логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Уште необјавено

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

„Точно е дека пред да започнам да објавувам толку многу македонски автори и книги, дури и да имаше, малку читатели во Бугарија ги имаа забележано. Но благодарение на нашите напори успеавме да го привлечеме вниманието кон македонските автори што ги издаваме“, вели за весникот ВЕЧЕР Пламен Тотев, издавач од Бугарија

Неодамна во Македонија од печат излезе вашата книга „Животот на литературната класика“. Таа треба да придонесе за популаризација на светската литературна класика кај широк круг на читатели…


Многу ми е драго што за првпат излегува превод на моја книга кај вас, затоа што јас многу ја сакам Македонија и имам многу пријатели таму. Секогаш кога сум доаѓал ми било пријатно и охрабрувачки – атмосферата во Скопје, средбите со пријателите, дури и обичните прошетки по улиците на вашиот главен град. Голем придонес за моите врски со Македонија и за мојот пријателски однос кон сè што е македонско има Нове Цветаноски. Тој беше мојот објективен водич во светот на современата македонска литература. Имаме ист вкус за литература и затоа толку добро се разбираме, си препорачуваме меѓусебе автори и книги од други земји. Затоа, кога се роди идејата моја книга да биде објавена во Македонија, единствениот избор за издавач беше само еден – Нове Цветаноски и „Македоника литера“. Нове направи многу убаво издание на мојата книга.

Оваа книга се раѓаше целиот мој живот. Сè започна од моето детство кога ми се разгоре страста за книгите и за читањето. Веројатно имав 8-9 години кога почнав да ‘голтам‘ многу пообемни книги за мојата возраст. Започнав со „Тројцата мускетари“ на Александар Дима и таа ми беше омилената книга повеќе години – неколкупати ја прочитав. Ги прочитав сите преведени книги од Дима, Волтер Скот, Роберт Луис Стивенсон, Густав Емар, Мајн Рид. Потоа, како гимназијалец, ја прочитав сета светска класика преведена на бугарски јазик – Балзак, Мопасан, Жорж Санд, Стендал, Зола, Дефо, Дикенс, Текери, Томас Харди, Толстој, Пушкин, Лермонтов, Достоевски, Ибзен… Во мене, покрај читателот се роди и библиофилот… Сега имам огромна библиотека во мојот роден град Ловеч во која се наоѓаат сите книги што ми се допаѓаат.

Она што ми недостасуваше како дете беше водич, информација за писателите и за книгите. Особено во времето кога немаше интернет. Ме интересираше кој писател кога живеел, што напишал, кои се неговите најзначајни дела. Да, сега има информации на интернет, но тие се толку разновидни, и честопати неточни. Затоа решив да ја напишам оваа книга. Во неа ги сублимирам сите мои знаења за литературата – како се родила светската литература, кои се важните епохи, правци, автори и книги. И врз основа на моите набљудувања и вкусови, дури и направив нешто како класификација – кои книги се важни за историјата на литературата, но такви кои ќе бидат интересни за современиот читател. Зашто имало книги кои биле важни за конкретниот историски момент, тогаш биле и високо вреднувани, но за денешниот читател би биле здодевни и премногу напорни.

Значи, вашата книга, пред сè, е компетентна препорака за најдоброто од класиката за широк круг читатели?

Мојата книга е информативна. И бидејќи сакав да биде разбирлива за секого, ја напишав да биде едноставна. Но јас можам да пишувам сложено, на научен стил. Имам монографии, книжевни студии, но тие се само за стручните читатели. За мене, всушност, тоа е добрата литература – таа што допира до сите читатели, без оглед на нивното образование, пол, возраст или интереси. Да, во последните десетина години се појавуваат сè повеќе писатели кои пишуваат комплексно, елитистички, неразбирливо за масовната публика. Меѓу нив има талентирани автори, но јас не го одобрувам тоа отфрлање на читателите. Не го сакам оттргнувањето на луѓето денес од читањето и литературата. Уште повеќе што има многу други нешта кои го одвлекуваат нивното време и внимание – интернетот, социјалните мрежи, телевизијата…

Автор сте на неколку книги од историјата на книжевноста, како и на дваесетина учебни помагала. Можете ли да ни кажете каков е трендот во Бугарија во однос на читањето книги, кај целата популација, но особено кај младите.

Сега во Бугарија се издаваат многу книги, најмногу светски бестселери, од кои поголем дел доаѓаат од САД. Но има и разновидност – од целата европска литература. За разлика од пред 20-30 години сега се издаваат многу повеќе наслови, но тоа е на сметка на тиражите кои стануваат пониски. Тоа е светска тенденција – поради интернетот, на пример. Сè повеќе семејства во Бугарија не се заинтересирани за книги и за читање, па логично – кога родителите не читаат и детето да не чита. Но има млади луѓе кои се интересираат за книги и читаат. Некои од нив немаат ориентир во светската книжевност – ним им е потребна мојата книга. Други се интересираат за актуелните романи наменети за младите читатели – претежно американски, од жанрот фантазија и романтика. Но има и интелигентни млади луѓе кои читаат светски класици и квалитетна современа литература.

Издавач сте од 2004 година кога ја формиравте издавачката куќа „Персеј“, а подоцна и „Изида“ (во 2012). Дали дигиталното доба, ја стави книгата во втор план, особено кај новите генерации?

Да, тоа претставува предизвик за книгата. Дури пред неколку години се говореше дека компјутерското глувче ќе ја изеде книгата. Но се покажа дека тоа не е така. Книгата продолжува да опстојува, да има читатели, и тоа во нејзината традиционална, хартиена форма.

Меѓу другите и современата македонска литература зазема важно место во продукцијата на вашите издавачки куќи „Персеј“ и „Изида“. Досега билансот е импресивен – 50 книги од 34 македонски автори од различни генерации. Како бугарската читачка публика ја прифаќа македонската литература? Постои ли интерес за купување и читање книги од македонски автори?

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Точно е дека пред да започнам да објавувам толку многу македонски автори и книги, дури и да имаше, малку читатели во Бугарија ги имаа забележано. Но благодарение на нашите напори успеавме да го привлечеме вниманието кон македонските автори што ги издаваме. Имаме и многу добри контакти со библиотеките во Бугарија. Таму се доставуваат и нашите македонски книги со што стануваат достапни до уште повеќе читатели, покрај тие кои самите ги купуваат.

Голем дел од македонските писатели кои се преведени на бугарски јазик и се претставени пред бугарската читачка публика ја посетија Бугарија за промоција на своите книги. Како поминаа тие промоции и средби со читателите?

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Таквите настани многу помагаат за да се привлече вниманието на бугарските читатели кон македонските автори кои ги издаваме. Се случуваат многу убави промоции и средби со писателите. Тие поминуваат во атмосфера на пријателска комуникација и добро расположение. Овие посети на македонските автори немаше да бидат толку успешни и бројни, ако не беше исклучително блиската и пријателска соработка со Културно-информативниот центар на РСМ во Софија и неговиот директор – писателот, драматургот и универзитетскиот професор Сашко Насев. Ние двајцата размислуваме во иста насока – на зближување и запознавање на македонската и бугарската литература и култура, и да се градат мостови меѓу нас, а не граници. Политичарите создаваат граници, ние градиме мостови. Прекрасни промоции направивме со Луан Старова, Јагода Михајловска-Георгиева, Фросина Пармаковска, Блаже Миневски, Владимир Плавевски, Петар Андоновски и други.

Како книжевен истражувач и критичар, каков е вашиот впечаток за тековите и трендовите во современата македонска литература?

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Во современата македонска литература ги гледам тенденциите кои се застапени во светската литература – традиционалниот (во вистинска смисла на зборот), наративниот и постмодерниот пристап, потоа интересот за психологијата на современиот човек, погледот кон блиското минато со проекција од денешен аспект. Уште првите македонски книги кои ги издадов ме импресионираа со талентот на авторите и леснотијата со која нивните пораки стигнуваат до читателот преку фасцинантна приказна – тоа се „Вишнова хроника“ на Фросина Пармаковска и „Последниот сплавар на Вардар“ на Владимир Плавевски. Многу ми се допаѓа и „Индиго Бомбај“ на Јагода Михајловска-Георгиева и „Комита“ на Владимир Плавевски, како и многу други наслови, листата е долга…

Годинава, во ваша организација и во вашиот роден град Ловеч, се одржаа и Деновите на македонската литература. Кажете ми нешто повеќе за овој настан.

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.KrstitelДеновите на македонската литература имаа исклучителен успех – една голема сала беше полна со луѓе кои дојдоа да се сретнат со македонските писатели Јагода Михајловска-Георгиева, Винка Саздова и Сашко Насев. Идејата за овие Денови се роди спонтано, неколку пати ја одложувавме промоцијата на новите книги во Бугарија на Михајловска-Георгиева и Саздова поради пандемијата. Конечно решивме да ја направиме во јуни, а освен во Софија одлучив промоцијата да биде и во Ловеч – мојот роден град. Но главниот поттик за ова беше што прототипот на главната хероина во новиот роман на Саздова „Вилино“ е од Ловеч. Нејзиното име е Вили и таа е моја пријателка и соученичка. Сега е сопственичка на најпопуларната и најпосетувана од туристи кафетерија „Ајрон“ (IRON FE-26) што се наоѓа веднаш до покриениот мост во градот. Кафетеријата е уникатна и нуди работи кои ги нема на друго место во Бугарија. Тука се прават и најубавите белгиски вафли. Сето ова, но најмногу од сè, животот на Вили ја импресионираше Саздова кога пред три години придружувајќи ја нејзината пријателка Михајловска-Георгиева за време на нејзината книжевна турнеја во Бугарија, дојде заедно во Ловеч и јас ја запознав со Вили. Тогаш Саздова имаше напишано половина од својот роман, но беше во фаза на застој, незнаејќи како да го продолжи. Семејната историја за која пишуваше беше толку мрачна што ѝ требаше светла енергија за да се спротивстави на тешката психолошка драма на тројца самотници што се допираат едни со други само преку болка. Кога Саздова ја сретна Вили, која беше полна со живот, светлина и оптимизам, таа стана движешка сила во романот. И измислениот град Вилино е всушност Ловеч – на страниците на книгата се чувствува атмосферата на прекрасниот бугарски град…

Дали пандемијата ја намали или ја зголеми вашата креативност како автор и активност како проследувач на книжевните прилики?


3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.KrstitelНезависно од пандемијата, ние продолжуваме да издаваме. Вистина е дека го одложивме издавањето на некои книги за кои сметавме дека ќе станат бестселери. Но подобри времиња не дојдоа, а ние ги издадовме. Кризата се одрази и на издаваштвото. Но не се жалам. Има колеги издавачи кои едвај успеваат да преживеат. Ние сме од успешните издавачи.

 

 

 

 

И за крај, дали сакате да додадете нешто што не го зафативме со прашањата…

Многу ви благодарам за ова интервју. Би додал само тоа дека како што ми се допаѓа македонската литература, така ми се допаѓа и македонската поп музика. Лозано е меѓу моите омилени светски изведувачи, како што се Џејсон Деруло, Џенифер Лопез и украинката Лобода. Со задоволство би се заложил тој да стане попопуларен и кај нас, а зошто не и во некои подобри времиња да организираме негов голем концерт во Бугарија. Јас и самиот сум автор на текстови за популарни песни.

Наташа Илиевска-Таневски

 

https://www.vecer.press/%d0%b8%d0%bd%d1%82%d0%b5%d1%80%d0%b2%d1%98%d1%83-%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%b5%d0%bd-%d1%82%d0%be%d1%82%d0%b5%d0%b2-%d0%b8%d0%b7%d0%b4%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d1%87-%d0%be%d0%b4-%d0%b1%d1%83%d0%b3%d0%b0/?fbclid=IwAR3YY3q3OoSxr9OrGbLiogkNl2pkgLPDA8ymDmaAXy6NU3tE-DhVNW5pozk

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Ноември 29, 2022
1926.Sava.SHumanovich

Конзерваторска приказна за сликата „Турска бања “

Со стручно-научна поддршка на Институтот за историја на уметноста на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, во рамките на дводневната научна конференција во изминатиот викенд, истакнати експерти од Србија, Хрватска, Северна Македонија и Франција…
Септември 26, 2022
TViTer448

„Турска бања“ на Националната галерија изложена во Европска престолнина на културата за 2022, Нови Сад

„Ваквите претставувања отвораат врати за идни билатерални соработки помеѓу нашите земји. Особена чест и задоволство е за Националната галерија да биде дел од ваков исклучителен настан. Значението на учеството е дотолку поголемо бидејки ние како институција

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Јул 24, 2022 Друго од култура 604
TViTer319
Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и…

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Јан 27, 2022 Друго од култура 926
Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 1007
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воведение на Пресвета Богородица (03.12.2022)

    Некаде во своите дела светиот Старец Јосиф Исихаст вели: „Ако не ја достигнеш благодатта Божја во најголема мера, не сметај се себеси за потполн човек“. Си велам, само потполн...

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

о. Горан Стојчевски: Дар на светот, икона на човекот, учителка на послушанието, педагог на служењето, првиот исихаст, родителка на вечниот живот, божествен цвет на сè создадено

 Таа единствена тихувателка и патоводителка низ исихијата, нè приведува во заедницата од која се откинавме, а еве повторно ни е дадена можност, не само да се вратиме, туку да црпиме...

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Митрополит Струмички Наум: СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА (26.11.2022 )

Во Црквата не постои надворешен, т.е. научен критериум за познавање на Вистината – Христос, туку постои внатрешен, аскетско-исихастички (молитвен) критериум, преку кој лично и опитно Го познаваме Христос Вистинскиот Бог.Кога...

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Сашко Николовски: СВЕТИ ЈОВАН ЗЛАТОУСТ 13/26 ноември

Животот на Златоуст бил тежок и бурен. Тоа е живот на подвижник и маченик. Меѓутоа, Златоуст не се подвизувал во својата келија, ниту пак во пустина, туку сред животната таштина,...

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Св. Григориј Палама - „Господи, просвети ја мојата темнина„ (Собрани беседи)

Градот војува сам со себе, завојувал сам со себе, се гази од своите сопствени нозе, се руши од своите сопствени раце, одекнува од своите сопствени извици. Она што е кај...

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

Поминувајте го времето на своето живеење со стравот ( I Пет. 1,17)

 Ова се зборови на големиот апостол Петар, зборови кои имаат двојна потврда: небесно вдахновение и сопствено искуство. По небесното вдахновение простиот рибар Петар, стана учител на народот, столб на верата,...

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од  беседа

Игумен Фотиј Беровски: Извадоци од беседа

        "Секогаш го дефинираме односот кон другите и односот кон себе...Каде и кога? Постојано, почнувајќи овде во Црквата а потоа и во своите домови. Секогаш кога зборуваме  на  оваа тема зборуваме...

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

Митрополит Струмички Наум : Како да ја зачуваме Божјата благодат во нас

За денешното евангелско четиво (види: Лука 8, 41–56) битно е да се запамети следново:Како што крвта е потребна за животот на телото, така и благодатта Божја е потребна за вистинскиот...

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

БEСEДА за пoзивoт на ситe христијани да бидат свeти

Акo вo пoслeднитe врeмиња свeтитe пoстаналe исклучoк, вo oниe први врeмиња, нeсвeтитe билe исклучoк.Свeтитe билe правилo. Всушнoст, нe трeба да сe чудимe штo апoстoлoт ги нарeкува ситe крстeни души вo...

« »