логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  url.jpg

 Возот на здравјето „Св. Лука“ носи исцеленија на жителите на Сибир

01 јуни 2016 лето Господово

Во еден од најоддалечените области на Русија,Краснојарскиот реон (Источен Сибир) поминува необичен воз. Тоа е возот на здравјето или уште Воз – консултативно -дијагностички центар кој го носи името на Воино - јасенецкиот лекар, св. Лука. Според маршрутата овој воз – медицински центар поминува низ сите места каде што живеел и работел св. Лука Воино-јасенецки, познат уште и како св. Лука Кримски, често нарекуван „Хирургот во расо“, и „Светителот – хирург.

Извонреден хирург, затвореник во логорите на Сталин, консултант во над 30 болници за време на Втората светска војна, св. Лука Кримски бил канонизиран во текот на 2000 год. за светија на Руската Православна Црква. Толку многу исцеленија се случиле по молитвите кон св. Лука, што го канонизирале, иако од неговата смрт биле изминати само 39, а не потребните по традиција 50 год. Денес неговите мошти се чуваат во соборниот храм „Св. Троица“ во Симферопол.

Св. Лука примал пациенти до последниот свој здив. И секогаш бесплатно. Денес кај моштите на св. Лука  луѓето се молат за исцеление од тешки болести и пред сложени оперативни зафати.

Лекарите околу него се чуделе што оперирал во расо и ставал икони во операционите сали, а свештениците, пак, биле во недоумица како еден црковен служител може да прегледува болни и да лекува. Завршил медицински факултет во Киев со највисок успех и спротивно на очекувањата на своите роднини, по дипломирањето, посакал да биде селски лекар во една далечна провинција. Оваа одлука значела крај за неговата кариера, но тој чувствувал дека таков е неговиот призив.

Кога започнала Втората светска војна, тој бил затворен во логор од стана на комунистите. Напишал писмо до властите дека сака да го приложи своето знаење и искуство за да ги лекува војниците, а после војната – предложил тој самиот – нека го вратат пак во логорот. Така и било. Властите ја уважиле неговата молба, го испратиле во Краснојарск. Таму работел во многу болници, ги примал најтешките случаи. Секоја операција ја започнувал со молитва.

Токму по тие места се движи денес Возот на здравјето, подвижниот медицински центар, чијашто мисија е да им укажува лекарска помош на жителите на далечните и сиромашни сибирски села, при што некои немаат ни амбуланта. За луѓето од тие региони Возот на здравјето е единствената можност да добијат лекарска грижа од искусни специјалисти. Возот ги обиколува населените места во Краснојарскиот крај според претходно објавено известување на сајтот на Краснојарската митрополија. Обично тој секој месец во текот на 10 дена прави обиколка во дадениот реон.

Вагоните се најсовремено опремени кабинети: рентген, хируршки, уролошки, итн. а на жителите им стојат на располагање педијатар, стоматолог, офталмолог, хирург, невролог и други специјалисти.

Возната композиција вклучува и специјален вагон-храм посветен на св. Олга, во којшто има редовен свештеник и каде што се извршуваат секакви служби – Света Литургија, молебни, вклучително и венчавки и крштевки.

Сите што бараат медицинска помош во Возот на здравјето оздравуваат и се убедени дека тоа не се случило само заради лекарската умешност, туку пред сѐ, заради молитвите на св. Лука.

Извор: Двери

Преземено од: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1007
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 969
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…