логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Книгата „Гранична состојба“ од Лидија Димковска (Или-Или, 2021) излезе за време на една голема пандемија или во нејзиното затишје – сè уште не сме сигурни.


Пишува: Александра Јуруковска


Лидија Димковска е една од најинтересните појави во современата македонска книжевност. Подеднакво интересна и провокативна за анализа и во прозата и во поезијата и подеднакво успешна и во двете, и тоа не само кај нас за што говорат некои од нашите најголеми награди и признанија, ами и во европски и светски рамки. Во моментов нејзините дела се преведуваат на неколку јазици. „Гранична состојба“ е последното од нејзиното перо, објавена 2021 година од „Или-или“.

Книгата излегува за време на една голема пандемија или во нејзиното затишје – сè уште не сме сигурни. И токму оваа година и половина пандемиско живеење е некаква општа одредница на целиот контекст на стихозбирката, а на тоа упатува и еден од двата мотива од самиот поечток на книгата. Првиот е од Марина Цветаева, клучна фигура за творештвото на Лидија, за што може да се напише посебна студија. Вториот мотив многу се совпаѓа со она што горе го нареков општа одредница на контекстот, а гласи вака: „Како се измеша веков/коса да ти се крене (Блаже Конески „Дијалог на полноќ“)“.

Ако треба кусо да се одговори на прашањето: „За што пее поетесата во „Гранична состојба“? – би рекла: „Пее за веков – овој нашиов“. Еве и зошто. Одиме по ред!

Книгата е поделена на три циклуса. Првиот е „Минато неопределено време“ и во него поетското јас пее за она што го гледа – за животот што се раѓа, случува и исчезнува токму во мигот. Ова се лични записи, пишувани од поетски глас за кој многу полесно е да се размислува како за наратор отколку за лирско јас/лирски субјект. Имено, во песните домиира наратолошката компонента, но и еден интересен момент кој внимателните читатели можат да го воочат, а тоа е фокализацијата – гледањето на нештата од нечија перспектива. Сликите и состојбите ги гледаме низ поетските очи како под лупа, на моменти со нужна дистанца која дава реално доживување на случувањата – најчесто оние клучните или граничните – раѓање и смрт.

Пластична илустрација за овој впечаток наоѓам во песната „Патоказ“ која е еден вид музејска прошетка низ која може да појде и оној што ги чита овие стихови. Но тоа не е безгрижна прошетка на која може летаргично и рамнодушно да ѝ се препуштиме. Напротив, речиси редовно во секоја од песните, па и во оваа, постојат неколку стихови кои нè штрекнуваат, бидејќи тревожно предупредуваат:

    „Да излезеш сакаш, но стрелка нема,

    а еден погрешен чекор и веќе си еони назад

    од Златната маска полетува пчела.

    човештвото безглаво јури

    врз лентата на историјата

    чиј механизам се искинал.“

19042009

Сликите во кои „јас“, односно „ти“ е сопoставено на ние, односно тие – човештвото, се повторуваат во неколку наврати, во сите три циклуси. Оти прашањата што го мачат човекот се прашања со кои раскрстува или веќе раскрстило човештвото и обратно, во некој бескраен круг, што е посебно значајно во третиот циклус – „Човекот или човештвото“.

Песните на Лидија се разбирливи, јасни, во нив таа наведува факти, пее за едностави вистини на кои секојдневно забораваме – „само животот е музеј со еден влез и еден излез/ кон кој води патоказот на смртта“ – вели таа.

Многу од овие вистини ги знаеме од учебниците, историските читанки, медиумските приказни, личните и туѓите искуства, но не сакаме да ги книжиме како важни, па поетесата го позема товарот да предупреди на нашата немарност и вели „Холокаустот е пасош на светот што исчезна/во двојното дно на постоењето“.

Всушност ангажираноста и отвореноста на стихот на Димковска за светот и неговите проблеми не е ништо ново, таа тоа го прави ушти од „Рожби од Истокот“, преку „Нобел против Нобел“, до „ph неутрална за животот и смртта“ и секако „Црно на бело“ од 2016 година. Овој пат, во „Гранична состојба“ дури е и подиректна, покатегорична. Стихот е меч кој го сече нашето секојдневие и светот што го ништиме или ни го уриваат пред очи.

Така, вториот циклус од „Гранична состојба“ носи сигнификантен наслов „Распаѓање“ и во него се поместени 8 песни: Куќата што се распаѓа, Меморијата што се распаѓа, Земјата што се распаѓа, Љубовта што се распаѓа, Историјата што се распаѓа, Животот што се распаѓа, Иднината што се распаѓа и Светот што се распаѓа.

Дури и во самото набројување на насловите од овој циклус имаме градација на тревожноста, на алармирањето, на повикот за тоа што сè се распаѓа пред нашите очи. Тука има неколку силни крици, кои се чини дека поетесата ги извикува и во име на оние што не можат или не смеат да крикнат и викнат: „збогум куќо што беше дом, дому што сега не си ни куќа!“

Низ овие стихови личното станува колективно, оти чија е меморијата или историјата или иднината што се распаѓаат – конечно чија е Земјата која се распаѓа? – за која поетесата вели: „треба наврат-нанос да се напушти/да се грабнат јазикот, пасошот и две-три фотографии….и со тилот потсвиткан да се тргне по патот на егзилот/нозете сами одат, колективната меморија ги води“.

Еве го и егзилот, уште една од константите на творештвото на Димковска, без разлика дали е во прозата или поезијата и еве го егзилот ако сакате како еден од зборовите кои ни го бележат 21 век. Пред тој збор и сите негови духови не останува имуна ниту авторката на „Гранична состојба“ која егзилот го вбројува токму во категоријата гранична состојба.

Кога во 2019 година ја промовирав нејзината збирка раскази „Кога заминав од Карл Либкнехт“ пишував за нејзиниот посебен однос на личното наспроти колективното и решеноста едното да не го исклучи другото. Оттука, кога зборувам за константите и мотивите и во „Гранична состојба“ ми се чини дека повторно можам да кажам дека: на макро план е јасна ангажираната вивисекција на актуелните случувања во Европа и светот. Миграциски и идентитетски кризи, азилантски приказни, преселби, напуштања, бегања. Поимот дом, (не)вдоменост, дводомност и/или повеќедомност, припаѓање на една и повеќе култури, јазици и преминувањето на многу, многу граници.

Ова доведува и до крајот на „Гранична состојба“, до последната песна од циклусот „Човекот или човештвото“ – тревожен, предупредувачки и профетски со стих – злото е затемнување, тело без душа… Во духот на граничните состојби, одбирам прочитот да го оставам отворен или да го затворам со стиховите:

    животот што се распаѓа /

    треба да се стави на подавалник во рака на старица која во другата држи бебе, а на усните молитва….


Оти што друго е молитвата, ако не најинтимно практикување на надежта.

 

 Декември 2021 лето Господово

 

 Извор:

https://umno.mk/stih-i-krik-i-vo-ime-naonieshto-ne-smeat-da-kriknat/

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Јули 24, 2022
TViTer319

ТРКАЛЕЗНА МАСА ЗА ПОДАТОЦИТЕ ЗА Е-ТРГОВИЈАТА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Од АЕТМ велат дека со оваа тркалезна маса, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Државниот завод за статистика иницираат соработка меѓу засегнатите институции и се вклучуваат во напорите за започнување на јавно-приватен дијалог помеѓу релевантните…
Јануари 27, 2022

Конгресот на САД ќе носи резолуција за славење на македонскиот јазик и наследство

Во Конгресот на САД е покрената резолуција за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите…

„Анатомија на бумбарот” на Стефан Марковски

Дек 28, 2021 Литература 685
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Во романот, чие македонско издание е објавено од „Паблишер“, се дефинира енергична и…

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

Окт 23, 2021 Литература 1161
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на…

Познат научник тврди дека Бог постои

Сеп 28, 2021 Наука и Религија 6545
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel
Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле…

Беседи

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Митрополит Струмички Наум: Свети Климент Охридски (08.08.2022)

Но, што значи тоа дека некој ќе влезе и ќе излезе и дека пасиште ќе најде?Тргнувајќи секогаш од персоналното начело на македонско-светогорската исихастичка школа (наспроти антиохиската историска и александриската алегориска...

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

Митрополит Струмички Наум: Свети Пророк Илија (01.08.2022 15:58)

 Вистинскиот, пак, Божји пророк, што и да направи, тешко ќе ги отвори кон милост суетните срца на самонаречените духовни величини: „Зашто дојде Јован Крстител, кој ниту леб јаде, ниту вино...

БEСEДА  за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

БEСEДА за пoтрeбата за пoвтoрувањe и пoвтoрувањe

Oрачoт oра вo нивата. Зарeм нe ја пoвтoрува oрачoт сeкoја минута истата рабoта? Какo инаку би ја изoрал нивата, акo oд утрo дo мрак нe длаби бразда дo бразда?Патникoт чeкoри...

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Исцеление на демонизираниот човек во Гадара

Евангелието е еден вид огледало, во кое се огледуваме себеси, и гледајќи се во него, се дотеруваме внатрешно. Како што секоја куќа има огледало, така треба секоја куќа да има...

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

Протоереј ставрофор Глигор Дамјановски: СВЕТИ БЕСРЕБРЕНИЦИ И ЧУДОТВОРЦИ КОЗМА И ДАМЈАН (обновено)

 Бидејќи имале силна и непоколеблива вера, Божјата благодат делувала врз сите луѓе коишто им се обраќале за помош. Колку што лекувале со разните треви, толку повеќе Бог, поради нивниот свет...

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

Митрополит Струмички Наум: Светите Апостоли (11.07.2022 20:30)

   Петар Му се обраќа на Господ како прв меѓу еднаквите по чест, кој во тој момент ги изразува и сведочи верата и опитот на сите Апостоли, а не само својата...

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Митрополит Струмички Наум: Свети Наум Охридски (02.07.2022 )

Согласно опитот на сите Свети, единствен темел на вистинскиот духовен живот во Црквата е вистинската вера. Вистинска вера може да биде само една. Учеството во вистинската вера во Црквата истовремено...

БEСEДА  за угледувањe на мравкитe

БEСEДА за угледувањe на мравкитe

Вoлјата на Твoрeцoт, Кoј нè испратил вo oвoј свeт e да твoримe дoдeка смe вo свeтoт. Самиoт Гoспoд Исус запoвeда: Твoрeтe, стражарeтe! Oн ги фали oниe кoи ги умнoжуваат дадeнитe...

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

Архиепископ Антинојски Пантелејмон: За љубовта

 Ако на пример, ние не ги надминеме границите на секојдневнието, ако не ги надминеме своите слабости, тогаш на кој начин нашата христијанска љубов се разликува од другите? Ако ги љубиме...

« »