логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  „Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, ја даде следнава изјава: Вселенската Патријаршија, како Мајка Црква на сите Православни цркви на Балканот, по повод разговорите на тема именувањето на БЈРМ, ги повикува сите заинтересирани на трезвеност и самовоздржание, за ова критично и чувствително прашање да биде пресретнато мирно и со разум.“

„Јас сметам дека, без оглед на тоа дали станува збор за сосема малечки деца од претшколска возраст или повозрасни деца, овој наставен предмет за семејниот живот е многу важен и затоа се потрудивме да го изготвиме. Сигурна сум дека нема да нанесе никаква штета, туку напротив ќе ги подготви нашите ученици за иднината“, изјави Претседателката.

Поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Стефан денес беше примен од Бугарскиот Патријарх Неофит. Ова е прва нивна средба откако МПЦ-Охридска архиепископија побара бугарската да биде нејзина Црква-Мајка и така да добие автокефалност, пренесе репортер на БГНЕС. Македонскиот Архиепископ Стефан беше придружуван од Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, којшто е одговорен за надворешните односи на МПЦ-Охридска архиепископија.

На своето денешно заседание, Светиот и Свештен Синод на Цариградската Патријаршија, кој заседава во Цариград, под претседателство на Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, одлучи да го канонизира Старецот Јаков Цаликис од манастирот на Преподобен Давид во Евија, Грција. Барањето за канонизација беше испратено до Вселенската Патријаршија од Халкидската 

Света Гора за познатиот американски фотограф Даглас Литл (Douglas Alfred Demetrios Lyttle) не беше само место на вдахновение за неговото уметничко творештво. Беше ковчег на Православието каде што се вдлабочуваше во своите духовни потраги во текот на 45 години. Неговото обраќање во Православието, крштевањето со името Димитриј, педесетте илјади фотографии

Додека го читаме Евангелието, гледаме дека Христос зборувал на начин кој бил разбирлив, зборувал со оние кои копнееле по Неговите зборови, кои се отповикувале на Неговите зборови, без оглед на тоа што постојано Му се забележувало дека: ’не треба да биде на трпеза со овие‘, ’не треба да зборува со оние‘, ’со нив не е дозволено‘,

Само за едната 2016 година, до 600 илјади христијани од целиот свет, биле подложени на гонење во една или друга форма. „Иако точните бројки на постраданите секогаш е тешко да се утврдат… нема никаков сомнеж дека степенот на гонење на христијаните, продолжува да биде енормно висок во многу земји на светот“, стои во заклучокот на овој извештај.

„Би се рекло, дека е многу едноставно сите водачи на државите и Владите да се соберат и да усвојат некакви јасни правила, што треба, а што не смее за да се спаси светот. Но тоа не се случува, бидејќи не е избран вистинскиот аголен камен, затоа што во основата е човечкиот грев, којшто го урива и личниот и општествениот и планетарниот живот“, истакна Претстојателот.

Зад надворешната благонаклоност, ласкавото однесување, може да се крие многу опасен човек и знаеме дека токму затоа многу бракови се распаѓаат. Неретко слушаме: „Како јас не можев да разберам? Зошто ова се случи?“ Затоа што немало духовен поглед. Кој може нам да ни даде такво видување? Никој, освен Бог.“

Според извештаи од свештенството на црквата Св. Пантелејмон во Грција, 47 милји западно од Солун, иконата на Св. Пантелејмон започна да пролева солзи. Солзите се појавија на иконата вечерта спроти прославата на споменот на овој голем маченик и исцелител. Солзите течат од обете очи што може да се види на бројните фотографии од поклониците.

„Во Лествицата на Преп. Јован Лествичник се вели: ’На судот кога ќе го напуштиме овој живот ќе бидеме обвинети не за тоа што не сме богословствувале и што не сме правеле чудеса, туку за тоа што не сме плачеле за своите гревови‘“, ...

Митрополитот ги повика младите „да ги чуваат во своето срце зборовите на Светото Писмо: Бидете свети, како што е свет вашиот Отец Небесен, љубете Го Бога и ближните, трудете се кон искрена и огнена молитва, стекнувајте – според советот на Преп. Старец Серафим – дух смирен, и тоа ќе биде доволно за илјадници околу вас во овој свет да се спасат“.

„Постот е најпогодниот период за сериозна работа над себе си. На човекот му се дава време да се избави од гревовите и страстите. Свети Јован Златоуст нѐ поучува: ,Греши оној кој смета дека постот е само воздржание од храна. Вистинскиот пост е оддалечување од злото, воздржание на јазикот, одлагање на гневот, скротување на похотите, запирање на клеветите, лагите и лажното сведочење’.

Според  ректорот на соборниот храм протоереј Владимир Мјасоедов, единствениот  феномен се совпаѓа со две значајни настани. Најпрво се ближи прославата во чест на пронајдената икона  Тихвинска Богородица, која е точно 200 години небесна зашитничка на данковчани. Второ, во тие денови милиони руси се молат во храмот пред моштите на...

На 21 мај во Москва ќе пристигнат мошти на Св. Николај Чудотворец за поклонение на верните. Моштите ќе бидат донесени од страна на претставници на Римокатоличката црква. Овие мошти, кои за првпат во историјата ќе го напуштат градот Бари, ќе бидат доставени во Русија со специјален авион. Моштите ќе бидат сместени во храмот на Христос Спасителот.

Светата царица Елена Константинополска е позната по својата дејност за ширење на Христијанството. Неа ја сметаат за заштитничка на Христијаните. Таа се упокоила во 328 година на возраст од 80 години. Светите мошти на царицата беа пренесени во Венеција од Константинопол во 1211 година. Нејзиниот син, императорот Константин Велики, го ...

Храмот на светите воини беше подигнат токму на местото каде што во 1942 во битка со фашистите загинаа повеќе од 60 херои. И покрај тоа што храмот е изграден пред се за војниците од дивизиите на ПВО, тој ќе биде отворен и за сите жители на Севастопол кои ќе посакаат да измолат помош од православните воини Александар и Андреј Радоњешки.

Уникатен видеоречник на православната терминологија на знаковен руски јазик, беше претставен во Марто-Мариинската Обител.

„Ова е уникатен видеоречник, никогаш претходно во Русија не бил направен обид да се сумираат и претстават во видео формат сите разновидности на рускиот знаковен јазик со црковна тематика“, изјави претставничката на Одделот, Вероника Леонтева. Таа додаде дека речникот за глуви лица ќе им биде понуден на толкувачите на знаковниот јазик, свештениците и социјалните работници.

Работата над речникот, која се одвиваше во 9 региони каде што живеат поголем број глуви лица, траеше повеќе од една година.

Овој проект е плод на заедничката работа на Серуската заедница на глувите и Координативниот центар за работа со глуви лица, со слепи и глуви и со лица со оштетен слух при Синодалниот оддел за добротворна дејност.

Извор: Седмица.ру

 Iliya-Vtoroj11-30m5l4c25jxd0roiij5amiЧовекот станува сличен на чамецот, кој го знаеме од Евангелието. Кога апостолите седеле во чамецот заедно со Христос, а морето се разбранувало. Спасителот спиел. Апостолите Го разбудиле: „Господи! Спаси нè, загинуваме!“ (Мт. 8, 25). Спасителот му заповедал, и морето се смирило.

Похищены печать и факсимиле Патриарха Грузии Илии II

Грабнат печат и факсимил на Патријархот на Грузија Илија II
27 февруари. ПРАВМИР. Печатот и факсимилот на Вселенскиот Патријарх на Грузија Илија II, биле украдени од Патријаршијата за време на неговото лечење во Германија.
 
Печатот и факсимилот се користеа при назначувањето на Митрополитот Зугдитски и Цаишски Герасим (Шарашенидзе) на чело на епархијата во Германија и Австрија 9 февруари, соопштува РИА Новости.„Кога Патријархот би починал за време на операцијата во Германија, во Патријаршијата би требало итно да се прогласи престолонаследник. Тоа би било, се разбира, фалсификување на волјата на Патријархот’’, - изјави во етер теологот Георгиј Тигинашвили во ТВ компанијата „Имеди’’.
Илија II беше во Германија од 2 февруари. На 13 февруари му правеа операција во Берлин поради воспаление на жолчното ќесе. Во истиот ден грузиското обнивителство соопшти дека на аеродромот во Тбилиси под обвинение за заговор за убиство е уапсен раководителот на службата за управување со имотот на Патријаршијата, Георгиј Мамаладзе.
Кај обвинетиот најдоа цијанид, со кој според истражувачите,  Мамаладзе имал намера да  убие високопоставен свештенослужител. Еден од приведените адвокати рече дека  Мамаладзе го обвинуваат за заговор за убиството на Шорена Тетруашвили, административен асистент на Вселенскиот Патријарх.
Во рамките на овој скандал Патријаршијата ја напуштија раководителот на полицијата на Патријархот Сосо Оханашвили и секретарот на Патријаршијата Михаил Ботковели.

Подготви: Снежана Корнет

Извор: http://www.pravmir.ru/pohishhenyi-pechat-i-faksimile-patriarha-gruzii-ilii-ii/

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

krusevoexport

Духовност

Ноември 25, 2018

Акатист кон свети Нектариј Егински

КОНДАК 12Трудејќи се, си ја умножил благодатта дадена од Бога, рабу Божји, добар и верен Нектариј, затоа направи и ние да ја завршиме духовната работа и стекнувајќи ја заработката, да Му запееме на Христа: Алилуја!
Октомври 30, 2018

Житие на преподобна Параскева – Петка (Епиватска или Трновска)

Света и преблажена маченичко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на мачениците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото…

Светскиот првак Адам Ондра во посета на Бигорскиот и Рајчичкиот манастир

Окт 28, 2018 Настани 756
Деновиве нашите две свештени Обители, Бигорски и Рајчица, ги посети во светски рамки…

ПРЕПОДОБЕН ПАХОМИЈ ВЕЛИКИ

Окт 18, 2018 Житија 1037
Паралелно со преподобниот Антониј Велики, основачот на пустинското, анахоретско монаштво,…

СВЕТИ ЕФРЕМ СИРИН ЖИВОТОПИС, ТВОРЕШТВО И КАРАКТЕРИСТИКА

Окт 18, 2018 Житија 984
Над сè, свети Ефрем си останува прекрасен проповедник – амвонот е почеток и крај на…

Беседи

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

БEСEДА  за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

БEСEДА за барањeтo на живиoт пoмeѓу мртвитe

Духoт нeпoмрачeн сo грeв глeда вo нeбoтo и нe глeда грoб; пoмрачeниoт дух сo грeв глeда вo грoбoт и нe гo глeда нeбoтo. Грeвoт и дoбрoдeтeлта управуваат сo духoвниoт вид...

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Митрополит Струмички Наум - Моќно превентивно или ризично куративно

Бог е совршен, и како совршен, сѐ што прави – прави совршено. Кога Бог го направи човекот, всушност, направи бог – иако не по природа. Направи човекобог, кој треба да...

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Жарко Ѓорѓиевски - Недела на преподобна Марија Египетска

Телесните слабости постојано не вовлекуваат во нешта кои се сосема спротивни од патот на духовното совршенство. Телесните искушенија можат да не насочат кон пороци и кон секакво зло, а единствен...

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Митрополит Струмички Наум: „Учителка“

Ајде повторно и оваа година – како во годините наназад, на Нејзиниот ден, да го обновиме нашиот подвиг – молитвеното правило „Богородице Дево...“ Оваа молитва, за нас раслабените, е последна...

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

БEСEДА за сeмoќта на збoрoт Бoжји

Нo пoстoи рeд и начин пoмeѓу тваритe, видлив и дoстапeн за нас луѓeтo, а пoстoи рeд и начин нeвидлив и нeдoстапeн. Спoрeд тoј нeвидлив и нeдoстапeн рeд и начин, кoј...

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Празникот Благовештение – првиот цвет на Пасхата

Ете она што дојде да нѐ повика, сега ни се јави: Бог надумно се соединува со луѓето; со гласот на Архангелот прелеста се изгонува, а Дева радост прима; небото слегува...

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Викарен Епископ Стобиски г. Јаков: Жртвена прегратка (31.03.2019)

Ако ги приклониме колената, а во срцето свое, во вистинскиот храм во кој Бог се вселува, не го поставиме Крстот, сме го промашиле суштинското значење на празникот, затоа што тоа...

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

О. Жарко Ѓорѓиевски ✥ Недела Крстопоклона (III Недела на Великиот Пост) ✥ 31.03.2019

Според својата слободна волја човекот паднал во грев, па затоа и според својата слободна волја треба да се лекува и на крајот излечи од гревот и смртта. Бог не ги...

« »