логоFacebookTwitterYouTubeeMail

serafim sarovski

 

Свети Серафим (1759-1833) бил син на деловен човек од Курск, станал искушеник во Саровскиот манастир кога имал 19 години. Во 27-та година примил монашки постриг, а во 34-тата бил ракоположен. Од 1794 до 1804 г., цели десет години  живеел во шума сосема сам, исполнувајќи го до најмала дребност правилото на Св. Пахомиј Египетски, коешто  го пронашол читајќи ги многуте светоотечки дела. Дивите животни во огромните руски шуми  – мечки, волци, лисици  – биле неговото главно друштво. Сведоците кажуваат дека ги хранел од своја рака. На 12-ти септември 1804 г., Серафим го претепале разбојници: пронајден е без свест во својата испосница. На напаѓачите не им се противставувал. Дури одбил и да сведочи на суд против нив. Неговото здравје било сериозно нарушено и биле потребни неколку месеци за да оздрави. Кога дозакрепнал некое време живеел со подвигот на некогашните столпници од 1804 до 1807: илјада денови бил деноноќно на молитва, коленичејќи на камен, напуштајќи го единствено за да земе храна и кратко да одмори. Повторно се вратил во манастирот од 1807 до 1825 г. И во манастирот тој никогаш не излегувал од својата незагреана ќелија без кревет. Едно кандило горело пред иконата на Богородица во умиление. Неговото правило подредено на Исусовата молитва, вклучувало неделно прочитување на Евангелието (во понеделник на Матеј, вторник на Марко, среда на Лука, четврток на Јован, во петок ја читал службата на Светиот Крст, во сабота на сите Светии). Во недела се причестувал со Светите Тајни, коишто во неговата ќелија ги носел свештеникот што служел.

На 25 ноември 1824 год.,  Серафим имал видение на Мајката Божја во придружба на Св. Петар Александриски и Св. Климент Римски. По тој настан ја прифатил должноста Старец и почнал во својата ќелија да прима поклоници. Ги поздравувал со радост моја. Ги поучувал дека целиот христијански живот се состои во стекнување на Светиот Дух. Во овој едноставен монах, теолошкото поимање било изострено преку личното доживување: Исус, Синот Божји, призиван во непрестајна молитва, се открива Себеси во присутноста на Духот и тие две Божествени Ипостаси заедно ја водат душата во блискост со Отецот.

Има безброј кажувања за Св. Серафим и за неговото учење, но овде ќе наведеме само еден дел од познатиот Разговор со Мотовилов, каде што повторно наидуваме на целата мистика за светлината што ја познавале и делотвореле Симеон Нов Богослов и исихастите од 14 век.

Мотовилов: Сепак, не разбирам како е можно да бидам сосема сигурен дека сум во Духот Божји. Како да ја распознаам вистинската пројава на Светиот Дух?

Отец Серафим одговори: „Веќе ти кажав, сине мој, дека тоа е многу просто… Ние заедно, чедо мое, сме во Духот Божји! Зошто не ме гледаш?”

Јас одговорив: „Не можам да ве гледам, оче, зашто вашето лице стана посветло од сонцето и очите ми се заслепени.”

Отец Серафим рече:„Не плаши се, чедо, и ти стана светол како и јас. И ти си сега исполнет од Светиот Дух. Инаку ти не би можел да видиш каков сум јас.”

Тогаш наведнувајќи ја главата кон мене, благо ми шепотеше на уво: „Благодари Му на Господ Бог за Неговата неискажлива милост. Ти забележа дека дури не се ни прекрстив, но само со умот се помолив во своето срце на Господ Бог и во себе говорев: ’Господи, удостој го милостиво, да го види јасно со телесни очи симнувањето на Твојот Дух со Којшто си ги удостоил Своите слуги кога си благоизволил да се појавиш во Светлината на Својата Божествена Слава.’ И погледни, чедо, Господ  за миг ја услиша молитвата на бедниот Серафим. Сигурно треба да Му заблагодариме на неискажливиот дар   што ни го даде на  двајцата. Сине мој, не ја покажува Бог секогаш Својата милост дури ни на големите подвижници. Погледни! Божјата благодат дојде да го утеши целото твое срце како сакана мајка, по застапништвото на самата Мајка Божја. Дојди чедо, Господ е со нас!”

По овие зборови го погледнав неговото лице и ме опфати уште поголема стравопочит. Замислете во средина сонце, и при неговото најсјано блескање во пладневниот зенит го гледате лицето на човекот што разговарал со вас! Ги гледаш движењата на неговите усни и изразот на неговите очи кои се менуваат, го слушаш неговиот глас, чувствуваш дека некој ти ги допира рамената, а не гледаш ниту раце ниту лице, дури не се гледаш ниту самиот себеси или неговите контури  –  туку само заслепувачка Светлина што се распространува насекаде околу вас и ја осветлува со својот сјај снежната покривка на ридот и снегулките што го посипуваа великиот Старец и мене…

Отец Серафим продолжи:

„Нам ни се дадени само навестувања на оваа радост, па ако од ова имаме сладост, пријатно чувство и радост во нашите души, што да кажеме пак за вистинската радост што е подготвена на небото за оние што плачат тука на земјата? И ти, чедо мое, си пролеал доста солзи во овој живот. Погледни со каква радост те утеши Господ додека беше овде! Сега мораме да работиме и постојано да се трудиме за да добиеме многу повеќе сили за ’да ја достигнеме совршената мера во Христовиот раст’… Тогаш во целата своја полнота ќе биде откриена краткотрајната и делумна радост што сега ја чувствуваме, нашето битие ќе биде проникнато со неискажливо восхитување коешто никој нема да може да ни го одземе.“

(V.Lossky, La Théologie mystique de L’Eglise d’Orient, Auber, Paris, 1944, str. 225-227)

Превод: А. С.

http://www.pppe.mk/2017/%d1%85%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%be%d1%81-%d0%b2%d0%be%d1%81%d0%ba%d1%80%d0%b5%d1%81%d0%bd%d0%b0-%d1%80%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%bc%d0%be%d1%98%d0%b0-%d1%81%d0%b2%d0%b5/#more-10625



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1334
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1879
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1245
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

« »