логоFacebookTwitterYouTubeeMail

3.angeli.so.trubaНие сме Црквата сите заедно, сите луѓе. Треба да го развиеме тој голем дар, да сме вистински членови на Црквата, да го стекнеме тоа сознание дека не сме изолирани поединци и лица, кои дејствуваат самостојно, туку сме членови на едно тело, распрснато по цел свет. Затоа, гледате дека Црквата, еве, водела борба сите да ја празнуваме Пасха заедно, а не кој кога сака. Има пост, постиме сите заедно,

3.angeli.so.truba   За жал, во последните години, за нас како народ стана типично нетрпението, за разлика од нашите предци, кои се одликувале со големо трпение, што го пројавиле низ вековите. Тие живееле со вера, биле длабоко побожни луѓе и трпението ги учело да бидат мудри и благоразумни. А нетрпението, пак, води само до избрзаност, паника, губење на прибраноста, донесување на одлуки кои се импулсивни и непромислени и многу грешки.

vtornik.svpetka2.jpgСи дошол во храмот, а си го изоставил најважното - Светите Дарови, а тие се сé. Тебе ти остана само нафората. Знаеш ли што е светиот олтар? Тоа е нешто најдрагоцено што постои на земјата. Царските престоли, претстедателските фотелји, академските катедри - имаат помала вредност. Светиот Престол е несогорлива капина. Тука слегува Христос, тука пребива Светиот Дух. Околу Престолот стојат свети Ангели. Колку величествена, страшна глетка!

vo.Nedela.na.Raslabeniot4Сигурно во текот на оние 400 години постојано убивале, мачеле, но се јавиле и ликови на маченици кои го исполниле Рајот. И што друго? Сме се избавиле од вителот на средновековното западно Просветителство, зашто инаку не знам дали ќе успеевме да се запазиме како православни христијани. Да, 400 години ропство – измачувани, понижувани, толку многу жртви – но сме се запазиле. Тоа го велам за да се научиме да бидеме луѓе кои можат да се борат,

Но слава на Бога! Христос се распна, погреба, слезе во адот и адот го огорчи. Значи, влезе во таинствениот мрак, го зграби човекот и го изведе горе, па заради тоа велиме: „Стана од мртвите“. Потоа се вознесе и од тогаш сите ние знаеме, дека воскреснатиот Христос за сите нас подготвил светло и сјајно место и тоа, дури, од десно на Себе. Нè стави покрај Себе. Какво величество!

– Зошто тогаш се случуваат толку несреќи? Нели Бог промислува за сите?
Не можеме да знаеме зошто се случуваат несреќите – има многу причини: нашата невнимателност е само една од илјадниците. Сепак Бог е Единствениот, Кој не е причина за злото. Господ никогаш не станува причина за зло. Има моменти кога некој нѐ задржал, па доцниме за некоја работа, но подоцна сфаќаме дека да бевме тргнале навреме, нешто ќе ни се случеше.

HRISTOSTOVO.voskresenie1Вознемирен сум од владеачката тишина. Нешто се подготвува. Уште не сме сватиле како треба, ниту во какво време да живееме, ни тоа  дека ќе умреме.Што од тоа ќе призлезе, незнам, ситуацијата е многу тешка. Судбината на светот зависи од неколку луѓе, но Бог сепак уште ја држи сопирачката. Потребно е многу и со болка да се молиме, за Бог да се замеша во она што се случува ..

3.angeli.so.truba
Сите твои дела кои ги правиш не во име на Небото и без дозвола на Небото, ќе ти донесат горчлив плод, бидејќи Небото нема да ги залее со благодатниот дожд, ниту ќе ги осветли со својата животворна светлина.
Што и да намеруваш, слушни го советот од Небото.
Што и да ткаеш, врзувај ги конците за небото.

3.angeli.so.trubaРамнодушноста кон Бога, носи рамнодушност кон сè друго; носи морална дегенерација. Верата во Бога е голема работа. Кога човекот верува во Бога, тогаш ги сака и своите родители, своето огниште, своите роднини, својата работа, своето село, општината, својата држава и татковина. А, некој што не Го сака Бога и своето семејство – не сака ништо, затоа што и татковината е едно големо семејство...

Бог ни испраќа покани да Му се приближиме. Не нѐ принудува на сила да Му пристапиме, туку ни дава многу причини за да Го љубиме. Да си помислиме само дека пред сите векови, пред да се создаде светот, уште тогаш Бог нѐ имал во Својот ум, го знаел секој еден од нас, ја имал таа љубов кон нас, за наше спасение. Он ја имал намерата да не погинеме, да не пропаднеме далеку од Неговото лице.

Овој татковски став на старецот, беше погрешно сфатен од некои конзервативни пуританци, кои жалеа, и некои неодговорни прогресивци, кои славеа, поради истата причина: затоа што старецот наводно ги „толерира“ плотските гревови. Не разбираа дека гревот не се победува, ниту со нетрпеливо осудување на грешникот, ниту со задолжително легализирање на падот во грев. Старецот се бореше ефикасно со гревот, љубејќи го грешникот

 Josif.Isihast.skitПослушанието во себе содржи се. Христос во секој миг ќе ти плете венци. Но, за да се развива внатрешниот човек, за да се смират страстите и за да се расцвета плодот на твоите добри дела, потребно е сѐ да прати постојана и непрестајна умна молитва. Кога работиш, со усните или со умот непрестајно кажувај ја молитвата. Кога непрестајно ќе ја изговараш со усните, умот ќе се навикне да ја изговара со внатрешното слово.

 starecJosif.Bratstvo.jpgСепак, тоа се случува кај оние чијшто слух и совест уште не се скаменети. Кај оние што ќе ја чујат добродетелта и не послушувајќи остануваат заробени во своите зли желби, ним и деноноќно да им зборуваш, и мудроста на Отците да ја испразниш во нивните уши, и чуда пред нивните очи да направиш, дури и водата на Нил врз нив да ја свртиш, тие ниту капка корист нема да добијат.

Пред неколку години додека бев ѓакон, дојде една жена, и ми одржа предавање за тоа, какви треба да бидат свештениците, дека нивната служба е духовна, и поради тоа не треба да земаат пари воопшто и да живеат скромен живот. Делумно се согласив со неа, и ја прашав дали има син. Таа ми потврди и ми кажа дека е осмо одделение. „Штом е така – ѝ реков – запишете го во средното богословско училиште, па потоа нека заврши и факултет...

Воскреснатиот Христос не е само човек кој некогаш живеел, туку е Богочовек Кој е секогаш со нас. Воскресението Христово не е некој настан од минатото, туку тоа живее во црковниот живот. Ние не сме некои луѓе што теоретски веруваат во Бога, туку сме членови на Неговото воскреснато Тело. Христос нѐ повикува да Го допреме,

3.angeli.so.trubaПроектот: Воскресение дома (во самоизолација) е апсурден момент во кои христијаните се во ужас дека ќе се разболат и дека ќе умрат, и буквално само од страв за смртта одбиваат (се согласуваат) да ја празнуваат Христовата победа над смртта (во храмовите). Искрено да ви кажам, не можам да замислам поголем апсурд. Се потсетувам на зборовите на свети Григориј Палама кој ни вели дека, ако ние не сме кадарни (во верата) никој нема да ни верува дека Христос е роден од Дева.

3.angeli.so.trubaХрамот е најдобра и најизлечива болница, а оној кој ве советува, па макар бил тоа и српскиот патријарх или кој било владика, дека може само пет луѓе да бидат во храмот, тој или нема вера или служи некоја друга служба.
Господ Христос е најдобриот Лекар и Он ги дава најдобрите лекарства преку Светата Тајна Причест – тоа е најдобриот лек!

Ние сме православни христијани, немаме причина да се плашиме од никој друг освен од Бога.

3.angeli.so.trubaПостојат моменти во нашиот живот што имаат посебно значење. Ако се важни тие моменти зашто треба да ги искористиме за нашето спасение, тогаш толку се важни и овие кои му претстојат на нашето братсво. Сите увидуваме дека се судбоносни и дека нашите одлуки треба да бидат во согласност со светата волја Господова.
Го молиме Бога да нè просветли, и вас- за да го прифатите сето она што е за вашето спасение; и мене, за да ви го кажам во овој момент она што е

 3.angeli.so.trubaПо повод случувањата во последните денови – прекин на светите богослужби поради новопојавениот вирус, би сакале смирено да го изложиме ставот на Светата Црква за тоа дали се пренесуваат болести преку Светите Тајни или преку нејзините средства за осветување - поклонувањето на светите икони, целивањето на раката на свештениците, како и посетувањето на светите храмови.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1110
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1049
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…