логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

 

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Јована Матевска Атанасова, романсиерка и рецензентка, е родена на 16.06.1991 година.  По професија е дипломиран психолог.  Добитник е на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2020 година. Во 2015 и 2016 година добила откупни награди на конкурсот за краток расказ на Нова Македонија. Покрај нив добитник е на повеќе награди на општински и регионални натпревари за кратки раскази. Нејзините раскази се застапени и во повеќејазични збирки „Бибер“ кои ги опфаќаат темите за помирување од војната, во појасот на бившите југословенски простори. Напишала два романи „Тамбовските снегови“ и „Писмата во библиотеката“. Во публикација е нејзината прва збирка со раскази, поддржана од Министерството за култура, „Гладоморје“. 

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Продавачот на костени


         Продавачот чесно ја заработуваше својата корка леб. Ем тоа, ем спомени градеше во
сеќавањата на минувачите, за кога ќе намирисаат печени костени да се навратат на младоста и седло од носталгија да изградат. Пукоткаа на жарот и апетит отвараа. Не беше само апетитот пресуден муштериите да се множат, а продажбениот материјал да се десеткува. Имаше нешто магично во очите на старецот, некоја душепријатна топлина што озрачуваше наоколу. Со секоја купена ќулавка купуваа и доза радост. Молкум ќе грицнеа од набрчканата скробна утроба, па на усните ќе принесеа насмевка блага како разџваканиот залак во шуплината. И сретнуваше по стотина луѓе во денот. Тие заминуваа ама зад себе, на тезгата за продажба на костени, ги оставаа впечатоците, приказните, загушливите парфеми, ги оставаа и сенките од својата телесна конструкција, ама пак тие верни и послушни се добираа до нив по направен чекор. На крајот на денот, продавачот остануваше сам. Ќе си го прибереше масичето, ќумурното шпоренце и патот под нозе. А патот секогаш го носеше кон периферијата на градот. Кон напуштените вагони на железничката станица.
   Mолњите небото го параа, се наметнуваа над ноќта извезена во тантела, натрапниците ги осветлуваа, па соучесници им стануваа и со темнината ги покриваа. Треската не ја спопадна само ноќта надвор, туку и оној што под ќебето од волна жилите на челото ги цедеше. Ни облогите, ни чорапите во киселина натопени, ниту салото што од градите подмолата требаше да му ја вшмука, ниту сите народни лекови оставени во наследство од врачарките и паталците не помогнаа. Ѓаволот не сакаше да го напушти кревкото тело. Таа ноќ и природата и тој стенкаа од болка.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Стамен мајкин. Стамен цврст како камен.“ - се клатеше неговата мајка, војуваше со црните врани кои мозокот ѝ го колваа , кои навестуваа лоши непобеди , трудејќи се да го скрие претчувството и да му вдахне надеж. Ама детенцето што почиваше на постела одлутало со духот некаде. Скиташе помеѓу рајот и пеколот, засрамен, непоучен на која порта да затропа. Мажот ѝ подаде некаква течност собрана во чингено чиниче. Со колебање го погледна и откако тој потврдно кимна со главата, ја насипа во детските усни, згрчени и од немоќ непопустливи. Прокобата не сакаше да излезе надвор. Ништо. Повторно лежеше во постела, малку ко да се расони од занесот, рипна, живна, и пак главата ја постели на перница. Мајката спишти, таткото колениците ги одра при падот. Варената вода од костени не помогна. Таа беше последниот иљач за кој сопружниците се фатија, во мукает чедото да си го спасат. Ама кога бедата ќе дојде спас нема. Смртта се надвисна како градската олуја над чардакот.
Костените поцрнуваа по допирот со огнот. Го имаа истиот вкус како некогаш, гриз од нив и душата во блаженство се препородуваше. Со една фаќалка ги превртуваше дури не се гламносаат. Костените и мирисаа и поцрнуваа, ама продавачот ја изгубил магијата по која се издвојуваше како посебен продавач. Конкуренцијата почна да ја исползува неговата слабост, да му ги придобива муштериите и црпи нивните џебови додека нему низ црнките празнини му дуваа. Потпукнатите дамари во зениците ечеа од тагобери ко китки набрани и во двете вази полни вода ставени. Да не случајно овенат. Едно девојче со коса нарасната во кадрици го влечеше татка си поблизу до изворот на топлина.
-Види татенце! Камчиња на оган. -  со ракавиците се топлеше на шпоретот.
-Костени се тоа мила, костени.
-Вау... Баш би сакала да ги пробам, да ги грицнам само малку, ете тоцку. - покажа скромна големина со прстињата, иако беше очигледно дека апетитот, таа невидлива отсечка, ќе ја прошири за уште дваесеттина педи.
Со збрчканите очи сакаше да се извини на продавачот за детската љубопитна нарав. Продавачот возврати со еден благ поглед, благ како костените што ги полнеа усните и ги разменуваше за пари. На детската пркос не смее да се замери. Невиност пливаше во плавите океани на девојченцето, по проценка на пет годишна возраст. И тој прост број се закануваше дека ќе ги пресоли костените. Солзите почнаа проѕирно да се слеваат по седиот лик на продавачот.
 Се случи во јули. Тогаш кога вистината му беше поважна од егзистенцијата. Жена му, инаку шивачка во локалната компанија за експлоатација на женски дланки, заборавила усните да му ги закрпи. Шеташе така испарталавен. Со пештера широко отворена, со катници кои неправдата ја распарчуваа и непца низ кои смелоста бушеше мостови. Го чуваше грбот на секој познаник додека познаниците му правеа лице. И самарот на технолошки вишок му ја изваја грбата, да сведочи дека секоја планина носи своја тежина. А вистината најтешката. Беше прогонуван од власта и бирократијата, од секој валкан бизнисмен, жигосан и неприемлив. Наскоро започна ветувањето за социјална помош кое не го дочекаа, а здравственото им го укинаа. Синчето се разболи и на секоја врата на која ќе затропаа дочекуваа отсечен одговор и хоризонтално одмавнување со глава.

 19042009


- Ќе ве молам полкило костени.
- Повеќе, повеќе тато! Врискаше раздрагано малечката. Продавачот упати прашален поглед на што купувачот мораше да кимне. - Сите што на решетките се печат. - Низ процепот на секачите нагргнуваше плунката излачена од помислата на неиспробан деликатес. Млечните запчиња напразно се гоштеваа и моториката ја вежбаа за следството....
Продавачот зајрето го собра во хартиена ќеса и ја подаде на муштеријата. Кога овој удри по џебот, и од паричникот почна да вади бакноти, продавачот пресече.
- За ваква принцеза бесплатно.
- Но... - татко ѝ се обиде да интервенира инсистирајќи, протестира посочувајќи на празните решетки, а и вреќата до неговите нозе. Мисијата на продавачот денеска завршуваше тука. За да го истера настојчивиот почна да се собира. Твојата великодушност ќе нѐ столчи, сопругата со таа фраза ги започнуваше расправиите. Секој денар е важен. Имаш гладни муцки да раниш, а не да ја полниш душата на некои непознати. Го караше уште пред продавањето на костени да стане единствен егзистенцијален извор.
Ама тврдоглавоста поттикната од неговиот великодушен табиет не го оставаше, та затоа секогаш завршуваше потпечен како паталец. Додека девојчето за рака прикачено до татка си заминуваше, костенџијата се потсети на битната улога која ја играше како родител. И сега очите на неговиот Стамен го стрелаа право во насолзените булбуси. Само живоста не им се догледуваше. Му возврати со насмевка. Се озабуваше срцепарателно на сликата отспротива. Онаа црно-бела фотографија закачена на бандерата. Некрологот стоеше таму со месеци. Како неговата убава слика да ги одбиваше дури и старците од смртта. За да може подолго да ја погледа. Да го варди, да му се кине срцето зошто тој не зборува, закован таму со клинци, како човекот со тоа известување по смртта да го симболизира мачеништвото на месијата.
Наскоро ќе биде затрупан од другите жални вести. Како што и земјата го затрупа она малку месо што за коските му останало. Костеновиот цвет наместо да расцути во јули, оплоден во прашниците... Животот му откина и нему еден прашник. Битен за овој сиромав човек да може да преживее. Стамен Петровски. Синот на продавачот на костени. Човекот со тезгата на Камениот мост кој градеше спомени во сеќавањата на Скопјани, а штотуку ја беше доградил надгробната плоча на своето единствено чедо...

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

 

 19042009

 ПРЕМИН 153-154

 

 И годинава лауреат на наградата за најдобар расказ "Живко Чинго".❤️
Се сеќавам како малечка неуморно сонував моите зборови да прошетаат некаде подалеку од нивната комфортна зона во мојата глава. И сега... Сега тие се насекаде. Разведруваат луѓе до чии книги и претстави ќе допрат, успешни се, полнолетни со искуство и мудрост, зборуваат повеќе јазици. Моите чеда станале возрасни единки. И горда сум на нив. А расказите... Тие беа мое засолниште и прибежиште, пристаниште кога немирот предизвикан од борбата со анксиозноста се обидуваше да ме обезвредни. Јас градев светови кои сакав да ги гледам, кои сакав да ги живеам, затворена помеѓу четирите ѕидови ги шарав со приказни за изнемоштените, но силните. Плејада од ликови живее на местото на моите спомени, ги помнам немилосрдноста на кралицата Клеа од нацијата Мачки, роман кој го пишував на мои 11 години, љубовницата на Сталин или какви подвезици носи убавата, но блудна Баџиа Тела, под чиј занает се покорила цела Фиренца. Така е, им правам место ним, затоа што тие ќе живеат со мене се' додека имам желба да ги помнам. А никогаш не би ги препуштила на заборавот.
И зошто пишував за јазикот, нашиот македонски јазик, кој се обидуваат како основен рефлекс да го оттргнат од новороденчињата? Затоа што јазикот е мој сојузник и секогаш ќе биде. Тој, чија оставина е единствената која полноправно се дели до секого. Бомбата за која се потребни само усни и уши, да биде пренесена преку секоја граница.
"Јас не познавам друго суштество кое болката и радоста ги именува, кое плаче низ фонеми и љуби низ самогласки. Но ете, напредокот ни крати од јазикот, единствената одлука која не' разликува, зашто човек може да клекне на сите четири, а мечката да се исправи на две. "
Земете ми го умот, само немојте јазикот!

 

19042009

ПРЕМИН 153-154

 3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Јована Матевска Атанасова


Поласкана и горда. Еден од моите раскази сега, во вистинска смисла на зборот, ги краси страниците на новиот двоброј на списанието Premin . И' благодарам на Kalina Trpeska  за укажаната чест и секојдневна поддршка. Како што самата кажа: "дизајнирано со љубов", јас ќе додадам "напишано со љубов". Кога две координати ќе се спојат  даваат продукт наменет да трае. Затоа што зборот како и љубовта не се троши. Се возобновува и нараснува.

Се потквасува со желбата да оставиме некакво потомство, книжевно и биолошко. И она што е базичен  стожер во моите раскази: (тука се најгласни) несреќните луѓе заборавени од општеството за кое придонесуваат многу повеќе отколку како уште едно гласачко тело ,нивната борба, верата која не ги напушта и најмногу од се' солидарноста која и покрај сите перипетии ја одржуваат како 'рскавица на здрава коска. Подмачкувајќи ја со храброст ...❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️

 19042009

Друго:

Расказ"Не зборувај лошо за мртвите"

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1249
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1572
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Беседа на денешното Евангелие, посветена на Преподобна Ксенија Римјанка

Да се потсетиме на еден збор што го слушнавме од светиот Апостол, он спомна „посиновување“. Он спомна нешто што е навистина пресвртница во човековиот живот. Во човековиот живот, покрај тоа...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная