логоFacebookTwitterYouTubeeMail


  Bogordica.Vatopetska.jpg

ВАТОПЕДСКА ЧУДОТВОРНА БОГОРОДИЦА  ПАРАМИТИЈА (УТЕШИТЕЛКА)

 Во дамнешни времиња  дојде на Света Гора банда од морски разбојници. Тие имале намера в`зори, после отворањето на капијата да влезат во Ватопед,  да ги заколат монасите и да ги искрадат манастирските богатства.
Една вечер тие се истовариле на копното и се сокриле во блиските грмушки.
 Ама, надзорничката на целата Света Гора, Пресветата Богородица не дозволи да се исполнат намерите на безбожните гусари.

Следниот ден, после отпустот од утрената, кога братството се разотишло во своите келии на починок, игуменот останал во храмот продолжувајќи со своите утрински молитви.  Додека тој така се молел, одеднаш од Богородичната икона се слушнал предупредувачки глас:

 „Денес,  не отварајте ја капијата, туку искачете се на ѕидините и избркајте ги разбојниците“.

Изненаден игуменот ја побарал со поглед иконата од која што се чул гласот и веднаш здогледал страшно чудо: 
Богородичното лице било оживеано, како и лицето на  Христа Младенецот  Кого во прегратка го држела.
 А,  Предвечниот Младенец, испружувајќи ја раката и поклопувајќи и  ја со неа устата на Својата Богомајка, се завртел на кај неа велејќи и:

 „Немој, Мајко моја, не зборувај така, туку нека бидат казнети како што им доликува“!

Но, Богородица грижливо  со својата рака ја задржала  раката  на синот и на Господ Свој и свртувајќи ја главата надесно, Таа ги повторила истите зборови:

 „Денес,  не отварајте ја капијата, туку искачете се на ѕидините и избркајте ги разбојниците“.

Обземен од голем страв од ова страшно чудо, игуменот веднаш го повикал своето братство и им го раскажал случувањето и предупредувањето на Пресвета Богородица, како и упатените зборови од Господа.

И сите со големо восхитување забележале дека Богородичното Лице и Лицето на Господ  Исус  Христос и воопшто целиот приказ и лик останале неизменети, потполно спротивно од претходно.

Во знакот на својата жива благодарност, мнасите заблагодариле за промислата и заштитата која им ја укажала Пресвета Богородица и по Нејзините молитви, Милостивиот Бог. Тогаш се искачиле на ѕидините и со оружје се одбраниле од непријателскиот напад.

Од тогаш, па се` до денешни дни, оваа икона е позната по името  - Утешителка.
 А лицата на Богородица и на Исуса Христа останале во  истата положба  во која што се наоѓале кога игуменот по трет пат ги слушнал чудесните зборови:
 Богородица со лицето свртена на десно  и покрај испружената рака на Предвечниот Младенец и Бог,
во обид да ја тргне Неговата рака  од усните свои  за  да може слободно да им  ја објави на  своите избарни слуги претстоечката опасност.

Оваа Икона стои во параклисот на Богородица Утешителка,  на десниот ѕид на певницата, со лице преполно со сочувствителна љубов, со поглед кој што зрачи, со благост, кроткост и милостивост.

На Нејзините усни почива целомудрена насмевка, предупрдување и утеха.

Превод: М. Д.
http://www.svetagora.info/index.php?option=com_content&task=view&id=106

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 505
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Митрополит Методиј - МЕЃУ ПОКАЈАНИЕТО И ПРАВДАЊЕТО

Духовниот живот не се состои од некакво израмнување на нашите сметки со Бога. Зашто, она што е содржина на нашата побожност, не треба да го извршуваме затоа што тоа така...

Митрополит Струмички Наум:  На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Митрополит Струмички Наум: На Крстот Твој се поклонуваме, Христе (21.03.2020)

Деца, разните страдања, при градењето на личносниот однос со Бог, нема да нѐ одминат; ако не поради недоволниот подвиг, тогаш секако поради нашата грешност и суета. Бог најубаво, наместо нас,...

 о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

о. Горан Стојчевски: ЛИТУРГИСКИ МИГ ВО СЕКОЈДНЕВНИОТ ПОДВИГ

За мене е подобра видливата убавина, отколку убавината изразена во зборови, претпочитам богатство, што е во рацете, отколку богатство вообразено на сон; сакам мудрост, која не сјае на зборови, а...

БEСEДА  за Oтeцoт и Синoт

БEСEДА за Oтeцoт и Синoт

 Физичкиoт свeт би бил сиoт вo тeмнина да нe e свeтлината oд Сoнцeтo. А духoвниoт и мoралниoт свeт, и сиoт чoвeчки живoт, би бил тeмнина, акo нe e свeтлината штo...

Фејсбук православие (07.03.2020)

Фејсбук православие (07.03.2020)

На пример, оној кој нема барем просветлување на умот не може јавно да се занимава со световни теми, а никако, пак, со сложени теолошки теми. Световни теми се: политика, туѓи...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (7)

 Христос рекол: “Кога ќе пријде Синот Човечки во славата своја и сите свети ангели со него, тогаш ќе седне на престолот на славата Своја, и ќе се соберат пред Него...

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

БEСEДА за расудувањe пo тeлoтo и пo духoт

Така им рeкoл Сeзнајниoт Гoспoд на Eврeитe: “Виe судитe пo тeлo”, бидeјќи тиe фатилe вo прeљуба eдна жeна и сакалe да ја камeнуваат заради тeлeсниoт грeв. Нo Гoспoд ја сoглeдал...

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

Прот. Александар Шмеман: ПРИКАЗНАТА ЗА СТРАШНИОТ СУД- НЕДЕЛНИ БЕСЕДИ (8)

За големото мнозинство на верни луѓе Великиот Пост - тоа, пред се, е кратката молитва, позната под името молитва на Ефрем Сирин, еден од источните христијански учители од ИВ век...

« »