логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Многу жени беа мироносици, но евангелистите ги спомнуваат најзначајните, а другите ги оставија. Тоа беа овие: Првата од нив Магдалина Марија, од која Христос изгони седум демони. По Вознесението Христово таа отиде во Рим, според она што го знаеме, и на нова смрт ги предаде Пилата и првосвештеникот, известуваќи го императорот Тивериј за Спасителот Христа. На крајот таа се упокојува во Ефес и ја погребува свети Јован Богослов. За време на царот Лав Мудри нејзиното тело е пренесено во Константинопол.

Втората е Саломија. Таа беше ќерка на Јосиф Обручникот и беше омажена за Зеведеј. Од неа се родија евангелистот Јован и Јаков. Јосиф имаше четири сина: Јаков, наречен Малиот, Јосиј, Симон и Јуда, и три ќерки: Естир, Тамара и Саломија Зеведеева. Така кога од Евангелието ќе чуеш за Марија, мајка на Јаков Малиот и на Јосија, разбере дека се зборува за Богородица, бидејќи, според законот, таа се смета за мајка на Јосифовите деца. Од ова се заклучува дека евангелистот Јован бил внук Христов, како син на сестра.

Третата мироносица е Јоана, жената на Хуз, кој беше надзорник и управник во домот на царот Ирод. Четвртата и петтата се Многу жени беа мироносици, но евангелистите ги спомнуваат најзначајните, а другите ги оставија. Тоа беа овие: Првата од нив Магдалина Марија, од која Христос изгони седум демони. По Вознесението Христово таа отиде во Рим, според она што го знаеме, и на нова смрт ги предаде Пилата и првосвештеникот, известуваќи го императорот Тивериј за Спасителот Христа. На крајот таа се упокојува во Ефес и ја погребува свети Јован Богослов. За време на царот Лав Мудри нејзиното тело е пренесено во Константинопол.

Втората е Саломија. Таа беше ќерка на Јосиф Обручникот и беше омажена за Зеведеј. Од неа се родија евангелистот Јован и Јаков. Јосиф имаше четири сина: Јаков, наречен Малиот, Јосиј, Симон и Јуда, и три ќерки: Естир, Тамара и Саломија Зеведеева. Така кога од Евангелието ќе чуеш за Марија, мајка на Јаков Малиот и на Јосија, разбере дека се зборува за Богородица, бидејќи, според законот, таа се смета за мајка на Јосифовите деца. Од ова се заклучува дека евангелистот Јован бил внук Христов, како син на сестра.

Третата мироносица е Јоана, жената на Хуз, кој беше надзорник и управник во домот на царот Ирод. Четвртата и петтата се Марта и Марија, сестрите Лазареви. Шестата е Марија жената Клеопова. Седмата е Сусана.

И многу други, како што соопштува божествениот Лука, и говори, Му служеа на Христа и на Неговите ученици, со својот имот. Тие го проповедаа воскресението и ни кажаа многу догмати, за уверување и известување на вистинитоста на Христовото воскресение. Црквата Христова прими по Тома да се празнуваат и тие, кои први го видоа Христа воскреснат од мртвите, и на сите ја пренесоа спасителната проповед и живееја според Христа, како што доликува на жени кои се научени од Него. По молитвите на светите мироносици, Боже, помилуј нè.

 Извор: Аргирета А.

 Друго:


Евангелие и поука за 30/04/2017
Почеток
 
 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Марко 15:43-47;16:1-8

43.     дојде Јосиф од Ариматеја, прочуен член на советот, кој и сам го очекуваше царството Божјо, се осмели и влезе при Пилата и го помоли за телото Исусово.
44.     Пилат се зачуди дека Он веќе умрел: и кога го извика стотникот, го праша дали одамна умрел.
45.     Па штом узна од стотникот, му го даде телото на Јосифа.
46.     А Јосиф купи плаштаница, Го симна и Го обви во плаштаницата и Го положи во гроб, што беше издлабен во карпа; и навали камен на гробната врата.
47.     А Марија Магдалина и Марија Јосиева гледаа, каде Го полагаат.
1.     Штом мина сабота, Марија Магдалина, Марија Јаковова и Саломија купија мириси, за да дојдат и Го помажат Исуса.
2.     И во првиот ден од седмицата, дојдоа на гробот многу рано, кога изгреваше сонцето.
3.     па си зборуваа помеѓу себе: „Кој ќе ни го одвали каменот од вратата на гробот?”
4.     И кога погледнаа, видоа дека каменот е одвален, а тој беше многу голем.
5.     Штом влегоа во гробот, видоа еден млад човек, облечен во бели алишта, како седи од десната страна; и се уплашија многу.
6.     А тој им рече: „Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен.
7.     Но одете, кажете им на учениците Негови и на Петра, дека Он пред вас ќе отиде во Галилеја; таму ќе Го видите, како што ви беше рекол.”
8.     Па, штом излегоа, побегнаа од гробот, зашто ги опфати страв и ужас, и никому ништо не рекоа, оти се боеја.

Апостол на денот: Дела на светите апостоли од светиот апостол Лука 6:1-7

1.     Кога учениците се намножија, елинистите се побунија против Евреите дека при секојдневното делење храна не биле пригледувани нивните вдовици.
2.     Тогаш дванаесетте, штом го свикаа целото мноштво ученици, рекоа: „Не е добро ние да го оставиме словото Божјо и да се грижиме околу трпезите.
3.     Затоа, браќа, изберете меѓу вас седуммина чесни луѓе, исполнети со Дух Свети и мудрост, што ќе ги поставиме на таа служба;
4.     а ние постојано ќе пребиваме во молитва и служба на словото.”
5.     Овој предлог му се свиде на сиот народ; па ги избра: Стефана, човек исполнет со вера и Дух Свети, и Филипа, и Прохора, и Никанора, и Тимона, и Пармена, и Николаја, придојден, од Антиохија;
6.     нив ги претставија пред апостолите, а овие, штом се помолија, ги положија рацете над нив.
7.     И така, словото Божјо растеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мнозинство на свештеници се покоруваа пред верата.

Поука на денот: Старец Паисиј Светогорец
"Во Црквата не треба да создаваме проблеми, ниту да ги преувеличуваме малите човечки престапи што се случуваат, за да не создадеме поголемо зло, па лукавиот да се радува. Оној што заради незначителен престап, многу се потресува и гневно и грубо се однесува, наводно за да поправи нешто, личи на лесноумен клисар, кој гледајќи како капе една свеќа грубо и со залет се стрчува за да ја исправи, а патем ги турка луѓето и ги урива шанданите создавајќи голем неред за време на богослужбата. За жал, во наше време имаме многу такви што ја потресуваат Мајката Црква. Оние што се образoвани се фатија за догмата со својот ум, а не со Духот на Светите Отци. Неуките, пак, се фатија за догмата, но со заби, и затоа кога разговараат за црковните теми крцкаат со забите така што прават поголема штета, отколку непријателите на Православието."

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 750
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

Архиепископот г.г. Стефан:Продолжи ги богољубивите и родољубивите дела

    Со денешниов чин, преку Светиот Дух, врз тебе се изли љубовта Божја[6], и тој дар ќе ти помага со љубов да им служиш на луѓето и да ги исполнуваш задолженијата...

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Партениј Епископ Антаниски и Игумен Бигорски:Да си биде епископ значи да се биде прв во служењето

Да се биде епископ, преемник на апостолската благодат, значи да се биде прв не во превласта, не во некакви привилегии, туку во одговорноста и во служењето на другите за добро,...

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

О.Бобан Митевски: Долгоденствувај владико свет, Преосветен епископе Антаниски, г. Партениј

Денес беше сецрковно торжество, радост за дојдените заради љубовта во Христа... Радост долгоочекувана, желба кој тивко тлееше во посакувањата на илјадници наши браќа и сестри христијани. Се се радуваше. Толку...

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Првенство по чест (11.07.2020)

Нема таков голем грев пред Бог каков што е духовниот геноцид што се врши над нашата света Црква. Да имаш власт да сврзуваш и да разврзуваш и на небото и...

Митрополит Струмички Наум:  Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Митрополит Струмички Наум: Умно-срдечната молитва – критериум на вистинско богословие (07.07.2020)

Теологија без умно-срдечна молитва е повеќе технологија, т.е. умешност, односно техника на составување и вообликување на мислата и на зборот, отколку богословие, отколку Божјо слово; повеќе знаење што произлегува од...

 Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Митрополит Методиј Златанов: огромна е човечката жед за љубов

Во духовната пустина на овој суетен свет, на ова место на нашето исконско туѓинување, огромна е човечката жед за љубов. Дури и се навикнуваме да живееме без внимание кон себе...

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Митрополит Европски Пимен (03.07.2020)

Да си споменеме за да поверуваме во она дека сė што е соединето со Бога е спасено, та освестеното да го примениме во нашите животи. Да престанеме да ги распнуваме...

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Митрополит Струмички Наум: Кажи само збор (04.07.2020 )

Исто така, извршен e и Литургискиот (Евхаристиски) збор, и тој е збор во сила; извор на слово во сила, кое повторно и повторно го обновува светот; затоа што Христос е...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥  (03.07.2020)

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥Беседа за св. Наум Охридски✥ (03.07.2020)

Свети Наум бил мудар учител, единствен раководител на монасите, решителен подвижник, чудотворен молитвеник и духовник. Тој постојано работел на преводи на светото Писмо и другите богослужбени книги од грчки на...

« »