Јована Матевска Атанасова: Живот во девет квадрати
Никој не ми кажал дека да се биде сиромашен е злодело. Честопати сме дочекани како крадци, се гадат од нас. Знам дека овие претпоставки за нашата чесност ја болат мама и затоа штом забележам дека веѓата се спрема да ѝ избега од челото, ја фаќам цврсто за раче и ја стегнувам.


Ние, кои останавме овде, обземени
– Луѓето отсекогаш биле опседнати со летањето – ми вели. – Но им недостигала храброст за да се ослободат од она што ги влече удолу, од она што ги држи приковани за земјата.
Преку „Фотографија“ сакав да пренесам една убава порака исполнета со мирисите и боите на детството, на незаборавен Пурим, сетилна разгледница од мојот роден град Битола, која некогаш била меѓукултурна клетка во која опстојувале повеќе нации и етникуми, религии, а во која Евреите биле од витално значење за негување на таквиот културен и еснафски живот.
„Џабе живиш у Скопје“ е збирка на актуелни, изумрени и подзаборавени поими, фрази, изрази, идиоми, апсурди, фазони, афоризми, синоними, топоними, акроними, криптоними и други "ними“, вивисекција на скопските (не)култура, историја, менталитет, хумор и јазик, но и одолжување на авторот кон неговото Скопје.
Оние кои ги љубиме
Од едната страна
- Госпоѓице, јас најдов неколку работи што ти припаѓаат тебе, и би сакал да те замолам ако не ти требаат да ми дозволиш да ги задржам. Ти ветувам дека добро ќе се грижам за нив. Сигурно се прашуваш што? Еве, на пример звукот од твоите чекори. Секој друг звук ќе се слушне и потоа брзо ќе го снема, но не и овој.
Влегуваат тие, поетите во звуците на кавалот, на зајдисонце како што ни пее Константин – слнце да зајдвит, ја да умирам. И кога ја читаме одново „Т’га за југ”, осознаваме дека умирањето е населување во вечноста и ова всушност е химната на македонските поети. Тој аџилак на поетесите и поетите од Македонија,
и сакаат да ги врзуваат тие околу себе
·Во старо време имало една многу убава, кротка и вредна мома. Била умна и вешта, питома и праведна. Со гласот свој славеите во гората ги натпејувала, а со играта сите играчи ги надигрувала. Била учена и многу писмена. Читала и пишувала на многу јазици, а творела на својот единствен јазик и своето единствено писмо наследено многу одамна од претците.
И така, кога падна селото на колена, кога си отвори рани ко зрела мешунка, душманот собра сѐ што најде по куќите. Ги јагленисаа плевните и амбарите, гранапите, еснафските дуќани, визбите и скришните одајчиња на таваните. Вриеше како во мравјалник. Сѐ што беше вредно ни зедоа, и чест и мировина, ни грабаа скриени од под мишки подварени зрнца грав и чубрика, од уста тутун
Детето, веројатно имаше дваесеттина години, а според начинот на кој отсечно, грубо и школски паркираше, можеби и помалку. Зад автомобилот се построи велосипедист. Го познав по шапката, тоа беше чичко Томо, пријател на татко ми од старата маала. Сиромав и сирот, преживеа мозочен удар пред неколку години, но тоа не го спречи да продолжи со вообичаените активности, кои во неговата ситуација беа и неопходност. 
-Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет. Круната на неговата кодификација е 5 мај 1945, денот што денес го прославуваме. Иако првпат е прогласен за службен јазик во нашата држава на 2 август 1944, на Првото заседание на АСНОМ, континуитетот во развојот на македонскиот јазик го следиме уште од X-XI век,
На денешен ден, на 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.
Влажна ноќ. Мириса асфалтот на мамурлук. На пролетта деведесет и втора. На чоколадо со јаболко и цимет и темно, варено вино и каранфилче. Стојам на делот од калдрмата која после децении го преживеала инфраструктурниот егзодус, везам некои претпоставки кои во умот засенет од староста се јавуваат асоцијативно.
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и психолошки силна приказна каде се претопуваат елементи на гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар Прокопиев, прогресира една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво и сочно раскажана приказна
Ноќта кога Магда ја грабаа месечината се капеше во сопствениот отсјај, расплодена по езерата и соголените брда. Маглата натежнуваше, со куршуми од слана ги напаѓаше посевите, им задаваше тешкотија во дишењето на зовичаните. Мостот се прелеваше како прстен пред темното платно и сета природа беше како изведена од некоја приказна од Магдината книга. 























