логоFacebookTwitterYouTubeeMail

945A16A0A593544EAA7F9B73ED5358B8.jpg19 јули 2016 лето Господово

Македонскиот парламент не треба да брза,па по примерот на украинскиот, да испрати свое барање за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА до Вселенската патријаршија бидејќи е неизвесно како сето тоа ќе заврши, смета Александар Спасеновски, поранешен пратеник и доцент на Правниот факултет во Скопје. Тој, сепак, укажува дека постапката на патријархот Вартоломеј, кој го ставил во процедура барањето на украинскиот парламент да и ја признае автокефалноста на непризнаената Украинска православна црква– Kиевски патријархат, отвора низа дилеми.

- Фактот што Вселенската патријаршија го прифатила и го признала за легитимен акт на еден цивилен орган и институција каков што е тоа парламентот, многу кажува. Таа можела и да не го прифати, но, веројатно, има некои аргументи за тоа. Можеби се повикува на некои искуства од минатото. Тоа зборува дека за неа тој акт има правна сила. Овој потег треба да се гледа во светлина на политичките околности, како една политичка алатка во актуелниот судир кој се случува на релација меѓу Вселенската патријаршија и Руската православна црква околу доминацијата во православието, потенцира Спасеновски, кој докторира на тема: „Уставно-правен статус на религиите и на слободата на вероисповед“.

Минатата недела Синодот на Вселенската патријаршија го процесуира барањето на украинската Рада за прогласување на автокефална УПЦ-KП, а што е невообичаено со оглед дека дошло од една политичка, а не црковна институција. Спасеновски вели дека црковен Цариград можел и да го одбие барањето, но тоа не го направил. Според него, тоа не значи дека процесот ќе заврши со давање автокефалност, но и тоа не може да се исклучи. Доколку непризнаената Украинска црква добие автокефалност, смета тој, тоа ќе внесе големи промени во православието.

-Македонија како општество може само да го набљудува овој процес и да стекне искуство во кој правец би можело да се движи добивањето автокефалност. Ова не мора да значи дека сега и ние треба да направиме ист таков потег со што и нашиот парламент би упатил едно такво барање. Ние мора да водиме сметка за балансот на силите во православието. Ако забележавте, од МПЦ немаше ставови за приклонување на ниту еден центар на моќ поврзано за учеството на православниот собор на Kрит, околу што се случи конфронтацијата меѓу Москва и Цариград. МПЦ сега треба да извлече искуство како да постап во врска со својот случај во релациите со СПЦ, потенцира Спасеновски.

Македонскиот парламент досега само во јануари 2004 година донел декларација за поддршка на автокефалноста на МПЦ. Во неа се наведува само дека Собранието на РМ ги „поддржува напорите на МПЦ за зачувување на единството, за признавањето на нејзиното име и нејзиниот автокефален статус од други православни цркви“. Овој собраниски документ беше донесен во период кога МПЦ претрпе удар од СПЦ која создаде паралелна црква во Македонија преку Јован Вранишкоски, кој ѝ се приклучи. Но, тој не претставува барање до Вселенска патријаршија за признавање на автокефалноста какво што направи украинскиот парламент.

„Дневник“ вчера објави дека доколку Цариград го прифати украинското барање, тоа ќе значи збогување со обидите на Руската православна црква да воведе принцип на консензус кога е во прашање прогласување нечија црковна автокефалност. Во таква ситуација Вселенската патријаршија и Руската православна црква, како и други православни цркви, ќе може да третираат одделни, сега непризнаени цркви како автокефални, а тоа се случувало во блиско минато.

Филарет има анатема од Москва

Неканонската Украинска православна црква – Kиевски патријархат е основана во 1992 година, една година по распадот на СССР. На нејзиното чело се наоѓа митрополит Филарет кој порано беше владика на Руската православна црква. Митрополитскиот чин таа му го одзеде во 1992 година, а од 1997 година е и анатемисуван од страна на Московската патријаршија.

Заради ова, прашање е на каков начин Вселенската патријаршија ќе ја признае автокефалноста на оваа црква.

Извор: Дневник

Преземено од: Бигорски манастир



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1007
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 969
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…