логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.truba

Браќа,

Ете, сега настана за нас празникот на нашиот (Господ) Христос, посветол од сите празници и ги озарува сите со светлозарните зраци.

Денес небесниот свод, ликувајќи, Го подзема на облак Христа, Кој се вознесува со тело кон неискажливиот престол на Отецот и ги собра за радост сите ангелски хорови и им заповеда едногласно да ја запеат трисветата песна[1]: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја![2]

Денес се разруши сета безбожна измама на невидливите бесови.

Денес потајно ликува пророк Давид, говорејќи: „Се издигна Бог при восклици и Господ при трубен звук“.[3]

3.angeli.so.truba

Денес апостолската дружина смело беседи со ангелите, бидејќи Бог, откако прими човечко тело и го обожи, воскресна од мртвите и го постави од десната страна на Отецот, како што учи евангелистот Лука,[4] говорејќи: „Исус ги зеде со Себе Своите ученици; ги изведе надвор од Витанија, па откако ги подигна рацете, ги благослови, и кога ги благословуваше, се оддели од нив. И, ете, светол облак Го подзеде од пред очите нивни. А тие, трепетно чудејќи се, Го гледаа Христа како се вознесува на небото и ете, двајца мажи во светла облека застанаа пред нив и им рекоа: Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, пак ќе дојде на истиот начин,[5] за да им суди на живите и на мртвите,[6] и ќе даде секому според неговите дела,[7] зашто Нему Отецот Му даде власт да им суди на сите’“.[8]

Затоа, браќа, да се потрудиме да правиме добри дела, чистејќи се од секакво зло, зашто чистотата нè возведува на небото и нè прави рамни на ангелите, а злобата со лакомството води во мака. Секој збор или секое дело, добро или лошо, ќе бидат ставени на мерила, едно наспроти друго, па според тоа, кое ќе натежне, човекот или ќе се овенча, или ќе се осуди.

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот нахранувајќи го и необлечениот облекувајќи го, одејќи со брзање во црквата Божја, пазејќи ]а со страв заповедта Божја, со вера барајќи го царството Божјо, како што рече Господ: „Не грижете се што ќе јадете или што ќе пиете, или во што ќе го облечете своето тело, зашто и неверниците ги бараат сите овие работи. Но барајте го најнапред царството Божјо и неговата правда, и сè ова ќе ви се придаде, зашто вашиот Отец небесен знае дека сè ова ви е потребно“,[9] та и без барање ќе ви се даде. Но ако го побарате најнапред царството Божјо, ќе ви се даде и сè ова, „зашто секој што сака со вера, ќе добие, и секој што бара, ќе најде, и на оној што чука, ќе му се отвори“[10], преку Исуса Христа, нашиот Господ, Кому нека е слава заедно со Отецот (и со Светиот Дух), сега и секогаш и во вековите.


[1] Ис. 6, 3.

[2] Лк. 2, 14.

[3] Пс. 46, 5.

[4] Овде св. Климент го ползува и евангелското и апостолското празнично четиво: Лк. 24, 36-53 и Дела 1,1-12.

[5] сп. Дела 1,11.

[6] сп. Дела 10, 42. 2 Тим. 4, 1.

[7] Мт. 16, 27. Рим. 2, 6.

[8] Јн. 5,27.

[9] Мт. 6, 32-33.

[10] Мт. 7, 8.

 


Изадок од книгата: Свети Климент Охридски. Собрани дела: слова, поуки, житија, Скопје 2012 158-160 стр.

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1128
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1256
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1125
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…