логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 лого

21ви  декември   2020 лето Господово

 

3.angeli.so.truba

 Архимандрит СЕРАФИМ

ПРАВОСЛАВНО ЧЕТИВО

 

4) ПРИГОВОРИ ПРОТИВ ИСПОВЕДТА

 

zaboraveni.lekarstva.jpg  Колку е големо нашето нечестие! Бидејќи ние, не заради тоа што сме ја заборавиле Исповедта како чудотворно лекарство и не прибегнуваме кон неа, туку и тогаш кога ја знаеме не ја практикуваме! Што може да биде понеразумно од ова?
 Исповедта е толку неопходна за нас грешните што смело треба да речеме: без Исповед за нас нема спасение! Истава мисла ава Исаија ја изразил вака: “Ако немаше покајание, никој не би се спасил”. Како што Крштението не мие од првородниот грев и од сите гревови направени до него, така и Покајанието, кое е поврзано со исповедањето на гревовите, не  мие од сите беззаконија извршени по Крштението.


 Но, ние не се исповедаме бидејќи имаме приговори против Исповедта. Кои се нашите најчести приговори?


 1) Еден вели: “Јас  сум многу грешен, може ли Бог да ми ги прости гревовите? Јас не верувам во тоа! Затоа нема смисла да се исповедам”.
 Но, ако човекот искрено се покае, може да му се прости секој грев. “Силата на покајанието е заснована на Божјата сила! Лекарот е семоќен – и Лекот даден од семоќен” (еп. Игнатиј Брјанчанинов).
 Св. Јован Златоуст, размислувајќи за чудотворните последици од искреното покајание, вели: “Покајанието е лек што го уништува гревот. Тоа е небесен дар, чудотворна сила која по Божја благодат ја победува силата и строгоста на законите. Тоа не одблескува од блудникот, не отпаѓа од прељубодеецот, не се одвраќа од пијаниот, не се гнаси од идолопоклоникот, не го занемарува оној што зборува лошо, не го прескокнува хулителот, ниту горделивецот: тоа сите ги пресоздава, бидејќи е пламен за очистување од гревовите. Раната и лекот, тоа се гревот и покајанието (исповедта – во ск. мое).
 Немој да ми велиш: многу сум грешел, па како ќе може да се спасам? Ти не можеш, но твојот Бог може, и тоа така што ќе ги уништи сите твои гревови. Слушај ги внимателно моиве зборови: твојот Бог ги уништува твоите гревови така што од нив не останува ни дамка, ни белег, туку ти го враќа здравјето. Тој ти ја подарува благообразноста кога те ослободува од смрттното наказание, Тој ти дава праведност и оној што грешел го прави еднаков со оној што не грешел. Бидејќи Тој го уништува гревот и прави да исчезне како никогаш и да го немало.


 “Но, ќе речеш, возможно ли е оној што се покајал да се спаси? Совршено возможно! Но, јас целиот свој живот сум го поминал во грев, ако се покајам дали ќе бидам спасен? Се разбира! Од што се гледа тоа? Од човекољубието на твојот Господ. Зарем јас се надевам дека твоето покајание ќе ги уништи твоите тешки гревови? Ако би било само твоето покајание, тогаш ти би требало да трепериш; но, со покајанието се соединува Божјото милосрдие, а Божјото милосрдие нема граница и зборовите не можат да ја изразат Неговата добрина. Твојата злоба има предел, но Лекот против неа е беспределен. Твојата злоба е човечка злоба, а Божјото милосрдие е неискажливо. Затоа надевај се дека Тој ќе ги превиди твоите гревови. Замисли си искра што паѓа во морето: ќе се запали ли? Ќе се појави ли повторно? А она што е искрата за морето, тоа е гревот за Божјото човекољубие, но тој дури ни приближно не е тоа, туку нешто многу помалку! Морето, колку и да е големо, има крај, а Божјото човекољубие е безгранично”.


 2) Друг вели: Зошто да се исповедам? Јас немам некои особени гревови. Нека се исповедаат оние што убиле, ограбиле, унесреќиле или извршиле некој друг грев”.
  Овој приговор за исповедта е наполно спротивен на првиот. Таму, заради страшното сознавање на својата огревовеност, човекот не верува дека ќе му се прости. А овде умира секакво сознание за огревовеноста. “Немам особени гревови…” Но, дали навистина е така? Кога човекот подолго време престојува во една затворена соба, се навикнува на расипаниот воздух во неа и не чувствува колку е тој непријатен. Но, ако дојде некој однадвор, не ќе може да ја издржи насобраната смрдеа во собата и ќе избега.
 Нека одговорат оние што велат: “Немам некои особени гревови”, дали тогаш Го имаат Христос во срцето? А чисти ли се нивните срца? Едвај! Тие си вообразуваат дека се чисти, но вообразенијата сеуште не се дејствување. “Ако кажеме дека немаме грев, се лажеме сами себе, и вистината не е во нас” (1. Јов. 1,8). А каде што е лагата, Таму не е Христос!
 Тогаш, што да правиме? – Да се исповедаме. “Ако ги исповедаме гревовите свои, Он е верен и праведен за да ни ги прости гревовите и да не  очисти од секаква неправда” (1. Јов. 1,9).


 Светите отци не учат дека е многу тешко човек да ги согледа своите гревови.
 Тоа се објаснува со заслепувањето што ни го прави ѓаволот. Ава Исаија вели: “Кога човек ќе се оддели од оние што се наоѓаат од неговата лева страна, т.е. од општожитието со демоните и од учествувањето во нивните гнасотии, тогаш тој ќе ги види своите согрешенија пред Бога во сета нивна полнота; тогаш тој ќе го познае Исуса. Но, човек не може да ги согледа своите гревови се  додека не се раздели од нив преку состојба исполнета со мака и страдања. Оние што ја достигнале оваа состојба се предале на плачот и молитвата и кога ќе се сетат на своето лукаво дружење со страстите не смеат да погледнат кон Бога, туку престојуваат во постојана скрушеност на духот”.
 Да беше лесно согледувањето на своите гревови, св. Ефрем Сирин немаше да моли: “Господи, дај ми да ги видам своите прегрешенија”. Ниту, пак, о. Јован Кронштадски да вели: “Тоа е навистина дар Божји – да ги видиш своите гревови во сето нивно мноштво и во сета нивна гнасотија”.
 Излегува дека оние што мислат дека немаат некои особени гревови се всушност слепи. Тие треба да се молат Господ да им даде да ги видат нивните гревови и да се спасат од крајно погибелното духовно сознание што ги опфатило дека немаат некои особени гревови. Дури и како прашинки да се мали нивните гревови, штом не се чистат со постојана исповед се натрупуваат и ја валкаат собата на срцето, така што таму не може да влезе големиот небесен Гостин.
 Малите гревови се честопати поопасни од најголемите престапи, бидејќи последниве многу $ тежат на совеста и настојуваат да бидат простени, исповедани, измазнети, излечени, додека пак малите гревови не $ тежат многу на душата, но го имаат тоа погибелно својство да ја направат бесчувствителна кон Божјата благодат и незаинтересирана за спасението. Многу помалку луѓе загинале од свирепи ѕверови отколку од малите и за око невидливи микроорганизми. Малите гревови, како незначителни, најчесто се одминуваат без да им се обрати внимание. Тие лесно се забораваат и затрупувајќи го правилното осознавање ја создаваат најстрашната навика кај човекот – навиката да греши. Така непокајаниот грешник стигнува до самозаблудување дека не е грешен, дека со него се  е во ред иако е непокајан и жален роб на гревовите.
 Малите гревови создаваат вистинско мртвило во духовниот живот на човекот. Како што камениот часовник запира од напластувањето на ситниот прав, така и духовниот пулс на човекот постепено замира под дебелиот пласт на натрупаните “ситни” гревови. За повторно да проработи часовникот, треба да се издува правот. За да оживи човекот за духовен живот, треба да ги исповеда и најмалите гревови.


 3) Трет, пак, вели: “сето тоа е вистина, но зошто да се исповедам кога знам дека утре повторно ќе згрешам? Има ли смисла таквата исповед? Јас разбирам да се исповедаш, но потоа повеќе да не грешиш!”
 Овој приговор против исповедта содржи нешто правилно, но и нешто неправилно. Правилна е желбата повеќе да не се греши по исповедта. Но, ние сме немоќни луѓе, не можеме одеднаш да достигнеме таква цврстина што го прави невозможно паѓањето во волни гревови. Тогаш, кога не можеме одеднаш да достигнеме таква цврстина во добродетелта, да се оддадеме ли на порокот? Да престанеме ли да се исповедаме? Што е подобро - да лежиш во калта на духовното мочуриште или да се исправаш по секое паѓање и да одиш напред со надеж дека некогаш ќе стигнеш до тврдиот и убав брег на добродетелта? Ако не се исповедаш, остануваш во калта. Ако се исповедаш, се подигаш од калта и се миеш од неа. Ти велиш: “Но, зошто да станувам кога утре повторно ќе паднам?” Штом паднеш, повторно стани! Секој ден започнувај одново! Тоа несомнено е подобро, отколку да се одвикнеш да стануваш.
 Еден млад монах се пожалил кај големиот подвижник ава Сисое: “Ава, што да правам? Јас паднав!” Старецот одговорил: “Стани!” Монахот рекол: “Јас станав и повторно паднав!” Старецот одговорил: “Повторно стани!” А младиот монах запрашал: “И до кога да станувам кога паѓам?”, “До својот крај” – одговорил ава Сисое.
 Овој мал дијалог треба да го запаметиме сите ние што сакаме да се поправиме, но измамени од ѓаволот постојано повторно паѓаме во нашите претходни гревови. Секогаш штом паднеме во некое прегрешение треба да станеме. “Исправено” – тоа е исповедта.
 “Но, зошто да си играме паѓање и станување?” – прашуваат некои. О, тоа не е игра, туку борба во што има голема смисла. Ако како луѓе немоќни паѓаме, но повторно стануваме, голема е веројатноста смртта да не  начека станати. Тогаш, ние сме спасени. Но, ако мислиме да не стануваме, смртта сигурно ќе н# начека легнати во калта. Тогаш сме изгубени за навек!
 Св. Јован Златоуст, вели: “Покајанието го отвара небото за човекот, го воведува во рајот, го победува ѓаволот. Грешен ли си? Не очајувај! Ако секој ден грешиш, секој ден принесувај покајание! Кога во старите куќи има изгниени места, ги заменуваме со нови, но не престануваме да се грижиме за нив. Ти треба да одлучуваш за себеси: ако денес си се осквернил со грев, веднаш очисти се со покајание”.3

 За миење на телесната нечистотија Бог ја дал водата, а за миење на душевните осквернувања Бог ја дал благодатта на Св. тајна исповед. Секој човек што ќе си ги извалка рацете се мие и не вели: “Нема да си ги измијам рацете бидејќи повторно ќе ги извалкам!” А зошто, пак, тогаш многумина велат: “Нема да се исповедам бидејќи утре повторно ќе згрешам!” Така е бидејќи непријателот на нашето спасение ни сугерира да не си ги миеме душите за тој да ја добие власта над нив.
 Но, ние не треба да ги слушаме таквите сатански сугестии, туку треба почесто да се исповедаме бидејќи честото миење всадува во нас љубов кон чистотата.
 Оставете си ја куќата една година неизметена, неисчистена, непроветрена! Зарем нема да се претвори во вистинска кочина? А сега, замислете си во што се претворила душата на оној што не една, туку дваесет, четириесет, шеесет или седумдесет години не ја чистел својата душа со исповед!


 4) Четврт, пак, вели: “Јас се исповедам пред Бога. Каква потреба имам да одам кај свештеникот?”
 Па, ако нема потреба да одиш кај свештеникот, тогаш не оди кај него! Тогаш обрати се кон Бога, Тој дирекно од горе да те крсти. Тој да те миропомаза, Тој да те венча, Тај да ти изврши маслосвет, Тој директно да те причести без некоја небесна Литургија итн. но, тоа ти не го правиш. Зошто  си недоследен? Зошто за сите останати Тајни ти се обраќаш кон свештеникот, а само за тајната исповед, велиш: “Немам потреба од свештеник; јас се исповедам дирекно пред Бога!” Не чувствуваш ли дека непријателот те мами?
 Бог наредил свештениците да ги свештенослужат светите тајни, па преку нив ние да ја добиваме небесната и сеспасителна благодат. И исповедта е тајна. Ако се исповедаш пред Бога, добро правиш, зошто ја раздвижуваш својата совест, си спомнуваш за своите гревови и  можеби и солзи лееш за нив. Но, со сето тоа се уште не ја добиваш прошката од Божјата благодат. Исто, како кога седиш и размислуваш, како во денот што не заоѓа во Царството небесно Божјите угодници се причестуваат со недостижната за нас небесна причест. Колку и да те исполнуваат со радост и умиление твоите мисли ти реално не се причестуваш с# додека не ја примиш реалната Св. причест, та и тука, с# додека не отидеш кај свештеникот на кого Самиот Исус Христос му ја дал власта да врзува и разврзува, колку и да се исповедаш пред Бога, ти с# уште не добиваш прошка за своите гревови. Бидејќи за свештениците Бог Самиот благоволил да рече: “На кои ќе им ги простите гревовите, на тие ќе им се простат”.
 Покрај ова, исповедањето пред свештеник има огромно воспитно значење. Тоа не  смирува. Тоа ја лекува нашата гордост, тоа н# тера спасително да црвенееме, тоа не исполнува со срам и страв и не запазува од идните гревови. Кога грешиме, грешиме пред семоќниот Бог, но не се срамиме од Него, бидејќи не Го гледаме. Исто е, и кога се исповедаме пред Бога, тоа го правиме со леснотија, бидејќи не Го гледаме Бог и сеедно ни е што зборуваме за себе. Но, каков срам не  обзема кога се исповедаме пред свештеник! Оној што се подчинил на црковниот ред да се исповеда кај духовник, со мака повторно ќе се одлучи да ги повтори своите гревови, кога ќе размисли дека повторно ќе треба да ги разоткрива на исповедта (спореди св.Јован Лествичник, Лествица, 7-мо издание, Сергеев посад, 1908; стр. 41.).

Исус Христос премудро наредил покајанието да го правиме пред свештенослужителот, кој е сведок Божји!
 Но, како свештеникот може да ги простува гревовите? – прашуваш ти. – Штом така наредил Бог, може. Но зарем и самиот свештеник не е грешен човек? Ако тој е грешен, што губиш ти со тоа? Тој е грешен за себе и пред Бог ќе одговара за своите гревови. Светите тајни што ги извршил заради неговата гревовност не престануваат да бидат дејствителни за тебе штом ти ги примаш со вера и смирение. Зарем сончевиот зрак што паѓа над калта се извалкува од неа? Така и Божјата благодат не губи ништо од себе со тоа што се предава преку гревовно извалкан свештенослужител. Тој самиот, поради своето недостоинство, веќе следниот ден може да биде лишен од благодатта. Но ти, примајќи ја преку него Божјата благодат, ако самиот се покажеш достоен, нема да бидеш лишен од неа.
 Нема ли свештеникот да ги издаде моите тајни гревови кажани на исповедта? Нема! Ниеден свештеник нема право да го раскажува она што го слушнал на исповедта. Тој е должен тајната на исповедта да ја однесе со себе во гроб. Затоа не беспокојувај се дека срамот од твојата огревовеност може да биде разгласен низ општеството.
 Запомни дека ако бегаш од исповедта поради ревност кон својата чест, самиот ќе го свртиш вниманието на другите кон себе. Ако се срамиш да ги признаеш своите слабости пред еден човек, сите ќе почнат да зборуваат за нив! Таков е духовниот закон. Независно од тоа колку вешто се трудиме да ги сокриеме, луѓето ги чувствуваат нашите недостатоци. Ако ги исповедаш пред еден, Бог заради твоето смирение пред тој еден сведок, ќе те покрие со Неговата благодат пред останатите!
 Ако пред исповедникот внимаваш на своето добро име, ќе се сруши твојот авторитет пред сите! Покај се само пред еден! Твојата исповед ќе те научи да војуваш против своите страсти! А, ако водиш вистинска војна со нив, мнозинството нема да дознае за нив! И ти, со Божја помош, ќе се излекуваш уште пред да го свртиш вниманието на другите кон себе. Но, ако не сакаш да се лекуваш преку исповедта, тогаш и тука својот образ ќе го изложиш на потсмев и на Страшниот суд вниманието на целата вселена ќе го свртиш на себе! 


 5) Петти, пак, вели: “Јас одам кај свештеникот за да ми ја прочита Разрешителната молитва”.
 Ова е најголемото сквернавење и злоупотреба на исповедта! Што значи: “Разрешителна молитва”? – Тоа значи молитва за разрешување на гревовите. Христијанинот оди кај свештеникот и без да се покае го замолува: “Оче, прочитај ми разрешителна молитва” или “Молитва за прошка!” И свештеникот го става епитрахилот над главата на оној што се кае и му ги проштева беззаконијата што тој не ги исповедал, туку ги сокрил.
 Стој, служителу Божји! Што правиш? Знаеш ли какви гревови се кријат во таа душа, па така лесномислено ги простуваш? Знаеш ли каква одговорност имаш ти пред Бога! Ами, ако од тебе е сокриен некој смрттен грев, а ти толку лесномислено му дозволуваш на христијанинот да пристапи пред Св. причест, зарем со тоа нема да ја забрзаш погибелта на таа душа? Зарем не ти се познати зборовите на св. ап. Павле: “Затоа, оној кој недостојно јаде од овој леб и пие од чашата Господова, виновен ќе биде спрема телото и крвта на Господа” (1. Кор. 11,27). Зошто не го испитуваш верникот?  Зошто му дозволуваш да ја јаде и пие својата вечна осуда? Зошто ја даваш Светињата на непокајан грешник? И Јуда на Тајната вечера се причести со останатите св. апостоли, но бидејќи беше непокајан грешник, наместо Божјата благодат во него влезе сатаната. Сакаш ли од лесномислениот христијанин кој без исповед, а само со разрешителна молитва, пристапува кон Христос, да направиш втор Јуда?  Подобро не дозволувај му на неподготвениот да пристапи кон Св. причест с# додека не се покае и исповеда, отколку да му даваш оган и осуда.
 Читањето на Разрешителната молитва е најголемата неразумност! Тоа е лажење на Бога, лажење и на самите себе. Ананија и  Сапфира платија со своите животи за својот нечесен обид да Го излажат Светиот Дух (Дела 5, 1-10). Христијанину не самозалажувај се! Свештеникот, се додека не ги слушне гревовите на исповедта не може да ги прости! Тој не може да ги разврзе јазлите на твојата совест с# додека не дојде до нив, притоа никакви приспивни за совеста “разрешителни” молитви не можат да помогнат. Или си ги исповедал своите гревови и си примил прошка за нив, или не си се исповедал и тие останале во твојата душа. Ако можеш да се измиеш без да ја допреш водата, тогаш ќе можеш и да се очистиш од своите беззаконија без да се исповедаш.
 Читањето на разрешителна молитва  за смирување на совеста  е грев и за свештеникот, и за мирјанинот, бидејќи во основата на тоа има заблуда и лага. Оваа пракса не н# води кон духовно оздравуваање, туку кон уште поголемо грешење. Некој си е болен судбоносно. Со сигурност се знае кој е болеста, точно се знае кој е и лекот кој може да ја победи. Но, понекогаш тој е горчлив, па болниот бара нешто попријатно. Тогаш, лекарот дава или морфиум за ублажување на болките, или некаков сладок, но бесполезен сируп. Дали болниот ќе оздрави? Никогаш! И кој ќе ја сноси одговорноста за неговата смрт? Самиот тој, бидејќи сакал слатки сирупи за да се залаже, но и лекарот, кој знаел што треба да му даде, но заради човекоугодие не му го дал.


 Неодамна една добра и ревносна христијанка ми го довери следново: “Се подготвував за Св. причест. Отидов во храмот и го побарав парохискиот свештеник за да се исповедам. Свештеникот беше многу зафатен. А, како што можев да забележам и расположението не му беше добро. Тој ме пречека и малку со досада ми рече: “Е, ти пак за што доаѓаш? Да исповедаш едни и исти мали гревови? Ти немаш големи престапи пред Бог. Дојди ваму, ќе ти прочитам разрешителна молитва!” – “Но, јас сакам да се исповедам, нешто ми тежи на душава!” – “Нема потреба! Клекни овде!” Јас се потчинив и тој ми прочита разрешителна молитва. Станав и си тргнав. А во душата – никакво олеснување! Таму си стои тежината и почнува уште повеќе да ме мачи. Од средината на храмот се вратив кај свештеникот, но тој веќе беше зафатен со други богомолики. Дојде времето за причест. Јас не смеев да се причестам, бидејќи не чувствував дека совеста ми е смирена.
 Следната недела отидов во друг храм. Таму се исповедав и се причестив. Почувствував голема радост од исповедта. Дури тогаш ми олесна.

(продолжува)

Заборавеното лекарство (II дел)

Софија 1992 г.

21ви декември  2020 лето Господово

Извор

TVITer270

П.П. 2008-01-03 19:33:26

Друго:

 

 

 

Друго:

3.angeli.so.truba

https://preminportal.com.mk/prebaraj?searchword=%D0%97%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%D0%BE%20%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D0%B0%D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE&ordering=newest&searchphrase=all

 

 Благодарност до отец Зоран Данев

кој во далечната 2008 година

ни ја посочи за објава оваа прекрасна книга

во  духовна полза на верниот народ .

 

Од Редакцијата на Преминпортал

            

 

  
            

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5760
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6576
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6361
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5555
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

16/04/2024 - вторник

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Тропар на светиот Христов исповедник преподобен Никита 3 април / 16 април 2024

Исповедниче на православието,пастиру на овците словесни,велик молитвенику, од Никифора преподобниотдуховно роден, од Тарасие Патријархотсо оклопот на свештенство облечен,

 Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Тропар на преподобниот отец наш Тит чудотворец 2 април / 15 април 2024

Небесата сведочат за твоите подвизи,преподобен оче наш Тите,земјата те восфалува со сведоштво на твоите ученици,кои по делата на верата твоја...

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Тропар на светата преподобна мајка Марија Египетска 1 април / 14 април 2024

Пустината се напоисо твоите топли солзипесокта ја претвориво молитви кон Бога непрестајниветрот ја пренесе милоста Божја по твоите молитвидо оние...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная