логоFacebookTwitterYouTubeeMail


 Скопје креатива - Поинаква творечка урбана приказна

„Скопје – мојот град!“ е мотото на четвртиот Фестивал за креативни индустрии „Скопје Креатива 2015“, што од 16 до 20 септември, се одржува во Спортско-рекреативниот центар „Плаја Виста“. Во рамките на актуелното издание на оваа веќе меѓународна манифестација предвидено е да се одржат над 60 активности од сите креативни сектори - изложби, презентации, работилници, проекции, перформанси и сето тоа збогатено со одлична музичка програма.



Четвртиот Фестивал за креативни индустрии подразбира - работилници на македонските креативци Марија Ветеровска, Ласко Џуроски, маркетинг агенцијата Меккен, Сивус, Пакомат, претставување на оригиналниот проект за интервенции во јавен простор „Облици и форми“ од Полска. Потем и оној на еден од најголемите таленти во областа на дизајнот Јан Бајтлик, како и на регионалните лидери во оваа област и маркетингот Борут Вилд, Марко Миладиновиќ и Драган Варагиќ.
Идејата на „Скопје Креатива“ е да се наметне како единствен фестивал за креативни индустрии во Македонија кој што го става Скопје на картата на сите европски фестивали од тој ранг.
Лазе Трипков, програмски директор на Фестивалот Скопје колектива.

Згора на тоа, дури 11 изложби, меѓу кои онаа на престижната њујоршка Школа за визуелни уметности со дела од творци како Стефан Загмајстер, Мирко Илиќ и Милтон Глејзер, а потем постановката на логоа на нашиот Костадин Танчев Динка. Тука е и самосвојната понуда на Институтот за мода на Изет Цури и изложбата на инстаграм фотографии на Скопје. И уште увид во проектите како „Недела на архитектурата – Тирана“, „Паквити“ од Белград, оние на македонските „Творница“, „Доминиум“, прочуената Полска школа на анимација и ОХО продукција,Стрип и така уште многу нешта.

Кон ова уште информацијата дека вака телеграфски нафрлените исечоци од богатата програма на „Скопје Креатива 2015“, која, пак, овој пат се одвива под мотото „Скопје – мојот град!“, ќе бидат озвучени од енергијата на српскиот состав КАНДА, КОЏА И НЕБОЈША, Бугарите ДАЗНТ ФРОГС, нашите ПИ-ЕМ-ЏИ КОЛЕКТИВ, диџеите.
„Скопје Креатива“ полека си ја гради позицијата на проект кој што навистина е од големо значење за младите македонски креативци преку кои се обидуваме да ја понудиме одличната можност за промоција.
Тања Балаќ, раководителот на Секторот за јавни дејности на Град Скопје.

Сè заедно, ова може да биде подведено под заглавието „една сосема поинаква скопска урбана творечка приказна“.

„Идејата на „Скопје Креатива“ е да се наметне како единствен фестивал за креативни индустрии во Македонија кој што го става Скопје на картата на сите европски фестивали од тој ранг. Самиот факт дека манифестацијата успева на едно место да ги обедини бизнисот и уметноста всушност го рангира како Фестивал на урбаната градска култура каде што ќе имаат можност да се претставуваат сите млади и просперитетни дизајнери во Македонија и ним да им се понуди простор за поврзување со сите гости кои што ги очекуваме да пристигнат на ова издание на манифестацијата“, вели Лазе Трипков, програмски директор на Фестивалот.

Тања Балаќ, раководителот на Секторот за јавни дејности на Град Скопје – потписниците на организацијата на ова случување, истакнува дека од година во година „Скопје Креатива“ расне и дека тие успеале да одговорат на предизвикот што своевремено си го поставиле пред себе.

„Скопје Креатива“ полека си ја гради позицијата на проект кој што навистина е од големо значење за младите македонски креативци преку кои се обидуваме да ја понудиме одличната можност за промоција. Тоа е всушност еден од главните приоритети за нас организаторите. Оваа година ја проширивме програмата со учесници и проекти од странство што на случувањето му дава и меѓународен карактер што е исто така една од целите на која и посветуваме исклучително внимание. Затоа и ги покануваме сите заинтересирани да ни се придружат на уште еден одличен фестивал. Иднината е на страната на оние градови кои што знаат да ги искористат креативните потенцијали на своите млади талентирани сограѓани. Мисијата на „Скопје Креатива“ е да им помогне на тие млади креативци да успеат на тој пат“, вели таа.

Во редот на таквите креативци е и Газменд Ајруловски од ИНС, кои се потписници на мобилната апликација SK2GO. Тој забележува дека станува збор за нова платформа која што ќе можат да ја користат туристите за да се информираат што сè можат да посетат и видат туристите во градов било преку мобилната апликација за „паметни“ телефони кога се веќе присутни овде или, пак, пред да допатуваат во Скопје преку интернет страницата www. SK2GO.info.

„Системот работи со голем податочен сет кој што ние го изработивме. Маркирани се некаде над 2.000 точки за градот, овде зборуваме за ресторани, кафетерии, дискотеки. Тоа што е интересно е дека прв пат предлагаме дефинирани рути кои туристите можат да ги посетат при својот престој на Скопје. Сите рути се тематски распределени како „Уметничко Скопје“, „Историско Скопје“, „Скопје за пазарување“, „Ноќен живот“ итн.“, вели тој.
Љупчо Јолевски

Извор: http://www.makdenes.org/content/article/27251904.html

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 28, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Познат научник тврди дека Бог постои

Според него, оваа теорија би можела да го докаже постоењето на Бог. Изјавите ги разгориле дебатите околу оваа тематика меѓу научниците токму затоа што Каку се смета за еден од најважните научници на 21 век. Тој е еден од креаторите на револуционерната Теорија…
Септември 24, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

Цитати од Ван Гог што ќе ве инспирираат

„Рибарите знаат дека морето е опасно и бурата е страшна, но во овие опасности тие никогаш не нашле доволна причина да останат на брегот.“ „Успехот понекогаш е резултат од цела серија неуспеси.“

Беседи

Митрополит Струмички Наум:   Жената Хананејка (16.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Жената Хананејка (16.10.2021)

 Послушанието не е лесен подвиг и не е без искушенија. Затоа, до добивањето на дарот на умно-срдечната молитва тоа е аскетски подвиг, подвиг на кој се принудуваме. Духовниот отец може...

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Митрополит Пимен: ЗА Воскресението, гневот и пандемијата - „ЗБОРНИК НА КАРАНТИНСКИ БЕСЕДИ“

Та Христос не воскресна само во Ерусалим, та Христос не воскресна само во храмовите. Христос воскресна за сите, за секој и секаде. Христос воскреснува во срцето на секој еден од...

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Митрополит Струмички Наум: Сега... сакаш да имаш или да немаш?

Значи, наместо судење и осудување и самооправдување, Христос ни го покажува патот на самоукорување и самоосудување, патот напуштен од речиси сите денес; патот на смирението.Прашање е дали воопшто и можеме...

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Потсетник (06.10.2021)

Денешното апостолско четиво (Гал. 6, 3) ме потсети на малиот број „христијани“, кои поради својата внатрешна душевна расцепеност и меѓусебната поврзаност по таа основа, се однесуваат како отцепени, не само...

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Митрополит Струмички Наум: Двоедна заповед (03.10.2021 08:43)

Да не се лажеме себеси... Оној што ја има љубовта како дар на благодатта на Светиот Дух не може истовремено и да мрази. Нема тука место за обичните човечки чувства,...

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Митрополит Струмички Наум: Љубовта ќе олади (01.10.2021)

Љубовта ќе олади кај тие што ја добиваат како дар Божји во Црквата, а не ја негуваат и не ја развиваат. Љубовта ќе олади кај христијаните, кај православните. Божествена љубов...

 Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Митрополит Стумички Наум: Тајната на личниот крст (29.09.2021)

Често луѓето имаат желба да се на местото на некој друг. Сакаат да ја имаат видливата власт и славата на другиот, сакаат да ги имаат видливите пари и имот на...

 архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

архим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

 Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Митрополит Струмички Наум: Свадбена облека (25.09.2021)

Свадбена облека е подвигот на очистување на срцето од страстите во послушание. Без овој подвиг никој не може да се нарече христијанин. За монасите и свештенството свадбена облека е нешто...

« »