логоFacebookTwitterYouTubeeMail

Т7.Vselenski.soborе очекуваат големи испитанија.
Секако, тогаш не знаев на што мисли тој, но сфатив кога по извесно време ме снајдоа тешки здравствени проблеми. Дијагнозата беше страшна – саркома на рбетниот столб со метастази по целиот скелет. Докторот ми предвиде уште три месеци живот. Заради неиздржливите болки набрзо ме ставија на терапија со морфиум. Чувствував како сѐ повеќе ја губев силата. Една вечер ги отворив очите и го видов старец Гаврил, застанат над мојата глава.

7.Vselenski.soborСтихирите што ги пееме пред самиот почеток на Великиот пост ја оплакуваат загубата на Рајот. Тие ни го прикажуваат ликот на Адам, лишен од облеката на славата што му беше исткаена од Бога. Во една од овие стихири, Адам, протеран од Рајот, започнува да тажи и извикува: „Нема повеќе да Го видам Господа, мојот Бог и Творец, бидејќи сега се враќам на земјата од која што бев земен. О Милостив и човекољубив Боже, биди Милостив кон мене, бидејќи сум паднат.“ Среде своето страдање, сепак, Адам

 7.Vselenski.sobor - Ако навистина сака да се спаси, ќе се фати за стапот како давеник за сламка. А ако не сака да се спаси, ќе сака и тебе да те повлече со него, но нема да може, зашто не си му ја дал раката. Синко мој, прво види дали човекот сака да се спаси, па потоа пружи му ја раката, во спротивно и тебе ќе те повлече со себе.

Halloween – празник на нечистите сили, кој нашите најмили и најмлади го одбележуваат во ноќта спроти 1 Ноември. Но за да можеме да ја разбереме суштината на ова безумно празнување, ние мораме да ги допреме неговите корени. Празникот своите корени ги има уште во дохристијанската епоха, меѓу примитивните келтски пагани во регионите на Англија, Ирска и Северна Франција. Келтите верувале во раѓањето на живот после смртта.

Они7.Vselenski.soborе κои осудуваат не ја гледаат основата за тоа деκа се наговорени од злиот дух и

најчесто тој ни прикaжувa лaжно гледиште зa другите.

A пaк aко некогaш имaш потребa дa осудиш некого,тогаш сети се κој има прaво дa суди.

Ако си направил грешка, сега имаш можност да ја претвориш во златна прилика. И таа можност постои во секој миг. Дури и нашите гревови и нашите страшни падови, кои за жал ги имаме, ако ги исползуваме, стануваат големи благодејанија. Ако пристапиме кон раната со смирение и покајание, тогаш таа навистина се исцелува. Станува извор на смирение и покајание, на голема скрушеност и благодат кај човекот. Не зборувам за самиот грев, туку за правилниот однос кон искушението.

Обично се жалиме, аргументирајќи дека на нашиот пат кон спасението се чувствуваме неудобно поради оние кои нé опкружуваат и поради неповолните околности со кои мораме да се соочиме, закучувајќи дека е невозможно да се најде некое тивко место за да се скриеме од празнината што ја има насекаде. Во такви ситуации забораваме дека во нас постои ‘‘едно скриено и мирно катче во срцето’’ (1. Петар 3:4). Забораваме дека е

Пoтoа св. Андрeј oпишува какo Гo видeл Христа Гoспoда: “И кoга нeкoја oгнeна рака ја пoвлeчe завeсата, Гo видoв мoјoт Гoспoд какo нeкoгаш прoрoк Исаија, какo сeди на вoзвишeниoт и прeвoзвишeн прeстoл и сeрафими стoeја наoкoлу. Бeшe oблeчeн вo црвeна кoшула, сo прeсвeтлo лицe, а Нeгoвитe oчи прeљубeзнo глeдаа вo мeнe. Кoга Гo видoв, паднав ничкум прeд Нeгo пoклoнувајќи сe на сјајниoт и страшниoт прeстoл на Нeгoвата слава.

Нашата цел е Царството Божјо. Затоа треба да најдеш сила да ѝ простиш на својата жена ако погрешила, да ја прифатиш и поткрепиш, дури и ако паднала. Тука те сакам, но дали си вистински јунак и капетан, ќе се покаже во бурата. Лесно е да колеш и бесиш. Коли и беси – што е полесно од тоа? Но, во бурата ќе се види каков си, дали во тој час можеш да бидеш силен и да го поткрепиш другиот човек. Ова е толку чувствителен момент.

Троичниот Бог не е апстрактен Бог, не е некаква виша сила, како што велат некои кои сакаат Бог да биде некаква виша сила. Знаете ли зошто сакаат да биде виша сила? За да прават што си сакаат, затоа што еден таков бог, кој е виша сила, не може да има личен однос со човекот и таа виша сила не го занима човека. Таа е нешто таму далеку, зад облаците, бог кој си ја гледа неговата работа, а ние нашата. Додека, пак, нашиот Бог, вистинскиот и жив Бог, е Личност, Битие, Бог на Црквата, на Евангелието, Света Троица.

 Но, дали светиите и светите се само отаде фреските? Дали светоста се чува неповредена така заградена само во храмовните ѕидини? Дали само житијните слова се единствените кои говорат за од Бога даруваната светост постигната со исклучителни подвизи или маченички сведоштва? Тие секако дека ја крепат душата и ја засилуваат верата, но што кога ќе го согледаме и споредиме нивното житие и нашиот живот и животот на оние кои живеат со нас?

 Главна духовна особина на отец Јован за мене секогаш беше не само дарот на расудување, туку и непоколебливата вера во себлагата и совршена Божја промисла, која што ги води Христијаните кон спасение. Во една од книгите на отец Јован како епиграф беа одбрани зборовите кои што тој често ги повторуваше: „Најважно во духовниот живот – е вербата во Божјата промисла и расудувањето со совет“.

Така, вистинската цел е љубовта кон Бога. И ако ја постигнеме, тогаш сите други нешта го заземаат своето правилно место и човекот не се измачува. Да кажеме дека имаш тежок брак, сопругот те измачува, свекрвата исто така и ти доаѓа да напуштиш сѐ. Ако се анализирам себеси, ќе видам дека причината е длабоко во мене, имено, дека не Го љубам Бога. Да Го љубев Бога целосно и да бев свесна дека целта на мојот живот е љубовта кон Него, тогаш проблемите во мојот брак, здравјето, работата, финансиите, дури и фактот дека стареам...

Ако некој од умор, или од душевно растројство е наклонет кон гнев, раздразливост, немир, единствено кротоста може да го смири во неговата растроеност. Опоменувајте се за Божјото присуство насекаде. Затоа, задолжително молете се наутро, во текот на денот и пред заминувањето на почивка. Задолжително постете во среда и во петок, за да не Го навредите Оној, Кој е секаде присутен.

За љубовта, пак, можеме да кажеме дека е најмоќната сила на човечката душа, затоа човекот треба исто толку да внимава да ја активира на правилен, бестрасен и свет начин. Ако душевната сила на љубовта се активира на страстен начин, тогаш постои опасност човекот да ги претвори во идол различните нешта што ги сака: идеологии, философии итн., и потполно да им се предаде, бидејќи карактеристика на љубовта е да се предадеш на тоа што го сакаш.

Петровите солзи на покајние (Мт.26,75) ќе бидат јасен показател на сите Свети Отци низ вековите подробно од лично искуство на животот во Христа за пројавување на Светиот Дух во нивните личности преку покајничките солзи, или како што вели свети Јосиф Спилеот, треба да имаме трпение и покајние до самата смрт, за кого неговите духовни чеда посведочиле дека од неговите солзи со часови се натопувала земјата, а и самиот старец пак сведочи за некои негови претходници, сведочејќи го на тој начин преданието на Црквата. Подвижничкиот етос на отците,...

pat..jpg

 Следењето на својот пат му дава на човекот чувство на мир, а при дејствување на благодатта, кога се уриваат сите противречности – голем спокој и внатрешна слобода, како во човекот да се проширило срцето (на духот веќе не му е тесно во срцето). И уште – чувство на радост. Туѓиот пат ретко донесува радост. Духовната радост може да биде присутна и при длабоко покајание на човекот. Тоа не е емоционална земна радост, туку мир во срцето, озарен со топла светлина.

Кога човек има макар и малку љубов во себе, макар малку радост и малку мир – ако тоа е од Бога, во Него се создава чувство на полнота. Тогаш не чувствуваш дека нешто ти недостасува. Во исто време сакаш повеќе, но го немаш она чувство на недостиг, чувство дека нешто ти фали. Затоа, кога во човекот дејствува законот на Духот и благодатта на Светиот Дух, тој ги чувствува во себеси сите плодови на Духот, а најмногу љубовта.

Она со што треба да се занимаваме, деца мои, е љубовта кон другиот, кон неговата душа.
Сè што правиме, и молитва, и совет и укажувања, да правиме со љубов. Без љубовта молитвата не е полезна,
советот повредува, укажувањето штети и го уништува другиот,
кој што чувствува дали ние го љубиме или не го љубиме и реагира соодветно на тоа.


Pravedniot.Jov.jpgНекој византиски цар беше нарачал од еден краснописец да му подготви препис од Стариот и Новиот Завет. Долго време одзело додека се заврши, но затоа резултатот бил воодушевувачки. Оваа прекрасна Библија, чија вредност надминувала 15 златници, царот ја подарил на еден старец-пустиножител, кој еднаш му беше помогнал. Тој старец, малку време пред своето упокојување, овој скапоцен дар го предал на својот послушник Геласиј.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1123
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1245
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1122
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…