логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 TViTer301 ·


Четирите духовни оружја
„Браќа мои, монаси и мирјани, кои се борите за спасение на своите души, добро е да знаеме дека во борбата потребни ни се овие четири оружја.


Првото оружје е никогаш да не се надеваме самите на себе, зашто Светото Писмо вели: „Проклет да е човекот кој се надева во човек и кој смета дека телото му е силно“. Значи, прво што е потребно во невидливата борба е да ја спознаеме својата немоќ и ништожност, бидејќи „кој себеси се смета за ништо“, вели св. Јован Златоуст, „се познава подобро од сите останати“; а св. Јован Дамаскин вели: „Ништо не е подобро од тоа човекот да ја спознае својата немоќ“.


Второто духовно оружје, кое е од голема полза во невидливата борба, е надежта само во Бога. Значи, да се надеваме само на Бога и Него да Го молиме: „ Господи, не ме оставај; Боже мој, не оддалечувај се од мене; Дојди да ми помогнеш, Господ на моето спасение“.


Третото духовно оружје е трпението, кое многу ни е потребно во нашата борба, како што можеме да прочитаме во Светото Писмо: „Во оваа тешка и голема борба потребно ни е трпението“.


Последното духовно оружје е молитвата. Ова оружје, кое на сите ни е потребно до последниот здив, не е телесно, материјално оружје, туку духовно и невидливо, „но со Божјата помош е силно да разрушува тврдини“ на непријателот. Таа уште и се нарекува „оружје на Светлината“, затоа што преку неа ја добиваме духовната Светлина на Светиот Дух, а со нејзината непрестајна употреба се спасуваме и стануваме причесници на невечерната Светлина на идниот век.“


 Старец Клеопа

Јули 2022 лето Господово

 

Избор од фб профил на Православен Мирјанин

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3123
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2956
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…