логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Сиот христијански живот се состои во тоа да Му се биде верен другар на Христос; да се има сознание што Он сака, што Му е одвратно, што Го довело до смртта, та човекот да се однесува соодветно на тоа. Во првите векови на Христијанството, да се биде Христов другар, да Му се биде верен...

Кога говориме за болеста, во предвид ги имаме болестите на луѓе што се исти како нас. И што да правиме со овие болести? Луѓе, „благочестиви“, често ми велат: „Зошто да одам на лекар? Можам да отидам и да го замолам свештеникот да се помоли за мене или да испросам од него помазување со свето масло“

Култот кон личноста е една од најштетните појави, не само во црковниот живот, туку општо во целиот живот, вклучувајќи го и политичкиот. Во областа на политичкиот живот, култот кон личност си наоѓа свое место во диктатурата и во тоа, кога некој, оставајќи им впечаток на луѓето околу него, добива власт на којашто тој нема никакво право според неговиот внатрешен состав,..

Христовата мисија на земјата била да го спаси светот преку страдање, а страдањето донесува многу смирение. Да бегаме од сопственото страдање е погрешно. Ти вистински си слободен тогаш кога се бориш, кога си присутен на крстот. Страдањето носи длабока мудрост и прави сериозно да размислиме за своето спасение.
Се постaвува прашањето: како нашето срце реагира на страдањата околу нас?

Запамти, покајанието нема да биде целосно и полезно доколку во тебе не постои внатрешна цврста решителност да не се враќаш на гревот кој си го исповедал. Aко за било кој грев (паѓање) велиш: "Прости ми!", се ќе ти биде простено, но ако велиш така, а потоа повторно се вратиш на гревот и не се бориш со него, тоа значи дека твоето покајание е лажно; тоа значи дека се каеш и остануваш во гревот. Господ да чува!

Принцот Растислав од Моравија испратил писмо до византискиот цар Михаил III, во кое му ставил до знаење дека неговата земја го отфрлила паганството и го прифатила христијанството, но немале кој да ги поучи во верата на нивен јазик. Римските мисионери се обиделе да ги евангелизираат Словените, но не биле успешни затоа што се обидувале тоа да го направат на латински или грчки јазик.

Во една прилика кога служел, неговите двајца ученици наеднаш забележале дека не се само тројца во олтарот, туку четворица. Гледале запрепастено: кој е четвртиот? Ова им било прв пат да го видат и го прашале светиот: „ Четворица сме, што се случува?“ „Тивко“, им одговорил тој, „ќе ви објаснам подоцна. Тоа е светиот ангел, кого Бог ми го испрати. Секогаш доаѓа и ми прислужува“.

Така значи, кога влегуваме во храмот ние го поминуваме растојанието од земјата до небото. Ги преминуваме ѕвездите, ги оставаме ангелите зад нас и се искачуваме таму каде што стои Пресвета Троица. Тоа е таинство на нашата Црква. Го гледаме лебот и виното, но кој од нас не верува дека тоа е Христос? Го вкусивме виното и лебот, но кој нас не верува дека тоа се тело и крв Христови!

Светиот свештеномаченик Јаков бил една маркантна личност од првата црковна заедница. Овој светија, познат и како брат Божји, не бил само Христов сродник по плот, туку и попримил длабоко од Неговиот дух. Бил толку праведен што го нарекувале „праведникот“, и таа карактерна црта му останала за време на целиот негов живот. Според црковното предание, тој е составувач на првата Литургија, првиот текст, од кој подоцна произлегле и останатите Божествени Литургии.


Man.Zurce4.jpgГоспод му заповедал да молчи (замолкне) и му се заканил да не зборува, за злиот дух заедно со вистината да не ја посее својата злоба, а и ние да се научиме да не се обѕрнуваме на злите духови, макар наизглед тие да ја говорат и вистината. Зашто нам, кои ги имаме кај себе божествените Писма и слободата дарувана од Спасителот, не ни прилега да се учиме од ѓаволот, кој не го сочувал својот чин и скршнал во своите мисли.

 Секуларизацијата христијанското општество го направи отворено и прифатливо за хуманистички и прагматични теории за животот, кои во најголема мера го засениле христијанското учење за гревот и покајанието. Учењето за гревот како отпаѓање од единството со Бога, од еден вистнски живот – во Него и со Него, сé повеќе беше заменувано со некој вид морална или обредна законитост, во која гревот првенствено значи престап на утврдено правило.

Постои една голема вистина: онака како што нашето срце е расположено кон нашиот брат, така и Божјото срце се однесува кон нас. Дали сакаш Бог да ти ги прости твоите грешки? Дали сакаш да те сака со целото Свое срце? Тогаш би требало, од срце да сакаш и простуваш.Дали сакаш Бог да ги заборави сите твои гревови и веќе да не се навраќа на нив? „Сакам, би сакала“, плаче душата.

zena.pokajanie.jpg Човекот треба да се исповедува што е можно почесто. Паузите помеѓу исповедите треба да бидат исполнети со духовна борба и напори, што ќе се зацврстуваат со подготвките за претходната исповед и подготовката за следната. Значи, честото исповедување на гревовите ќе те чува, ќе те поддржува и ќе го прави поцврст целиот твој духовен живот. Благодатта Божја што 

Гледате на колку сѐ начини се добива благодатта за услишување на молитвата; затоа никој да не паѓа во очајание, дека не може да ги испроси од Бога спасоносните блага. Зашто, ако претпоставиме, дека ти недостасуваат многу од оние работи кои се потребни за услишување на молитвите, па зар не можеш да бидеш постојанен во молитвата, никогаш да не отстапуваш од неа? Тоа може да го прави секој само, ако сака. Само поради таа

 Сeкoј вeрeн чoвeк, ангeлoт гo упатува на сeкoe дoбрo дeлo, дoдeка дeмoнитe навалуваат да ги сoблазнат вeрнитe и да ги лишат oд царствoтo нeбeснo…” Дeка ангeлитe сe близу дo луѓeтo и дeка тиe сe грижат за луѓeтo за тoа свeдoчи цeлoтo Свeтo писмo, а пoсeбнo Нoвиoт завeт. Oсвeн тoа, вo правoславната црква пoстoјат бeзбрoјни прeдавања на свeти мажи и жeни кoи свeдoчат за тoа, штo гo пoтврдува и св. Анастасиј.

Најлесно е да си Јуда. Велиш дека си пријател, но кога ќе начекаш прилика, не се премислуваш за триесет сребреници, со еден целив да ги предадеш своите луѓе. Најлесно е да си Пилат. Секогаш кога ќе стане густо и мачно, ти „да си ги измиеш рацете“. Не земаш одговорност ниту за твоите дела, ниту за твојот живот.

“Акo чoвeкoт има намeра да Му угoди на Бoга, тoгаш Бoг гo учи на Свoјата вoлја или прeку мислитe, или прeку нeкoј друг чoвeк, или прeку Свeтoтo писмo”. Таквиoт чoвeк пoстанува вниматeлeн и oчeкува oдвнатрe и oднадвoр Бoжји пoуки. За нeгo прeстануваат да пoстoјат случајнoститe. И цeлиoт свeт за нeгo пoстанува какo харфа сo дeсeт струни, кoја нe испушта ниeдeн звук бeз Бoжјиoт прст.

Сето тоа толку изградува, просто не можеш да се воздржиш од солзи, во се' се гледа Божјата промисла. Како се' е прекрасно создадено и милостиво за се' се грижи и ништо не заборава.
Птичките се такви малечки, ноџињата како сламки, а постојат и се хранат и во време на мраз. Слава Господи на Твојата премудрост

Милостината значи да го прифатиш човекот кој седи до тебе и да не го отфрлуваш дури и во помислите. Имајќи милост спрема другите, покажувате дека сте слични на Господа. Просјакот ја испружува раката не да бара, туку да ти го пружи Царството Небесно, а ти не забележуваш! Запомнете: просјаците се библиски личности.

Она што е важно е дека преку постот човекот придобива сознание дека му припаѓа на телото на Црквата, дека Црквата е едно тело, една целина од верници и таа како тело пости во тој период и на тој начин. Тоа ни го дава чувството дека припаѓаме на телото на Црквата, потчинувајќи се на таа заповед на Црквата. Сега е период на постот и бидејќи припаѓаме на телото на Црквата,

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1121
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1241
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1120
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…