логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

  Robert.Dzentri.jpg

ЕВОЛУЦИЈАТА НА ЗЕМЈАТА НЕ ТРАЕЛА МИЛИОНИ ГОДИНИ ТУКУ НЕКОЛКУ МИНУТИ 


Роберт Џентри (Robert Džentri) , водечкиот светски стручњак во областа на радиохемијата и геохемијата дошол до откритие дека  гранитните карпи  се создадени за неколку минути, а не за неколку  години, откритие кое во парчиња  ја разурнала теоријата на еволуцијата.
 
Замислете,  директор на компанија да му врачи отказ на Никола Тесла. Тоа  би била ударна вест во сите светски медиуми. Нешто слично му се случило на д-р Роберт Џентри, водечкиот светски стручњак од областа  на радиохемијата  и геохемијата.
Причина?
Откритието кое во парчиња ја разбило теоријата на еволуцијата.
 
            Лабораторијата Оук Риџ во Америка е една од најпознатите  лаборатории на светот од областа на радиохемијата и геохемијата.  Стручњаците  на оваа компанија  се занимаваат со различни работи, а една од нив е и безбедното  складирање на нуклеарниот отпад во основните карпи на земјата – гранитот.
 
            Водечки стручњак  на оваа компанија до скоро беше д-р Роберт Џентри, кој објави мноштво научни трудови во најпознатите светски научни списанија.
Но, еден ден врачен му е отказ.
Причина? Неговите неверојатни откритија  кои  ја оспоруваат теоријата на еволуцијата, за која се осмелил да објавува  во најпознатите научни списанија. И не само тоа. На судењето  во државата Арканзас, се осмелил да биде сведок кој го бранел воведувањето на библискиот концепт на Создавањето  во училишните програми. По исфрлањето од работа д-р Роберт Џентри ја напиша книгата „Мала мистерија на создавањето“ која е објавена во Србија, а неговите два видео материјали се преведени и објавени и кај нас.
Заради сето погоре наведено, го замоливме  д-р Роберт Џентри за кратко интервју.
            Д-р Џентри, кажете ни како започна сè во Вашиот случај, кој ја вознемири  научната и пошироката јавност?
.
Роден сум во либерално христијанско семејство  во Америка и не се занимавав многу со прашањата за научно докажување на точноста на Библијата, туку бев христијанин по верување и ми беше важно дек Бог постои, но не навлегував  во детали во односите меѓу теологијата и науката. Додека студирав физика, забележав дека некои религиозни студенти се бунтуваа кога професорот  изнесуваше наводни докази за еволуцијата и за Големиот Прасок.


Професорот ги смируваше со зборовите дека „можеби Бог го покренал Големиот Прасок и еволуцијата, а дека деновите на Создавањето всушност се симболично прикажани  во милионите години на еволуцијата кои што Бог ги водел“.


Што Вас ве поттикна да го промените своето мислење за еволуцијата?
- Еден ден ми пријде еден човек кој ме запраша дали верувам дека десетте Божји заповеди се вистински. Одговорив потврдно. Потоа ме праша дали навистина верувам дека деновите на Создавањето се симболични и дека претставуваат милиони години еволуција.
Одговорив потврдно. Потоа ме потсети  на зборовите на една од Заповедите во која што се кажува дека треба шест дена да работиме, а седмиот да одмараме, зашто Бог за шест дена се` создаде а седмиот, одмараше“.
             Човекот продолжи: „Ако деновите на Создавањето симболички претставуваат милиони години, тогаш оваа Заповед нема смисла. А, ако таа нема смисла, како можеме да прифатиме дека  и останатите Заповеди имаат смисла.“
Бев затекнат и не знаев што да му одговорам. Моето верување во Бога  и посветеноста на науката дојдоа до голема криза. Би било повеќе од лицемерно и понатаму на студентите да  им предавам нешто во  што и самиот  повеќе не можев да верувам – дека еволуцијата и библијата се компатибилни.


Како го решивте настанатиот проблем ?
 
- Бидејќи повеќе ѝ верував на Библијата отколку на теоријата за еволуција, одлучив да го истражувам прашањето за постанокот на Земјата и нејзината старост. Дојдов до неверојатни  откритија и ќе се обидам  сега и вам да ви ги приближам на еден интересен начин.Повеќето луѓе слушнале за витаминот Ц. Него го произведуваат растенијата, а од неодамна човекот  е во состојба да го направи во форма на шумечки таблети. Ако таблетата од овој вид  ја ставиме во чаша вода, таа ќе почне да се распаѓа создавајќи  меурчиња  во водата. Да претпоставиме дека на таблетата на витамин Ц ѝ е потребна една минута за потполно да се распадне во водата ослободувајќи меурчиња.
Што би се случило доколку во чашата со вода би ставиле витамин Ц, а веднаш потоа  чашата би ја ставиле во замрзнувач? На замрзнувачот би му било потребно околу петнаесет минути  да ја замрзне водата. Дали по 15 минути во замрзнатата вода  би пронашле  меурчиња настанати од распаѓањето на  таблетата? Секако не, зашто процесот на распаѓање на таблетата е многу побрз од процесот на смрзнувањето на водата.
Но, кога би ја виделе чашата со смрзната вода во која што се наоѓаат фатени меурчиња  од таблетата на витаминот Ц, што би заклучиле? Единствен можен заклучок би бил дека во прашање е некој модел на замрзнувач кој што е во можност да ја замрзне водата побрзо отколку што таблетката на витаминот Ц  би се распаднала – побрзо од една минута.
Значи, кога би имале пред себе чаша вода  со смрзнати меурчиња од таблетата на витаминот Ц, би можеле да извлечеме најмалку два заклучоци:
1. Некој  jа уфрлил таблетата на витаминот C во чашата  со вода;
2.  Водата   во чашата замрзнала за помалку од една минута , зашто во водата се наоѓаат фатени меурчиња од таблетата која што се распаднала.
 
Овој пример со чашата вода, таблетата на витаминот Ц и смрзнувањето, ги наведов за подобро да разберете што сум открил. Веќе спомнавме дека во растенијата се одвиваат одредени процеси во кои се создаваат витамините меѓу кои и витаминот Ц. Од друга страна,  во карпите се одвиваат процеси каде што одредени хемиски елементи се распаѓаат и на тој начин создаваат одреден тип „меурчиња“ во карпата.
На пример, во карпите често пронаоѓаме милиони атоми на нестабилен уран,  кои заедно се групирани во микроскопски мала точка и кои се распаѓаат. Во текот на распаѓањето тие исфрлаат мали честички на сите страни. Така создаваат оштетување во цврстата карпа во вид на меурчиња. Некои нестабилни елементи се распаѓаат во повеќе чекори, така што често пронаоѓаме  по неколку меурчиња кои се наоѓаат едни во други. Доколку карпата ја пресечеме низ средината на овие меурчиња, на пресекот ќе видиме концентрични кругови.
Некои нестабилни хемиски елементи се распаѓаат побрзо, а некои побавно, но своите меурчиња на распаѓање можат да ги остават смо во цврста карпа. Ако е карпата течна, како што е случајот со вжештената лава, тогаш тие не можат да остават меурчиња – на ист начин како што и таблетата на витаминот Ц не може да остави меурчиња на распаѓање во течна, туку само во замрзната вода.
А сега да го примениме нашето знаење за „меурчињата“ на прашањето за постанокот на планетата Земја. Познато е дека најголемиот број на нашите континенти ги сочинуваат карпи кои што се викаат гранит. Меѓутоа, долго време не беше познато како постанал гранитот, зашто никаде во природата не може да се посматра неговото создавање, ниту било кога било возможно да се направи во лабораторија.
Затоа, многу научници ја прифатиле претпоставката дека основната карпа  на нашите континенти -  гранитот – настанала со постепено ладење на вжештената лава во текот на повеќе милиони години. И многу луѓе, кога помислуваат на настанувањето на планетата Земја, веднаш замислуваат вжештена планета која постепено се лади во текот на долги временски периоди.
 
Меѓутоа, јас открив нешто сосема спротивно. Всушност, на сите континенти по целиот свет во гранитот се пронајдени меури на распаѓање на еден необичен хемиски елемент. Во прашање е полониумот кој се распаѓа само за неколку минути.
Toа значи дека гранитот морал да зацврсне за најмногу – неколку минути.
Извршени се детални научни испитувања за да се провери ова откритие и првобитните резултати беа потврдени. Така, потврдено е дека нашата планета  не била вжештена маса  во текот на повеќе милиони години, туку настанала за многу кратко време – максимално за неколку минути!
Она што го направи ова откритие уште поневеројатно, е тоа дека типот на полиниумот кој оставил меурчиња во гранитот, не постои самостојно никаде во природата, туку само како дел на некој поголем синџир на распад, како што е тоа синџирот  на распад  на уранот.
Значи, како што витаминот Ц не настанува во природата самоастојно во вид на таблети, така ниту овој тип на полонијум не настанува никаде во природата самостојно, како независен хемиски елемент.
Во случајот со замрзнатата вода со меури на таблетата на витаминот Ц можевме да изведеме два заклучоци. На истиот начин и тука, во случајот со гранитот за меурчињата на овој полонијум, можеме да изведеме два јасни заклучоци:
1.            Некој го уфрлил овој тип на полониум во гранитот;
2.            Гранитот се зацврстил само за неколку минути.
 
Tреба  да се истакне  дека и покрај бројните обиди, никој до сега не успеал да го оспори ова откритие. Овие заклучоци јасно укажуваат на Оној кој го уфрлил полониумот во гранитот и ни оставил докази  за создавањето на планетата Земја за многу кратко време – токму така како што пишува во Неговата книга – Библијата. Затоа овие откритија за гранитот јас ги нарекувам „отпечатоци на Божјите прсти“.
 
Kако овие откритија влијаеја на вашиот проблем на работа?
 
- Долги години работев  на складирање на нуклеарниот отпад во гранитот, така што примероците на гранитот можев детално да ги истражувам. Покрај пронаоѓањето на полонијум  во гранитот, кој укажува дека нашата планета е создадена  за кратко време, открив во гранитот и големи количини на хелиум – гас кој брзо испарува  и кој одамна би испарил од гранитот во случај гранитот да е стар милиони и милијарди години. Но, огромните количини на хелиум во најдлабоките слоеви на гранитот укажуваат дека нашата планета е многу млада, само неколку илјади години – токму така како што тврди Библијата.
Во тоа време дојде до судски спор во државата Арканзас, зашто таа држава донела одлука, покрај теоријата на еволуцијата, во училишните програми да се воведе и науката за библиското Создавање – позната како „креационизам“. Една многу влијателна невладина организација АКЛУ ја тужела државата Арканзас заради ваквата одлука со образложение дека со таа одлука се крши Уставот на Америка, во кој се вели дека државата и религијата се одвоени.
Званичниците на државата Арканзас чуле за моите откритија и ме викнаа да им бидам сведок на одбраната на судењето – да ја бранам државата од АКЛУ. Директорот на лабораторијата Оук Риџ, во која тогаш работев, дискретно ми скрена внимание да не бидам сведок на тоа судење, затоа што ќе ми биде ускратена понатамошната работа во лабораторијата. Јас сепак прифатив да бидам сведок на судењето. 


 
Како помина судењето?
- Првите седум дена најпознатите еволуционистички научници во Америка, кои ги ангажирал АКЛУ, изнесуваа пред судијата наводни докази за еволуцијата. Сите најпознати светски медиуми, не само американски, туку и европски, известуваа за „блескавите докази на сведоците на тужителот“. По седум дена јас ги изнесов доказите за младата земја и за речиси моментното создавање на нашата планета. Никој од влијателните медиуми за тоа не известуваше – само локалните медиуми напишаа куси статии во своите весници.
По моето убедливо излагање, судијата Овертон го повика водечкиот светски еволуционист од областа на геологијата, д-р Брент Делримпл, да се обиде да ги објасни моите откритија. Д-р Делримпл, кревајќи ги рамениците, рече дека сега не е во состојба да ги објасни моите наоди во гранитот и дека во овој момент тоа за него е „мистерија“. Но, додаде уште дека „не треба околу тоа да се возбудуваме, затоа што науката наскоро сигурно ќе успее да ја објасни оваа мала мистерија на создавањето“.
Судијата Овертон го прифати ова негово „објаснение“ и АКЛУ на крајот го доби процесот, а државата Арканзас мораше да се откаже од воведувањето на креационизмот во училишните програми.
Како Ве дочекаа на работа?
- Набрзо ми беше врачен отказ под образложение дека не е потребно со мене да се продолжува договорот за соработка и понатамошна работа.
Во која насока понатаму се одвиваа вашиот живот и научната работа?
 - Според зборовите на д-р Делримпл, за „малата мистерија на создавањето“, ја напишав книгата „Мала мистерија на создавањето“, во која ги објаснив своите докази, а снимив и два видео-материјали за младата Земја и нејзиното брзо настанување. Мило ми е што Центарот за природни студии од Белград ја објави мојата книга и видео–материјалите и што јавноста во вашата земја може да се запознае со овие важни откритија.
Кој би бил Вашиот заклучок на крајот?
- Можам да порачам дека науката, особено во последниве неколку децении, открила големо мноштво докази кои до детали ја потврдуваат автентичноста на Библијата.  Тие откритија имаат голема важност за нас, зашто дополнително нè уверуваат во исправноста на Божјиот концепт, кој укажува дека прашањето за моралот е прашање на среќата, здравјето и животот.


Преведе: Мина Даниловска

26.07.2013 год.

Извор:   http://preminportal.com.mk/content/view/12648/162/



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Мај 31, 2023

Промоција на Речник на медиумска писменост

Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се појавија во дигиталната ера и новите начини на комуникација, со развојот на медиумите и со појавата на нови алатки и активности во онлајн-сферата. Целта за неговото…
Март 09, 2023
Jovana.matevska

Интервју со Јована Матевска Атанасова – писателско име кое полека оди кон врвот на македонската литература

Најпрво сум радосна што ја имав привилегијата да пораснам емотивно. Некои луѓе трошат цел еден животен век без да ја раздвижат душата и да ја пуштат низ ребрата, кои таму се поставени само физички да ја додржуваат, но не и духовно да ја ограничат. Затоа што…

Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “

Ное 29, 2022 Ликовна уметност 579
1926.Sava.SHumanovich
Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот…

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

Сеп 26, 2022 Ликовна уметност 901
TViTer448
„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји.…

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Јул 24, 2022 Друго од култура 1344
TViTer319
Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и…

Беседи

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Отец Гаврил-Беседа за Св.Методиј и Св.Кирил

Тогаш сфатил дека не треба да се врзува за ништо световно, и дека треба да живее единствено за Царството Небесно, односно за Бога. И навистина се оддал на богоугоден живот,...

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Патријарх српски Порфирије: Беседа, Загреб, 21.05.2023 г.

Ми смо створени за вечност. Створени смо да, имајући свако посебан дар, лични, специфичан печат, своју непоновљивост, будемо једно у Господу, будемо једно у Христу, а то јединство се најреалније...

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

БЕСЕДА за силата штo Бoг им ја дал на прoрoчкитe збoрoви

Бoг му дал мoќ и на нарoдoт да гo знаe вистинскиoт пат, и прeку сoвeста, и прeку прoпoвeдта на Бoжјoтo слoвo, та нарoдoт нe трeба слeпo да ги слeди свoитe...

« »