11. мај 2025
Свети апостоли Јасон и Сосинатар (Недела на раслабениот)
(Зач. Јн. 14)
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Благочестиви христијани,
Евангелската приказна за исцелувањето на болниот човек кој поголемиот дел од својот живот беспомошно лежел покрај бањата која ја опишал светиот апостол и евангелист Јован е пример на чисто милосрдие и љубов кон човекот, кон секое човечко битие. Оваа приказна е пример за љубов, за помош без причина, за давање добро без калкулација дека истото со добро ќе се врати и дали воопшто ќе се врати. Болниот човек едноставно немал помошник, кој во вистинскиот момент би го спуштил во бањата за да биде излекуван.
Можеби некој ќе се запраша: Зошто на овој болен човек Господ не му го поставил вообичаеното прашање: „Дали веруваш?" Зошто од него не побарал вера како од повеќето други? Но, зарем верата на овој страдалник не е очигледна? Тој речиси четири децении лежел и барал од Бога помош и трпеливо чекал некого, било кого, да му помогне во вистинскиот момент. Да се потсетиме дека Господ излекувал многубројни страдалници од кои не ни можел да бара вера тоа го правел од чисто милосрдие. И во овој случај во бањата Витезда, Господ Исус Христос се раководел од бескрајната љубов кон сиот човечки род проколнат и страдален, а од друга страна, за да го покаже тврдото срце на сите луѓе кои живееле тогаш во Ерусалим, од кон никој, ама никој, не се напол овој страдалник да го потурне во бањата кога ангелот Божји ќе го покажел своето исцелително присуство таму.
Најпосле, Христос намерно го излекувал болинот во сабота нако тов можел да го стори и во било кој друг ден, ако посакал, токму затов за да го разобличи еврејското идолопоклонство на саботниот ден и да покаже дека човекот е поважен од саботата и дека милосрдието е поважно од сure законски формалности. И ова Христово дело ја има онаа единствена одликав на Божјиот метод наеднаш да се постигнат повеќе цели и да се дали повеќе поуки.
По излекувањето, исцелениот човек погледнал во очите на своје Добротвор, го почувствувал Неговиот животодавен здив; ја почувствува Негова чудотворна моќ. А Христос, веднаш по излекувањето, веднаш одалечил од народот, оставајќи ги настаните сами да се редат понатаму. О сеачот кој сее вдахновено семе и го остава да расте и да донесе плод, зави од почвата на која паѓа.
Откако направил добро дело, божествено дело, моќно дело дел милосрдие, Он се одалечил од луѓето за да не добие човечка слава; зал биде предмет на завист како што најчесто и се случува. Најпосле, С одалечува од луѓето заради личен пример упатен до сите нас ги нарекуваме христијани. Доброто дело е совршено кога се прави од човекољубие, за слава Божја. Секој што сака да прави добри дела да прави заради суетната човечка слава и пофалба од луѓето. Зашт намерно ќе го изнесе своето дело на пазар, е како да става овца меѓу Значи, треба внимателно да се чува сопственото добро дело, со него д предизвикуваат ниту пофалби, ниту човечка завист.
Откако му го излекувал телото на болниот, Господ го довршил дело и во духовен поглед, објавувајќи му го гревот како причина за страшна болест и предупредувајќи го повеќе да не греши, за да не полошо. Евангелистот не опишал каков грев сторил овој човек, но тоа не ни важно да се знае, бидејќи секој грев е навреда кон Бога и отстапување од Бога.
Евангелистот Јован понатаму ги цитира зборовите Господови: „He греши повеќе, за да не те снајде нешто полошо", односно помилуван и гревот ти е простен; затоа повеќе не Го искушувај Бога, оти сега си од Бога наместо милост можеш да го почувствуваш мечот на Божјата правда.
Излекуваниот бил воодушевен и со своето чудесно исцеление, но и со Исцелителот, а завидливите Јудеи со нарушувањето на саботата. Исцелениот бил во возвишено расположение поради Божјата милост излеана врз него, за Божјото чудо направено над него, што не можел да ја забележи фарисејската злоба и нивните злонамерни планови. Тој размислувал како да Го прослави Исуса Христа, а тие како да Го убијат.
Но, низ сите теснини и заседи на еврејската пакост Господ Исус Христос останувал неповреден, ширејќи го Своето Евангелие на човекољубието со збор и со дело, се до оној час кога Него Му било угодно да се предаде во рацете на Евреите, преку понижување да го покаже Своето вистинско величие и преку смрт да ја победи смртта.
Затоа нека Му е слава и благодарност, заедно со Отецот и Светиот Дух сега и во сите векови.
Амин.
Preminportal (k.t.)