логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 Тропар на светата
Лидија Македонска
27 март / 9 април

Гостопримство радост неискажлива донесе,
кога не луѓе туку англеи во домот твој прими
о Лидијо Филипијанко, а преку нив Христос
срцето ти го исполни, душата развесели,
и домот твој, дом на обручение за Бога постана
о Македонко која ја превознесе
Господовата слава и пофалба.
Радувај се мајко наша која духот
на Павла – великиот кој Бога го прославува,
во една молитва го искажа
за спасение на сите кои поверуваа.



                                             
Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче

  

kire.svlidija.jpg

 Продавачка на профир го донесе Христа во Европа

Преданието вели дека  домот на света Лидија бил првиот европски храм во кој проповедале апостол Павле и евангелистот Лука. По примерот на светителката Христовата вера ја примиле многу македонци во Филипи и околината. Таа е основоположник и на црквата во Тиатар, една од седумте азиски цркви според Јовановото Откровение.

Познавам многу странци. Од сите нив научив по нешто. Човекот е мал по раст, ама има една големина што ја носи во душата. Ги прашував што ќе запомнат, прво секогаш имаше насмевка, па потоа топлината - ќе речеа... и како да гледав тага. Не знам дали повторно ќе ги сретнам, ама така останало, секој по својата патека.

Оваа земја е крстопатна, па на починка отсекогаш застанувале многумина и не малку од нив останувале. Нешто ги задржувало. Кога човек не знае, треба да го праша срцето. Така Бог оставил да го познаеме по љубовта. Така и не  препознаваат, по тоа и ќе н# помнат. Сега ги разбирам и можеби пак ќе ги сретнам. Бог е голем.

Мојата приказна ќе биде исповедна, затоа што само така ќе можам да ви ја раскажам љубовта на мојата светителка... Нејзиното име  е Лидија. Живеела одамна, велат во времето на свети Павле, во градот Филипи, мала римска колонија каде Христовото семе ќе најде место за плод. Била Македонка. Првата која се крстила и посведочила дека оваа земја е света. На влезот од левата страна во црквата “Света Петка” во Скопје, го видов нејзиниот лик. Фреската е се уште нова и жива... Оттука ќе почнам.

Икона: зограф Кирил Златанов

Меѓу малкуте избрани од многуте повикани со својата набожност и скромност Лидија го красела родот. Потекнувала од градот Тиатар за кој е запишано дека бил македонска колонија во малоазиската провинција Лидија, подоцна омажена во градот Филипи. Овој град бил престолнина на благородничките семејства, град на воени ветерани и бујна вегетација. Продавала порфир, раскошна ткаенинаво црвена боја, омилена во високите кругови на богатите европејки. По смртта на нејзиниот маж, кој во преданието речиси воопшто не се споменува, Лидија станува господарка на домот и имотот. Со доблест на жена христијанка живеела со страв Божји и почит кон Него.

Размислувам колку големо било нејзиното срце и како да откривам еден извор на љубов, една љубов со која се раѓаме и која се наследува, за потоа да ја подариме и со неа да го продолжиме векот и светот и сe така во недоглед.

Верувам дека Бог е почеток на вечноста, а нашиот белег само дел на Божјата милост да ни подари мудрост, како да се искачиме до врвот и оттаму да се соединиме со Него и да станеме едно.

Лидија - првата христијанка македонка
Крштението ќе посведочи за верата на света Лидија во единиот Бог и премин од многубоштвото во вистинската вера, но како што запишал евангелистот Лука “се покрсти таа и нејзините домашни”, таа ќе им го доближи христијанството и на нејзините блиски. Не случајно во Светото писмо е запишано дека светиот апостол Павле на своето второ мисионерско патување по Божја промисла на сон ќе биде повикан да го проповеда учењето на Христа во Македонија. И тука го наоѓам благословот на овој народ и се присетувам на моите пријатели... топлината. Изворот на таа блискост го носи својот корен од апостолско време. Благочестивите луѓе (македонци) со љубов и дарежливост ќе го помогнат делото на апостолот и заедно со него во Филипи ќе ја основаат првата црква на европскиот континент.

Бог секогаш ги слуша нашите молитви и кога се по Неговата волја ги исполнува нашите прозби. Голема била верата на првата христијанка, но и на сите по неа кои со љубов ќе го примат Христа. Ако нашиот Бог е љубов, тогаш сите ние сме љубов. Се обидувам по љубовта да ја препознаам и мојата светителка. После крштението нејзиниот дом постанува дом за молитва. Црквата во Филипи и денес постои и сведочи за верата на една жена - светителка, која со Божја помош ќе ја основа и црквата во градот Тиатар, која според според Јовановото Откровение, е една од седумте цркви во Азија.

Во храмот доаѓаме со чисто срце, тишината ни дава мир, а молитвата блискост. По некое време ги распознаваме фреските, стануваме блиски со нашите светители, од нив бараме милост. Грешни сме, човечката природа го наследува првородениот грев, но празна е нашата вера, ако ја немаме надежта за прошка. Со солзи се покајуваме и гревот ќе ни биде простен. Мажите ги кријат своите солзи, но затоа тие не ретко се видливи на женското лице. Емоција која е речиси неделлива од женската судба. Погледнувам нагоре. Бог ја гледа мојата молба, ми ги чита мислите... Гледам мајка со дете, маж со жена, неколку старци, сите не  има на едно место, секој со својата надеж. 


 Со порфир во рацете - со Христа во срцето
Света Лидија сведочи за верата на една жена, со која почнува приказната на европското христијанство. Го следам малиот православен календар, подвлечено со црвено, светителки жени од библиско и поново време. Ги распознавам имињата. Тоа се жените кои го следеа Христа и оние кои го оплакуваа Неговото тело, жените мироносици и благовесници, великомаченички и рамноапостолни. Меѓу нив ги сретнувам и жените просветителки, преподобни, мисионери, исповеднички, блажени мајки. Преподбна Параскева, св. првомаченица Текла, света Недела, света Марија Египетска, царицата Елена, мајка му на Константин, света Софија и нејзините рожби, Вера, Надеж и Љубов, света Злата Мегленска, света Петка Римјанка, света Елисавета, света Јулита, преподобна маченица Петка, света Марија и Магдалена. Стоиме пред нив и преку нив ја измолуваме милоста Божја. Веруваме - и така ќе биде, Бог ќе ја слушне нивната молитва и ќе се смилува над нас. Повторно погледнувам нагоре и со раширени раце ја гледам Божјата Мајка. “Пресвета Богородице спаси нас” - на кадифе испишани неколку молитвени збора. Кротка е молитвата на Божјата Мајка, нејзиниот покров... и повторно ја чувствувам таа топлина. Моите пријатели, си спомнувам за нив. Можеби патот ги однел премногу далеку, но можеби пак ќе се вратат. Кога човек живее со верата дозволува таа и да го води. Така беше и во домот на света Лидија, дом на следбениците на Христовото Слово, храм на благата Вест, Христос дојде и кај мене. Учителот ги советувал апостолите да влезат во секој град, но да останат само во домот достоен за нив. Лидија настојувала својот дом да го направи достоен за апостолскиот престој, а свети Павле и Лука, кои пристигнале во ова место да го проповедаат Словото Божјо во нејзиниот дом “ја признале за верна во Господа”. Света Лидија живеела по Божјиот Закон и почитувајќи го кажаното од него преку гостопримството ја потврдила христијанската добродетел. И така, верувањето во Филипи станало празник за градот првенец и неговата сожителка. Со доблест на ревност во верата и женска упорност, Лидија била богата, но богобојазлива. Велат стравот Божји не  заштитува од нашата грешност. Вистината е дека ако го љубиме Бога, го напуштаме гревот, бидејќи сето гревно само ни го зголемува јазот. Со секој нов најмал престап се оддалечуваме од Изворот. И колку сме подалеку, толку потешко ќе се вратиме или толку подолг ќе ни биде патот за назад. Света Лидија кога слушна за вистинската вера се покаја и покрсти. Го подари својот дом, ја рашири Христовата проповед, посеа семе и ни раскажа за неговиот плод. Ни покажа дека богатството во чесност не е грев ами милост Божја, но и ни заповеда со своето дело даденото да го даваме, своето да е наше, туѓото да ни е мило. Света Лидија н# поучи колку бескрајна може да биде нашата мисија, од каде да се почне и како да се чекори.
**********************
Понекогаш сме мали, планините се премногу стрмни, особено врвот. Се откажуваме на самиот почеток. Се прашувам дали е патот премногу тежок или сме забораиле да одиме. Сме го заборавиле Бога, проповедта на светиот апостол Павле, зборовите на светиот евангелист Лука. Искачувањето е секогаш тешко и обично трае, но ако некој тоа го изодел пред нас, можеме и ние. Го имаме патот. Света Лидија и верните на неа стигнаа до врвот.  Но, сигурна сум дека ќе бидат со нас и кога ние ќе чекориме, доволно е само да ги побараме во молитвата, се сеќавате нели?... Ќе не препознаат по љубовта. На 27 март го празнуваме нејзиниот ден. Црквата во Филипи и денес е сведок на една светителка чија благодет се излева на сите во верност. Божјиот храм во Филипи и денес е дом за молитва и блискост на верните со света Лидија.

Сега знам зошто Бог е голем, ја чувствувам и топлината која им недостасува на моите пријатели на заминување, ја помнам и проповедта на светиот апостол Павле и зборовите на светиот евангелист Лука. Се радувам на посмислата дека ќе се искачам на планината, сега знам дека света Лидија и светите како неа ќе бидат со мене. И дека заедно ќе стигнеме до врвот. Сега сум сигурна дека колку далечни и да се патиштата на моите пријатели, тие еден ден ќе се вратат и ќе ме најдат барајќи ја топлината, ќе ги препознаам по љубовта.

 

Извор: Православен пат

Друго:

 

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Јули 01, 2019

„Осаменоста не е во тоа што сме сами, туку во тоа дека не постои ништо по кое копнееме.“

Јас сум академски сликар и наивен писател. Учев да бидам сликар, но писател – не. Впрочем, каде се учи за тоа? На пример, Толстој по занимање бил гроф, Чехов - лекар, Сент Егзипери, авијатичар – а да не го споменеме Чарлс Буковски, кој бил поштар“.
Мај 28, 2019

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и љубов кон нашиот Господ и Неговата Пресвета Мајка. Иако сè уште млад, Преподобниот презема на себе еден тежок подвиг: одеше по улиците на царскиот град правејќи се дека не е со здрав ум,…

Акатист кон свети Нектариј Егински

Ное 25, 2018 Полезно и Потребно 1331
КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен…

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Окт 30, 2018 Житија 1875
Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 1243
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

Беседи

БEСEДА  за кoрисниoт гнeв

БEСEДА за кoрисниoт гнeв

Гнeвeтe сe, браќа, на сeбe и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на свoитe грeвoви спoрeд мислитe и дeлата и пoвeќe нe грeшeтe. Гнeвeтe сe на сатаната, таткoтo на лагата и...

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

Слово за свети Јован Богослов и свети Тихон Московски

„Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар, што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи. Да имам пророчки дар и да ги...

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

БEСEДА за бoжeствoтo на Синoт и битната eднаквoст сo Oтeцoт

Затoа, всушнoст, и Синoт сe oвoплoтил за сo Сeбe да им oбјави на луѓeтo и за Сeбe си, и за Oтeцoт и за Свeтиoт Дух, eднoсушнoтo Бoжeствo, трoичнo пo ипoстас....

БEСEДА  за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

БEСEДА за вoскрeснатиoт и живиoт Гoспoд Кoј e вoскрeсeниe и живoт

Јас сум вoскрeсeниeтo и живoтoт (Јн. 11:25). Oвиe свeти збoрoви ги изрeкoл Гoспoд Исус Христoс. Oн нe самo штo ги кажал, туку и сo дeлo ги дoкажал. Вoскрeснувајќи ја ќeрката...

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Архимандрит Партениј Бигорски: Вечното знаме на Христијаните

Голема е и длабока мистиката што овој четворокрак симбол ја содржи во себе; тој таинствено бил предобразуван низ целата епоха на Стариот Завет, како претсказание за Распетието на Синот Божји...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

Методија Митановски: РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТАТА ВЛАДИЧИЦА НАША БОГОРОДИЦА И СЕКОГАШ ДЕВА МАРИЈА

 За едни, среќа е власта, за други-богатството, за трети-славата, јавното признание, за некого семејството, за некого работата.... Многу луѓе можат да кажат разни карактеристики за среќата. Но ниту една нема...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

БEСEДА за Слoвoтo - Синoт Бoжји

Тoј пoчeтoк e вo Слoвoтo Бoжјo, вo Синoт Бoжји. Oн гo запoчнал и сoздавањeтo на свeтoт и спасeниeтo на свeтoт. Кoј и да сака да гoвoри билo за сoздавањeтo на...

« »