логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Владика Николај Велимировиќ
 
 
Кога нашите патници се приближија до крајот на своето патување, месечината крадливо извираше над планините, а вечерните пејачи почнаа да пејат.


Патеводителот: Еве не веке при крајот на патувањето, па време е да го завршиме нашиот разговор и да се предадеме на молитвено молчење.
Патникот: Дозволи ми, те молам, уште едно прашање?

Патеводителот: Секако.
Патникот: Ги признаваш ли ти знаењето и научните пронајдоци?
Патеводителот: Се разбира.
Патникот: Тоа значи дека, ти сепак ја признаваш науката?
Патеводителот: Ако би ме прашал, дали јадам јаболка потурени со прашина, јас би ти одговорил: јаболката ги јадам но прашината не ја јадам. Исто така јас ги примам сите веродостојни знаења и ги признавам сите модерни пронајдоци, но прашината на научните теории и хипотези со кои до сега беа покриени модерните знаења и пронајдоци нити ги примам нити ги признавам. Особено невозможно е и за мене и за тебе да се прими и признае теоријата за природните закони, таа основна заблуда на довчерашната наука. Не е ли така?
Патникот: Сега сум во состојба да речам, така е. Но кажи ми, дали ти ја признаваш големината на вселената онака како што таа им се открива на научниците низ телескопот?
Патеводителот: Ја признавам. И самиот повеќе пати сум го набљудувал ѕвезденото небо низ големите телескопи.
Патникот: Но ако тебе не те исплашила огромноста на вселената, зарем не те исплаши ништожноста на нашата планета и човекот во неа?
Патеводителот: Тоа не. Ни бескрајната  просторност на ѕвезденото небо, ни непресметливиот број откриени ѕвездени коли, нити огромниот обем на многуте небесни тела, неспоредлив со обемот на нашата планета - не ги поколебаа моите убедувања, дека земјата, оваа наша мала земја, е главен театар на светската драма.
Патникот: Сакаш ли ти со тоа да кажеш, дека сите оние вселенски светила имаа една намена - да служат во играњето и одигрувањето на човечката драма на земјата?
Патеводителот: Токму тоа, и така. Тоа нималку нека не те изненадува. Спореди ја вселената со еден театар во голем град. Што е најважно во еден театар ако не сцената на која се одигрува драмата?
Паникот: Секако сцената.
Патеводителот: Меѓутоа, бината е сосема мала кога ќе се спореди со големата театарска зграда, со салите, галериите, ходниците и другите простории. Ако си бил во големи театри, си морал понекогаш да се зачудиш колку сцената е малечка во споредба со огромната палата на театарот. Па сепак светот доаѓа во таа палата само заради сцената, односно заради играта која се изведува на сцената. Бидејќи играта на сцената ја претставува намената и смислата на целата театарска палата. Исто така и драматичната игра, која низ историјата се одигрува на земјата, ја претставува смислата на вселенската палата.
Патникот: Кога зборуваш за драматичната игра на земјата, ти секако мислиш на луѓето, зарем не?
Патеводителот: На луѓето; на сите луѓе и на сите поединечни групни човечки драми од Адам па до крајот на времето. Мислам на целата историја на родот човечки, која драматично се одигрува илјади години низ сите нови и нови поколенија, се нови и нови играчи, по целата земјина топка, и која се* побрзо и побурно се движи кон својот завршеток. Мислам на Бог Создателот и на безбројните духовни сили, светли и мрачни, кои невидливо но реално учествуваат во оваа драма на човечкиот живот. Мислам на Главниот Јунак во сечовечката драма, Кој еднаш се јави во пастирска тишина, неславен и непознат, и кој ќе се јави славно во последниот чин, на крајот на краевите, во бура, во страшно и молскавично величенство на победител. И мислам на многуте милиони и милиони оние луѓе кои тогаш ќе бидат прославени во вечна слава и ,авај, на многуте и премногу кои ќе останат посрамени во вечен срам. Бидејќи моралното мерило е единствено вистинско мерило, а моралниот закон е единствен закон во драмата на светот, односно во драмата на човештвото. Ако поредоците кои ја опкружува вселената, личат на некои закони, тоа се само рефлексии, слики и символи, закони на онаа драма во театарот. Не е сцената рефлекс на галеријата туку галеријата на сцената.
Патникот: Зборувај ми така уште и уште. Тоа ми е пријатно за слушање. Ме ослободуваш од аветниот притисок на материјалната вселена и го подигнуваш човечкото достоинство.
Патеводителот: Не го подигнувам јас човечкото достоинство; го подигна Оној кој првиот човек, Адам, го вдахна  со својот дух и му ја предаде во почетокот власта над материјалниот свет; Главниот Јунак во драмата на светот му го воздигна достоинството кога заради човекот се спушти на земјата и заради човекот поднесе страдања на крст и смрт. Ако сеуште се сомневаш, дека нашата мала планета е духовен и морален водач на целата ѕвездена вселена, сети се на видовитиот Павле, кој рече: Што е слабо пред светот тоа го избра Бог за да го засрами силното. И што е малечко и незнајно го избра Бог да го посрами големото и знајното. Навистина земјата е слаба и малечка и незнајна, но само за физичкиот вид. Но таа е избрана ѕвезда меѓу ѕвездите, да биде театар на светската драма. Некогаш Бог го избра малиот народ израелски меѓу толкуте големи народи, низ тој народ (,,црвите Јаковови,,) да ја објави својата волја и својот закон и - Синот свој, Месијата на светот. Па потоа ги избра рибарите за апостоли на месијанската наука за спасението, рибари, а не кнезови и велможи. На човекот му даде власт над диносаурусите и мамутите, а не обратно. Таков е Божјиот метод одсекогаш, малото да го воздигнува, незнајното да го прославува, низ омразеното да ја јавува својата моќ. Кој ќе му каже: зошто така правиш? Дали некогаш во ведра ноќ кога блескале ѕвездени роеви си отишол во театар да гледаш некоја позната драма?
Патникот: Сум бил.
Патеводителот: И сигурно не си заборавил, дека одејќи по патот кон театарот си се восхитувал на многуте и прекрасни светила на небесниот свод. Меѓутоа, кога во театарот ја виде борбата помеѓу вистината и лагата, херојството и подлоста; кога со цела душа го делеше мачењето и агонијата на главниот јунак во драмата до петтиот чин, за на крајот повторно да се веселиш со целата душа заради неговиот триумф - тогаш враќајќи се на кај дома, ѕвездите ти изгледале бледи и ништавни во споредба со твојот јунак од драмата, победителот на лагата и подлоста, зарем не?
Патникот: Навистина, се сеќавам, така е.
Патеводителот: Не сведочи ли тоа, дека на нашето срце помил му е човек кој го победува злото од сите сјајни топки и небулозни балони над нашите глави? И дека светителот и херојот имаат неспоредливо поголема вредност од Сириус, И Близнаците...? Што се тие големи светила, сите тие блиски и далечни лампиони, заедно со сонцето и месечината, освен потребна принадлежност на земниот театар, за време на изведување на драмата? За нив не е ли кажано на првата страница од Библијата: И ги постави Бог на сводот небесен за да ја осветлуваат земјата? Запомни го ова: да ја осветлуваат земјата. Земјата е, значи, нивна намена и нивна смисла; за земјата и заради земјата тие светила се создадени. Без драмата која на земјата се игра сите тие сјајни ѕвездени коли би биле бесцелни и бесмислени, како еден огромен и сјен театар без сцена и без игра. Но земјата ги искупува од бесцелноста и бесмислата, а земјата ја искупува пак - драмата на слугите и синовите Божји. О, колку е богата и величенствена таа драма! Целиот ѕвезден свод не вреди колку една сцена од таа драма, една , да речеме, херојска борба на синовите на светлината против синовите на темнината. А колку и колку такви драматични сцени имало во историјата на човештвото. Броевите недоволни се за да ги избројат, јазикот човечки недоволен е да ги опише, сите театарски сцени недоволни се да ги претстават. Колку лични, колку друштвени и национални и расни драми, од Адам до денес, изнижани и вткаени во преголемото ткиво на сеопштата драма на човечкиот род! Кога со мислите ќе се задлабочиш во овој предмет, твојот разум ќе биде осветлен од нова светлина,во која ќе видиш и ќе сфатиш дека драмата на човештвото на земјата е суштина и оправдание на целата вселена. А таа драма, како и секоја вистинска драма, се базира на морални основи, и се изведува по Божјиот морален закон. Толкава е неописната сила, толкава е моралната динамика на таа драма, што таа се рефлектира на целата физичка природа, органска и неорганска, на земјата и секаде околу земјата до краевите на вселената. Какво чудо е тогаш
кога во некои извесни големи и страшни потресни сцени на театарот во историјата на земјата, се судираат ѕвезди и паѓаат, а сонцето и месечината се облекуваат во црнина? Настаните во театарот на човечкиот живот или го одржуваат вселенското сценарио во поредок или го доведуваат во беспоредок. Таква е семоќта на моралниот закон на човечката историја, кој не трпи никаков друг паралелен закон.
Патникот: А кога се спушта завесата?
Патеводителот: А кога ќе се спушти завесата, тогаш и земниот театар и сите негови вселенски сценарија ќе бидат предадени на огнот, според Јовановото Откровение, како гнездо од кое излетале пораснатите соколчиња. И времето ќе нестане. Но ќе останат сите јунаци на Драмата, големи и мали, сите патници кои одеа кон правата цел, сите ревнители за законот Божји, и сите победници на злото, ќе останат во една друга вселена , духовна и бесмрттна. Безбројни војски, непрегледни народи со такви јунаци, кои ,,се бореле во добра борба и трката ја завршиле,, ќе бидат групирани во вечноста околу Главниот Јунак на оваа светска драма, оваа божествена епопеја на родот Адамов, единствена и неповторлива. Кога целата вселена, значи, со целиот свој поредок ќе исчезне како сенка, две најголеми вселенски вредности ќе останат и ќе постојат и понатаму. Тие две вредности се: праведните луѓе и царскиот закон на љубовта.

 Подготви: Михаила Поповска

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2597
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2391
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…