логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ТРОПАРИ НА СВЕТИТЕЛИТЕ И ПРАЗНИЦИТЕ 

 

Тропар на светиот Христов
свештеномаченик Евсевиј
епископ Самосатски
22 јуни / 5 јули

Крин процвета во земјата сиријска,
мирис се разлеа во црквата Христова,
пастир мудар беше испратен при децата,
да се возвеличува Еден Бог во Пресвета Троица.
Евсевије свети со благодат Христова,
тебе Духот Свети те наоружа против ересите и лажните учења,
моли се оче да немаме мноштво патчиња,
туку еден Пат да следиме кон вечноста.

Извор МПЦ – ОА
Манастир свети Јован Претеча Слепче


Тропар на светитe
Христови маченици
Зинон и Зина
22 јуни / 5 јули

Трпението ваше како подвиг безтрасни
го прими Христос нашиот Бог и затоа благодатта
на голем подвиг маченички ве ободри,
о Зиноне и Зино.
Овенчани со венци маченички нетрулежни,
радувајте се сега во Небесното Царство
и за нас молете се да се спасат нашите души.



 

   Извор МПЦ – ОА
Манастир Св. Јован Претеча Слепче

 

 

Од Верскиот календар на МПЦ (05.07.2021)   

 

ТРОПАР

Тропар (грч. τροπάριον, цсл. тропа́рь) е кратка црковна молитвена песна, настаната во доцниот стадиум на химнографијата. Тропарот ја содржи суштината на празникот за кој е напишан и во кој се прославува светителот; во Канонот, тропарот следи после ирмосот. Често се однесува и на апокалиптик (грч. απολυτίκιον), или отпустителна химна преку која се опишува главната тема на богослужењето на денот, а со која се завршува Вечерната богослужба.

Богородичен (теотокион) е посебен вид на тропар, кој е посветен на Пресвета Богородица. Помали варијации во Богородичниот водат кон Крстобогородичен (ставротеотокион), посебен вид на тропар посветен на страдањето на Пресвета при распнувањето на Христос на Крстот, и како таков најчесто се користи во среда и петок, денови кога Црквата се сеќава на чесниот Крст Господов.

Понекогаш тропарот се користи како рефрен помеѓу читање на стихирите.од Псалмите, иако примарната функција во тој случај ја имаат стихирите.

Тропарник се нарекува една засебна целина во книга со тропари и кондаци, за секој ден на Црковната литургиска година.

ПреминПортал

2021 лето Господово

 Од житието на светителот

Светиот свештеномаченик Евсевиј, епископ Самосатски    sv.Evsevij.jpg

Многу постигна во изобличувањето на аријанството. Кога се испразни антиохискиот престол, на негово настојување за патријарх беше избран Мелетиј, големо светило на Црквата, којшто после смртта се удостои со голема пофалба од Свети Јован Златоуст. Но сепак аријанците набрзо по востоличувањето го изгонија Мелетиј од Антиохија. Кога умре злиот син на цар Константин, Констанциј, се зацари еден уште полош од него, Јулијан Отстапник. Во времето на Јулијановото гонење на христијаните Свети Евсевиј го слече свештеничкото расо и се облече во војничко руво, па така ги обиколуваше гонетите цркви по Сицилија, Финикија и Палестина, сегде утврдувајќи ја православната вера и поставувајќи свештеници, ѓакони и сиот потребен клир, а некаде дури и епископите ги поставуваше тој. Кога се прочу погибелта на Јулијан, Свети Евсевиј го посоветува Мелетиј да го повика Соборот во Антиохија во 361 година. Присуствуваа дваесет и седум архиереи, уште еднаш се осуди аријанската ерес, а се прогласи православната вера онака како што беше изразена на Првиот Вселенски Собор. Покрај Мелетиј и Евсевиј, на овој Собор особено се забележуваше Свети Пелагиј Лаодикиски, прочуен девственик и подвижник. Овој Собор беше во времето на благочестивиот цар Јовинијан. Но тој цар набрзо умре, а се зацари свирепиот Валент, со којшто повторно кон Православието се наврте прогонство. Свети Мелетиј беше прогонет во Ерменија, Евсевиј во Тракија, а Пелагиј во Арабија. По Валент се зацари Грацијан, кој ѝ даде слобода на Црквата и ги врати од прогонство архиереите на нивните места. Така се вратија: Мелетиј во Антиохија, Евсевиј во Самосат, а Пелагиј во Лаодикија. Во тоа време голем број епархии и парохии беа како вдовици, па Евсевиј ревнуваше да му најде на народот благочестиви пастири. Но кога дојде во градот Долихин со избраниот епископ Марин, за да го востоличи новиот архиереј, а да ја изобличи ариевската ерес којашто во овој град имаше голем замав, еден еретик-фанатик фрли од покрив ќерамида врз чесната глава на Свети Евсевиј и опасно го рани. Од оваа рана големиот Свет ревнител за Православието умре за да живее вечно во рајското блаженство. Пострада во 379 година.

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2970
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2805
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…

Беседи

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

Митрополит Струмички Наум: Педесетница

При толкувањето на евангелието за жената Самарјанка ви реков: „Водата што Богочовекот Христос ни ја дава, и која имајќи ја никогаш нема да ожедниме, е благодатта на Светиот Дух во...

БEСEДА за близина на Судијата

БEСEДА за близина на Судијата

За eдeн дeн, братe, мoжeш да ја дoбиeш цeлата вeчнoст. И за eдeн дeн, братe, мoжeш да ја изгубиш цeлата вeчнoст. Ти сe дадeни илјада дeнoви на зeмјата да сe...

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Жарко Ѓоргиевски: Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор

Секој човек, па дури и најнесреќниот, жеден е за животот и постојано бега од смртта. Бог го создал човекот не за да умре и да се претвори во прашина, туку...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

о.Михаил Трајковски: ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО - СПАСОВДЕН (02.06.2022)

Колку прекрасна и радосна вест! Ако човекот во темнината на својот морален пад можел да ја наѕре светлината од божественото Сонце, кое се раѓало на Исток, сепак, сенката на сомнежот...

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Митрополит Струмички Наум: Вознесение или превознесување? (01.06.2022)

Ако Он не се жртвуваше на Крстот за нас и наше спасение, и ние не ќе можевме во Големиот Вход од Светата Литургија да се принесеме самите себе и целиот...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »