логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

ДВЕ ЗЛА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ДУШКО АНДОНОВ ОД КОЧАНИ

ЈАС ТРЕБА ДА РАБОТАМ И ДА ГИ ХРАНАМ ДЕЦАТА, А НЕ ДА БОЛЕДУВАМ

Милена Атанасоска - Манасиева

Здравјето никој не го цени додека не дојде болеста е позната изрека која најдобро ја опишува состојбата во која се наоѓа седумчленото семејство Андонови од Кочани. Болеста на Душко (42), со која се бори веќе две години им ја „изела“ сета заштеда, а и ги заглавила во огромни долгови кои не можат да ги покријат со скромната заработувачка од собирање пластични шишиња.
-    Никој не мисли што може болеста да ти направи. Ние пред да се разболе Душко, не сме имале многу, ама не сме трпеле за леб. Сме ја средиле колку толку куќата, тој целиот живот работеше низ конфекциите во градов, а и сопругот имаше работа. Сега, дали да се грижиме за Душко, или да одиме да спечалиме нешто за храна. Нема полоша судбина од болест на некој член на семејството - со овие зборови и со солзи во очите, во скромниот дом нѐ пречека мајката на Душко, шеесет и петгодишната Зора.

Леукемијата му ја откриле на систематски преглед

Живеат во Кочани, во населба која важи за област каде што поголем дел од жителите се социјално загрозени семејства. Немаштијата и тешкиот живот не само што се гледа кога зачекорувате на улицата, туку ја чувствувате и во очите на изнемоштените и предвреме остарени лица кои љубопитно нѐ стрелаат. Такви се и лицата на Зора и на нејзиниот син Душко. Тој од борбата со тешката болест, леукемијата, а таа од немаштијата со која се бори секој ден.

Зора заедно со сопругот Цоне (63) секој ден по повеќе од 12 часа се низ улиците во Кочани каде собираат пластични шишиња за да преживеат. Зора и Цоне немаат право на пензија бидејќи немаат стаж. Цоне има само десет години стаж, но откако бил прогласен за технолошки вишок пред многу години во една фабрика, никогаш не нашол стабилна работа. Со Зора секој ден и на дожд и на сонце и на ветер и ладно собираат пластични шишиња.

Душко има три деца, синовите Лазе (7), Зоран (15) и Стојан (18), а сопругата Латинка исто така не може да најде постојана работа бидејќи мора да се грижи за него.
-    Имам леукемија со која се борам две години. Ми ја открија случајно, на систематски преглед во конфекцијата. Беше неверојатен шок за мене бидејќи освен чести главоболки немав некои посериозни симптоми. Ми пресадија коскена срцевина од сестра ми, за среќа бевме компатибилни, поминав хемотерапии. Но, тоа финансиски не исцрпе. Латинка мораше да се грижи за мене и неможе да најде стабилна работа. Кој ќе ја вработи ако неможе секој ден да се појави на работното место. Мене едно утро ми е добро, друго не можам да станам од кревет. Оваа недела почна со работа во една конфекција, не знам колку ќе трае ова - вели Душко.

Поради неговата болест тој не може да оди на работа, мора да е на здрава и течна исхрана и под постојан лекарски надзор. Грижата за неговото здравје го исцрпува ова семејство, пред сѐ од финансиски аспект.
-    Со сопругот собираме пластични шишиња, но сумата што може да се добие е смешна, едвај 100 до 150 денари, за цел ден. Има исто така и многу собирачи на пластични шишиња во градот, па некогаш и овие пари не успеваме да ги заработиме. Едвај имаме за скромен ручек и леб, а за здрвата храна што треба да ја јаде Душко да не правиме муабет - вели Зора.

Дедо Цене не го запознавме бидејќи тој не може да си дозволи ден за одмор. Секој ден, и сабота и недела, тој собира пластика низ кочанските улици.

Ги израдува донација од Македонка од САД

Седумчленото семејство живее во две соби, во едната е Зора со Цоне, а во другата Душко со семејството. Скромно ја уредиле, но е чисто. До пред неколку дена немаа електричен шпорет и перална за алишта. Со донацијата од Македонка од САД, соработничка на редакцијата на „Премин портал“, на семејството Андонови им однесовме електричен шпорет, перална за алишта, пакети со храна и хигиенски средства и донација од облека од граѓани.
-    Кога ни ја донесоа пералната и шпоретот не им верував на очите, плачев. Некој тукутака да ти даде нешто. Никој не ми дал нешто во животот. Благодарност огромна до госпоѓата што ни донира, тоа што не сака ни името да ѝ се каже значи дека ова го прави од срце и душа - вели Душко.

Најмалото синче Лазе, кој е второодделенец, ни раскажа дека сака да оди на училиште бидејќи таму има многу другарчиња.
-    Најсреќен сум на училиште, но и тука на нашата улица има многу деца, па попладне сум со нив. Мама најмногу ме тера да учам - искрено ни одговори Лазе.

Средниот син на Душко и Латинка завршува деветто одделение, а најстариот е во средно училиште.
-    Тој би работел исто така, ама мора да учи. Вели дека кога ќе заврши, веднаш ќе најде работа за да му помогне на татко му. Ние не сакаме да живееме од донации, сакаме да ни се даде шанса да работиме - вели баба Зора.

Оваа фамилија нема никаква помош како социјално загрозено семејство. Се обиделе да добијат помош од Центарот за социјална работа во Кочани, но не успеале. Душко, единствено сонува повторно да биде здрав и да можеда работи.
-    Се нервирам што немам снага да помогнам кога најмногу треба. Јас треба да работам сега, а не да боледувам. Но, не знаеш што ти носи животот. Затоа на сите им велам дека не знаете што значи здравјето додека не го изгубите - завршува тажно Душко.

Неговата мајка нѐ испрати со најубави зборови, вети дека за Велигден ќе ги вапса најубавите црвени јајца и ќе се моли за подобри денови.


ПОТРЕБНА Е СИСТЕМСКА ПОМОШ ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ СЛУЧАИ

Розета Арсова е хуманистка од Кочани и нивна сосетка, која се труди да им помогне секој ден. Од вадење документи, помош за болничкото лекување на Душко, до јавување во хуманитарни организации и граѓани.
-    Има многу семејства во Кочани што живеат на работ на сиромаштијата. Секако дека добредојдена е помош во донации и слично, но ова се семејства на кои им е потребна системска помош, дали помош за вработување, социјална помош слично. Конкретно, Андонови, кои се едни од најскромните семејства што сум ги запознала бараат работа. Тоа нив може да ги спаси од кризата во која се нашле поради болест на член на семејството - вели Арсова.

Извор:

Дневник



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Октомври 23, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Поезија од Стефан Марковски застапена во меѓународна антологија на шпански јазик

„Преминот на поетските гласови бара прекугранични и меѓугенерациски средби и точки на дијалог. Тематските определби на песните почиваат врз различните емоционални, општествени, политички и интерперсонални набои на авторите; човечкото дистанцирање и поезијата…
Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »