Нашиот личносен однос со Богочовекот Исус Христос е секогаш определен од односот спрема нашиот ближен, па кој било да е тој. Страдаме во овој свет бидејќи обземени од своето самољубие се повредуваме меѓусебно.
Се поклонувам, го славословам и величам Твоето слегување во адот, пленението на адот, разрушувањето на смртта и тридневното воскресение од гробот, и Те молам Тебе, мојот Господ: душата моја, плен на гревовите, плени ја со љубовта Твоја; умртвена-воскресни ја и избави ја од адот.
И знаете што - секогаш кога го гледам, плачам за страданијата Исусови како прв пат да го гледам. Наивно и како дете. И не само за Исусовите туку за страданијата човечки воопшто. За она што човекот го има како потенцијал како Божјо чедо, а кое му е одземено, љубовта претепана, крилјата отсечени, она што има да го даде од себе за да го спаси светот - исмејано.
Не можам, смрт, а да не те дочекам со добредојде. Кога и да е тоа. Кога и да ти дозволат. Зашто откако Богочовекот Христос дојде, сѐ од Него е добредојде. И ти самата, смрт. И сега не си само смрт, туку, во Него, истовремено си и Воскресение. Пред Него, само страшна чуварка од поголем пад.
На 21.04.2022 година во навечерието на Велики петок, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, отслужи Утрена богослужба во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, на која се читаат Дванаесетте свети и страдални Евангелија. За време на службата беше изнесен и Чесниот Крст на Распетието Христово пред кој се поклони чесното свештенство и верниот народ.
Патот на тагата и патот на возвишената благодат. Патот на страдањето, срамот и патот на надеж и спасение. Тоа е - Via Dolorosa (Патот на Солзите), по кој тргна на последното земно патување до Голгота нашиот Спасител, Преслаткиот наш Исус.
Откако беше продаден и предаден за триесет сребре-ника од својот пријател и ученик, најнапред Го одведоа кај Ана првосвештеникот, кој Го испратил кај Кајафа, каде што бил плукан и удиран по образите, а воедно и исмејуван и навредуван, и каде што ги слушал зборовите: „Проречи ни, Христе, кој Те удри?" (Матеј 26, 68).
На 21.04.2022 г., во предвечерието на Велики Петок,
ги спомнуваме спасителните страдања
на Спасителот наш Господ Исус Христос
Да внимаваме, некои од Божјите дарови, обично, на самиот почеток не ги препознаваме веднаш како дар – во сите негови димензии, зашто ни се даваат прво како крст. Крстот, пак, треба најпрвин аскетски да го прифатиме како дар, за потоа – кога ќе го усвоиме благодатно и лично како дар, да можеме да ги согледаме сите негови димензии – што се неговата ширина и должина,
Што да напише човек за светата Евхаристија (Литургија), а истовремено да не ја открие и содржината на својот живот? Нема разлика помеѓу Евхаристијата и нашиот живот, или ако има – немаме живот. Односно, колку поголема е разликата помеѓу содржината на Литургијата и содржината на нашиот живот, толку повеќе тој е бессодржаен. Или, каков живот човек живее ако истиот не е Благодарење, себедавање на Бог и ближните?
Целоноќната служба на Велики четврток ѝ е посветена на Тајната Вечера, на којашто Спасителот ја востанови Тајната на Светата Евхаристија, оставајќи заповед Пасхата на Новиот Завет да се вкусува во Негов спомен, на Неговото Тело и Неговата Крв пролеана за отпуштање на гревовите. Во богослужењето на овој ден се говори и за предавството на Јуда.
Вечерата е двојна: една е Пасхата на законот;
Втора е Новата пасха - Телото и Крвта на Господа.
Во попладневните часови на 20.4.2022 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и поранешниот Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, присуствуваа на завршувањето на тродневното мироварение. Имено, откако мирото беше сварено во него беа излиени бројните етерични масла, по што новосвареното миро беше излеано во алавастери и пренесено во олтарот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“,
На 20.4.2022 година, во присуство и со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, беше отслужена Литургија на Претходноосветените Дарови, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј.
Излезе од печат 61-от број на „Православна светлина“. Во овој број, стандардно, како и досега, обработивме теми од нашата православна вера и живот и се надеваме дека и овој број ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови, кои нè очекуваат.
Тешко е бидејќи преовладува самољубието наше. И да, од една страна се крштеваме, се исповедаме, се причестуваме, се молиме, но и стариот човек останува во нас. И овој стариот човек е она што нѐ разделува внатре во Црквата и ги создава рацепите и различни групирања и прави понекогаш овие работи да се борат помеѓу нив.
По завршетокот на Литургија, Архиепископот г.г. Стефан, Митрополитот г. Агатангел и поранешниот Митрополит Кумановско-осоговски г. Јосиф, се упатија во параклисот при Соборниот храм, кадешто се извршува варењето на Светото миро. Таму, архијереите, прочитаа зачала од Евангелието, по што во котелот во којшто се извршува Мироварението беа додадени маслата со темјанот, смирната и мастикосот.
Велики Четврток (21.04.2022)
7:00
Утрена, Часови и Вечерна Василиева Литургија
По завршувањето на Светата Литургија ќе биде извршен маслосвет (елеосвештение)