логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

ДА ГО ПОЧИТУВАМЕ И ЉУБИМЕ УЧИТЕЛОТ

Naum.25.Besedi2

          За нашата Црква до крајот на векот, постои еден, единствен предизвик и подвиг: да се зачува Преданието на исихазмот во Македонија, што е наш долг кон Свети Григориј Палама и кон Света Гора. Што значи тоа? Да се раѓаат духовни чеда - носители и сведоци на тоа Предание. Жртвата не е значајна. Само да е богоугодна и само како таква Бог да ја прима. А украсени со просветленоста? Сè друго е лесно и за сè друго ќе најдеме решение, препознавајќи ја Божјата волја и имајќи сила да ја твориме. И да не заборавиме, секој дар преку Неа го добиваме. Името Ѝ е убаво, Богородица и секогаш Дева Марија.
Основен предуслов?- Духовен отец. По можност, искусен патеводител. Човек којшто доволно го очистил и го ослободил своето срце од страстите. Просветлен ум.
Знак?
- Неговиот ум слободно влегува и излегува од срцето и непречено и со плач го следи текот на Исусовата молитва во него. Господи Исусе Христе...
Друг знак?
- Него демонот не може да го нападне директно однатре преку страстите, во форма на помисли и чувства. Нападот врз него се случува само однадвор, во видлив облик, најчесто преку човек. Страстите не се докрај преобразени и за да се разбудат мора да постои силен предизвик.
Пример?
- Наместо помисла за жена - жена. Наместо помисла за пари - пари. Наместо помисла за слава - слава. Јавно непријателство и омраза. Бог допушта толку колку што човек може да поднесе. Нападот се случува за духовно восовршување, а не за паѓање. Кажаното воопшто не е наивно и опасноста од пад е реална. Искушенија што не можат да ги сфатат оние што допрва треба да си го чистат своето срце и на коишто нападот им се случува одвнатре.
Уште еден знак?
- Подвигот на љубовта како единствен премин од просветлување кон обожување. А јас, пак, ви велам: Љубете ги непријателите свои, благословувајте ги оние што ве колнат, правете им добро на оние што ве мразат и молете се за оние што ве навредуваат и ве гонат. Премин.
Друг предуслов?
- Духовно чедо со слободен и освестен духовен подвиг. Што значи тоа? Прво, проверка на сите помисли, чувства и желби, само со духовниот отец. Не: паралелни односи. Второ, правилна исповед. Го чистиме своето срце, а не туѓото. И трето, нагласен аскетски подвиг до отворањето на срцето... Сето тоа се случува во рамките на она: последно место и слуга на сите. Затоа што ниту еден волев аскетски подвиг, па колкав и да е тој, не може да го очисти срцето толку суштински колку што тоа може да го направи неправедното страдање, понижувањето, навредливиот збор...
Прва и привремена цел?
- Значително уништување на суетата, гордоста, високото мислење за самите себе, мнението - основната многуимена страст којашто го држи срцето заробено и затворено за пристап на умот во него.
- Откривање на местото на срцето и здобивање на умно-срдечна молитва. Потоа човекот е слободен да постапува во љубовта, иако сигурно нема секогаш да биде сфатен, дури и од најблиските. Патот се стеснува. Заветите и послушанието ѝ се подредуваат на личната грижа за молитвено тихување, исихија. Одговорноста е голема, но и ризикот е скоро редовно неизбежен. Житија на Светиите. Колку за благословот од Старецот.
Вистинско духовно чедо?
- Го следи својот духовен отец во сите напади против него, до самиот Крст.
Примери?
- Многубројни!
Лажно духовно чедо?
- Отпаѓа од духовниот отец.
Начин?
- Се соблазнува од видливите облици на напади врз духовниот отец. Не од видено, туку од слушнато. Оној којшто не успева да го турне духовниот отец, се одмаздува, предизвикувајќи пад на духовното чедо. Инаку, според духовниот закон првото ќе беше доволно за сè друго да се растури. Името му е клеветник. Зарем самиот себеси ќе се обвини! Но треба и погодна почва за ’ртење на злото семе: неисполнување на трите монашки правила, особено на првото, како и желба за световна слава, во што се состои болеста, што е и очигледно.
Основниот проблем што се поставува пред духовното чедо во периодот на очистување на срцето од страстите не е во тоа дали духовниот отец некаде греши, туку е во тоа дали духовното чедо го љуби својот духовен отец. Таман работа ако Преданието на духовниот живот во Православната Црква зависеше само од светоста на духовниот отец - Апокалипсата ќе беше историски мината. Ако духовниот отец е свет, тоа е многу добро; но подвигот е секогаш личен. И воопшто: основниот христијански проблем во сите етапи од духовниот развој не е во тоа дали нашиот ближен греши кон нас, туку е во тоа дали ние го љубиме него.
Но пред да го преземе тој последен чекор на отпаѓање, духовното чедо мора да ги има предвид трите духовни и аскетски правила:
а) Не е препорачливо за духовното чедо да го напушти својот духовен отец пред да го открие местото на срцето и пред, во така отвореното срце, да го симне својот ум, што значи, пред да го добие дарот на умно-срдечната молитва. Кој ќе го стори тоа, се наоѓа во голема опасност никогаш да не влезе зад завесата и покривалото никогаш да не падне од неговиот ум и срце. Кој, пак, го достигнал степенот на просветленост на умот или аскетската умно-срдечна молитва, слободен е да се оддалечи од својот Старец или да остане со него, во зависност од тоа дали тој ќе му обезбеди услови за молитвено тихување или не. Постои уште една причина - повикот на Црквата. Но, љубовта помеѓу Старецот и духовното чедо останува.
б) Ако некој се осмели, од нему познати причини коишто од некоја гледна точка можат да бидат и оправдани, да го напушти својот духовен отец, пред да го открие местото на срцето, не треба да очајува и не треба да губи надеж. Само, должен е повторно да почне сè од почеток. Односно, неопходно е да најде друг опитен духовен отец на кого безрезервно ќе му се предаде под духовно раководство, пребивајќи во смиреност и послушност и чекајќи го дарот Божји на отворањето на срцето. За таквата постапка, со сигурност нека знае дека има благослов и од Бога и од духовниот отец кого го остава. Она за што никогаш и никој не може да има благослов, ниту од ангел од небото, е кога некој со затворено срце и непросветлен ум ќе почне духовно да се самораководи, а згора на тоа ќе се дрзне и други да раководи.
в) Треба да се внимава и на следново: не е исто кога некој ќе дојде да поседи во манастир неколку дена или два-три месеци и реши да си замине и кога некој во манастирот престојува две-три години, па си замине. Особено ако станал расофорен монах или добил голема схима и се замонашил или, пак, е ракоположен во некој свештенички чин. Бидејќи, големата схима и свештеничкиот чин бараат и внатрешно духовно и канонско покритие, коешто најчесто не постои. Ако духовниот отец ја има таа слобода пред Бога и ја презел одговорноста врз себе, давајќи некому голема схима, а тој не е ни наблизу до умно-срдечната молитва и дури го ракоположил за свештеник, а тој, покрај духовните, има и апсолутни канонски пречки за тоа, тогаш тој прави голем грев и покажува голема гордост и неблагодарност одвојувајќи се од својот духовен отец преку кого ги добил најголемите дарови Божји. Прво, ги активира сите канонски и духовни пречки што го обессилуваат неговиот монашки и свештенички чин. Второ, каде ќе најде друг духовен отец кој сите негови недостатоци ќе ги покрие со својата големина. Само оној духовен отец којшто нема никакви канонски пречки за својот свештенички чин и чијшто ум невидливо богослужи на олтарот на неговото очистено срце може да го покрие таквиот. Друг никој! Затоа што тој единствен може да го претрпи нападот од искушенијата соодветни на гревовите што ги покрил кај своето духовно чедо. Кој има уши да слуша, нека чуе!
Исто така, многувековното искуство покажало дека сите што го напуштиле својот духовен отец, скоро редовно се обидуваат самите духовно да се раководат, во што и се состои болеста. Во најдобар случај, наизглед се ставаат под закрила на друг духовник, когошто во суштина не го почитуваат и со кого немаат соодветен личносен однос, а кој, пак, од друга страна, со самиот чин на нивното прифаќање, покажува дека не знае што прави.
Тоа се трите духовни и аскетки правила коишто неодминливо важат за сите, за мене и за тебе. Дарот на умно-срдечната молитва не е магиски чин скриен под плаштот на некаков аскетизам, туку е дар Божји што се добива во личносен однос со духовниот отец, особено ако тој е носител на тој дар. Тоа е Преданието.
Ти остана ли малку искреност? Погледни во своето срце. Спореди го досега напишаното од Светите отци со неговата состојба. Ти се откри ли местото на срцето или не? Привлечен ли е умот молитвено внатре во него од пројавувањето на благодатта или сè уште не е? Дали со обидот да влезеш внатре наидуваш на ѕид, темнина и збунетост? Си проверил ли? Не е доцна. Никогаш не е доцна. Само нека биде искрено.
Што се случува кога не се почитуваат овие совети?!
- Одвојување од духовен отец пред отворањето на срцето и крај на тој процес. Сопнување, паѓање и враќање во калта на патот, пред достигнување на првата цел. Онтолошко промашување!
Следствено, непросветленост на умот и произволно духовно самораководење. Незнаење, пак, за исихазмот и неспособност за препознавање на вистинските исихасти. Тоа е причината што зад себе не се остава никаква трага на пишано или усно предание за умно-срдечната молитва. Сè друго може од книга да се прочита и да се научи, а умно-срдечната молитва може само да се живее и за неа може само од опит да се говори.
Озборување, осудување и самооправдување. Хранење со дезинформации и пренесување на истите. Зашто, оној којшто нема сопствен живот го живее животот на другите. Зачудувачка, дури тажна, желба за јавно промовирање. Шетање од место до место и докажување по светот, само заради непознавање на местото на срцето. Наместо бого-словие, техно-словие.
Неспособност за негување или возобновување и градење на личносен однос. Бидејќи со непростувањето и озборувањето не се остава простор (кај своите) и во конкретна средба (во нивно присуство) се случува: неразликување на еретикот од грешникот, на грешникот од гревот. Елитизам. Зилотизам. Неогностицизам. Параноја. Апокалиптички дух. Веќе видено. И веќе тажно.
Поголеми последици? Господ да чува! Затоа, добро е да знаеме каде сме. Лек? Спомни си од каде си паднал и покај се! Во недостиг на сили, пак, човек треба да се воздржи барем од гревот на јавно озборување и осудување. Елементарна аскетска култура за оние што претендираат да станат духовна аристократија и да се занимаваат со небесна политика. Значи, покајание. Јас сум виновен за сè! Господи прости ми! Ве молам, сите простете ми! Господи Исусе Христе помогни ни!...
Да го почитуваме и да го љубиме Учителот. Еден ден на Света Гора кога Григориј беше задлабочен во молитвата кон Бога, одненадеж пред него застана светлозрачен и благолик маж, Свети Јован Богослов, и умилно гледајќи кон него го праша: “Зошто ти, молејќи Му се на Бога, секојпат постојано повторуваш: просветли ја мојата темнина, просветли ја мојата темнина?” Григориј одговори: “Што друго би барал освен тоа: да се просветлам и да познаам како да ја творам Светата волја Негова?” Тогаш Светиот Евангелист му рече: “По волјата на Владетелката на сите, Богородица, отсега јас ќе бидам со тебе неотстапно”.

(извадок од книгата „Слово од Елеуса“ на Митрополитот Струмички Наум, издание на Манастирот на Пресвета Богородица Елеуса, 2001 г.)

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 2037
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 2333
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 4589
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

26/10/2025 - недела

+Св.нмч-чка Злата Мегленска; св.мч-ци Карп и Папла

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светата великомаченичка Злата Мегленска 26 октомври/13 октомври  2025

Тропар на светата великомаченичка Злата Мегленска 26 октомври/13 октомври 2025

Како сепаленица и жива жртваси се принесла на Христа, твојот Женики сесрдно презирајќи ја срамната измамана мачителите и телесно во...

 Тропар на светите маченици Пров, Тарах и Андроник  25 октомври/12 октомври  2025

Тропар на светите маченици Пров, Тарах и Андроник 25 октомври/12 октомври 2025

На делото на светите маченици,се восхитија Небесните Сили,како во смртно тело со Силата на Крстот,добро подвизувајќи се невидливо го

Тропар на светиот Апостол Христов Филип  24 октомври/11 октомври 2025

Тропар на светиот Апостол Христов Филип 24 октомври/11 октомври 2025

Апостоле Христов Филипе, тебе Господ ти дарува пород од телото,и преку тебе Духот Свети приведе мнозина кон спасение,Христов чудотворче,

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная