логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Епископ Тихон Шевкунов

За мачорот

Што да се прави – кај нас сакаат да разговараат и да ги критикуваат свештениците. Затоа, за мене беше многу неочекувано кога еднаш, додека сѐ уште служев во Донскиот манастир, кај мене дојде еден наш парохијанин, Николај и ми речеː

-    Сега сфативː најдобрите, најголемите, најтрпеливите и најпрекрсните луѓе на светот се свештениците!

Јас се зачудив и го прашавː од каде му долетаа вакви мисли, одненадеж?

Николај одговориː
-    Јас имам мачор. Тој е многу добар, паметен, убав. Но, малку е чуденː кога со жена ми одиме на работа, тој се качува во нашата постела, и простете ми, извршува нужда во неа. Ние секако се обидовме да го одучимеː го учевме, го казнувавме – залудно. На крај, изградивме цела барикада. Но, кога јас се вратив дома, видов дека барикадата е расфрлена, а мачорот повторно се качил на постелата и ја завршил својата валкана работа. Јас толку се разлутив, што го фатив и едноставно го треснав! Мачорот толку се налути, што се пикна под маса, седна таму и заплака. Вистински! Јас за првпат видов такво нешто, солзи му се тркалаа од очите. Тогаш се врати жена ми и ми се нафрли менеː „Како не ти е срам? И уште православен се нарекуваш! Нема да разговарам со тебе додека не се покаеш пред свештеник за оваа ѕверска, сурова, нехристијанска постапка!“ Јас немав што да правам, а и совеста ме изобличуваше – и утрото дојдов во манастирот на исповед.

Исповедаше игуменот Глеб. Јас си отстоив во редот и му раскажав сѐ.

Отец Глеб, многу добар, средовечен игумен од Троица-сергиевата лавра, тогаш привремено служеше во Донскиот манастир. Обично на исповед тој стоеше потпрен на аналојот, и потпирајќи ја брадата со раката, ги слушаше гревовите на парохијаните. Николај подробно и простодушно му ја раскажал неговата тажна ситуација. Се трудел ништо да не скрие, затоа зборувал долго. А кога завршил, отец Глеб, малку молчејќи, воздивнал и реколː
-    Да... Секако, не се завршило баш најдобро..! Само јас не сфативː тој Копт,(23) студира на некој факултет? Немаат интернат?

-    Каков Копт? – препрашал Николај.

-    - Па тој, што живее кај вас, за кого ми раскажуваше сега.

-    
„И тогаш сфатив, ја заврши својата приказна Николај, дека отец Глеб, кој малку беше наглув на увото, десет минути смирено ги слушаше моите глупости за Коптот кој поради некои причини живее кај нас дома и врши нужда во нашата постела, кого јас ѕверски сум го натепал, а тој се пикнал под маса, седел таму и плачел... И тогаш сфатив, дека најпрекрасните и несфатливи, најтрпеливите и најголемите луѓе на светот се нашите свештеници.“

----------------------------------------------
23 Копт – претставник на древниот народ кој живеел во Египет. (На руски мачор е кот. Па затоа на свештеникот му се слушнало Копт, заб. на прев.)


Извор: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“ и други раскази, Кумановско-осоговска епархија, 2016.

 

 

 

Друго:

За Преминпортал

Подготви: Светланка Трајчева 

28-ми јуни  2018 лето Господово

Друго:

 

 

  • Поуки од Светите Отци

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5838
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6648
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6445
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5633
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

25/04/2024 - четврток

Велигденски пости; (строг пост)

Преподобен Исаак Сирин II (Исаак Сирин I се празнува на 28 јануари); Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная