
За кого Мајката Божја ќе каже збор, душата на тој човек нема да пропадне ни во овој век, ни во вечноста!
„Знаете ли она од Светото Предание, кога Светото Семејство бегало? Запомнете ја добро таа приказна, за да видите колку е голем и свет благословот на Мајката Божја, за и вие да го добиете. Имало колеж на деца, Ирод наредил, тоа го знаете од Евангелието…
Тогаш Ангел му се јавил на праведниот Јосиф во сон и му рекол да ја земе Богомајката и Христос – Детето, и да бега со нив во Египет.
Бегале така што старецот го водел магарето, на кое била Пресветата Мајка со Христос во прегратките. Пустината таму е огромна, а нив ги пресретнале разбојници кои ги ограбувале караваните и ги убивале патниците.
Водачот на разбојниците, кога ѝ пришол и го погледнал лицето на Пресветата Богородица, бил толку потресен од Нејзината светост и чистота, зашто лицето Ѝ било како лицето на Ангел. А кога потоа го погледнал Детето во Нејзините раце, уште повеќе вон себе и рекол:
„Кога Самиот Бог би дошол на земјата, би бил како ова Дете!“
Потоа им дал знак на другите разбојници да се повлечат. Тогаш Пресветата Богомајка рекла:
„Твојата душа нема да загине. Ќе дојде ден кога ова Дете ќе ти возврати за ова твое добро дело!“
Знаете ли кој бил тој човек?! Тоа бил оној разбојник што бил распнат повеќе од триесет години по овој настан, покрај Христос, на крстот, кому Господ му рекол:
„Вистина, ти велам, уште денес ќе бидеш со Мене во Рајот!“
Гледате ли што значи зборот на Онаа Која Го роди Божјиот Син!
Молете Ја да каже и збор за вас. За кого Таа ќе каже збор, душата на тој човек нема да пропадне ни во овој век, ни во вечноста! Блажен е оној кого Таа ќе го благослови!“
Монах ГЕРВАСИЈЕ Агиорит
2025



























