логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Ретроспективната изложба на Анета Светиева

И оваа година, Националната галерија продолжува со својата мисија. Имаме особено задоволство да го најавиме претставувањето на творештвото на Анета Светиева. Изложбата ќе биде поставена во Даут пашиниот амам до крајот на месец август, а официјалното отворање ќе биде на 21 мај 2025 (среда), во 20 часот.

Ретроспективната изложба на Анета Светиева е дел од програмата на Националната галерија за сеопфатно презентирање на македонските современи уметници кои ја креираа нашата ликовна сцена. Проектот ја следи монографијата за Светиева издадена 2023 година, со што се заокружува долгогодишното следење и истражување на богатиот творечки опус на еден од најзначајните македонски скулптори.

Сложеното, комплексно, иновативно и креативното творештво на Анета Светиева, го поставува нејзиното дело на самиот врв не само на македонската ликовна сцена, туку и на една пиширока платформа која ги преминува границите на регионот.

Во почетокот на седумдесеттите , поинаквите видувања не само на формата, на појавниот облик, туку и на некои суштински прашања во однос кон делото, беа причина критиката да ги дефинира скулптурите на Анета Светиева (веќе во нејзините првични настапи) како дела со јасен концептуален и изведувачки проседе, вон од тогашните вообичаени јазички модели. Тие блескави мигови вон од општите стилски движења и веќе контурирани шеми, создаде еден индивидуален пробив во скулпторската материја. Нејзиниот самостоен пластички исказ кој се наметна со силината на автентичноста надвор од главните актуелни текови, го иницира внатрешното битие на делото, неговата вибрација што реагира на живиот дух на времето како знак на современоста. Внатрешните диктати се генерирани од изворите на нејзиниот интерес за етносот, фолклорот и печената земја како исконските артефаки, како прилози на делување на еманципираниот човечки дух. Нејзиното творештво е во темелен дијалог со етнолошката ризница и обичаите на Балканот и пошироко, врз кои што ги гради сопствените митолошки пејзажи и ги воскрснува колективните митови до степен на универзалното. Во нејзините форми, материјализираната идеја се наметнува со убедливо сведоштво за густо, слоевито преплетување на уметноста на сегашниот миг и оние слоеви кои можат да се разбудат во секој творец. Тој спој е кај Анета реализиран и нагласен и во него е содржан и одговорот на круцијалното прашање за потеклото и слоевитото значење на нејзиното дело. Во каталогот за изложбата во Белград, 1984, Анета кажува : “Моите размислувања, некој флуид ...и порано, веке во првите чекори, беа насочени кон овој свет на митот како автохтоност, автентичност, како мој идентитет искажан со синтагми, со секвенци од разновидните области и начини на сфаќањето на животот на мојот народ, на мојата почва и поднебје. Се е поврзано на некој начин.”

Сугестивните акценти – контурите, цртите на лицето, еротските и метафоричките индикации, ироничните белешки, цинизмот, симболиката и енергијата, страста на допирот, внатрешната напнатост, сетилноста, љубопитноста и играта, истражувачко-експерименталниот порив, задоволството во создавањето … го прават инвентарот на средствата во интеракцијата на погледот и допирот, на обликот, бојата, вдлабнатините и засекувањата, во енергијата која сака да избие. Тие зборуваат за најдлабоките човечки страдања и стравови и за елементарните животни задоволства и радости, за љубовта, но и за насилството и за смртта, за обидот да се надвладее стравот, ги отвораат вратите кон она другото, непознатото и никогаш разбрано до крај. Во нив се чувствува некој жив дух кој таинствено лебдее над формите и облиците, над линиите, засекувањата, тактилните траги на прстите што обликуваат стварност по себе. Свртена кон оние теми и вредности што одамна, со векови, биле присутни во живите преданија, во живата фантазија на македонскиот народ, воспостави една магична синтеза меѓу поетиката на руралното и урбаното, на минатото и сегашното, а со тоа го создаде и богатството на нејзината визуелна нарација. Нејзините дела не се искинат фрагмент од светот, туку затворен универзум кој опфаќа една животна зона, еден чист круг кој во себе го содржи сето она што може да постои и надвор од него.

Во наречниците, капачките, обележјата, реките … во Еросот и Танатосот, во Двојниците … не е тешко да се препознаат архетипските слики на стравот, неизвесноста, очекувањата … кои од дамнешни времиња го следат човекот, немоќен да се разбере себеси во светот и да ги објасни силите на природата и на универзумот. Од тие архетипски форми, напластени во сложените слоеви на колективното несвесно, се ослободува тензична, набиена и набабрена психичка енергија која пробива во свеста секогаш кога егото е загрозено, кога доаѓа до нерешливиот конфликт меѓу човекот и опкружувањето. Сите нејзини дела содржат сопствена тајна во судирот меѓу животот и смртта кој прерасна во повисок симбол на нејзината уметност. За неa животот не е оптимистичка егзалтација, како што ни смртта не е светска трагедија; всушност, разликата е мала, речиси безначајна, тоа е судир без победник…Скулптурата на Светиева е оригинална и во најголема мера осамена појава. Може со сигурност да се каже дека севкупното нејзино творештво е создадено во, денес, една заборавена категорија на инстинктивна, ослободена потреба за создавање која не може да се верифицира со вообичаените важечки стандарди за оваа област на уметничкото дејствување.

Во сликањето на животот, на човековите траги во времето и во просторот, ја покажа својата голема дарба: од елементарните животни ситуации врзани за обичаите, навиките, сеќавањата … создаде импозантно уметничко дело чие кажување ве принудува да го слушнете ехото на враќањето кон волшебните светови, кон темелните вредности, и пред нас се појавува едно големо, заокружено и целовито дело, комплетен уметнички одраз на времето.

Биографија

 

Анета Светиева е родена во Битола 1944 година. Академија за ликовни уметности (1968) и постдипломски студии (1971) година, завршила во Белград.

Во периодот 1965 – 1971, за иновативноста и специфичниот ликовен израз, добива три престижни студентски награди, а потоа и награда на Друштвото на ликовни уметници на Србија. Во 1974 година се враќа во Македонија. Од 1977 година работи во Институтот за фолклор, 1988 докторира на Филозофскиот факултет во Белград на одделот за етнологија. Во 1990 година се вработува во Заводот за етнологија на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што, во 1995. станува редовен професор. Нејзините учества на значајните меѓународни ликовни манифестации, секогаш се проследени со посебно внимание од критиката, како што е случај и со презентацијата на Биеналето за ликовниуметности во Венеција 1997 година, каде што е забележана како автор со специфичен, поинаков пристап во обликувањето на автентично и автохтоно дело надвор од трендовските обележја.

1а. Голем акт, 1968, гипс, природна големина, Награда Илија Коларевиќ на АЛУ, Белград, 1968. (уништен на ФЛУ во Белград) скен,Марин ОК! copy.jpg
Голем акт, 1968, гипс, природна големина, Награда Илија Коларевиќ на АЛУ, Белград, 1968. (уништен на ФЛУ во Белград)

Проектот е куриран од Викторија Васева Димеска, историчарка на уметност, во соработка со д-р Ана Франговска, куратор советник, Маја Неделкоска Брзанова, куратор советник и Маја Чанкуловска Михајловска, виш куратор.

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Православен календар

 

16/05/2025 - петок

Светите маченици Тимотеј и Мавра; Преподобен Теодосиј Киево-Печерски; ј Серски

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на свети Игнатиј Брјанчанинов  13 мај/30 април/ 2025

Тропар на свети Игнатиј Брјанчанинов 13 мај/30 април/ 2025

Поборнику на Православието,на покајанието и на молитвата сигурен учителу и делатнику,на архиереите боговдахновен украсу,

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик;св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2025

Тропар на светите Христови девет маченици во Кизик;св.Василиј Острошки 12 мај/29 април 2025

Непоколебливи во верата света како гората Сион, огнена ревност имајќи како Илија, вие свети девет маченици словото Божјо до крај...

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј  8 мај/25 април  2025

Тропар на светиот патријарх Цариградски Македониј 8 мај/25 април 2025

Крстот свој во времениот живот носејќи го,на него страстите ги распнуваше,а прогоните и исмевањата согоруваасо кои светот сакаше верата во...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная