логоFacebookTwitterYouTubeeMail


Скопје, 6 април (МИА) - По повод 50 години од возобнувањето на Охридската архиепископија и 40 години од автоќефалноста на Македонската православна црква за посебен придонес и афирмација на Светата црква во земјата и во странство вечерва се одликувани со столна медаља од прв ред 22 истакнати македонски научници, уметници и бизнисмени.

Одличјата ги врачи архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој истакна дека македонскиот крст им припаѓа на сите генерации, а од оваа се избрани толку иако можеле уште многу да го понесат.

- Станува збор за оној крст донесен, посаден и посеан од апостолот Павле, крстот македонски што им припаѓал на сите генерации, од првите до овие последни во нашите времиња. Крстот чуван од сите генерации од Павлово до наше време, рече поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.

Меѓу носителите на ова високо црковно признание се академиците Ѓорги Филиповски, Јордан Поп Јорданов, Момир Поленаковиќ, Бојан Шоптрајанов, Владимир Серафимовски, потоа наши истакнати научници и доктори на медицински науки кои работат на универзитетите надвор од Македонија и странските професори Џон Ман и Ендрју Дворк од Колумбија, Универзитетот во САД. Од областа на културата беа одликувани Венко Андоновски и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски, а со повеќе одличја им беше оддадено признание и на истакнати поединци и компании од сферата на економијата.

Од име на добитниците на признанието се заблагодари академик Момир Поленаковиќ, кој истакна дека тоа обврзува уште повеќе да се бориме за нашата земја и нејзината иднина, бидејќи доаѓа од Мајката Црква која успеала да ја одбрани нашата нација, култура и идентитет низ вековите.

- Ќе го парафразирам нашиот преродбеник Крсте Петков Мисирков кој кажа дека има народи кои се учени и кои знаат и тие ќе владеат, и има народи кои ќе останат неучени и ќе бидат владеани. Ние сме и мораме да бидеме меѓу тие што ќе бидат учени за да владееме сами со себе. Ова признание е уште една поголема обврска за нас да се бориме за вистината и за Македонија, рече академик Поленаковиќ.     

Медалот е изработен во чисто сребро, според стандардите за изработка на вакви високи одличја. На аверсот е претставен крстот од манастирскиот комплекс во Вељуса, со автентична убавина, а пишува Јустинијана Прима, Охридска архиепископија и Македонска православна црква, бидејќи, како што истакна г.г. Стефан, сите тие значат исто и се основата на нашата света црква. На одличјето се наоѓа и стилизиран приказ на Светото Преображение. ва/паг/21:38



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3133
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2467
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…