логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Aleksandar.N.sv.Haralampij

ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ДУХОТ

               Од кога постои светот, човекот ја прилагодува околината на себе. Најлесно му е да ја прилагоди природата на себе а најтешко му е да ги прилагоди на себе другите луѓе и општеството во кое се наоѓа. Човечката енергија најмногу се троши во борбата да ги промениме другите околу нас или да спречиме другите нас да не менуваат. Денес, сме свесни колку желбата на луѓето да ги менуваат другите е силна и моќна. И опасна. Деструктивна и злобна, покриена со розови превези на измама дека сето тоа е направено во име на универзалните човекови права, во име на различноста и толеранцијата,но всушност сите нè води во светот на просечноста каде оние што се на врвот на светската пирамида на власта ќе одредат што е пожелно да се размислува и прави, а што не. Таков е законот,што се наметна и што денес владее во светот.

Aleksandar.N.sv.Haralampij
Оваа принуда на демократските закони станува сè појака и луѓето стануваат сè помалку слободни да размислуваат и да зборуваат јавно. Светот се стеснува, сè повеќе и повеќе. Луѓето не го гледаат тоа, бидејќи има се повеќе забава и слобода во неморалот, па им се чини дека сè им е дозволено и дека хоризонтите на слободата и самореализација се повеќе растат, но тоа е измама на нечистите сили. Светот се стеснува за да размислува еднолично, да јаде еднолично, да се облекува еднолично, за на крајот на ова време сите да завршат во униформа на некоја нова империјалистичка светска војна.
Но, кој е тој што не може да одолее на делувањето на надворешниот свет?
Тоа е оној чија душа живее во грев,што не гледа каде оди светот заради гревот. А гревот се собира незабележливо од моментот на раѓањето па се до смртта, дали знаете за колку голем товар станува збор. Таквата личност има товар на својата душа, што ги прикрива видот и умот. Тоа е товар што го притиска не само духот, туку и телото, товар што доведува до осетливост на стрес, до развој на страсти, манија, фобија, товар што доведува до психофизички нарушувања. Луѓето се свесни за тоа, тешко им е, чувствуваат тегоби и непријатности во светот, но секогаш некој друг е виновен за сè. Тие ги обвинуваат сите други околу себе за нивните неуспеси, несреќи и неприлагоденост кон животните ситуации, но не ја разбираат прастарата причина за сите наши несреќи и беди. Гревот. Мал и ситен, што е невидлив како зрно песок, но зрно по зрно,станува тешка вреќа песок што не води до дното на реката на животот. Или пак голем грев,што како одронета карпа од планина, во својот налет распарчува се пред себе, дури и нашиот живот. Секогаш гревот е тој што нè победува во животот, и нè заробува.
Оттука, големиот руски светител Свети Серафим Саровски рекол: „Променете се себеси, и илјадници ќе се променат околу вас“. Како можам да се променам? Дали треба да одам на курсеви за јога за промена на свеста, на окултен курс на трансформација на свеста, на психо-социјален инженеринг со психијатри и социолози, да медитирам и да барам мир во бесконечни повторувања на мантри, дали треба да користам средства што влијаат на умот, дали треба да вежбам визуелизација на новото “јас” и да се убедувам секој ден дека напредувам сè повеќе и повеќе?
Не,зошто сето тоа е бесмислено и води кон уште поголем грев. Повеќето од овие работи, ако не и сите, само уште повеќе и штетат на вашата изнемоштена душа, затоа што сте изложени на дејството на нечистите сили кои чекаат во заседа зад сите овие методи на контрола на умот. Тие сакаат да го заробат вашиот ум за да го заробат и вашиот дух. Затоа што умот води кон грев што го осквернува духот. Немојте да бидете изненадени од оваа изјава, сите теории и методи на јога, пагански, окултни, шамански, магични и new  age теории и методи, лукаво ги заробуваат вашите души на подлабоко ниво, а повеќето психоаналитички теории се параван за отворање кон окултните - сексуални фантазии , истражувања и поврзаност со потсвеста, контрола на несвесното итн.
Тогаш, што сакаше да каже свети Серафим со она што го рече?
Тој мислеше на она што сите  православни луѓе го знаат и го разбираат – молитвата кон Бога и ревносно запазување на Божјите заповеди а благодатта на Светиот Дух што така ќе ја привлечете и примите, ќе го промени вашиот дух, вашиот ум и светот околу вас.Ќе  станете помирни, поразумни, помудри, повесели. Како што повеќе се молите, Светиот Дух ќе ја допира вашата душа сè повеќе и повеќе а нечистите сили и гревот ќе отстапуваат од вас.


Кога тие не се во вашата душа, не постои немир, страв, вознемиреност. Колку повеќе сте во благодатта Божја, толку помалку нечисти сили ќе ви приоѓаат и вашата душа ќе биде полесна, посветла и почиста. И тогаш вашиот свет ќе стане поинаков. И целата таа трансформација на свеста и умот, промена на животот на подобро, нема да се случи преку ниедна техника, туку само преку едноставен и побожен живот. Да, нема да ви треба никаква магија за да се промените себеси и животот околу вас, туку молитва, пост, покајание, исповед и причест.
Кој ја разбира оваа едноставна вистина и го воспоставува својот живот според неа, ќе живее лесно и едноставно. И сè ќе му биде кажано само нему.Работејќи над себе и живеејќи што е можно поправедно, ревносно и духовно, Светиот Дух ќе биде сè поприсутен во неговата душа. Таквата личност ќе стане самиот извор на благодатта, што ги привлекува другите луѓе да бидат во негово друштво, да се хранат со невидливата и неразбирлива моќ на благодатта што тие ниту ја гледаат ниту ја разбираат, но нивната душа тоа го чувствува. Оттаму, големите молитвеници, без разлика дали се свештеници, монаси или обични луѓе, станаа центар на светлината на доброто околу кое се  собираат луѓето. Со својата внатрешна сила, тие инспирираа, иницираа и ги менуваа луѓето околу себе, илјадници од нив.

TVITER10


Тоа всушност го рекол Свети Серафим Саровски. Бидете угодни на Бога и ќе се промените и ќе го промените светот околу вас. На луѓето им е тешко да веруваат во толку едноставна вистина. Ним им се чини дека сè е премногу едноставно и се изненадени што од нив не се бара никаков ангажман,никакво создавање, битка и победа, но живот преку молитва и живот во Бога. Ни помалку ни повеќе од тоа.
              Би напоменале дека да живееш духовно во отпаднатиот свет е подвиг, и духовен и телесен, затоа што кога некое лице зачекорува на тој пат, целиот злобен поднебесен свет крева заговор против него и тогаш се појавуваат искушенија и борби. Само тогаш злите сили и злите луѓе почнуваат да ги напаѓаат христијаните кои станале ревносни во своето дело. Тогаш настапуваат тешкотиите и напорот поради кои не така мал број на верници отстапуваат од овој пат. Полесно им е да не се борат, да ја потопат зоната на удобност и да се надеваат дека можеби и можат да го пронајдат пократкиот пат до рајот. Но, не е така, зошто сите ние полагаме сметка за своите дела и за нашите постапки на крајот од нашиот живот.
             Оние кои имаат вера и продолжуваат на вистинскиот пат, се борат со искушенијата, но не се предаваат. И како што растат и напредуваат во молитвата и духовниот живот, така и самиот Господ им ги простува гревовите и им ги олеснува душевните премрежја. Кога еден “мал човек” со слаби сили, ќе се придвижи со вера преку искушенијата кон Господа, само со еден мал чекор, Бог ќе се придвижи кон него со три џиновски чекори. И тоа доаѓање, приоѓање на Господа кон нас грешниците се чувствува и се доживува.
    Оној што ќе го доживее, стекнува чиста вера. Тој ги предава својот живот и душата во рацете на Господа, и вели искрено и без двоумење: „Нека биде твојата волја, Господи!“.Таквиот човек живее уште поревносно, бидејќи ги знае причините и последиците од гревот, го гледа светот каков што е, отпаднат. Таквата личност нема повеќе страв, мрачните мисли се заменуваат со спокојство и радост, стравот исчезнува и таквиот христијанин е подготвен да го положи својот живот во името на Господа, исто како и ранохристијаните и светителите. Во присуство на Бога, ние го чувствуваме вечниот живот, ги гледаме силите на доброто и злото што се борат на овој и на другиот свет и знаеме дека нашиот живот е минлив и дека на крајот треба да дадеме добар одговор на Страшниот суд. А добриот одговор го даваат само чистите души.


Извор prijateljboziji.com

 

За Преминпортал

Симеон Стефковски

Април 2021 лето Господово

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5812
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6629
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6413
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5610
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

20/04/2024 - сабота

Велигденски пости; (на масло)

Св. Георгиј Исповедник; Преподобен Нил Сорски; Св. маченик Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Тропар на св.Христов исповедник Георгиј Митиленски митрополит 7 април / 20 април 2024

Пастироначалниче на скитското подвижништвово степите руски непроодни,Ниле ученику Христов облагодатен,денес и во веки Бога преку тебе Го прославуваме,и твоите подвизи...

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная