логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 3.angeli.so.truba

 

Караман - 2 дел

 3.angeli.so.truba


Многу често Караман луташе сам по планините бркајќи некое диво животно, или пак ги предводеше другите селски кучиња на далечни дестинации по ливадите и кориите, само на нив познати.
Имаше во тоа време во селото и една кучка, се викаше Баљушка и во неа Караман беше вљубен. Многу ја сакаше и секогаш кога ќе имаше можност ја придружуваше трчајќи весело крај неа. Беше убаво да се гледаат додека разиграно се движеа најчесто доближени со телата и одвреме на време лижнувајќи се еден со друг. Многу често доаѓаа заедно во нашиот двор. Таа беше ловџиско куче, еднобојна, светла, со боја на бело кафе, имаше кратко влакно и беше многу поситна од Караман.


Баљушка беше сопственост на Стојчевци, едно повеќечлено семејство со четири деца, кое живееше многу далеку од нас, од другата страна на реката Треска, блиску до нејзиното корито. За жал газдите на Баљушка многу не го сакаа Караман и воопшто немаа разбирање за оваа кучешка љубов, па знаеја често да ја врзат во нивниот двор, не дозволувајќи му на Караман да и’ се доближи.
Сепак секогаш кога ќе беше слободна, Баљушка ќе се искрадеше од дома и ќе дојдеше кај нејзиниот Караман. Тој со радост ќе ја пречекаше и тогаш знаеја долго заедно да трчаат по ливадите, да талкаат по планините, или да го минуваат времето во нашиот дворот.
Така беше и остана со години.


Откако Караман стана наше куче, посакував да можам да го земам и да го донесам во Скопје, но бев свесна дека тој таму нема да има услови за живеење, затворен во стан кој се наоѓа во строгиот центар на градот полн со преголема фреквенција и бучава. Тоа не беше место за живот на еден ваков горски цар и јас тоа добро го знаев.
Затоа тој беше наш кога бевме дојдени кај него за викенд, или кога тука престојувавме подолго време.
Кога ќе размислам од оваа дистанца изгледа дека ние бевме повеќе негови, одошто тој беше наш. Фактички ние дојдовме во неговото царство и тој во него со љубов не прифати. Тој беше постојано тука, а ние бевме негови гости кои привремено престојуваа во викендичката. Кога ќе заминевме тој остануваше да го чува имотот, но и да биде свој на свое, во огромното царство со кое владееше.
Сепак кога бевме во куќата повеќето од времето го минуваше со нас, а доколку со маж ми се разделевме и некој од нас се оддалечеше од дворот, дел од денот ќе го минеше со едниот, а другиот дел со другиот. Кога доаѓавме со децата, тогаш тој беше најсреќен и воглавно вниманието му беше свртено кон нив.
Најчесто, рано на сабајле, маж ми одеше на лов на риба. Караман заминуваше веднаш по него, трчајќи по џипот четири - пет километри, се’ до местото на реката каде што тој дента планираше да лови.
Маж ми во почетокот го бркаше, за да не трча по него, но Караман беше упорен, не се откажуваше. Дури не сакаше да влезе со него во возилото, туку трчаше со километри по него.
Кога маж ми ќе се паркираше покрај реката, немаше да помине долго време кога Караман ќе се појавеше пред него. Откако маж ми ќе ги завршеше потребните подготовки и ќе започнеше со риболовот, Караман ќе се проврткаше наоколу, а потоа ќе се смиреше и ќе легнеше малку подалеку од него и самиот загледан во реката. Ќе минеа некое време така заедно во тишина, но неговиот немирен дух, испровоциран од младоста не издржуваше долго да биде мирен и на едно место, па по некое време Караман едноставно ќе станеше и ќе си заминеше.
На патот до дома тој ќе завртеше еден круг по околните ридови, за да види што се случува и таму, да провери дали случајно некој залутан дивеч не се спуштил кон селото.


По оваа проверка по соседните ридови, тој редовно ќе се упатеше кон куќата на неговата Баљушка. Со трчање, вешто ќе се спуштеше по козјата патека, која на некои места опасно и стрмоглаво се спушташе кон реката. Потоа со сигурен од ќе го поминеше стариот дрвен мост, кој се клатеше и крцкаше под неговата тежина, високо надвиснат над Треска. Со леснотија ќе ги претрчаше и последните педесетина метри до куќата, па со весело лаење ќе дотрчаше пред Баљушка за да ја поздрави. Доколку таа беше врзана во дворот ќе се помазеше малку со неа, внимавајќи да не излезе некој од куќата за да го избрка, па дури тогаш ќе се вратеше дома, кај мене.
Од овие прошетки често знаеше да се врати и во придружба на својата Баљушка.
Во почетокот, во оние најрани денови кога дојде кај нас, Караман се плашеше и бегаше од се’ што личеше на стап во рацете на некој човек. Но, за кратко време, тој бргу сфати дека земен стап во рака, не значи ќотек во оваа куќа. Затоа без страв знаеше да се испружи врз расцутените цветни леи, во кои јас со љубов секоја пролет садев разнобојни цвеќиња и да не се помести, дури ни кога со строг глас ќе свикав по него, штом ова ќе го забележав. Е тогаш, цревото за вода во раце ќе завршеше работа и Караман ќе избегаше подалеку, исплашен од млазот вода. По него секогаш ќе останеше по некое скршено гранче и цветче, но јас немав сила да му се лутам.
Караман знаеше така, чиниш од чиста мира, онака легнат, само да срипа, да се исправи и да се загледа во далечината, да помириса низ воздухот, па да се затрча надвор од дворот, мушнувајќи се низ некој од отворите на оградата. Со полна сила се затрчуваше високо кон врвот на планината, понекогаш кон соседниот рид карши нашата куќа, исправен над селото, а некогаш знаеше и да се стрча надолу, кон реката.
Тогаш со поглед пребарувавме во правецот во кој тој се стрча, во очекување во далечината да здогледаме некое диво животно. И навистина, за кратко време ќе видевме или лисица како бега, павтајќи со својот богат портокалово- бел опаш пред него, или некој див зајак, а неколку пати дури и исплашена срна ...
Караман знаеше со саати сам да трча по планините. Понекогаш ќе се вратеше од таму целиот во рани, здобиени од борбата со некое диво животно и таков целиот крвав и изнемоштен ќе легнеше под сенката на еден голем жбун во нашиот дворот, каде ќе си ги лижеше крвавите рани. Поради ова станував многу загрижена и по неколку дена знаев да му ги лекувам раните со масти и мелеми, се дури не зараснат.Тој пак за благодарност на секое доѓање ќе ми ја лижеше раката и ќе ми ја потпреше главата на дланките.
Веќе наредниот ден полека ќе станеше на нозе и во зависност од раните, доколку не беа многу длабоки, полека ќе си ја заземеше позицијата на стражарското место на чардакот од каде имаше најдобар поглед на целата околина.
Во времето кога стана наш, Караман беше младо и весело куче, во своја полна убавина и снага. Сакаше да се гали, но и сакаше многу да се игра. Пред нас доаѓаше весел, исправен на двете нозе за да не гушне, при тоа гласно лаејќи од радост. Испушташе посебни звуци кога така ќе се исправеше и ќе не гушкаше, кои личеа на некаков говор од кој ние ни еден збор не разбиравме, но во целост знаевме дека значат љубов.
Се сеќавам на еден септемвриски ден кога со маж ми отидовме на гости во Требовље, село лоцирано високо на планината и многу далеку од нашето. На тргнување Караман веднаш се стрча по нашето возило. Маж ми неколку пати застануваше со џипот и излегуваше од него за да го избрка и да го натера да се врати дома, но сите овие обиди беа залудни. Караман ќе се оддалечеше десетина метри и ќе седнеше на сред пат гледајки не’ од далеку, но штом ние ќе продолжевме со возењето, тој повторно ќе трчаше по возилото.

Во тоа време се работеше на пробивање на патиштата во овој со години заборавен дел од државата. Имаше многу работници и механизација кои со месеци го прoбиваа патот до Требовље, но и до нашето село и до село Здуње.
Патот по кој се движевме беше тукушто пробиен во планината, земјен и прашлив и се извишуваше високо кон врвот на Сува Гора, во правец на нејзиниот врв Фојник. Ние бевме меѓу првите кои ја имавме таа привилегија до Требовље да стасаме по него, без да кружиме и одиме до Самоков, а потоа да се искачиме кон селото по патот кој до тогаш беше единствена конекција со ова село.
Пратени од голем облак прашина тргнувавме, застанувавме, но Караман не се откажуваше туку и понатаму упорно повеќе километри трчаше по нас. Некаде на пола планина, видовме како се одвои од патот и со гласно лаење се стрча кон боровата шума.
Бевме многу далеку од нашето село и јас исплашено му реков на маж ми дека се плашам да не се изгуби. Тој гласно се насмеа и ми одговори дека сигурно не може да се изгуби, кога целава планина е негова територија.
Уште неколку километри се вртев наоколу барајќи го со поглед, но Караман го немаше и јас убедена дека се вратил назад во селото се смирив.
По патување подолго од еден саат, заради бавното возење при совладувањето на лошиот змиулест пат, најпосле стасавме во Требовље. Во дворот од куќата на нашите пријатели веќе беше собрано поголемо друштво околу масата, скарата беше запалена и владееш весела атмосфера. Денот го поминавме со песна и убава и богата софра. Со зајдисонцето стана свежо и сите влеговме внатре во куќата. Овде, на гости останавме до доцна во ноќта.
На тргнување, за да не испратат домаќините тргнаа со нас кон излезот. Најпрвин излезе домаќинот, а по него и неговата сопруга која веднаш штом го пречекори прагот, исплашено свика и се врати назад затворајќи ја набрзина вратата.
Од надвор сега се слушаше гласот на домаќинот кој гласно извикуваше: - Чибу! Чибу бре! Чибу!
По неговото викање се слушна и лаење на куче.
– Има едно големо црно куче надвор. Лежеше на прагот! – исплашено рече жената гледајќи во нас.
– Караман! – свикавме јас и маж ми и истрчавме надвор.
– Чееекај! Чекај! Не го бркај! – викна маж ми по домаќинот. –Тој е наш!
– Како ваш? – праша изненадено човекот. – Па нели со Арис дојдовте? Тој е ваше куче.
– Дааа, ама и овој е наш, – му одговори со насмевка маж ми.
Јас стоев и со неверување гледав во Караман, кој сега седеше на пристојна оддалеченост од човекот кој стоеше пред куќата.
– Караман дојди! – го повика маж ми, а тој со три скока се исправи пред него и почна да го гушка, гласно цвилејќи. Потоа се сврти и кон мене и го повтори истото.
И јас и маж ми се смеевме, додека на домаќините им објаснувавме кој е и како стасал тука Караман. Навистина и нам не ни беше многу јасно како не пронашол помеѓу толку куќи во селото, но се покажа уште еднаш дека неговиот нос можеше со душкање да пронајде се’ и на толку голема временска и физичка оддалеченост.
На враќање кон дома, во колата бевме сите: јас, маж ми, Арис и Караман.
Овој пат Караман послушно влезе во колата и не се ни обиде да трча по нас. Беше доволно паметен за да знае дека е вака подобро за сите. Како да сакаше овој прекрасно поминат ден со многу драги луѓе да ни го направи уште поубав и незаборавен и ете успеа. И по толку многу години го паметам со милина во душата.

Продолжува...

3.angeli.so.truba


П.С.
На фотографијата е мал дел од големото царство на Караман.
Селото Близанско и зад него дел од Сува Гора со врвот Фојник.

 

Продолжува...

 3.angeli.so.truba

Избор од фб профил на

Sladjana Stavreva

 24ти јули 2020 лето Господово

 

 

Друго:

 

Слаѓана Ставрева: Во спомен на Караман, кучето кое беше горски цар ...

Калдрма - Слаѓана Ставрева

 

 

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јануари 06, 2021
ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

ЈЕЛЕНА ЈОВАНОВА ПЕРИЌ – РАНЛИВОСТА Е ХРАБРОСТ

Горда сум на секој проект и позади секој еден стојам непоколебливо. Нормално, некои од нив допринесоа за поголеми промени, и сопствени и друштвени. „Демонот од Дебар Маало” во режија на Слободан Унковски ми ја започна кариерата. Со претставите на Нела…
Јануари 05, 2021
3.angeli.so.truba

Кога некој ќе се потруди да те изгуби- ти потруди се да не те најде повеќе

Исто така секој момент можете да научите и некое друго сценарио и да сфатите, дека осветата не спаѓа во подобри избори во вашиот живот. Не сметајте дека ако враќате со иста мера е единствено решение, кога сте донесени до работ на провалијата? Знаете ли какви…

ПИЈАНМАНОВ: Уметноста е една од последните сили кои можат да го спасат човештвото

Дек 30, 2020 Интервју 99
3.angeli.so.truba
Прогласувањето национални паркови и зелени заштитни зони во југоисточна Македонија е исто…

Македонскиот филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар на Интернационалниот Филмски фестивал во Париз

Дек 10, 2020 Филм, Театар 320
Ова е шестта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно ја освои…

Галебот Џонатан Ливингстон- Ричард Бах

Окт 23, 2020 Литература 436
3.angeli.so.truba
После еден месец од враќањето се случува преседан. Еден галеб од Јатото бара да учи да…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше...

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: КОПНЕЖ – ДУХОВНО ДА СЕ ПРОГЛЕДА (10.01.2021)

Слепиот верува дека Господ Исус може да го исцели и затоа никој, и покрај забраните, не може да го спречи неговиот молитвен повик кон Него. Тоа е вистинска пројава на...

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

ВИСТИНСКИ БОЖИК - СТАРЕЦ ГЕОРГИЈ КАПСАНИС (06/01/2021)

Смирената наша молитва од Света Гора е да се подвизуваме сите против нашето самољубие, со цел да дојди во нашите срца, во нашите семејства, во татковината ни и во светот...

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО – Архимандрит Георгиј Капсанис

Оваа тајна се извршува во Црквата, зашто ние кои живееме во Црквата стануваме учесници во Божјата предвечност, во вечниот живот, во вистинскиот живот на Пресвета Троица. Се разбира, сѐ уште...

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

Митрополит Струмички Наум: Секој се самооправдува; има ли некој – да се покае? (03.01.2021 16:57)

 Вакво нешто се случува и со нас, посебно кога на некој прекор од нашиот духовен отец, наместо да ја препознаеме нашата слабост, да побараме прошка и да се поправиме, ние...

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Митрополит Струмички Наум: СЕКОЈ САКА ДА Е НЕКОЈ, НИКОЈ НЕ САКА ДА РАСТЕ (02.01.2021)

Не се моја тема толку промените во општеството, колку што се промените во Црквата. И не толку промените во Црквата, колку што е промената барем на еден човек во Црквата.Мислам...

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

БEСEДА за главнoтo прoрoштвo на прoрoкoт Исаија

Тoгаш Исаија прoрeкoл дeка нeпријатeлoт нeма да гo зазeмe Eрусалим. Глeдајќи дeка царoт нe му вeрува, тoј му рeкoл да бара знак, чудo, или oд нeбoтo или oд зeмјата. Нo...

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: Како договорени (27.12.2020)

Така и во нашиот случај, луѓе – странци меѓусебно, со различни гревовни навики и индоктринирани од различни колективни несвесни гревовни шеми, ги гледаме дека восогласено дејствуваат како под команда, кога...

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Митрополит Струмички Наум: За лепрозниот Самарјанин (20.12.2020)

Исто така, и повеќето христијани, на почетокот од духовниот живот, со помош на првата благодат, ја очистуваат енергијата на својот ум, но не успеваат да продолжат по патот на духовниот...

« »