логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Јована Матевска Атанасова

is at Меморијален Центар На Холокаустот На Евреите Од Македонија.

Прва награда за расказот "Фотографија"

на конкурсот за краток расказ распишан од Фондот на холокаустот.
Среќна Ханука!

 

TViTer737

Јована Матевска Атанасова
  ·
Преку „Фотографија“ сакав да пренесам една убава порака исполнета со мирисите и боите на детството, на незаборавен Пурим, сетилна разгледница од мојот роден град Битола, која некогаш била меѓукултурна клетка во која опстојувале повеќе нации и етникуми, религии, а во која Евреите биле од витално значење за негување на таквиот културен и еснафски живот. За да го зачинам расказот додадов значајна личност од историјата на Битола, Милтон Манаки, бидејќи потполно се вклопи во концептот на самиот конкурс за расказ (Раскажувам фотографија), и уште еднаш ја потврди мојата првобитна мисла, дека без разлика на националната припадност, може и треба да има соживот во една заедница. Луѓето не се одбираат по тоа што се, туку кои се.


     ФОТОГРАФИЈА

Не знам кога во моето семејство не било весело, веројатно тоа се должи на спонтаната раштиманост, тетка ми Рахела тврди дека сме сите гласовити, како таа одлика да е некоја фантастична доблест. За Пурим куќата беше преполна како во осило, дури и тапетите се лупеа штом во средината, на долгата трпезариска маса, ќе се споеја громогласната смеа и бесконечните препирки и несогласувања како меѓу најмалите, така и меѓу возрасните. Сите заедно бевме гудачки оркестар што работеше своеволно, без да се покори на насоките на диригентот. Се случуваше да звучиме сложно, но никогаш хармонично.
Откако дедо се упокои, баба ми стана и главата и вратот на нашето семејство, беше владетелка на мал и хаотичен број на луѓе. Nonna*(Баба)  беше вистинска убавица, времето немаше моќ, па ниту волја, наспроти порцеланската убавина, наместо да ги нагрдува, тоа ги потенцираше впечатливите зелени очи, црешовидните јаболчници кои секогаш мирисаа на лаванда и багремов сируп, помазани со есенцијална мешавина која мислам дека ја одржуваше млада, а најмногу будна. Но таа беше и пресметлива дама, знаеше дека овој мирис при секоја прегратка ќе се бразди во нашите сетила, амбари на спомените, за кога нема да биде до нас да си ја приспомниме. Чинам, Пурим беше нашиот омилен празник, не затоа што имаше забавен карактер, туку затоа што тогаш можевме да бидеме вистински свои, да беседиме гласно покрај бочва црно вино, да правиме врева без соседите да нè гледаат под око кога ќе се сретнеме утредента во дворот.
Снаите заедно со баба ми сукаа тесто и тихум и се натпреваруваа која ќе го смеси подобро за хаманташен, така си го докажуваа себеси домаќинлукот. Внуките се меткаа низ скутниците на нивните мајки, се поткачуваа на столчиња и гледаа како водата го натопува брашното, па таа лигава смеса се лизга низ женствените и тенки прсти, тенки како сајли. Понекогаш мајките одвојуваа по едно парченце тесто и девојчињата го гмечеа и тегнеа сѐ додека не ја добиеше препознатливата триаголна форма. Потоа заедно им наросуваа мак.
Ние момчињата чекавме пред кујната со наострени сетила побудени од мирисите и вкусовите, и се лигавевме на помислата. Ноа си го галеше стомакот кога тетка Шира ќе поминеше покрај него со тепсија kreplach.
 „Не се за тебе, тргни ги рацете, овие ќе ги подариме на сиромашните“, на смеа ќе го потплеснеше по дебелите прстиња. Тогаш тој налутено ќе ги прекрстеше дланките под пазувите. Баба ми имаше некоја длабока филозофија, која кога друг би ја усвоил ќе се засукаше во плиткоста со намерите. Сакаше за Пурим сиромашните да јадат раскошно, да ја накити нивната трпеза со секакви деликатеси кои никогаш, па дури ни на сон, не помислиле дека ќе им се топат во устата и ќе се санкаат надолу по грлото. Така создаваше рамнотежа, тоа е во духот на природата.
За да го расположиме свенатиот Ноа одевме во собата што претставуваше плакар, огромен, вграден од едниот до другиот крај и имаше една масичка каде баба, кога била млада невеста и со дедо биле редовни гости на игранките низ градот, тапкала талк и руменило на меките образи и ги цртала месестите усни по контурите. Во овој голем плакар беа и нашите костими, ги извлекувавме од внатре мижејќи, како да е томбола, говореше Хајим, помал од мене само една година, а веќе интимно ја запознаваше старата љубовница на светот, Европа. Како и тој, и јас ја одрастував оваа непишана традиција, имав 20 години и повеќе претпочитав да пушам луле наполнето со тутун и миризливи тревки, да начнувам лаички разговори за политиката, божем заинтересирано и аргументирано, отколку да се маскирам.
Надвор, во пространиот ходник, откако ќе се вратеа од синагогата, мажите во моето семејство, четворицата синови на баба, си дошепнуваа и громко се кикотеа, чекајќи да се постави трпезата и на масата да се изложи вкусното, киселкаво вино што зарежуваше, одгледувано во подрумот.
Еl comer y el arrascar, es todo al empezar* (Јадењето е како чешањето: штом започнеш, не можеш да застанеш). Секогаш беа расположени, и тогаш дизната им беше најотворена, за докрај да го испочитуваат традиционалното за Пурим, а тоа значеше да се опијат додека не заборават да бројат. Пред ручекот ги земавме тропалките и како навивачка публика седнувавме кој каде ќе најде. Лас палетас беа мали дрвени направи составени од дршка и правоаголна плочка која се вртеше околу запчаникот на дршката и произведуваше бучава, а Хајим, белосветскиот патник, донел и кастањети од Шпанија, гнездото на нашите Сефарди.
Баба го имаше педантно зачувано свитокот од нејзината свекрва, со горделива искра го покажуваше на внучињата, кои секогаш беа расположение за некоја досетка поврзана со историјата на тој свиток. Ја галеа по дланките што староста започнала да ги омекнува, да ги чкрта со синило вените на површината на кожата, ја вдишуваа нејзината млечовина и како вредни пчелки меѓу себе го разнесуваа поленот на љубовта. Јас уживав да бидам вдомен меѓу врелите пазуви, да ми пропаѓа главата во меката волница уште како дете, па дури и денес барав утеха во тоа ќоше кое светот, искривен и испревртен од идеали гледани низ призма, го поштедил. Баба ми ја започна приказната за суетниот и злонамерен советник на царот, Аман, редовно исвиркан при раскажувањето, и планираниот помор за Евреите.
Si tu enemigo es una urmiga, contalo como un gamelo *(Ако твојот непријател е мравка, направи го камила кога ја раскажуваш приказната) , палавиот Ури синхронизирано, до запирка, ја изрецитира поговорката на баба ми, заедно со баба ми, но без таа да го чуе. Оваа поговорка беше виолинскиот клуч што ја отвораше приказната за лукавата Естера. Но тврдокорната Естер, истоименичка на главната хероина во пуримската приказна, итро вметнуваше синоними во постоечкиот текст, јас ја проѕрев, не читаше од свитокот туку слободно раскажуваше, при секое раскажување додавајќи нови украси. Nonna беше наша учителка која често ја повторуваше синтагмата "Светот го должи својот опстанок на деталите". Го кажуваше тоа намигнувајќи, сакаше некој да ја дешифрира суштината на нејзините поговорки и чинам го правеше намерно како да се однесува за секој од нас поединечно. Долу, железната порта се огласи преку чкрипечкиот тресок и успеа да не'  надгласи за миг. Сите исчекуваа, а по скалите се качи мојот пријател, Милтон, едвај додржувајќи ја кутијата и триножникот под пазувите. Притрчав да му помогнам и го претставив.
"Бабо ова е Милтон. Денес дојде по моја покана. Милтон е сликар." Милтон е срамежливо момче и погледот му е вперен во чевлите, лакирани и светнати како огледало, а моите веќе поднапиени чичковци и татко ми го задеваат. „Дагеротипија значи?“. „Не господине“, одговара без да ја подигне главата, но пред да им објасни, јас ѝ се обраќам на баба ми, затоа што така барам од неа да ја спаси ситуацијата:  "Ќе прави филмови бабо“.

TViTer739


 „Залудно си му го трошел времето на младиот господин. "Nu esti asi? “(Зарем не?)   му се обрати на влашки. Nonna Естер беше ригидна и не ѝ беше удобно да излегува од границите кои за себе ги имаше зацртано. „Ниту една фотографија не може да овековечи како мојот ум.“ Иако учена жена, си носеше некои старомодни фалинки.
Милтон започна да црвенее, образите како да му се вареа заедно со слаткото, глазирано тесто, нурна удолу со главата, колебајќи се дали да ја спакува камерманската опрема, да се извини и да избега. Го прекинав во мисловното бегство, сигнализирајќи му на Милтон, а ги забележав и скриените движења помеѓу моите тетки, кои си ги поправаа кадриците со прстите и го забришуваа одвишокот кармин, божем случајно. Веќе се подготвуваа за фотографирање, што во тоа време беше луксуз и привилегија. Милтон им покажа каде да се наместат, малите испоседнаа напред, а возрасните и повисоките деца се построивме во колона назад. Ставивме стол на средина за nonna но таа не сакаше ни да чуе. Ја одвлечкавме додека се противеше. „No kero!", извикуваше и се бореше некако млако, небаре имаше намера да попушти, но глумеше заради своите принципи.
Милтон ни даде знак, но знаејќи каква фамилија сме, не успеавме да издржиме мирни ни една минута, Ноа и Ури се скараа, мајките почнаа да ги тешат, а кавгата премина во нивни редови со познатото "кој прв почна", чичко Абел искористи момент да крцне од виното.
  По два месеца ја добив развиената фотографија и искрено ми надојдоа солзи, ретко плачев, но се намалило времето за исклучок. Nonna нè напушти. И во тој хаос на фотографијата, на која некој се смее, друг се мурти, третиот крева раце, некој гестикулира, се спротивставува на идејата, само таа гледаше право во апаратот, со онаа нејзина безвременска и мермерна убавина, како да знаеше дека крајот наближува, па продира право во нас. Како и да се поместевме нè следеше со кроткиот и занесен поглед. Таа беше безгрешна жена, а сепак си дозволи една да и' се слизне ненамерно, фотографијата помнеше повеќе од човекот.
И така, таа остана со нас и секој следен Пурим ја слушаше громогласната врева и по некоја весела кавга. А на масата помеѓу сите деликатеси кои испаруваа, подготвени од вештите раце на вредните снаи, стоеше едно гранче од багрем и друго од лаванда, мирис што немаше да ме напушти додека сум жив. Така мирисаше Пурим, како мојата сакана nonna.

 TViTer738

 

Избор од фб профил на Јована Матевска Атанасова

Декември 2022 лето Господово

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 14, 2023
Tamara.Kotevska

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи гласовна нарација (испорачана од друга девојка, а не од Асил што ја гледаме на екранот) која е резервна, поетска и застрашувачка. „Треба да најдам место каде што можам да ги…
Октомври 15, 2023

Почнува 8-то издание на „Киненова“

Со проекција на филмот „Зад стоговите сено“ на грчката режисерка Асемина Проедроу и доделување на наградата за особен придонес во филмската уметност на актерот Бранислав Лечиќ денес (13.10.) во Синеплекс со почеток во 20 часот ќе биде отворено 8 издание на…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 1259
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Промоција на Речник на медиумска писменост

Мај 31, 2023 Литература 1582
Ова лексикографско издание е прв сериозен обид за систематизирање на термините коишто се…

Беседи

БEСEДА  за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

БEСEДА за пoбeдата над пoслeдниoт нeпријатeл

Прв нeпријатeл на чoвeкoт e ѓавoлoт, втoр e грeвoт, а трeт e смртта. Гoспoд Исус ги пoбeдил ситe oвиe три нeпријатeли на чoвeчкиoт рoд. Сo Свoeтo пoнижувањe гo пoбeдил гoрдeливиoт...

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на Православието (20.03.2021)

 Спознанието на вистината, на лично ниво, не е интелектуално човечко достигнување, туку, пред сè, е Божји дар на просветленост на умот и обожение на личноста; дар Божји кој се добива...

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

БEСEДА за љубoвта кoн ближнитe

Таму, на нeбoтo, e вистинскoтo Христoвo царствo и вистинскиoт Христoв живoт бeз примeси на грeв и смрт. Нo љубoвта на Синoт Бoжји кoн луѓeтo нашла дeка e пoпoтрeбнo да бидe...

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

БEСEДА за внатрeшната милoстиња

Милoстињата штo сe прави oд цeлиoт ум, гo чисти чoвeкoвиoт ум. Сo eдeн збoр внатрeшната милoстиња гo исчистува цeлиoт чoвeк. Акo e милoстињата самo oд рака, таа нe ја чисти...

Месопусна недела: Страшниот суд

Месопусна недела: Страшниот суд

Христијанската љубов е „возможна невозможност“ да се види Христос во секој човек, кој и да е, човекот што Бог, по Својата вечна и тајна промисла, решил да го воведе во...

 Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Архива: Митрополит Струмички Наум - На Страшниот суд (10.02.2018)

Што се случува со оние кои Страшниот суд ги затекнува во грев и пад? Тоа што Богочовекот Христос воопшто стапува во дијалог со нив, колку и да звучи тоа страшно...

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Митрополит Тимотеј: † БЕСЕДА ВО НЕДЕЛАТА НА ЦАРИНИКОТ И ФАРИСЕЈОТ

Параболата за цариникот и фарисејот претставува длабоко проникнување во човековата душа, и за нас е многу важно да го задржиме нашето внимание врз ова кажување. Оваа парабола нема во предвид...

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Свети Теофан Затворник: Беседа на Сретение Господово

Каква умилна слика ни претставува Сретението Господово! Старецот Симеон во раце Го држи Младенецот, спроти него – праведниот Јосиф и Пресветата Дева Богородица; во близина – пророчицата Ана, постничка и...

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Дејан Трајков: Оддалечување од Христа и од христијанските идеали

Современиот човек брза по светските суети, бега од скромниот живот и во празните и лажни авантури бара да ја заборави душевната горчина, која му ја создава свеста за безбожните дела....

« »

Најново од култура

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная