логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TViTer280

За дејствата на Светиот Дух - Неговите тајни се откриваат на оние со чисто срце


 Браќа, отци и чеда, едно младо момче ми го раскажа ова: „Како послушник на еден чесен отец, рамносилен на големите и возвишени светители, имав можност со воодушевување, често да слушам за небесните просветлувања на подвижниците и за изобилната Светлина преку која Бог беседи со луѓето. И почувствував“, рече, „толкава љубов и желба кон тоа богатство, така што во размислувањето за него заборавав на сѐ земно и небесно, и не само тоа, туку и на храната, и пијалакот, и на телесниот одмор. Бидејќи тој Старец беше голем меѓу светите и украсен со дарот на прозорливоста и затоа што виде како без двоумење го правам само она што тој ми заповеда, и дека ниту јадам, ни пијам, туку и дека сум постојано замислен како да ме јаде некоја мака, почувствува неизмерно сострадање и ми заповеда со закана за епитамија, па на сила почнав да јадам. Зашто се плашев“, рече, „од осудата за непослушание. А колку повеќе храна јадев, во мене сѐ повеќе се разгоруваше копнежот и ми беше неподнослива таа принуда, па леев реки од солзи и често во таква состојба станував од трпезата. Бидејќи, си мислев, неразумен, дека Старецот ми пречи во добрата намера, не знаејќи каква внатрешна болка ме разјадува, а не бев свесен, јас несреќникот, дека тој ги знаеше и тајните помисли на моето срце. А тоа сега ќе го покажам“.
             „Еден ден дојдовме во градот за да ги посетиме неговите духовни чеда. И бидејќи целиот ден го поминавме со нив (зашто на многу им беше од полза и самата негова појава), ноќта дојдовме во келијата и, затоа што од големиот напор и умор бевме изгладнети и жедни (бидејќи Старецот немаше обичај некаде да преспие, а беше лето и тој веќе ја имаше одминато шеесетата година), седнавме да јадеме. Но јас не јадев, зашто бев телесно изнемоштен, па ми се чинеше дека ако земам храна, воопшто нема да можам да се молам и да го побарам она за што тежнеам. И така размислувајќи“, рече, „седев како да бев надвор од себе“.
            „А светителот, погледнувајќи ме, откако се сети на напорот низ кој со него поминав и сфаќајќи ја причината поради која трпев глад и жед, бидејќи беше, како што реков, украсен со дарот на прозорливост, кон мене почувствува големо сострадање и ми рече со укор: ‘Јади, чедо, и пиј, и отсега не тагувај. Зашто да не сакаше Бог да те помилува, немаше да благоволи да дојдеш со нас’. И така“, рече, „јадевме и пиевме и повеќе отколку што ни беше потребно. И тој јадеше со мене, снисходејќи на мојата слабост. Бидејќи после тоа стана од трпезата, ми рече: ‘Знај, чедо, дека Бог не се радува и не се објавува ни заради постот, ниту поради бдеењето, ни заради телесниот труд, ниту поради какво и да е друго добро дело, туку само заради смирението, простите и благи души и срца’. И откако го чув тоа и се воодушевив на зборовите и поуката на светителот, уште повеќе духовно се разгорев, и бидејќи низ главата за миг ми пролетаа моите гревови, ме облеаа солзи, па паднав пред нозете на светителот и ги прегрнав. ‘Моли се за мене’, реков, ‘светителу Божји, преку тебе да најдам милост, зашто од сѐ што наброја, ниедно не е својствено за мене, освен многуте гревови, кои и самиот ги знаеш’. Тогаш, сожалувајќи се уште повеќе над мене и солзејќи, светителот ми заповеда да станам од земјата, и ми рече: ‘Се надевам на Бога, Кој изобилно ми ја подари Својата благодат дека и на тебе ќе ти даде двојно повеќе, само заради верата која ја имаш во Него и во моето смирение’. Примајќи ги тие зборови како од Самиот Бог и потсетувајќи се на она што Илија го направи со Елисеј, и верувајќи во тоа, иако јас сум недостоен, дека Господ е човекољубив и брзо ги исполнува молитвите на оние кои имаат страв од Него, веднаш направив метанија и побарав благослов, па отидов во својата келија, добивајќи заповед од него, само да го кажам Трисветото и да легнам да спијам“.
             „Кога влегов таму каде што имав обичај да се молам и почнав да кажувам ‘Свети Боже’, се сетив на зборовите на светителот, и веднаш ми дојдоа солзи и ме обзема толкава потреба за Бог, што не можам со зборови да ја изразам радоста и задоволството кои тогаш ги почувствував. Веднаш ничкум паднав на земја и, кога ете, видов како умно ме осени изобилна светлина, опфаќајќи ги целиот мој ум и душа, така што се воодушевив од ненадејното чудо и како да се најдов надвор од себе. И не само тоа, туку заборавив и на местото на кое се наоѓам, и кој сум, и каде сум, и како што сфатив само се молев ‘Господи помилуј’, бидејќи отпосле дојдов на себе. А кој беше тој што го движеше мојот јазик, отец, не знам“, рече, „Бог знае. И дали со телото, или надвор од него, општев со таа Светлина, тоа го знае самата Светлина, која ја растеруваше целата магла што се наоѓаше во мојата душа и секое земно умување, истерувајќи ја од мене сета тежина на телото, вдишувајќи ги слабоста и вкочанетоста на моите екстремитети. Бидејќи, о, страшно чудо, таа толку силно го зголеми чувството на слабост во моите членови и жили, кое го добив од силниот напор, така што помислив и ми се причини како да го соблеков фустанот на распадливост. И не само тоа, туку во душата веднаш неискажливо ми се влеа голема радост, умно чувство и блажина која го надминува секој почувствуван вкус, а покрај тоа и слобода и заборав на сите животни помисли, и чудесно ми го подари и објави начинот на заминување од овој живот. Зашто сите мои чувства, и умни и душевни, се беа прилепиле само за неизкажливата радост, која доаѓаше од таа Светлина“.
              „Но, бидејќи таа изобилна Светлина (затоа што не знам со кое друго соодветено име да ја наречам), која ми се објави, некако тивко се повлече и како да се собра во себе, дојдов при себе, и кога спознав што одеднаш направи нејзината сила во мене, сфаќајќи дека таа се одвои од мене и пак ме остави сам во животот, ме обзема тага и таква тешка мака, што не можам достојно да ја изразам големината на силната болка, која како оган се распали во моето срце. Па ти замисли си, отец“, ми рече, „ако можеш, колкава болка почувствував што се одвоив од неа, замисли ги безмерната љубов и огромниот копнеж, и колку возвишено беше тоа добро. А јас ниту можам со зборови да ја искажам, ни да ја разберам бескајноста на тоа видение“.
            „Но раскажи ми, најчесен отец и брату“, реков јас, „по ред и појасно за дејствата на тоа што си го видел“. А тој, исполнет со Божјиот Дух и удостоен со созерцувањето, со најкроток и медоточен глас, брзо ми одговори: „Тоа, отец, кога се појавува носи радост, а ранува кога ќе се повлече, па повторно ќе ми се приближи и ќе ме вознесе на небото. Тоа е бисер кој ме облекува во светлина и ми свети како ѕвезда, а никој не може да го смести во себе. Блеска како сонце и јас гледам дека тоа во себе го држи созданието, ми покажува сѐ што е во него, заповедајќи ми да ја чувам мерата. Кровот и ѕидовите ме ограничуваат, а Светлината ми го отвора небото. Своите очи ги подигнувам за сетилно да го видам тамошното, а гледам сѐ како што било претходно. Се воодушевувам на тоа и го слушам гласот кој од височината таинствено ми зборува: ‘Тоа се тајните и предвестуваат дека додека си облечен во плот, нема да видиш совршенство. Туку, сврти се кон себе и гледај да не направиш ништо од она што те оддалечува од овдешните работи. А, и ако згрешиш, тоа ќе ти послужи како потсетување на тоа дека треба да се смируваш, но сепак, немој да отстапуваш од покајнието, бидејќи тоа, соединето со Моето човекољубие, ги брише и претходните, и сегашните гревови’. “
            Кога го чув тоа од него, отци и браќа, малку ми фалеше да се поместам од умот, и целиот ме обзеде трепет кога помислив на тоа до која висина на созерцувањето и знењето тој успеал само со верата и љубовта кон духовниот отец да се искачи, и какви сѐ добра бил удостоен однапред да види и вкуси, како веќе да ја отфрлил човечката слабост и да станал ангел меѓу луѓето.
      Затоа ве молам, браќа во Христос, да ги отфрлиме, далеку од себе, секоја поврзаност и секоја грижа за сегашниот живот, да ги замразиме плотските наслади, телесното задоволство, спокојството и безделничењето. И дојдете да ја примиме искрената вера во Бога и во своите, по Божја волја, отци и учители, да стекнеме смирено расудување и смирено срце со покајание, исчистено од секоја лага и дамка на гревот, за и ние еднаш, што побрзо, да се удостоиме да ја достигнеме таа мера и уште тука да ја видиме и вкусиме неискажливо добрата Божја Светлина, ако не совршено, тогаш барем делумно и соодветно на својата чистота, да ја примиме. Бидејќи така ќе се соединиме со Бога и Бог ќе се соедини со нас, и на оние кои ќе ни се приближуваат ќе им бидеме светлина и сол, на нивна голема полза, во Исус Христос нашиот Господ, Кому Му доликува славата во сите векови. Амин!

SV.SIMEON.nov.Bogoslov    Свети Симеон Нов Богослов

 

13ти јуни 2022 лето Господово

 

За Преминпортал:

Дејан Блажески

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5803
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6404
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5598
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная