логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Crkovni.zvona.jpg
Од дамнешни времиња  познато е дека чумата не пустошела таму каде што многу и силно ѕвонеле црковните ѕвона. Ево што вели за тоа савремената наука:
Црковната музика, а особено ѕвонењето на црковните ѕвона, благотворно делува на човечкото здравје. Во руските лаборатории, со помош на експеримент, утврдено е дека осцилацијата  на ултразвучниот дијапазон на црковните ѕвона ги одбива бацилите на чумата, потоа вирусите и други инфективни заболувања кои се пренесуваат преку ваздухот.
Современиот руски научник, еколог и писател, Фотиј Јаковлевич Шипунов, управник на лабораторијата за истражување на биосферата на  руската Академија на науките, со години го изучувал влијанието кое на својата околина го вршат православните храмови и манастири. Ево што вели тој за исходите на своите експерименти:
“Манастир е небоземен поим. На манастирите непрекинато се спуштаат зраците на небеските сили кои оживуваат. Таму гори небескиот оган. Уште повеќе, тоа може да се провери и со помош на  современите физички инструменти.
 Дури и таму, каде што останале само темелите на разурнатиот манастир, во време на големите празници, со помош на инструментите, може да се чуе Литургијата”.
За ѕвоната, тие радосни гласници на црковните празници, весници на воскреснувањето и утеха за тажните, звоната кои го следат животот на Христијанинот од раѓањето до смртта, Шипунов вели:
„Ѕвоното не е толку творба на човечкиот, колку на Божјиот ум. Ниеден математичар не е во состојба  да ја пресмета формулата на ѕвоното, ниту равенката на неговото ѕвонење. Се обидувале и Флоренски, Ојлер, но не успеале. Јас верувам дека ѕвоното е создадено со помош на Божјото откровение.
Исто како што е можно само така да се наслика добра икона. Така 12-октавната звучна симфонија на ѕвоната кои ѕвонеле во големите манастири какви што се Задонски, Данилов, Спаски, на растојание од седум километри, според податоците на мерењето – ги стерилизирала сите патогени организми. Тие не можат да ги издржат осцилациите на ултразвучниот дијапазон, а ултразвукот е многу силен енергетски извор со кој може да се сечат стебла, да се кршат тули. Пред дванаесет години ја истражувавме околината на Јелеховската соборна црква, за време на Божиќ. Кога ѕвонело големото ѕвоно, уништуван е вирусот на грипот.
Сите епидемии кои наидувале од Блискиот исток на југот на Стара Русија, во бранови ги заобиколувале реоните во кои биле сместени многу поголеми манастири, цркви – каде што имало многу ѕвонење.”
Во Русија до 1918 година имало 80.000 цркви и 1.250 манастири, па звукот на едно ѕвоно се претопувал во звукот на друго. Така, според прсметките на научниците, над Русија се создавало силно заштитно поле, кое земјата ја штитело од големи епидемии. Ѕвонењето е создадено  со Божествените сили заради јакнење на природната звукосфера.
Црквата никогаш ништо не препорачува, ниту забранува од моралистички, прости човечки причини, туку врз основа на Божјото откровение за природата на човекот и космосот, како и за начините човекот и космосот да влезат во заедница со Бога. Во Христа, Словото и Смислата на човекот и вселената, зазвучела најубавата мелодија која човештвото отсекогаш нетрпеливо ја посакувало: мелодијата на Царството Небеско.
Преведе : М. Д.

24.07.2013



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

 БEСEДА  за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

БEСEДА за тoа какo ангeлитe вoјуваат за правeдницитe

Ангeл Гoспoдoв ќe вoјува за oниe кoи сe бoјат oд Бoга. Тoа сe пoкажалo јаснo мнoгупати, штo e запишанo, и бeзбрoј пати штo нe e запишанo. Архангeлoт Михаил гo oдбранил...

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

« »