
– Кажете ни, попе и професоре Војно-Јасенецки, како можете така навечер да се молите, а преку ден да сечете луѓе? – го прашал чекистот од фамилијата Петерс.
– Ги сечам луѓето за да ги спасувам, а вие во името на што ги сечете, господине јавен обвинител? – одговорил отец Валентин.


Таа се молела во себе, Бог да и даде здраво и право машко дете и да и даде сили за да може да го исчува. Додека таа се молела на Бога, дошол Отец Гаврил , ја потчукнал по рамото и и рекол:" Не се секирај, ќе родиш право и здраво дете". Таа на тоа се зачудила, бидејки бременоста НЕ БИЛА видлива и НИКОЈ НЕ ЗНАЕЛ дека носи дете. Кога го прашала од каде знае, тој мирно и одговорил: "Светиот Дух".
Зарем верувате дека ѓаволот е слободен? Не! Тој е најограничен, бидејќи не е во Христа… Затоа не му се плашете! Тој нема сила. Кога би знаеле само колку труд вложува Сатаната за да ја прекине нашата молитва. Најголемата грешка е да се впуштите во разговор со демонот. Ние треба да разговараме само со Бога.
"Лицемерниот, сѐ додека мисли дека не е откриен, спокоен е и молчи, задоволен е од славата што ја има пред луѓето, бидејќи им се претставува како праведен, но кога ќе го откријат каков е, тогаш почнува остро да ги прекорува другите, мислејќи на тој начин да го прикрие својот срам.
Зошто монаштвото е бунт? Затоа што тоа ги предизвикува основите на ропството и страдањето, а не на нивните атрибути. Луѓето – се робови што страдаат. Тие се бунтуваат против ропството, а од страдањето – бегаат. Но ропството умеело да ја промени формата, не менувајќи ја суштината. Страдањето го фаќа човекот без труд. Основите пак на ропството и страдањето се – самољубие, славољубие, сластољубие.
Дали ова значи дека јас повикувам сите да станат монаси? Секако не. Не само заради тоа што и јас не сум монах. Но неопходно е да се разбере, монаштвото – е бунт. Бунт, а не бегство. И тоа каков бунт, најрадикален, најнавредувачки за сесветскиот Хокус-Покус и неговите правливи кутии со кукли и седум камшици од опашки.
Немарот е налик на суша поради која не може да никне никакво растение. Гордоста им штети на принесените плодови, на оние коишто се превознесуваат, но немарот им причинува штета на сите, бидејќи им пречи и на тие што сакаат да тргнат по патот, ги запира тие што тргнале, на тие што не знаат не им дозволува да научат, на заблудените им пречи да се обратат,
Исполнувањето на етичките принципи на живеење во Бога, примени на Синајската гора од светиот пророк Мојсеј, приведува пред дверите на божествената парусија. За да го обнови паметењето на момчето, Христос ги наброи: не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татко си и мајка си, сакај ги ближните свои како себеси.
Секој пат кога ќе почнеме да се колебаме, Тој ги подава Своите раце кон нас, нѐ придржува и утврдува. Спротивно, препуштени на нашите сили, совршено би паднале. Ниту еден праведник, всушност, нема доволно сили во себе да здобие праведност. Тој постојано се колеба и секој миг е готов да падне. Затоа, милостивиот Господ го поткрепува со Својата рака.
Вие сте во Христовата Црква секогаш кога подигате човек скршен од болка, кога давате милостина на сиромашните, кога посетувате болен.
Откако ќе се случи некаква трагедија, луѓето одново прашуваат: „А каде беше вашиот Бог? Зошто Тој ништо не направи? Зошто Тој дозволи ова да се случи? Зошто, ако има Бог, злото толку лесно и слободно се случува во светот?“ А ние одново ќе одговориме нудејќи го Христовиот одговор: „Во исто време дојдоа некои и Го известија за Галилејците, чија крв Пилат ја измеша со нивните жртви. Тој одговори и им рече:
Плачи, и ридај и не барај да те сметаат за нешто; не изедначувај се со другите. Остави го светот, издигни се на крстот, симни го земното од себеси, истреси го правот од твоите нозе, „презри го срамот“ (Евр. 12,2), не разгорувј ги печките вавилонски, за да не бидеш и ти самиот изгорен заедно со нив од Божјиот гнев.
Тишината во овој свет нè носи од другата страна на земјотресите, бурните ветрови и огнениот пламен, од другата страна на стресот, страдањето и болката. Таа се претвора во нешто, кое што можеме да го слушнеме – слово на неискажливата убавина. Тишината ни дава можност да го чуеме тивкиот глас на Бога, кој што е како „здив од тих ветар“ (3 Цар. 19:12).
Времето брзо лета. Добро е младиот човек да не стои предолго на раскрсница, размислувајќи и колебајќи се. Нека избере некој крст - еден од двата пата во Црквата - согласно својот повик и усрдност, ревност, па нека чекори по него, имајќи доверба во Христос. Нека Го следи Христа во распнувањето, ако сака да се израдува со радоста на Неговото воскресение.
Модерно е да се промовира потребата да имаме „позитивна енергија“ во нашиот живот. Се рекламираат производи за конзумирање, окултни групи, но и философии со азиско потекло, преку медитација, со користење на амајлии, разработка на богослужбени методи од Истокот со чие користење ќе добиеме апетит за живот или ќе го отфрлиме дејството на негативната енергија, прават дел од луѓето, особено младите,
Преподобниот отец наш Никифор Исихаст е православен монах, духовен писател и еден од авторите на духовниот зборник „Добротољубие“.Се подвизувал на Света Гора за време на управувањето на Михаил VIII Палеолог. Се родил во италијанско римокатоличко семејство, но го отфрлил римокатолицизмот, па примил Православие ...
























