логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Древна византиска црква била пронајдена во текот на ископувањата во Кападокиската област во Турција. Експертите потврдуваат дека фреските, коишто се пронајдени во внатрешноста на храмот, можат да расветлат некои точки од историјата на Православната Црква.

url.jpg

Во еден од најоддалечените области на Русија,Краснојарскиот реон (Источен Сибир) поминува необичен воз. Тоа е возот на здравјето или уште Воз – консултативно -дијагностички центар кој го носи името на Воино - јасенецкиот лекар, св. Лука. Според маршрутата овој воз – медицински центар поминува низ сите места каде што живеел и работел св. Лука Воино-јасенецки,...

e5853c26d2ec682c899a9ae1a08361f9.jpg

Реставраторските активности во значително оштетената црква „Рождество Христово“ Витлеем, доведе до неочекуван пронајдок: Силвија Стариниери внимателно поминувала со термографска камера по рамните премачкани ѕидови на црквата „Рождество Христово“, кога наеднаш забележала необична форма:...

237822.p.jpg

Најпрвин, Претстојателот на Руската Православна Црква пристигна во Кареја, каде што беше торжествено пречекан од страна на Протоепистатот на Света Гора, Старец Павел Лавриот, како и од претставниците на сите Атонски манастири, мноштво монаси и поклоници. Со големи почести, а само еден ден подоцна, во Кареја беше пречекан и Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин. 

85531.b

 23/05/2016   Актуелности, Поуки - совети

Деновиве, Митрополитот Месогејскиј и Лавреотикискиј Николај се обратил кон духовништвото и верниот народ на својата епархија, со окружно Послание „За Светиот и Велик Собор на Крит“. Го пренесуваме неговиот текст:

Драги отци и браќа,

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

Секако, знаете дека на Крит, во Неделата на Педесетница ќе започне, и ќе трае околу десеттина дена, така наречениот „Свет и Велик Собор“.

Тој Собор ќе биде Сеправославен: со други зборови, на него ќе примат учество делегации од сите Православни автокефални Цркви, претставени од архиереи, на чело со Патријарсите и архиепископите. Некои, тој собир го карактеризираат како Вселенски Собор, иако, од некои причини и самите одбегнуваат да го наречат така.

Овој Собор, веројатно, претставува единствен собор од таков обем, после второто илјадалетие, и единствен после одделувањето на Рим од единството на останатите Цркви, т. е., од телото на Едната Света Соборна и Апостолска Црква, како што се вели во Символот на верата.

Затоа, на сите им е јасна сериозноста на надежите и очекувањата, кои паѓаат на ова собрание. И јас сметам дека моја најголема пастирска обврска ми е, да ви се обратам вам, и да зборувам за неговите достоинства и значајност, затоа што народот во нашата црковна традиција, не е само набљудувач на она што се случува, но учествува со молитва, слово или здрава реакција на животот на Црквата.

Ваквиот Собор се свикува во име на Триединиот наш Бог. Неговата цел – е пред сè, духовна, насочена за обединување на верниците, нивна поддршка, укажување на вистинскиот пат, исцелување од заблуди и истовремено сведоштво пред современиот свет во рамките на својата мисија, т.е., ја открива единствената Божја вистина „на сите народи“ според Божјата заповед (Мт. 28, 29).

Соборот треба да го направи тоа, потпирајќи се на правилното толкување на Светото Евангелие, на Свештеното Предание на претходните Собори, на учењето на Светите Отци, секако, применувајќи ги во проблемите на современата епоха.

Следствено, бидејќи треба да биде јасно на сите, ставовите и дефинициите на тој Собор треба да бидат јасни, силни, пророчки и боговдахновени. Ние очекуваме да го чуеме гласот Божји за првпат, после илјада години соборно молчание, особено во ова наше „искривено и развратно“ време (Второзаконие 32, 5), полно со заблуди, компромиси, ќорсокаци, измами, ереси, одрекувања, атеистичка злоба, променување на вечните морални принципи, многустрано вмешување во човечката природа, во епоха на светска нестабилност, технолошка семоќност, цифрова самоизолација, искоординирано навредување на Бога, масовно разрушување на древните култури, насилно преселување на народите од местата на нивното историско живеење, [епоха на] апокалиптични гонења на христијаните.

Гласот на Црквата, треба да биде глас „над големи води“ (Пс. 28, 3), „глас на водопадите“ (Пс. 41, 9), тој треба да го бранува светот и да ги воскреснува животите кои умираат.

Ако не сме подготвени за нешто слично, подобро да почекаме, подобро – нека биде и во последен момент – да го одложиме Соборот за некое друго време. Само фотографирањето на четиристотини епископи со дежурни насмевки на Крит, после „прелевањето од сито во решето“, после потпишувањето на текстови без трошка вистина и без капка жива вода, без мечот на духовното слово, со, заради нешто, специјално воведени нејасни богословски формули, со намера да се маскира вистината и благоустројството на реалноста – сето тоа, не само што ќе ја уништи суштината на Соборот, но во пригоден момент, еднаш и засекогаш ќе нанесе непоправлив пад на православното сведоштво.

Соборот треба да се одржи, доколку е во состојба да каже и да покаже нешто толку важно, што ќе ја воскресне надежта на сите нас, што ќе ја осветли нашата темнина, што ќе ги уништи сомневањата во тоа, дека зад лицето на црковните интереси, ги застапуваме политичките или егоистичните интереси на нашата епоха.

Сета вселена жеднее по вистина, надеж, светлина, сили, живот, автентичност. Сето тоа, толку недостасува во наши дни. Ние сме преисполнети со лага, согласување, посредност, сомничавост, мртви религии, овенета вера, религиозни вишоци без содржина, ситна и глупава надворешност на лицемерни прегратки.

Ние сме презаситени од секуларизам, синкретизам, двосмисленост, нејасност, богословие заради красноречиви пирови, отпаѓање на Црквата од таинството на познанието на вистинскиот Бог и јавувањето на Неговата волја, и нејзино претворање во религиозна „творба“ со светски координати.

Се надеваме и се молиме, овој Собор, не само да даде пример на единство, што секако, само по себе не е мало, но исто така, во одреден степен да стане и пророчки. Навистина, тој факт, што ќе се сретнат сите Православни Цркви и ќе изјават дека, без оглед на разнообразноста на народите и културите, без оглед на недостатоците и човечките пороци, без оглед на недоразбирањата и противречностите меѓу нас, без оглед на разно-разните несогласувања и конфликти, разделуваме иста вера во Троединиот Бог и Господ и Богочовекот Исус Христос, вера во Таинствата на Црквата и човекот, и таа иста вера ја возгласуваме и признаваме за велика и света, што го прави Соборот Велик и Свет.

Но, и неговото слово треба да биде боговдахновено. Тој треба, како и претходните Собори, да ја проанализира историјата и да даде оценка на нашето време, кое се разликува од другите епохи, да стане незаборавен печат во животот на Црквата. Да стане гласот Божји денес! Во спротивно, не вреди ни да се одржува. Доволен ни е и Неговиот молк.

Ние не сакаме да го слушаме човечкото слово на денешните епископи, не сакаме да знаеме што мислат најумните и најобразованите меѓу нив.

Сакаме да го чуеме гласот Господов од устите на нашите епископи и – страдаме за крикот на нашиот Собор. Ако ние, денешните христијани, не добиеме утеха и поддршка, не се осветиме, ако идните епохи не се обраќаат кон овој Собор како кон извор на вистината, која е смислата истиот да се свикува? Словото, кажано од Црквата, не може да биде тривијално или половично, ниту незначајно по својата суштина.

А Соборот треба да каже многу.

Цел милениум, вдахновен од богословската мудрост на такви светители, како Григориј Палама, со опит на постојана и непрестајна молитва (дури анализиран од такви богослови и светители, како Никола Кавасила и Симеон Солунски), со живот, полн со исповеди и крв на маченици, [илјадалетие] натопено со потта на великите аскети, како преподобниот Серафим Саровски и современиот светител старец Пајсиј, [илјадалетие] до наши дни одбележувано со знаци и чудеса на светителите, како свети Нектариј Егински и светиот архиепископ Лука Кримски, светителите на Руската, Еладската, Балканските Цркви и целата црква општо; целото илјадалетие било пат по морето на благодатта Божја во црковно единство – и сето тоа, секако, не може да не се изрази во „новото слово“, кое ќе го каже Великиот Собор преку своето послание. Денес, кога човекот се претвори во биолошки механизам или социјална единица, или се претвори во ефемерно суштество и устројство на управувано мислење, како може православното сведоштво за заедничкиот живот со Бога, изразено и опитно проживувано во нашите храмови и манастирите, во таинствата и нашиот живот, да не се оѕвие како заглушувачки сеправославен крик на нашето време?

Не можеме да си замислиме, во епоха на лукаво и немилосрдно гонење на Црквата, беспрецедентно духовно задушување, заблуди и „униние на народите и недоразбирања“ (Лк. 21, 25), во епоха на напрегнато очекување на крајот, за тој Велик и единствен Собор православните да направат известувања за медиумите, пораки и фотографии – и истовремено, сето тоа да биде лишено од смисла, суво по својата содржина.

Овој Собор – е единствен после шизмата. Отцепувањето на Западот од телото на Црквата не можело да не доведе до заблуди, до различни учења и еретички верувања, чија вина, што често се прави, и не треба да ја бараме во денешните западни христијани.

Сепак, обврска на Соборот – е да нè заштити од секоја ваква опасност, притоа, не жестоко и немилосрдно да ги изобличува оние, кои ги наследиле тие заблуди, туку да ги насочува со болка, љубов, и богословска точност. И значајноста на таа обврска е огромна.

Како што е незмерна и одговорноста да се повикаат – најнапред – сите православни кон покајание, за ние, имајќи ја великата милост Божја, да живееме чисто во Неговата вистина и да ја пренесуваме секаде на нашиот пат.

За да се вратат другите, најпрвин треба да се покаеме самите. Ако не живееме со тоа, ќе страда Православието кое го исповедаме. И ако за тоа не ни каже Соборот, тогаш тој може да биде Велик, но нема да стане Православен.

Дали екуменизмот е ерес? Може ли тој во одредени услови да стане благословена иницијатива? И дали антиекуменизмот секогаш е благочестиво исповедање?

Зарем Црквата може да биде Единствена, но притоа да не биде Соборна и Света? То ест, можеме ли да ставиме акцент на Православното исповедање на верата, а не на соодветното апостолско сведоштво? Зарем таа може да биде Соборна, и притоа да не биде Една? То ест, во својот стремеж да ги обедини христијаните, може ли таа да ја жртвува својата уникатност, или со други зборови – со својата свест дека Таа – е Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква?

Чекаме, Соборот убедително да ни каже за уникатноста, светоста, соборноста и апостолското достоинство на Црквата, преку јазикот на вистинското учење, покајание и дејствена светост во однос на православните, и почит и љубов кон иноверните, а не со високомерна триумфалност или слатки зборови на празни светски компромиси.

Имаме потреба од тоа, да сфатиме, дека постои „светоотечко благочестие“, за кое илјада пати биле подготвени да умрат нашите предци во Константинопол: „Никогаш нема да те оставиме, љубено Православие, и нема да отстапиме од тебе, Свештено Предание, во тебе сме родени, во тебе живееме, и во тебе ќе се упокоиме, а ако дојде време – и илјада пати за тебе ќе умреме“ (Јосиф Вриениј).

Ако нашата вселенскост е туѓа на мисијата и пророчката служба, таа не може да биде ниту православна, ниту црковна.

Драги мои браќа, ве повикувам на смирена будност, усрдни молитви, напрегнат труд и покајание, за Господ да му дарува на овој Собор власт да го изрази Неговиот глас, словото на овој Собор да биде вистински боговдахновено, и на тој начин Он да воскресне во нашите срца увереност, дека „жив е Господ“ и денес.

Сите ние, сиот свет има потреба од тоа! Само така, Соборот ќе стане Свет во буквална, а не во преносна смисла.

Ако Соборот не е Свет, не може да биде ни Велик, а ако не е Велик, останува отворено прашањето за неговото свикување.

 

Митрополит Месогејскикј и Лавреоткискиј Николај
Romfea.gr

 Извор: http://www.pravoslavie.ru/93517.html
 екуменизам, Крит, Православие, Сеправославен Собор

„Искуството од животот со Бога, со Христа, му дава на човекот голема сила“, истакна патријархот Кирил во своето слово по завршувањето на сеноќното бдение во московскиот Сретенски манастир. „Вистина ви зборувам“, ја продолжи својата мисла Претстојателот, „што е сведоштвото на мачениците, исповедниците, ако не израз на токму таа внатрешна сила?

„Во еден период сфатив дека тие што ги ослободуваат од затвор честопати немаат каде да одат. Проблемот стана сериозен и се јави потреба нешто да се организира. Но никој не знаеше како да се образуваат такви центри, како се устројува нивната дејност. Ние решивме да се обидеме“, изјави свештеникот.

2.jpg

Мелкитскиот епископ на  најголемиот град на Сирија, во своето интервју за организацијата „Помош на Црквата во неволја“, изјави дека сириските христијани се цврсто решени да останат во опустошената од војна земја.

01.jpg

Прославувањето на Богучарскиот архиепископ Серафим ги просветли сите со благодатна сила и единствено православно сведоштво, возглавено од Светејшиот Патријарх Бугарски Неофит, во сослужение со архиереите претставници на Руската Православна Црква, свештениците, свештеномонасите и ѓаконите, како и од соборната молитва на сите присутни во храмот.

Svyateyshiy_Katolikos_Patriarh_vseya_Gruzii_Iliya_II.jpg

По седницата на Светиот Синод на Грузиската Апостолска Православна Црква што се одржа на 16 февруари 2016 година,Неговата Сесветост Илија II, Патријарх и Католикос на Тбилиси и цела Грузија, објави дека Синодот го отфрли документот насловен како „Односите на Православната Црква со...


По повод денот на независноста на Естонија македонскиот калиграф и директор на Скрипториумот на Летонската христијанска академија Георги Гоце Дуртаноски оствари прием кај поглаварот на Естонската православна црква - Московска патријаршија, митрополитот Талински и на цела Естонија, Неговото Високопреосвештенство г. Корнелиј и побара благослов за неговата работа во оваа северна балтичка земја .

atanasij

Кога од светите отци и кога и каде во текстовите на светите канони или на Вселенските или Помесните свети собори, еретиците и шизматиците се определуваат како “цркви“? Ако ересите се цркви, тогаш каде е Едната Христова и апостолска Црква?
Смирено ја изразувам мојата несогласност околу отпаѓањето на практиката на сите досега Свети Собор...

227527.b.jpg

Независниот статус на Атонската монашка република треба да биде сочуван,меѓу другото и од можни посегнувања од страна на Европската Унија, беше ставот на учесниците на конференцијата „Света Русија и Света Гора Атон. Традиција и современост“, организирана од страна на Фондот на Св. Василиј Велики во рамките на XXIV – то меѓународно Божикно образовно читање.

12510403_836928409766601_5168855307901670774_n

„Тие ни рекоа: ако сте муслимани, тогаш не сте во опасност, – раскажуваше Фарах. – Ние им одговоривме: или убијте нè сите, или оставете нè на мира!“

Одговарајќи, зошто така постапил, муслиманинот рекол: „Луѓето треба да живееме во мир“.

ilia ii

Нема нација на земјата, во која немало духовно прекрасни луѓе, надарени со длабока вера, преданост, пожртвуваност и одѕивност. Тоа се луѓе од посебен род, за кои Пресвета Богородица рекла: „Овие – се од нашиот род“. По таквите луѓе судат за земјите. Тие – се лице на нацијата, и образот Божји, според кој ние сме создадени, во нив се гледа во посебна боја.

225217.p.jpg

„Иднината е сокриена од нас“, истакна Патријархот, „но за да можеме да спознаеме какви можат да бидат нашите патишта, секогаш треба да го имаме во предвид следново. Доколку правиме добри дела, светли, доколку во нашите постапки нема лукавство и двосмисленост, доколку никого не воведуваме во заблуда,...

224664.b.jpg

Потоа тој кажа за „големото прегрешение“ што се случи во Грција, а имено за тоа дека гревот и распуштеноста се издигнати на ниво на закон. Митрополитот беше вознемирен поради однесувањето на пратениците од неговата епархија, кои гласаа за овој „одбивен закон“. Тој ги повика христијаните да им ја изразат на пратениците својата нажаленост поради нивната постапка која тој ја нарече „срам“.

Во интервју со сириските медиуми, раководителот на Атонската делегација, игуменот на Симонопетра Архимандрит Елисеј изјави: „Ние дојдовме во Сирија да ја донесеме благата вест на надеж и радост за сирискиот народ. Ние многу страдаме, поради страшните трагедии коишто им се случија на Сиријците.

Повеќе артикли...


Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Декември 09, 2019
7.Vselenski.sobor

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и…
Декември 05, 2019
7.Vselenski.sobor

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу…

Старец Георгиј Капсанис: МОНАСИТЕ СЕ ЕКСПЕРТИ ВО НАУКАТА НА ПОКАЈАНИЕТО

Луѓето прво треба да го распнат и да го погребат своето поранешно „јас“ (т.е. егоизмот,…

Свети великомаченик Димитриј Солунски

Ное 09, 2019 Житија 250
st-demetrius
Благочестивиот Димитриј пред царевите ги поставил Божјите заповеди. Го возљубил Господ…

Митрополит Струмички Наум-Царството небесно прилега... на простување (19.08.2017 )

Ное 07, 2019 Беседи 732
7.Vselenski.sobor
Честопати и мене ме прашуваат зошто примам или им помагам на луѓе за кои мнозина од…

Беседи

Кон познанието на вистинскиот Бог

Кон познанието на вистинскиот Бог

Славјанска црковна традиција е на овој празник верниците да се поздравуваат меѓусебно со поздравот: „Бог се јави!“ – „Навистина се јави!“ Какво големо откровение – едно јавување, објава на единствениот...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

БEСEДА за пoкoрнoст на вoлјата Бoжја

 Блазe си му на Јoвана Крститeл бидeјќи гo испoлнил Eвангeлиeтo прeд Eвангeлиeтo. Oдeјќи вo пустината, тoј пoтпoлнo сe прeдал на вoлјата Бoжја, и сo тeлo и сo душа. И вoлјата...

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

Дедо Наум: Ако си паметен за тебе нема неуспех

И да доживееш некаков неуспех, тоа ќе биде - „конструктивен неуспех", од кој учиш како да успееш.Клучно за секој успех е да се издржи кризата што се сретнува на патот....

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Дедо Наум: Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај

Лошо, добро; сладост, болка; радост, тага; заљубеност, омраза; успех, пад - постојани промени. Битно е - исправени да продолжиме кон целта.Да се фокусираме на нашите цели, безначајностите немаат крај.Сите што...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Вистинска среќа

Светото Предание на Црквата е израз на најавтентичниот нејзин живот и секогаш има длабока смисла, и секогаш без исклучок ја изразува и треба да ја изразува Црквата, бидејќи се раѓа...

БEСEДА  за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeта Дeва Бoгoрoдица

Сè штo ќe ви рeчe, направeтe! Какo да сакала да кажe: Oн знаe сè, Oн мoжe сè, Oн вe љуби ситe, затoа нe сe свртувајтe ни таму ни ваму, туку...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Маченички етос

Имаме можност да бидеме маченици Христови – во секоја минута, во секоја секунда од нашиот живот. Мачеништво е да се избориш со една лоша помисла, со помисла на завист, со...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Божик е празник на богочовечка радост

Божик е празник на богочовечка радост. Предвечниот Бог, од преголема љубов кон човекот станува еден од нас и ја преминува непреодната бездна помеѓу созданието и Создателот. Бог станува човек, и...

« »