логоFacebookTwitterYouTubeeMail

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
ЕПАРХИСКИ СОБОРЕН ХРАМ „Св. Климент Охридски" - ТОРОНТО

МАСЕDОNIAN ORТНОDОХ САТЕDRАL.
"ЅТ. СLЕМЕNТ ОF ОНRID"
76 Оvегlеа Blvd Тоrоntо, М4Н 1С5
Те1:416 421 7451/4210721
www.stclementofohrid.com

SvKliment.Toronto.jpgКопнежите на македонскиот православен верник се остварија, желбите стана вистина и се исполнија. Православната црква во Македонија се обновува и станува сопственост на својот народот. Се прогласува автокефалност на Црквата, а со тоа ќе престанат туѓите негирања и туѓите пропаганди. Оваа вест донесува голема радост, не само во Македонија, туки и кај раселените Македонци низ целиот свет.
Во Канада, пак, поточно во Торонто меѓу членовите на Македонската патриотска организација „Обединети Македонци" веднаш по оваа вест се роди идеја да се гради црква, наша македонска. Така на 7 август 1962 година на големиот и славен ден Илинден беше одржан состанок во хотелот "Кинг Едвард" во Торонто. На овој состанок едногласно и со заемна радост е донесена одлука, која претставува круна на заедничкиот договор и на решеноста за изградба на прва Македонска православна црква во Онтарио, Канада, која ќе го носи името на учителот и просветителот свети Климент Охридски.
На состанокот присуствуваа четириесетина членови, и тие ја имаа ретката чест оти го понесоа екот на народниот глас и беа претходница на она што ќе следи - градбата на црквата.
По донесувањето на одлуката во радоста се слеа и раководството на Македонската православна црква - Светиот синод, испраќајки своја црковна делегација која беше предводена од блаженоупокоениот митрополит злетовско-струмички г. Наум, заедно со прота-ставрофор Кирил Стојановски. Во своето обраќање митрополитот Наум на насобраниот македонски народ силно му порача: "Вие сте достојни да му изградите на Бога храм во Торонто". Ова беше силна порака, која ги разбранува душите на присутните и ја зацврсти решеноста што поскоро да се изгради светиот храм. Беше основано и првото црковно раководство - во чиј состав беа: прота-ставрофор Кирил Стојановски -парохиски свештеник, Спиро Сандерс - претседател, Коста Андрус - потпретседател, Павле Базел и Дон Папас - секретар. Беше усвоен и правилникот на црквата според кој таа е дел од Светата македонска православна црква и е под нејзина духовна јурисдикција.
Сето ова дека е вистина и оти црквата е реалност се потврди со првата света богослужба која беше отслужена во салата на Желевското друштво на 12 август 1962 годнина. На Светата литургија чиноначалствуваше митрополитот г. Наум. Тогаш првиот парохиски свештеник прота-ставрофор Кирил Стојановски го изврши и првото крштевање. Само за неколку месеци, поточно на 12 декември истата година, официјално црквата „Свети Климент Охридски", ја доби и својата регистрација, од градот Торонто и од општината Јорк во провинцијата Онтарио.
Од тогаш црквата започнува да го живее својот црковен живот, навистина поминува низ тешкотии и препреки но сигурно чекори кон својата конечна цел а тоа е поставување на камен-темелник. Многу е важно и тоа дека во оваа сенародна жртва многу помогна и раководството на Англиканската црква. Така на 5 април 1964 година веднаш по Светата литургија целиот народ се упати од Тронклиф парк плаза до црковното место. Глетката беше импресивна, напред се вееше големиот барјак на Мајката Божја - Пресвета Богородица, а по него дечиња носеа пет црковни икони. Во колоната беше свештеникот во блескаво одејание од чија лева и десна страна толпата народ ја красеа млади Македонци во живописна народна старокрајска носија. Во 13.45 часот во присуство на преставниците на месната власт, претседателот на околијата и членот на контролниот комитет г. Арчар, како и од претседателите на општините Лисајд - госпоѓата Никсон, се почна со овој голем чин - осветувањето на темелот. На 5 април 1964 година на прота-ставрофор Кирил Стојановски му падна честа на свечен начин да го вгради каментемелникот и Повелбата. Осветувајќи ги темелите, тие беа поставени на здрава основа и гранитен камен, на кого не ќе можат да му одолеат ни вратите на пеколот, беше порачано. Трудот, љубовта и народната жртва беа вградени во Светиклиментовата црква која за неполна година веќе беше изградена. Дојде моментот, кој спаѓа во најголемите, најсвечените и најдостоинствените моменти во историјата на човекот. Тој момент е осветувањето -евангелисувањето на новоизградената црква. За оваа свеченост специјално од Република Македонија допатува највисока делегација на Македонската православна црква, предводена од Блаженопочинатиот архиепископ охридски и македонски г.г. Доситеј. Aрхиепископот Доситеј оттогаш па до крајот на својот живот срдечно беше дочекуван меѓу својот народ доселен овде во убавата Канада.
На 18 април 1965 година, големиот празник Цветници, се отворија светите порти за сите верни, за сите добронамерни љубители на верата, вистината и правдата. На овој ден неговото Блаженство архиепископот охридски и македонски г.г. Доситеј во придружба на неговото високопреосвештенство митрополитот злетовско - струмички Наум, на прота-ставрофорите Нестор Поповски и Атанас Попов, протоѓакон Стојан Јанковски и архиѓаконот Кирил Поповски, ја осветија новата црква трудот и делото на македонските иселеници.
Оттогаш наваму црквата е постојано опсипувана со љубов од својот народ и така го живее својот црковен живот. Секоја година се побогат, се поразновиден и секоја година се позначаен и попривлечен. Доаѓа верниот народ од сите делови на метрополата Торонто за да се помолат пред олтарот на свети Климента и од Бога да испросат благослов за здравје и живот, за успех и среќа. Од тогаш па наваму на светите богослужби секогаш има многу народ. Сите свештенослужители кои доаѓаа и заминуваа извршувајќи ја својата голема и благородна православна мисија ја оставија и ја оставаат љубовта, честа и почитта кон својот верен народ. Црковните управи, беа и ден-денес се во служба на оние кои ја градеа, ја изградија и тие се дел од Светата македонска православна црква. И црковните управи доаѓаа и си заминуваа, но секоја одделно, а и сложно заедно, оставаат големи и значајни дела кои се паметат и раскажуваат, кои остануваат вечно да траат и да бидат македонска патека во новата средина.

 Извор: книга „По стапките на христијанството во Македонија“

Издавач: МАКЕДОНСКА ИСКРА

9

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3133
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2467
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…