логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Овој татковски став на старецот, беше погрешно сфатен од некои конзервативни пуританци, кои жалеа, и некои неодговорни прогресивци, кои славеа, поради истата причина: затоа што старецот наводно ги „толерира“ плотските гревови. Не разбираа дека гревот не се победува, ниту со нетрпеливо осудување на грешникот, ниту со задолжително легализирање на падот во грев. Старецот се бореше ефикасно со гревот, љубејќи го грешникот

 Josif.Isihast.skitПослушанието во себе содржи се. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово.

 starecJosif.Bratstvo.jpgСепак, тоа се случува кај оние чијшто слух и совест уште не се скаменети. Кај оние што ќе ја чујат добродетелта и не послушувајќи остануваат заробени во своите зли желби, ним и деноноќно да им зборуваш, и мудроста на Отците да ја испразниш во нивните уши, и чуда пред нивните очи да направиш, дури и водата на Нил врз нив да ја свртиш, тие ниту капка корист нема да добијат.

Пред неколку години додека бев ѓакон, дојде една жена, и ми одржа предавање за тоа, какви треба да бидат свештениците, дека нивната служба е духовна, и поради тоа не треба да земаат пари воопшто и да живеат скромен живот. Делумно се согласив со неа, и ја прашав дали има син. Таа ми потврди и ми кажа дека е осмо одделение. „Штом е така – ѝ реков – запишете го во средното богословско училиште, па потоа нека заврши и факултет...

Воскреснатиот Христос не е само човек кој некогаш живеел, туку е Богочовек Кој е секогаш со нас. Воскресението Христово не е некој настан од минатото, туку тоа живее во црковниот живот. Ние не сме некои луѓе што теоретски веруваат во Бога, туку сме членови на Неговото воскреснато Тело. Христос нѐ повикува да Го допреме,

3.angeli.so.trubaПроектот: Воскресение дома (во самоизолација) е апсурден момент во кои христијаните се во ужас дека ќе се разболат и дека ќе умрат, и буквално само од страв за смртта одбиваат (се согласуваат) да ја празнуваат Христовата победа над смртта (во храмовите). Искрено да ви кажам, не можам да замислам поголем апсурд. Се потсетувам на зборовите на свети Григориј Палама кој ни вели дека, ако ние не сме кадарни (во верата) никој нема да ни верува дека Христос е роден од Дева.

3.angeli.so.trubaХрамот е најдобра и најизлечива болница, а оној кој ве советува, па макар бил тоа и српскиот патријарх или кој било владика, дека може само пет луѓе да бидат во храмот, тој или нема вера или служи некоја друга служба.
Господ Христос е најдобриот Лекар и Он ги дава најдобрите лекарства преку Светата Тајна Причест – тоа е најдобриот лек!

Ние сме православни христијани, немаме причина да се плашиме од никој друг освен од Бога.

3.angeli.so.trubaПостојат моменти во нашиот живот што имаат посебно значење. Ако се важни тие моменти зашто треба да ги искористиме за нашето спасение, тогаш толку се важни и овие кои му претстојат на нашето братсво. Сите увидуваме дека се судбоносни и дека нашите одлуки треба да бидат во согласност со светата волја Господова.
Го молиме Бога да нè просветли, и вас- за да го прифатите сето она што е за вашето спасение; и мене, за да ви го кажам во овој момент она што е

 3.angeli.so.trubaПо повод случувањата во последните денови – прекин на светите богослужби поради новопојавениот вирус, би сакале смирено да го изложиме ставот на Светата Црква за тоа дали се пренесуваат болести преку Светите Тајни или преку нејзините средства за осветување - поклонувањето на светите икони, целивањето на раката на свештениците, како и посетувањето на светите храмови.

3.angeli.so.trubaНашиот Старец еднаш рече дека за да ја познаеме болката на другите и да им донесеме утеха, треба и ние претходно да имаме поминато низ истото искушение. Во моментите кога ќе се помолиме за болни или хендикепирани луѓе, кога ќе се обидеме да ја разбереме нивната болка, а и да посакаме да пробаме да сострадуваме со нив, неминовно и одненадеж се појавува прашањето: можеш ли на себе да ја преземеш таа болест?

3.angeli.so.trubaСветата Причест е попатнина за вечен живот, лек за бесмртност, лек за душата и телото.

Светата Причест е лек за спасение, а не начин за пренесување зараза,

како што ќе видиме во следниве чуда:

 3.angeli.so.trubaИ уште, автентичноста му помага на христијанинот постојано да функционира во границата на Бога и човекот, во логиката и во тајната, во божествената љубов и човековата болка, во слободата и во послушанието. Ова го мотивира да се движи и надвор од личниот простор, од човековата граница, од светското време, од себе. Овие се границите во кои се крие Бог; во овие „надвор“ се среќава братот, вечноста, благодатта, вистината, Самиот Бог.

3.angeli.so.trubaНашата епоха има многу впечатливи нешта и секако нејзините достигнувања се импресивни. Самата најде неверојатни граници на кои им се приближи. Ги скрши преградите на земјината гравитација. Создава луѓе со досега непознати карактеристики, со вештачки или животински органи, со делови од други. Произведува видови кои до сега не постоеја. Ja променува природата, ги укинува нејзините закони. Влегува во телото, влијае на душата, креира менталитет и навики, го определува однесувањето.

3.angeli.so.trubaАвтентичноста на доживувањето не се поистоветува со помпезно изразување, бурна сензационалност, восхит, изненадување или световно воодушевување. Христијанското доживување е таинствено, длабоко и внатрешно. Доживувањето на Хананејката, која прифати Господ да ја споредува со кучињата, на Закхеј кој јавно ги исповеда своите неправди, на крвоточивата која тајно зеде сила од Бога, претставуваат примери на автентичност. Никој не внимаваше на овие луѓе.

TViter13Сите одиме по тој пат. И јас и ти и оние кои ги гледаш и им се воодушевуваш, во тајната градина на срцето, во таинственото пространство на својата душа, секој внатрешно го понесува својот крст, се бори со себе ги гледа длабочините на своето срце, гледа како му врви животот, не што говориме со устата, кога одиме надвор, ги облекуваме нашите алишта, ги поздравуваме соседите и сите велиме: Како сте? Добро! Вие? Што има ново? Децата? Дали сите се добро?

pimen.sr5.jpgДенес на Прочка потребно е просто и едноставно да научиме да го употребуваме зборот "Прости". Најпрвин формално само со јазик, но подоцна ќе забележите дека и вашите срца вистински ќе го прифатат овој збор преку чувството на покајание.
Преку неговата честа употреба ќе почне да се менуваат нашите животи,...

starec.Porfirij.K.jpgКако што поминува времето ќе ми биде сѐ потешко. Туморот ќе биде сѐ поголем, па ќе ми биде тешко и да зборувам.

Многу ме боли, страдам, но мојата болест е многу убава; ја чувствувам како љубов Христова: чувствувам умиление и

Му благодарам на Бог. Сето тоа е поради моите гревови.

Грешен сум и Бог се труди да ме очисти. Кога имав шеснаесет години,...

Во сè што пишува, апостолот не мисли на индивидуалниот христијанин, но на заедницата на браќата и совеста на другиот. Во 1Кор. 10,29 јасно вели: „кога зборувам за совеста, не зборувам за совеста твоја, туку на другиот“. Со кое било дело на христијанинот, колку и да е тоа резултат на неговата слобода во Христа, доколку ја соблазнува совеста на послабиот брат, тој го навредува искупителното дело на Христа. „Поради јадење не уривај го делото Божјо“, им пишува тој на Римјаните (14,20), каде што бил соочен со истото прашање.

 Monah.most.jpgДоколку те мрзи да ја практикуваш умната молитва повикувајќи се на послушанието, заслужуваш посебен прекор, затоа што според зборовите на св. Григориј Синаит, ни пустината, ниту осаменоста не се толку полезни за молитвата како што е послушанието. Доколку велиш дека немаш учител кој би те научил на оваа активност Самиот Господ ти заповеда да се учиш од Светото Писмо, велејќи: „Испитајте ги Писанијата и во нив ќе го најдете вечниот живот“.

 Man.slepce.sv.Jovan1.jpg,,Во одреденото, од Бога назначено и само Нему познато време, ние неминовно ќе стапиме во светот на духовите. За никој од нас тоа време не е далеку! Нека себлагиот Бог ни  дарува уште во текот на овој земен живот да го прекинеме општењето со паднатите духови и да стапиме во општење со светите духови, за на основа на тоа, откако ќе го соблечеме телото,  да бидеме приброени кон Светиите, а не кон паднатите духови!”

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1123
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1245
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1122
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…