Светилникот на животот
– Во светилникот на твојот живот има уште многу елеј. Но доколку го скршиш, тогаш елејот ќе се разлее и светилникот ќе изгасне. Таков е и животот! Бог ни го дава тој скапоцен дар. Ние луѓето го примаме и должни сме да го чуваме, а не да го изложуваме на бесмислени опасности. Биди внимателен и внимавај на твојот светилник!


Зависта може да биде емоционална реакција, но може да биде и постојан емоционален комплекс, навика, страст. Како емоционална реакција, зависта е карактеристична за инфантилниот период од развојот на личноста, и е пропратена со невротичен комплекс на себепонизување и идеализирање на другиот. Како страст, зависта се заснова врз несоодветна проценка, градење слика за себеси, комплекс на постојано споредување со другите.
Некој ти е пријател само кога има потреба од тебе, а те напушта во денот на твојата неволја;
Некогаш во древен Египет двајца пријатели од Александрија, решиле да го обиколат светот за да најдат барем еден мудар и среќен човек. По долги и бесплодни трагања, најпосле откриле еден свет Старец, којшто живеел осамено во планината. Отшелникот им се поклонил до земјата и радосно ги примил во својот дом.
Но, Го распнале токму затоа што Он ја изобличувал нивната религиозност како лажна религиозност или, кажано со нашиот современ јазик, ги изобличил нив заради превратувањето на религијата имено во идеологија. Зашто целата смисла на конфликтот меѓу Христос и оние што Го распнале, се сведувал на едно. Он, Христос, го поставил човекот над сè друго, го направил него, и само него, предмет на љубовта, предмет на апсолутно внимание.
„Огнената река“ (The River of Fire) е една од најзначајните работи на д-р Александар Каломирос. Таа претставува остра критика на псевдохристијанската концепција на „одмаздничкиот“ Бог. Каломирос проблемот го лоцира во т.н. „Западно богословие“ со јуридичка димензија во сотириологијата, каде Бог се доживува како творец на смртта (како казна), а спасението – како избавување од неопходниот и праведен гнев Божји.
Некогаш во древен Египет двајца пријатели од Александрија, решиле да го обиколат светот за да најдат барем еден мудар и среќен човек. По долги и бесплодни трагања, најпосле откриле еден свет Старец, којшто живеел осамено во планината. Отшелникот им се поклонил до земјата и радосно ги примил во својот дом.
Од Христовото Раѓање до Христовото Воскресение се наоѓа целата смисла на животот за христијаните. Тоа ни Го јави Самиот Бог, затоа среќата не е во тоа кому ќе му се падне паричката или кој ќе го фати крстот, туку кој ќе се сретне со Христос. Причеста ни ја дава таа средба.
Секоја година во навечерието на Рождеството Христово ние го препрочитуваме родословието на Христа од Евангелието по Матеј. Секогаш сум се прашувал зошто, зошто треба да ги читаме сите тие имиња, кои немаат речиси никакво значение за нас. Понатака, сепак, започнав да ја сфаќам нивната смисла.
Она што го собрале, се топи, сè се растура. Ретко и на малкумина се случува болестите, неуспесите и сл. да им се Божјо испитување. Таквите луѓе ќе имаат чиста отплата од Бога. Во тој случај, тие подоцна обично стануваат побогати отколку што биле, како некогаш праведниот Јов. И мнозина од покојниците, чии тела остануваат нераспаднати во гробот, за време на животот извршиле некаква неправда.

И свети Тихон Задонски многу убаво ја објаснува потребата и неделивоста на телесниот и душевниот пост: ,, Постои пост телесен , постои и пост душевен. Телесен е пост кога стомакот пости од храна и пијалоци; а душевен е постот кога душата се воздржува од лоши помисли , зборови и дела...
„Нека е проклет секој,кој немарно го извршува делото на Господа“, вели пророкот Јеремија (Јер. 48, 10)... Сега е војна, духовна војна. Јас треба да бидам напред. Колку марксисти, колку масони, колку сатанисти и секакви други! Колку бесомачни, анархисти, опрелестени... Јас гледам што нè очекува и тоа ме боли. Во грлото ми е горко од човечката болка.
Не зборувај дека ѓаволот те присилува, оти тој при Второто пришествие ќе рече: "Тој и тој христијанин ме клеветеше зборувајќи дека сум го присилувал да греши, но јас не сум го присилувал туку тој сам имајќи слободна волја одлучил да направи грев!". Тогаш навистина ѓаволот ќе биде во право оти Бог го создал човекот како слободен
Ние, за жал, не размислуваме за тоа, така што минутите, деновите и годините ни поминуваат бесполезно. Но дали само бесполезно? Колку штета сме претрпеле сите ние, а најнапред јас самиот, а да тоа и не сме го приметиле! Го сфаќаме тоа еден ден, кога нашата душа се подготвува да го напушти телото.
Еве како ќе знаеш дали си жртва на неправда, на другите луѓе, на зависта, на околностите или на било што друго. Ако си вистинска жртва ќе имаш радост, голема и непоматена радост и мир во себе. Ако се гушиш во „неправдата“ која луѓето и животот ти ја нанесуваат, запамти добро, ти си жртва, но жртва на својот карактер, на својата суета, на себељубието и саможивоста.
„Негрижливиот човек е несреќен, бидејќи не знае дека живее за да стане совршен. Не знае дека е повикан во висините на славата, не знае дека е потопен во секаква благодат, подготвена да му даде секаква духовна радост, додека тој одбива да ги подигне очите и да ја види. Тој не знае дека радоста е во маките, не знае дека среќата е во напорот, дека веселбата е во ревноста, дека во трудот се слават честа и венците.























