе Ахава како некогаш на Мојсеја -- фараонот;

Радувај се, Илија, голем пророку, славен предходник на Второто Христостово доаѓање.


Кондак 3.

Прекрасен пророку, со силата на твоите молитви навистина се затвори небото и не падна дожд три години и шест месеци; беше голем глад по целата земја за безбожните луѓе со пот и глад измачени да се покаат и обратат кон Господа, скрушено пеејќи Му: Алилуја.


Икос 3.

Имајќи голема добрина кон тебе, пророче, Господ сакаше да те одвои од безбожните синови на Израилот, за со нив да не трпиш глад и жед и ти нареди да одиш на потокот Хорат, каде гавраните те хранеле, донесувајќи ти леб и месо. Затоа ти ги принесуваме овие пофалби:

Радувај се ти, кој со пост и молитва ги отфрли сите земни и суетни помисли;

Радувај се ти, кој со молитва и Богомислие го насочи кон небото својот ум;

Радувај се, славо на патријарсите и убавина на пророците;

Радувај се, пофалбо на девствениците и слава на преподобните;

Радувај се, учителу на светителите и сило на мачениците;

Радувај се, зашто безбожните и неверните ослепени  синови на Израилот си ги обратил на патот на вистината.

Радувај се Илија, голем пророку, славен предходнику на Второто Христово доаѓање.


Кондак 4.

Пророку, голема бура која руши гори му предходеше на Господовото приближување кон тебе на Хорив; тогаш имаше земјотрес и во земјотресот не беше Господ, а по земјотресот оган, и не беше Господ во огнот, а по огнот се слушна тивок глас и тука тебе ти се јави Господ, чие присуство осетувајќи го, ти го покри лицето
со својата наметка, со страв и радост воскликнувајќи Му: Алилуја!


Икос 4.

Слушајќи ја твојата заповед -- да се соберат на гората Кармил сите племиња Израилеви и таму да се доведат безбожните пророци на Ваала, безбожниот цар Ахав веднаш сите ги собра и сам дојде таму. А ти, ревнителу за славата Божја, сакајќи потполно да ги посрамотиш одвратните идоли и да Го прославиш вистинскиот Бог, си заповедал да спремат две жртви и незапалувајќи оган, рече: И ќе биде вака: Оној Бог кој ќе даде оган, тој е Бог. Слушајќи сите луѓе рекоа: Добар е зборот на Илија, нека биде: А ние, возвеличувајќи те, извикуваме:

Радувај се, голем пратенику на царот небесен и гласник на неговите заповеди;

Радувај се, цврст дијаманту на ревноста и непоколеблив столб на побожноста;

Радувај се, силен заштитнику на вистината и цврст борец против непријателите Божји;

Радувај се, искоренувачу на безбожноста и сеач на побожноста;

Радувај се, пламенит ревнителу за Божјата слава;

Радувај се, зашто и во последните денови на светот ќе проповедаш за вистинскиот Бог и ќе го изобличуваш бедниот антихрист.

Радувај се Илија, голем пророку, славен претходнику на Второто Христово доаѓање.


Кондак 5.

Тебе, од Бога пратена ѕвездо, безбожната царица Језавела мислеше да те изгасне; исполнувајќи се со омраза кон тебе поради погинувањето на нејзините
гнасни пророци, сакаше да те убие. И отврдна нејзиното срце, па не сакаше да верува на твоите чуда, пророку, ниту да Го познае вистинскиот Бог  Кому ти му
пееш : Алилуја.


Икос 5.

Многупофален пророку, гледајќи како после твојата молитва слезе од небото оган на твојата жртва и сета ја спали, уништувакјќи дрва, и камен, и земја и вода , сите луѓе на Израилот паднаа на колена говорејќи: Навистина е Господ Бог вистинскиот Бог. И поверуваа луѓето во Бога, бидејќи ти гнасните пророци ги искла . Славејќи го семоќниот, чудотворниот Бог, тебе -- Неговиот угодник, ти извикуваме вака:

Радувај се ти, кој стекна навистина преголема смелост пред Бога;

Радувај се ти, кој со знаци и чуда ја потврди божествената вистина;

Радувај се, бидејќи ја посрамоти демонската измама, прославувајќи ја вистинската вера;

Радувај се ти, кој си ги просветил неверните со вистинско знаење за Бога;

Радувај се ти, кој со троструко налевање на вода врз жртвеникот си ја објавил тајната за Пресветата Троица;

Радувај се, бидејќи сета природа тебе ти се покори, а огнот и водата ти служеа;

Радувај се Илија, голем пророку, славен предходнику на Второто Христово доаѓање.

 

Кондак 6.

Се јави, пророку, како проповедник со вистинско знаење за Бога и побожноста, не само во Израил, туку и во земјите на незнабожците , бидејќи беше пратен од Господа кај жената вдовица во Сарепта Сидонска, да се нахраниш, а и самата неа да ја нахраниш во времето на гладот; имајќи чудотворна благодат да правиш чуда, си го зголемил во нејзиниот дом во изобилие брашното и маслото додека не помина времето на гладот, и, вдахнувајќи му здив три пати после твојата молитва, го воскресна нејзиниот умрен син, пеејќи Му на чудотворниот Бог: Алилуја.


Икос 6.

Пророку, блеснувајќи со голема ревност кон Бога Седржителот, многу си се ожалостил што синовите на Израилот го оставија Неговиот завет, Неговите олтари ги
срушија и пророците ги испоубија. А Господ за твоја утеха ти објави дека цел Израил не отстапил од Него, туку има 7 000 тајни Свои слуги, кои не се поклониле на Ваала. Затоа, сеќавајќи се на твојата ревност кон Бога, ти пееме со побожност вака:

Радувај се, верен служителу и близок слуга Господов;

Радува се, углед и пофалбо на побожните пастири;

Радувај се, учителу на спасението и просветување на оние во темница;

Радувај се ти, кој ги помагаш победниците на вистината и ги поддржуваш во нивните подвизи и страдања за правдата;

Радувај се, бидејќи си горел со пламен на серафимска љубов кон Бога;

Радувај се, бидејќи и Господ во се те слушаше тебе и по твоите молитви чинеше се.

Радувај се Илија, голем пророку, славен предходник на Второто Христово доаѓање.

 

Кодак 7.

Сакајќи човекољубивиот Господ да ја покаже својата милосрдност кон грешниците кои се кајат, по завршувањето на времето проречено за глад, испрати по
молитвата твоја, пророку и по зборовите од устата твоја во изобилие тивок дожд на жедната земја; а синовите Израилеви удостоени со толкава милост, со
скрушени срца благодарно извикаа кон Бога: Алилуја!


Икос 7.

Безбожниот цар Ахав додаде ново зло дело на своите безаконија , кога нареди да го убијат невиниот Навутеј и го одзеде неговото лозје. Затоа, изобличувајќи го неправедниот цар, му претскажа, пророку, дека каде што е убиен Навутеј таму и неговата крв ке ја лижат свињи и кучиња, а и неговата жена кучиња ќе ја изедат  и целиот негов дом ке се истреби . Знаејќи дека ова страшно претскажување се обвистинило, со ужас извикуваме:

Радувај се, страшен осветнику на неправедните и силните;

Радувај се, моќен застапнику на сиромашните и напатените ;

Радувај се, укорителу на оние кои не ги почитуваат светите празници на Православната црква;

Радувај се победнику на дрските хулители на името Божјо;

Радувај се ти, кој со зборови како со гром си ги поразувал безакониците;

Радувај се ти, кој си ја знаел иднината и тоа што е далеку си го претскажувал како да е блиску.

Радувај се Илија, голем пророку, славен предходник на Второто Христово доаѓање.


Кондак 8.

Господ покажа чудно и надприродно грижење за тебе, пророку, кога им нареди на ненаситните гаврани кои ни своите младенчиња не ги хранеа, тебе да те хранат во времето на глад на потокот Хорат, каде постојано си бил на молитва и во размислување за Бога, пеејќи Му: Алилуја.


Икос 8.

Пророку Божји, си бил целиот украсен со голема смиреност. Затоа, кога стотици војводи со своите војници  со гордост дошле да те одведат кај безбожниот цар Охозиј, ти со оган си ги запалил, а Авдија кој смирено дошол кај тебе и кој ги хранел учениците на пророците, си го помилувал. Затоа ти ги подаруваме овие пофални песни:

Радувај се, укорителу и карателу на гордите, покровителу и заштитнику на смирените;

Радувај се ти, кој ги караш подмитливите судии, а на праведните судии си помошник;

Радувај се, сојузниче во борбата на правоверните војници, победнику на нечесните непријатели;

Радувај се, со премудрост облечен како со оклоп и со правда како со штит заграден;

Радувај се, наоружан со ревност кон Бога, и со пост како со крилја окрилен;

Радувај се, покриен со вера како со спасоносен шлем и овенчан со љубов како со пресветол венец.

Радувај се Илија, голем пророку, славен претходнику на Второто Христово доѓање.


Кондак 9.

Секое човечко битие е воодушевено од тоа што ти, прекрасен пророку, си одел 40 дена без храна и вода до гората Хорив, каде си се удостоил со преславно видение, и преслатките беседи на Господа -- Седржителот, пеејќи Му: Алилуја.


Икос 9.

Учените говорници не можат доволно да разберат и објаснат како ти, велики Илија, иако си бил во човечко тело и како и ние, подложен на страстите, беше вознесен на небото на пратените ти огнени коли со огнени коњи. Славејќи го Господа Кој те прослави и восхитувајќи се на твоето возвишување, побожно ти пееме:

Радувај се ти , кој со голема воздржливост го умртви во себе стариот човек;

Радувај се ти, кој со голема огнена ревност кон  Бога си ги запалил во себе телесните помисли;

Радувај се ти, кој со своето преселување на небото си го израдувал човечкиот род и си го уверил во вечниот живот;

Радувај се ти , кој со слава и чест надприродно од Бога си удостоен и прославен повеќе од сите древни пророци;

Радувај се ти, што ангелските ликови радосно те дочекале;

Радувај се, зашто твоето име го почитува цел свет и твојата ревност кон Бога многу се прославува .

Радувај се Илија голем пророку, славен предходнику на Второто Христово доаѓање.


Кондак 10.

Сакајќи да ги спасиш луѓето Израилеви од измамата Ваалова, себлажениот Господ те оспособи со божествена власт и сила, и те избра тебе, голем пророку, за
оружје на волјата Своја -за да ги обратиш неверниците, да ги поправиш грешниците, да ги просветиш оние кои се во мрак и сите да ги научиш да извикаат кон Бога: Алилуја!


Икос 10.

Пресвети пророку, биди ни тврдина и заштита, со твоето моќно застапништво намали го праведниот Божји гнев кој не погодува нас, грешните и непотребните, со
суша и глад и убиствени ветрови и болести, и избави не од неволјите за благодарно да извикаме кон тебе:

Радувај се ти, кој со своите молитви го затвори и го отвори небото и од Бога ја измоли плодноста и неплодноста на земјата;

Радувај се ти, кој со своето застапништво пред Бог доведе на посеаното мирен дожд и животворна роса;

Радувај се ти, кој ги стивнуваш морските бранови и страшните бури и по волјата на Господ управуваш со грмотевиците и молњите;

Радувај се ти, кој ги скроти штетните ветрови и смртоносните рани кои ги погодија луѓето и стоката;

Радувај се, хранителу на сиромашните и вдовиците и покровителу на дарежливите луѓе;

Радувај се, бидејќи ги поразуваш нечесните хулители и гонителите на правата вера, и ги протеруваш злобните духови од слугите Божји.

Радувај се Илија, голем пророку, славен предходник на Второто Христово доаѓање.


Кондак 11.

Пророку Божји Илија, прими го од нас умилното наше пеење како што ја прими молбата Јелисеева: да биде духот што е во
тебе, двострук и во него и кога, воздигнувајќи се на небо, му ја пушти нему твојата наметка што тој ја зеде, ги раздели како ти порано јорданските води и
постана наследник на Божјата благодат која во тебе дејствувала. Така и нас  покри не со наметката на милоста твоја од сите неволји и маки, па со благодарност
да извикуваме кон Бога: Алилуја!


Икос 11.

Сепофален пророку, си бил сјајно светило во Израилот, блескајќи со живот равноангелски, со мудрост и необична ревност кон Бога и преславни чуда,
просветувајќи ги луѓето со вистинито знаење за Бога и растерувајќи го мракот на идолопоклонството. Затоа ти пееме пофални песни:

Радувај се, блескава ѕвездо која со сјајот ја осветлуваш целата вселена;

Радувај се, светлосна свеќо која непрестано гориш и ги просветуваш оние кои седат во темнина;

Радувај се, осветлен со дух на премудрост и разум и исполнет со дух на волја и сила;

Радувај се просветен со дух на знаење и побожност и напоен со дух на страв Божји;

Радувај се, накитен со големи способности и преславни чуда;

Радувај се, бидејќи на земјата го исполнуваше Божјиот закон и ги помазуваше пророците и царевите.

Радувај се Илија, голем пророку, славен предходник на Второто Христово доаѓање.


Кондак 12.

Преславен пророку, ти беше дарувана голема благодат од Бога, бидејќи во својот земен живот пророкуваше и чинеше прекрасни чуда, а потоа надприродно беше воздигнат со телото на небо; По твоето вознесување чудесно си Му се јавил на Тавор на преобразениот Господ и со Него си говорел. И до денес не престануваш да правиш чуда и да им точиш милост и исцеление на оние кои усрдно те почитуваат, верно извикувајќи: Алилуја!


Икос 12.

Пеејќи за твојата огнена ревност кон Бога и животот равноангелски, твоите прекрасни и преславни чуда и големата Божја милост кон тебе, те фалиме голем пророку Илија; но неможејќи достојно да ја изразиме големината и славата твоја, смерно ти извикуваме вака:

Радувај се, ковчегу на божествената слава и најчесен храм на Пресветата Троица;

Радувај се, светлино на вечната црква и мирисен цвету на божествениот рај;

Раадувај се, раководителу на пустинските побожници, учител и закрепнувач на монасите;

Радувај се, бидејќи грешните ги поттикнуваш на покајание и за целиот христијански род посредуваш за вечен живот;

Радувај се, бидејќи во светлоста на светиите се насладуваш со неизречена слава и непрестано го славиш Бога;

Радувај се, бидејќи на крајот на времето ќе извршиш големи знаменија и чуда за утврдување на луѓето во вистинската вера и разобличување на антихристот.

Радувај се Илија, голем пророку, славен претходнику на Второто Христово доаѓање.


Кондак 13

О! Прекрасен и преславен пророку Божји Илија, преголем ревнителу за Бога, кој со дожд и суша плодност и неплодност за земјата од Бога измоли, слушни ја оваа мала молба која побожно ти ја принесуваме и со твоето топло застапништво кај Бога зачувај не од суша, глад и од смртни болести и дај ни чист воздух и плодност , и дух на права вера и побожност, па избавувајќи се од вечните маки, да се удостоиме со рајската среќа, пеејќи му на Бога: Алилуја!

(Овој Кондак се чита 3 пати, а потоа повторно се чита Икос 1, па Кондак 1)

 sv.ProrokElisej.Ilija.jpg


Молитва на светиот и славен пророк Божји Илија

О преславен и прекрасен пророку Божји Илија,кој си засветил на земјата со живот равноангелски, со огнена ревност кон Господа Бога Седржителот, со знаменија и преславни чуда, а потоа, по возвишената Божја милост кон тебе, надприродно вознесен со телото на небо на огнени коли , удостојувајќи се да зборуваш со Спасителот на светот Кој се преобрази на Тавор; Ти сега постојано престојуваш во рајот стоејќи пред престолот на Небесниот Цар. Услиши не нас грешните и некорисните кои сега стоиме пред твојата света икона и усрдно прибегнуваме кон твоето застапништво . Моли Го за нас човекољубивиот Бог да ни дарува дух на покајание и простување на нашите гревови и со Својата силна благодат да ни помогне да го оставиме патот на безбожноста и да напредуваме во секое добро дело. Да не зајакне во борбата со нашите страсти и похоти и да всади во нашите срца дух на смиреност и кротост, дух на братољубие и незлобие, дух на трпеливост и мудрост, дух на ревност за славата Божја и спасение на ближните . Уништи ги со твоите молитви пророку лошите обичаи на луѓето, а особено погубниот и штетен дух на овој век, кој го зарази христијанскиот род со непочитување на боженствената православна вера, уставот на светата Црква и Господовите заповеди, непочитување на родителите и повисоките власти, што ги фрла луѓето во бездната на безбожност, разврат и погубување. Отсрани го од нас, прекрасен пророку, со твојата заштита праведниот Божји гнев и избави ги сите наши градови и села од суша и глад, од страшни бури и земјотреси, од смртоносни рани и болести, од непријателски напади и меѓусебни борби. Измоли, пророку Божји, од Господа за нашите пастири ревност кон Бога, срдечна грижа за спасување на паствата, мудрост во учењето и управувањето, побожност и сила во искушенијата; за судиите измоли искреност и некористољубие , правда и сожалување кон навредените; за сите кои управуваат -- грижа за потчинетите, милост и праведност, а за потчинетите -- покорност и послушност кон властите и усрдно исполнување на своите обврски, па така сите да поживееме во овој век во мир и побожност, па да се удостоиме со учество во вековните блага во Царството на нашиот Господ и Спасител Исус Христос, на Кого му припаѓа чест и поклонување, со беспочетниот Негов Отец и Пресветиот Дух во вековите на вековите . Амин.

 

Превод: Фамилија Божиноски во соработка со уредниците на вебстраната на МПЦ Св. Петка.

Македонска Православна Црква „Св. Параскева - Петка“

2056 N Kedzie Ave, Chicago, IL 60647

 

 Друго:

СВЕТИ ПРОРОК ИЛИЈА – БОГОВИДЕЦ     

 


 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5832
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6644
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6438
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5629
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Тропар на светиот Христов маченик Евпсихиј 9 април / 22 април 2024

Од твоето срце за Христа спремнопламен ревносен излезе,о Евпсихие свети мачениче,ја запали лагата од овој свет,осветлувајќи ги бездните на темнината...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная