логоFacebookTwitterYouTubeeMail

23809564_v2.jpg

Во своите официјални препораки, Британската медицинска асоцијација им препорачува на своите 16. 000 членови, место употребата на терминот „идна мајка“, да се користи збороформата „бремен човек“, пренесува Dailymail. Оваа иницијатива предизвикала поделени реакции во Велика Британија. Некои ја поддржуваат безусловно,

Помош стигна и од самохрани мајки-Откако ја објавивме приказната за тешкиот живот на семејството Цветаноски во нашата редакција почнаа да се јавуваат граѓани кои сакаа да донираат и парични средства, но и храна и облека за децата.-   Голема помош стигна и од дијаспората. Добивме повик од редакцијата на порталот „Преминпортал“ кои не известија дека нивна соработничка од САД, која често им помага на сиромашни, сака да се вклучи во донаторската акција.

Научниците, кои што го истражуваат местото на Христовото погребение во храмот на Гробот Господов во Ерусалим, се соочуваат со ретка околност: необјасниви електромагнетни пречки ја нарушуваат работата на некои мерни уреди поставени околу Гробот Господов. Имено, уредите почнале да работат со прекин или целосно се расипале. Истражувачите, кои се очевидци на овие појави, претпоставуваат дека инструментите биле погодени од силно електромагнетно зрачење.


28 Октомври, Петок, 11 часот, Салата во Бест Вестерн Хотел, Скопје

Почитувани,
Здружението на граѓани за ретки болести Живот со Предизвици организира тркалезна маса на тема ретките ракови во Македонија на 28 октомври, петок, во 11.00 часот во салата на хотел Бест Вестерн Скопје.

 

Оваа активност се одржува со цел подигнување на институционалната и јавната свест во однос на недостапноста на терапијата за пациентите со ретки ракови за кои во моментот не се набавува терапија ниту преку ФЗОМ ниту преку програмата за ретки болести на Министерство за Здравство, ниту преку клиниките за онкологија и хематологија.


Еден од тие ретки ракови е Миелодиспластичниот синдром и сега во октомври се одбележува денот на МДС. Еден пациент со МДС е веќе на терапија преку донација и уште еден добиваше донација на кратко за да се стабилизира пред да почне трансплантација на коскена срцевина. Има различни типови на МДС и тие спаѓаат во групата на ретки болести и за истите постојат таканаречени орфан лекови или лекови сираци. За жал не располагаме со точни информации за бројот на пациенти на кои им е потребна терапија, поради различната класификација на МДС, но веројатноста е дека се околу десетина на кои им е потребна иновативна терапија која ќе го запре прогресот на болеста и ќе го подобри квалитетот на живот на пациентите.
Воедно постојат и многу други различни ретки ракови како што се и: мултипен миелом, малигнен миелом, гастронитестинални стромални тумори, гастроентереопатски невроендоркини тумори, акутна миеломна леукемија, ангиосаркома, неуробластома и многу други кои дел се и објавени како ретки во програмата за ретки болести уште во 2009та година, но до денес не се вклучени во Програмата за ретки болести. Сметаме дека не треба да се дискриминираат како такви и дека овие пациенти треба да ја добијат соодветната терапија, како што впрочем ја добиваат и во нашите соседни земји Бугарија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, а и Србија започнува со набавка на иновативни лекови за рак.
Изјава – Весна Алексовска, Претседател на Живот со Предизвици
„Ретките болести долго време беа невидливи во Македонија. Од 2015 со започнувањето на регистарот и зголемувањето на финансиите во програмата за ретки болести, конечно над 13 дијагнози односно над 150 пациенти добија лекови. Овие пациенти до тогаш не добиваа никакви лекови, односно беа оставени сами на себе. За жал пациентите со ретки ракови кои се на клиниката за хематологија и на клиниката за онкологија се уште не ги добиваат потребните лекови. Како здружение на пациенти сметаме дека со ова е направена дискриминација кон овие пациенти затоа што тие се соочуваат со ретки болести и треба да им се обезбедат потребните лекови кои ќе им го продолжат животот, а ќе им го подобрат и квалитетот на живот. Една од тие ретки ракови е и Миелодиспластичниот Синдром кој се одбележува токму во месец октомври и за кој изработивме и брошура за помош на пациентите кои се соочуваат со оваа болест. Еден пациент од Македонија со МДС ја прима потребната терапија преку донација. Сметаме дека терапија треба да се обезбеди за сите пациенти со ретки ракови кои се регистрирани во клиниките. За жал не располагаме со точни бројки во моментот, но дијагнозите се ретки и се наоѓаат на листата на Орфанет, што моментално е еден критеруим за набавка на лекови преку програмата за ретки болести. Критериумот пак до 20 пациенти од дијагноза е дискриминирачки, и како здружение и како алијанса за ретки болести реагиравме на бројката 20 затоа што се плашиме дека истата е доста ограничувачка и не се знае што ќе се случи кога од некоја болест ќе се регистрира дваесет и првиот пациент. Апелираме програмата за ретки болести да се зголеми финансиски дополнително, односно колку што беше ветено на почеток (дупло од сегашниот износ 3 милиони евра), за да може што повеќе пациенти да ги добијат потребните лекови. Иновативните лекови кои се користат во светот, треба да се користат и во Македонија за да им се продолжи и подобри животот на пациентите.“
Изјава  на пациент со Миелодиспластичен синдром – Драги Лозевски
Од месец септември се осетив без снага и без кондиција, после сите тестирања ми се потврди дијагнозата во ноември за металобластна анемија. Бев во тешка финансиска ситуација и во неможност да ги купувам потребните лекови. За среќа преку докторката Ирина од хематологија на која искрено и се заблагодарувам за заложбите и неа и на медицинските сестри и сите од клиниката за хематологија, добив терапија преку донација од компанијата Целгене. После терапијата се чувствувам прекрасно и можам и да работам и да поминувам време со семејството, да правам се што правев и пред болеста. Морам да кажам дека е важно на сите пациенти да им е достапна иновативна терапија за да можат да имаат квалитетен живот за да може да им се продолжи животот. Нема семејство што би можело да си дозволи само да обезбеди терапија. Финансиски е ужасно тешко.
Изјава – Биба Додева, Претседател на АПО
"Во ова предизборно време, на граѓаните многу повеќе од слогани.  Затоа јавно ги повикувам сите јавни институции, сегашните и идни власти, сегашни и идни здравствени менаџери, ги повикувам политичарите и сите оние од кои ни зависи здравјето, ракот да го стават како приоритет во здравствените програми и да ја разберат важноста од ИТНО  имплементирање на Национална стратегија за контрола на ракот во Македонија која ќе овозможи и ќе поотикне заедничко детектирање  на проблемите и еден сеопфатен пристап за надминување и решавање на истите. "
Изјава - Давор Дубока, Извршен директор на Националната Организација за Ретки Болести на Србија
Сакам да ја истакнам важноста на тоа што во последно време се случува во Србија, односно ФЗО веќе е во преговори со фармацевтските компании за да се направи приоритетна листа на иновативни лекови кои ќе се обезбедуваат преку посебен фонд со цел да им се помогне на пациентите кои се соочуваат со тешки болести, не само со рети болести, туку и со рак и со други болести за кои е потребна иновативна терапија. Во Србија сите здруженија се обединивме во барањата за иновативни лекови и конечно добивме разбирање од институциите за потребите на пациентите. Се надеваме дека оваа листа и натаму ќе се зголемува и ќе им се излезе во пресрет на повеќе пациенти. За сега ќе се набават околу 20 нови лекови преку листата на приоритетни иновативни лекови.
Изјава - Борислав Ѓуриќ, Претседател на здружението за ретки болести на Босна и ХерцеговинаБосна и Херцеговина за жал е во лоша политичка состојба поради сите проблеми со кои се соочувавме и се соочуваме се уште. Поделбата на кантони е доста комплицирана и во некои региони состојбата со лекови е многу добра додека во други пак е очајна. Македонија има многу поедноставен политички систем и навистина е несфатливо зошто се уште не се наоѓа решение за пациентите со рак. Јас лично сметам дека е буквално убиство да не се обезбеди лек за некој пациент со кој би му се спасил животот. Не е убиство само да убиеш некој. Здравјето е основно човеково право и не смее да му биде ускратено на ниту еден граѓанин. Сите држави во регионот правата напори за подобрување на квалитетот на животот на пациентите, сите здруженија соработуваме и се поддржуваме регионално и нема да се откажеме од основното човеково право на живот – од здравјето. Соработуваме со институции со медиуми.. .. еден по еден сме можеби малку, но заедно сме многу, заедно нашиот глас е посилен и стигнува далеку.

 


За дополнителни информации слободно контактирајте нè,
Искрено,
Весна Алексовска,
Претседател на Здружението на граѓани за
ретки болести Живот со Предизвици
Тел: 070 705 446
Е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.Настанот се реализира во соработка со:
Алијанса на Пациентски Организации - АПОЦелокупниот настан е поддржан од: Гензиме - Санофи Авентис, Целгене Интернационал, Рош Македонија, Биомарин, Фајзер, Новартис
 Информации за здружението ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ:Веб страна: http://challenges.mk/
Фесјбук страна: https://www.facebook.com/LifeWithChallengesi
Фејсбук група: https://www.facebook.com/groups/312483895490987/

04 / 17 октомври 2016 лето Господово

 

Во неделата во Париз беше одржан марш против еднополовите „бракови“, на кој учество зедоа повеќе од 200 илјади луѓе. Учесниците во акцијата повикаа на укинување на законот кој им дозволува на сексуалните малцинства да стапат во брак, а исто така се изјаснија и против можноста, на ЛГБТ заедниците да им биде дозволено Ин-Витро оплодување и сурогат мајчинство.  

Учесниците се надеваат да издејствуваат во својата земја дискусија на темата семејство, и тоа пред претседателските избори, коишто би требало да се одржат за половина година.

Извор: Седмица.ру

Преземено од: Бигорски манастир

kanada1

19 август: Уселисмо се у нашу нову куќу у Торонто. Сви смо среќни и узбудени. Овдека е такој убаво. Пуно паркови и зеленило. Може да замислу како ќе биде зимуске. Одвај чекам да падне снег и да ги покрие овија паркови и ридчиња, па да се санкамо и гаѓамо с’с топке. Колко ќе биде убаво. 

14 октомври: Канада. Тој е најубава земља на свет. Листови почнасва да се сушив и боив у најразличити нијансе на жуто, црвено и помаранџасто. Вози се на север од Торонто и виде елени. Толку су убави. Тој су најубави животни на свет. Овдека ми изгледа како у рај. Много гу сакам Канаду.

11 новембар: Thanksgiving day (Канадски државан празник). Лов на елени само што не е почнаја. Не могу да замислу некој да може да убие такву питому животињу. Надам се дека брзо ќе падне снег. Веќ куписмо санку и скије. Само још снег ни фали. Такој е убаво овдека.

2 децембар: Синоќа падна и прв снег. Сабајле к’д стана све беше покриено с’с бел покривач. Све изгледа како на разгледнице. Искочимо надвор, очистимо да снег пред куќу и после се гаѓасмо с’с топке (ја победи). К’д пројде машина за чистење на снег, нафрља малко снег у двор, па искочисмо поново да га очистимо излаз на улицу. Колко е убава Канада. Много гу сакам.

12 децембар: Синоќа па пада снег. Одсабајле закасни на работу, зашто немога да га истерам авто на улицу. Све беше завеано. Овдека е стварно много убаво, само малко сам уморан од чистење снег. Д’нска цело попладне чисти. Деца имале за домашно, а жена прави ручак. Испушти си гу моју емисију на ТВ. Еве гу па машина за чистење снег. Не могу, уморан сам. Одсабајле ќе очисту.

22 децембар: Овој бело срање па пада синоќа. Од чистење снег доби жуљеви, а и грб ме боли. Ов`ј мајмун с`с машину како да седи поза ќоше и чека. Чим падне снег и ја га очисту, те ти га одма доваѓа и нафрља га снег назад у двор. Покварењак.

25 децембар: Среќан леден Божиќ. Бело срање пада ли пада. А ако случајно га виду онога што вози машину за чистење снег, ќе ме запамти. А и овија што посипуев сол, што не стављав повише па побрзо да се стопи, него штедив.

27 децембар: Овој јоште пада. Три д`на не сам искочија надвор, едино к`д чисту снег. Нигде не идемо. Све е затрупано с`с снег. Пред куќу брдо од снег. А и доста е ладно. Викав дека вечер ќе биде -35, а и снег ќе пада. Нафркале смо га.28 децембар: Прогноза беше погрешна. Наместо 5 сантиметра, падна пола метар. Ако овакој продужи, ќе не затрупа па неможемо да видимо сл`нце ч`к до лето. Скије што ги купи ќе ги замену на пролет с`с скије за воду. Нема ништо од скијање овдека. Он`ј с`с машину дојде куде мене да тражи лопату, зашто машина за чистење снег му се заглавила. Кажа му дека дос`га сам скршија 3 лопати чистејќи га т`ј његов снег, а и овуј не го жалу да гу скршу од његову главу. Избега како попарен. Нема т`ј више да проваѓа у нашу улицу.

4 јануари: Најпосле искочи од куќу. Отиде до продавницу да купу нешто за едење, и на враќање удари с`с кола у еднога елена. Три иљаде долара штета. Мајку им еленску, куде нашле с`га у сред зиму да се шетав. Море треба све да ги испотепав. Куде су тија ловци што су работале у есен? Овој га има само у Канаду. Куде нас ни куче нема да видиш зимуске, а камоли елен да се шета. Еј, куде сам ја дошија.

3 мај: Д`н`ска га одвезе авто куде механичара. Просто да не веруеш колко за’рѓало од т`ј сол што с`с камиони га фрљав по улице. Не им се чисти снег па сипи сол. Ќе треба да даду још две иљаде за да га спрему авто за другу зиму и јоште сол.

10 мај: К`д собра све на све, паре, мука, здравје, нервоза, реши да се селимо и да идемо на Флориду. Тамо ќе се скијамо, ама на воду. Не могу да замислу како нормалан човек може да живи овдека.

А на разгледнице све беше убаво…

Извор:http://www.brif.mk/dnevnik-na-kumanovets-vo-kanada/

Избор од фејсбук страната на о.Горан Стојчевски

професор

Професорот почнал да пишува на табла и по пишување на првата равенка, која беше погрешна, една девојка во класот почнала да се смее. Но не го очекувала она што следело подоцна.

Професорот го напишал следново: 9 x 1 = 7

248176.p.jpg

29 септември 2016 лето Господово

Министерката за образование и наука на Русија, Олга Василева, изјави дека односите помеѓу родителите и училиштата ќе бидат утврдени според прописи, а не според принципот „укажување на услуга“. „Секој треба да разбере дека работењето на учителот не е давање на услуга. Јас ќе ви забранам да го користите зборот ’услуга‘“, изјави Министерката.


Учител, свештеник и лекар – тоа е особено важна дејност. „Ние не даваме никакви услуги. Ние само воспитуваме и обучуваме“. Министерката додаде и дека на учителите треба да им е јасно дека се повикани на една особено важна мисија и особено важно служење,  и затоа тие треба да формираат едно здраво морално јадро.


Според нејзините зборови потребно е „во најкраток можен рок, во секоја организација да се воведе регламент за односите на училиштето со родителите“. Во тој регламент, јасно треба да бидат наведени барањата на „родителите и семејствата до училиштето, и на училиштето до родителите“.

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир

мајка

Секое утро избирај да кажуваш животворни зборови. Одлучи вечерва да бидеш давател на животот во средно училиште. Биди позната по твојата нежност и сочувство. Користи го твојот живот за да дадеш живот на светот на кој очајно му е потребен. Никогаш, никогаш нема да зажалиш ако избереш добрина“.

Од Рускиот центар при УКИМ известуваат дека идејата е да им се даде можност на сите оние што се заинтересирани за изучување на рускиот јазик да можат да го сторат тоа сосема бесплатно. Пријавата треба да се достави најдоцна до 5 септември 2016 година на и-мејлот: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или на адресата на Руски центар: булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов’’ бр.28, локал 27, трети кат.

 

Денес повторно сме сведоци на бран на вести за брутално насилни убиства кои се случуваат во семејството, на улица, помеѓу врсниците. Но, ние сме толку отупени и толку преплавени со насилство и лудило од различен тип што сето тоа поминува и се заборава после само неколку дена. А монструозните случаи се менуваат како на трака. Најлошо е тоа што толку брутални убиства повеќе не се некоја посебна тема со која би требало да се занимаваат општеството,  политичарите, институциите или медиумите. Ретки се и медиумите кои реагираат на овој најнов бран и бараат мислење од експертите, со кои би кажале дека сме на многу опасен пат.

Уште еден доказ за нашето прилагодување на ненормалноста е фактот што станаа тивки и последните гласови кои апелираа на сузбивање, ако не и укинување на реалити шоуата. „Фарма“ и „Парови“ станаа регуларен дел од животот на еден просечен гледач, а до неодамна беше и „Големиот брат“ затоа што тие се програми со највисока гледаност.

Што се овие програми? Станува збор за форми кои промовираат најпримитивно, инстинктивно однесување и по правило се базираат на вербално и физичко насилство од една страна и секс од различни видови на друга страна. Но за ваквите лабораториски програми врз основа на принципите на експерименталната психологија се однесува класичното правило дека границите постојано треба да се поместуваат и тоа со се` поголема брзина. Кога овие програми започнаа, големо случување беше прикажувањето на првите индикации за сексуален однос. Само неколку години подоцна беше прикажан сексот уште при првата или втората ноќ на емитување. Потоа на гледачите им беше овозможено да видат се` повеќе, па се воведе менување на партнери, хомосексуални одноци, групен секс итн. Насилството исто така мора да ескалира, па освен правилата да се внесува алкохол, навредите од сите видови мораат да бидат се` полоши, а тепањето стана очекувана содржина на програмата.

Освен пропаднатите естрадни ѕвезди желни за внимание или подигнување на нивната атрактивност, за што подоцна се обидуваат да наплатат со поголема цена за своите настапи и очигледно болните луѓе, сега основата на програмата ја сочинуваат таканаречените старлети што е ефуемизам за проститутки кои телевизиите очигледно ги плаќаат за секс пред камерите, а со тоа тие исто така ја подигнуваат нивната цена за извршување на најстариот занает кога ќе излезат надвор. Врвот е секако доведувањето на криминалците, па се вративме на тоа моделите и идолите на децата да се криминалци и проститутки. Неодамна имавме можност на насловната страна на еден магазин да ги видеме децата од основно училиште како земаат автограм од Кристијан. Тој својот престој во „Фарма го искористи за да ги митологизира своите криминални активности.

Не смееме да ја заборавиме ниту улогата на политичарите.

Бруталноста, примитивизмот и насилството на овие програми не може да не се пренесе на улица. Оној кој го овозможува овој постојан ментален криминал, директно произведува и носи насилство, болести и зло во општеството. Најлошо од се` е тоа што сето ова е нелегално. Само погледнете го Законот за радиодифузија, односно неговиот член 19 кој зборува за заштита на малолетните лица и член 68 со кој се пропишува општа обврска на телевизиите во однос на програмските содржини. Туака е пропишано дека телевизиите мораат да емитуваат содржини кои придонесуваат за зголемување на севкупната култура и свесноста на граѓаните (точка 4), како и да не емитуваат програми чии содржини може да наштетат врз физичкиот, менталниот или моралниот развој на децата и младите или да не се емитуваат програми кои поддржуваат и нагласуваа насилство и други форми на криминално однесување (точка 5 и 6). Покрај тоа, постои и Кодекс за однесување на телевизиите врз чија основа ќе биде лесно да се укинат овие програми или за почеток да се префрлат после полноќ.

Повеќето институции во регионот со години не си ја работат работата и не го применуваат законот. На кој ќе му падне на памет да ги опомени газдите на моќните медиуми во регионот да земаат дозволи, кога се знае дека тоа се моќни влијателни луѓе во оваа земја? А реалити програмите им се најголемиот извор на приходи.Жртвите на ваквата констелација на односи во која тие заработуваат ширејќи болести и насилство, а институциите не ја работат својата работа, сме сите ние. А особено нашите деца... 

Автор: Миша Чурковиќ / Политика.рс

 

Преземено од: http://www.fakulteti.mk/news/16-03-13/idoli_na_nashite_deca_se_kriminalci_i_prostitutki.aspx

 

 

15.08.2016 год.

 

 

Sv._Kiril

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени вредни икони поврзани со ликот и делото на свети Климент, копии од фрески од повеќе цркви и манастири во Македонија, како и фотографии од објекти во кои се изложени моштите на охридскиот заштитник ...

И годинава, по 48. пат, Република Македонија ќе го чествува Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј. По тој повод, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“, во Понтификалниот универзитет „Урбанијана“ на 23 мај во 18 часот ќе биде отворена изложбата „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“ на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Охрид. Со изложбата, која е во духот на големиот празник, Република Македонија  го одбележува и значајниот јубилеј 1100 години од упокојувањето на светителот Климент.

Во рамките на изложбата ќе бидат претставени вредни икони поврзани со ликот и делото на свети Климент, копии од фрески од повеќе цркви и манастири во Македонија, како и фотографии од објекти во кои се изложени моштите на охридскиот заштитник.

За изложбата е изработен и двојазичен каталог со пригоден текст за св. Климент Охридски и неговото значење за македонскиот народ, како и за неговите ликовни претстави во Македонија и на балканските простори.

 Како дел од културната програма, во истиот простор концерт ќе одржи реномираниот македонски гитарист Дарко Багески, кој ќе исполни композиции од македонски и од странски автори.

Во текот на изминатите години, во рамките на традиционалното чествување на делото на светите браќа Кирил и Методиј во Рим,  со поддршка од Министерството за култура беа претставени вредни изложби, меѓу кои: „Македонски бронзи“, „Антички теракотни фигурини од Македонија“, архивската изложба „Македонија низ вековите“, „Словенски ракописи од Македонија од 13 до 19 век“ кои беа презентирани во престижните Ватикански музеи, изложбата на „Македонска резба“ која беше поставена во монументалниот простор на  комплексот Виторијано во Рим.

Во оваа смисла, со годинашната изложба на Заводот и музеј од Охрид насловена „Св. Климент Охридски и неговите претстави во ликовната уметност“, Република Македонија  го продолжува континуитетот во претставувањето на високите вредности на македонското културно наследство и творештво пред европската и светската јавност.

Извор: Министерство за култура на РМ

НАЈДОБРИТЕ МИСЛИ ОД СОКРАТ

Сократ бил класичен грчки филозоф познат како еден од основачите на западната филозофија. Тој бил добро познат писател кој го менторирал Платон. Сократ станал познат по неговиот придонес во областа на логиката и етиката, а бил фасциниран од човечкиот ум и неговата моќ над физичкото тело.

Тој верувал дека филозофијата треба да се постигне со практични резултати за поголема благосостојба на општеството. Исто така, тој верувал дека човечкиот избор е мотивиран од желбата за среќа, а ова може да се постигне само со вистинско спознавање на самите себеси - со тоа е поголема можноста да направиме избори кои ќе ни ја донесат вечната среќа што ја сакаме.

1.    Мудроста започнува во чудо.
2.    Запознај се себеси.
3.    Оној кој сака да го помести светот, прво треба да се помести себеси.
4.    Начинот на кој може да добиете добра репутација е да се стремите да бидете онака како што сакате да изгледате.
5.    Лесно може да му се прости на дете кое се плаши од темнина; вистинска трагедија во животот е кога луѓето се плашат од светлината.
6.    Видете, тајната во среќата не може да се најде во барањето што повеќе, туку во развивањето на капацитетот да уживате во помалку.
7.    Не е важно само живеењето, туку и правилното живеење.
8.    За да се пронајдете себеси, мислете за себеси.
9.    Тајната на промената е да ја фокусирате целата енергија не на борбата со старото, туку на градењето на новото.
10.    Лажните зборови не се само лошо за самите себеси, туку и тие ја заразуваат душата со зло.
11.    Не можам никого да научам нешто. можам само да ги натерам да размислуваат.

Македонскиот тим успеа да го освои првото место на глобалниот натпревар НАСА спеј ап челинџ.

Според резултатите нашиот тим со 48.195 гласови убедливо водеше пред останатите тимови. Сега на ред е официјална верификација на резултатите од НАСА.

Откако и официјално ќе се потврди, тројцата средношколци Филип Макрадули, Костадин Лазаров и Филип Димитровски како и студентот Дарко Тодоровски ќе отпатуваат во „Кенеди спејс центарот“ во Флорида, каде ќе имаат можност да го развиваат својот проект во рамки на европската програма за акцелерирање подготвена во соработка со НАСА и комерцијални компании од вселенската индустрија од САД и Велика Британија.

Исто така, ќе имаат шанса и да присуствуваат на лансирање на ракета.

Извор: http://press24.mk/bravo-makedoncite-prvoplasirani-na-nasa-natprevarot

„ Восхитена сум од еланот и енергијата која ја емитуваа студентите и личното задоволство кое го манифестираа по реализацијата на хуманитарните настани. Имено тие самостојно ги организираа и реализираа сите донации и хуманитарни активности  и инволвираа голем број на компании и индивидуaлни лица кои ги поддржаа со голем број на донации”  изјави иницијаторот на настанот доц. д-р Ежени Брзовска од Економскиот факултет – Скопјe.

1

Податоците за работата на европските банки во првите четири месеци оваа година ги предизвикаа финансиските експерти и аналитичари да постават сериозно прашање: дали европскиот банкарски систем се соочува со нова криза Дека ваквиот страв не е целосно неоснован потврдуваат и резултатите од работењето на големите европски банки.

Две банки со највисока репутација, „Deutsche Bank“ и „Credit Suisse“ изгубија во почетокот на годината 33 односно 35% од нивната вредност. пазарната вредност на „Unicredit“ се преполови, додека „Erste bank“ и „Intesa Sanpolo“ изгубија една четвртина од својата вредност.

Притоа, треба да се има на ум дека поради кризата, акциите на овие банки уште минатата година изгубиле на вредност. На пример, стрмниот пад на вредноста на италијанските банки започна во 2015 година, кога европската централна банка побара да се рашират информациите за бројот и големината на издадените нефункционални кредити.

Швајцарската банка „UBS“, една од најголемите и најреномираните банкарски институции во светот, објавија дека во првите четири месеци од оваа година реализира нето профит од 707 милиони швајцарски франци, што е значително помалку во однос на приходите од минатата година во истиор период.

Оперативниот приход падна на 8.84 милијарди од минатата година на 6.83 милијарди швајцарски франци во 2016 година. Андреас Брун, аналитичар од кантонска банка во Цирих ги рангирал овие резултати како сериозен пропуст во сите важни делови на банкарскиот бизнис, додавајќи дека негативните трендови не се запрени и дека оваа година ќе биде уште полоша. Сепак „UBS“ спаси 1.36 милијарди франци кои банката ги заработила во Азија.

Работењето со швајцарските банки, кое некогаш било најсигурно за сите светски богаташи, стана крајно сомнително. Поради рекордно ниските камати, од 0 до 1.5%, повеќе не се исплаќа да се држат парите во банките. Дополнителен проблем е тоа што се` почесто банките даваат и негативни камати што значи дека им наплатуваат на штедачите за чување на парите.

Поради тешката состојба на банкарскиот сектор во Италија, владата во Рим го воспостави фондот Атланта кој треба да обезбеди помош во рекапитализација на малите, послаби банки. Владата тврди дека Фондот, во сопственост на приватни финансиски институции, ќе помага и на банките ќе им дава пари за полесно да ја пребродат кризата.

Фондот Атланта овие денови презедоа 92% од акциите на „Banca Popolare di Vicenza“ после што акционерите и штедачите од банките извлекле милиијарди и пол евра во готовина. Акционерите и депонентите ги фати паника, и е најавено дека Атланта ќе ги преземе сите акции на берзата за кои нема да се пронајде купувач. Така фондот Атланта ќе стекне сопственост над 99.33% од капиталот на банките.

 
Иако владата во Рим тврди дека фондот ќе спречи колапс на малите банки, мал број луѓе веруваат во тоа: се проценува дека на италијанскиот банкарски сектор ќе му биде потребна „инекција“ од 300 милијарди евра за да го реши проблемот на лошите и нефункционалните кредити. Не е чудно што Џозеф Оугхоурлиан, ко-основач на „Amber Capital“ изјави дека проблемите продолжуваат и дека 2016 година ќе биде тешка за многу европски банки.

Стефан Проспери, извршен директор на „Kairos Investment Management“ исто така е доста песимистичен во врска со состојбата во италијанскиот банкарски сектор: тврди дека овој пазар е меѓу најлошите во Европа и дека не е време за долгорочен бизнис во земјата.

Од проблемот не се лишени ниту британските банки. „HSBC“ банката, најголемата финансиска и банкарска институција во светот, со седиште во Лондон, со 85.000 вработени, најави отпуштање на 20.000 работници. „Barclays“ банката која исто така работи во Лондон, објави дека ќе намали 1.000 работни места.

Меѓутоа, британскиот банкарски сектор наскоро може да го очекува катастрофа. Ако Англичаните на референдум одлучат нивната земја да излезе од Европска Унија, во тој случај, еспертите предвидуваат дека Велика Британија ќе остане без 100.000 работни места во финансискиот сектор. Само „Deutsche Bank“ во Англија има повеќе од 9.000 вработени.

Оваа криза е резултат на ниската цена на нафтата, ниските каматни стапки, лошите кредити, вкупната економска криза и ароганцијата на финансиските олигарси кои владеат не само со судбината на поединци и компании, туку и со целата светска економија.

Извор: http://www.fakulteti.mk/news/16-05-06/zoshto_najgolemite_evropski_banki_naednash_imaat_gigantski_zagubi.aspx

Отворање на Nasa Space Apps Challenge Macedonia 2016



Од денеска до 24 април во просториите на „Њу менс бизнис акселераторот“ по четврти пат ќе се одржи „Спејс апс челинџ“ натпреварот на НАСА.
Оваа година, на настанот ќе учествуваат 120 учесници, кои во наредните 48 часа треба да работат на предизвици поставени од НАСА.
- „Македонија по четврти пат се вклучува во натпреварот и можеме да кажеме дека резултатите се одлични. Интернационалниот карактер зборува за добрата подлога која ја направивме во Македонија, дека македонските студенти имаат потенцијал и капацитет за да го докажат својот талент на светско ниво.“ – изјави министерката Марта Арсовска Томовска.
Годинава темите се поинакви од оние досега, а идеите со кои ќе се конкурира треба да бидат конкретни и за одредена проблематика. Тимовите ќе работат на предизвици поврзани со аеронаутика, планетата Земја, вселенски станици, пат до Марс, соларен систем и вселенска технологија.
- „Оваа година, „Њуменс бизнис акцелератор“ е организатор на натпреварот и во Силиконската долина, а се вклучува како ко-организатор во Сан Франциско и Лос Анџелес, со што на учесниците од Македонија им се овозможува да соработуваат и да креираат тимови заедно со учесниците од овие три локации и на тој начин да стигнат до подобри решенија на поставените предизвици“ – изјави Ивана Најдоска, претставник на „Њу менс бизнис акселератор“.
Овој натпревар е отворен за студенти по програмирање и дизајн, но и за оние од природните науки - биологија, хемија, физика, географија, како и за останатите општествени науки, затоа што станува збор за комплексна тематика каде што се потребни познавања од повеќе области и поседување повеќе вештини за презентација на проектот.
- „Нашите млади имаат можност да учествуваат во една конкурентна средина со млади информатичари и експерти од целиот свет. Ние како најголем факултет за информатички науки во Македонија имаме должност и обврска да ги едуцираме нашите студенти во техничките области, но и да го поттикнеме нивниот претприемачки дух.“ – изјави деканот на ФИНКИ, Иван Чорбев.
Најдобрите тимови ќе имаат можност да влезат во Европската програма за акцелерирање на проектите, која што ќе им помогне да ги реализираат своите проекти.

 


И годинава ќе се претстават најголемите домашни издавачи, но и издавачи од Србија и Албанија, како и од Шведска

28. „Саем на книгата“, кој официјално ќе биде отворен в понеделник во 19 часот, а за посетителите веќе од наредниот ден, ќе се одржува во „Метрополис арена“ од 12 до 18 април, со учество на над 70 издавачки куќи. Ќе биде понудена литература од домашни и од странски автори, белетристика, научни изданија, книги за деца, учебници, а издавачите ќе организираат и средби со автори на своите штандови, но и во Промотивниот центар во „Метрополис арена“ за каде што се најавени над 30 промоции.

„’Саемот на книга’ е една од најатрактивните саемски манифестации кој традиционално привлекува голем број публика. Изложувачите индивидуално ќе одредат попусти на книгите, кои се движат од 10 до 70 отсто, така што по достапни цени ќе може да се збогати домашната библиотека. Ќе има штандовско претставување на изданијата, многу литературни читања, дружења со автори и промоции“, рече на вчерашната прес-конференција Сања Кондарко, проект-менаџер во „Скопски саем“.

Kако и минатите години, и оваа година ќе се претстават најголемите домашни издавачи, но и издавачи од регионот како Србија и Албанија, како и Шведска со презентација на „Шведската литература за деца денес - трендови и примери“, со осврт кон „Астрид Линдгрен, Меморијалната награда“. Ќе гостува и Лена Карланд, професор на Универзитетот во Упсала. На 14 април како дополнителен настан ќе се одржи и предавање на хрватскиот писател, социолог и мотивациски говорник Бруно Шимлеша на тема „Како да се биде среќен во љубовта?“. Шимлеша е меѓу десетте најчитани хрватски автори на книги од областа на популарната психологија. (К.Р.)

Извор. Утринскивесник

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Април 07, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Збирка раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ (Faustus Runs the Plebeian Circle)-Стефан Марковски

Збирката раскази по промотивна цена е дистрибуирана и на повеќе книжевни платформи, како Barnes and Noble, Vivlio, Apple Books, Thalia, Kobo, Booktopia, Weltbild, Paagman, Ibs, Indigo и други. На македонски јазик книгата која инкорпорира 6 приказни, како…
Април 04, 2021
Aleksandar.N.sv.Haralampij

Книгата може да им помогне на децата да си го изградат идентитетот

Секоја генерација на деца има свои проблеми и затоа треба авторите да ги следат денешните деца и да знаат што тие сакаат да прочитаат. Авторите од западноевропските земји се многу похрабри и добро е што издавачите прават напори да ги преведат, но им…

Соопштени европските награди за драмски превод за 2021 година, меѓу нив три на македонски јазик

Мар 22, 2021 Литература 91
Aleksandar.N.sv.Martinijan6
Исто така, меѓу најдобрите од два други јазични комитета се најдоа и преводите на две…

Македонскиот поет Игор Крајчев е поет на неделата на престижниот британски магазин “The Poet Magazine”

Мар 22, 2021 Литература 94
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Инаку. ова застапување на македонскиот поет Игор Крајчев во британскиот магазин, доаѓа…

Истражување на Харвард: Кои луѓе се посреќни, оние со повеќе време или оние со повеќе пари?

Мар 22, 2021 Друго од култура 104
Aleksandar.N.sv.Haralampij
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат најмногу животни исполнувања повеќе…

Беседи

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

На свети Григориј Палама - Старец Георгиј Капсанис II дел

Црквата го прославува споменот на еден нов светител, светиот Николај Планас, еден прост отец, неписмен но свет, оженет свештеник од некогашна Атина. Свети Николај – по потекло од Наксос –...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ЈОВАН ЛЕСТВИЧНИК

 Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност, безаконие и неуреден живот, но честопати тие се и Божја казна за нашите гревови. Затоа, ако сакаме да се ослободиме од болеста,...

Митрополит Струмички Наум:  ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Митрополит Струмички Наум: ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦЕ, спаси нѐ!

Севкупниот Домострој на нашето спасение е дело на нашиот Бог – Света Троица, од Отецот, низ Синот, во Светиот Дух. Овој Домострој е Христоцентричен (исто како и нашиот живот во...

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Викарен Епископ Јаков Стобиски: Тајната на Крстот

Во животот неизбежно ќе страдаме и ќе носиме крст, сакале или не, и ќе бидеме распнати, сакале или не, и ќе умреме на него, сакале или не, но на крстот...

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

Митрополит Струмички Наум: КРСТОПОКЛОНА НЕДЕЛА (03.04.2021)

 Во секое наше лично страдање Го препознаваме првенствено Христос и го надградуваме нашиот личносен однос со Него. Самото страдање е реално, но тоа останува во втор план, затоа што преку...

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

За втората недела на постите - (на свети Григориј Палама) - Старец Георгиј Капсанис

Но светиот Григориј имајќи го опитот на аскетите на Света Гора и на сите свети Отци на Црквата ни, се спротистави на оваа прелест, на рационализмот на западниот Варлаам, со...

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА

О.Николај Киранџиќ: НЕДЕЛА НА СВЕТИ ГРИГОРИЈ ПАЛАМА

Гревот, тоа духовно помрачување на човековата душа бил причинителот за болеста на фатениот, па затоа било потребно прво тој да се уништи. Болестите, пак, честопати се плод на нашата гревовеност,...

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Григориј Палама (27.03.2021)

Митрополит Струмички Наум: Недела на свети Григориј Палама (27.03.2021)

 Често, човек е толку фатен, т.е. парализиран од гревот, што самиот е неспособен да дојде до Христос и да побара исцеление. Во такви ситуации доаѓа до израз големото и незаменливо...

Викарен Епископ г. Јаков Стобиски: Триумфот на Православието

Викарен Епископ г. Јаков Стобиски: Триумфот на Православието

Триумфот на православната вера нема потреба да се афирмира и да се потенцира од никој од нас, особено не агресивно и наметливо, поради тоа што Православието е вистина, а вистината...

« »