логоFacebookTwitterYouTubeeMail

(Обновено))

(

Да читаме и да се научиме да ја кажуваме молитвата.
Сто илјади други молитвени зборови не можат да ги заменат овие пет зборови:
„Господи Исусе Христе, помилуј ме“.

Тоа е славословие, благодарење,
молебен, исповед, богословие, исповедање.
„Таа молитва е сѐ“ (св. Симеон Солунски).

Можно е јас да не ја разбирам, но Бог ја разбира. Најважно е Тој да ја разбира. Да ја кажуваме таа молитва. Таа е многу лесна.

Ако се заинтересирате, ќе видите, дури и после каратко време како ќе ѝ се посветите, во рок од еден месец вашето срце ќе игра од радост.



Кога Му велиме: „Боже мој, дај ми ја молитвата, положи ја во моето срце“, зар Тој нема да ја всели таму?

Во нашето срце ќе донесе пријатност, мир, празнична атмосфера, солзи, сѐ. Ќе видите дека со овие зборови ќе го стекнете сето она што го сакате, на земјата и на небото.

Со оваа молитва ќе ви се даде сѐ она што Бог ќе ви го даде, сѐ тајно и сѐ јавно. Со неа ќе станеш совршено извежбан војник, без да го сфатиш тоа. Зошто велам „совршено извежбан војник“?

Затоа што потребно е да се извежбаме во молитвата, а Бог како мираз ќе ни ја даде непрестајната молитва, која доаѓа од светителите на Црквата, апостолите и Самиот Христос.

Кога, не мислејќи на ништо друго, ја изговараме молитвата, Светиот Дух ни го дава мирот, „ги зацврстува нашите мрежи“ и така стануваме смирени и слободни луѓе, што значи дека ништо не ни пречи, дека ништо не нѐ загрижува.



Старец Емилијан

 

Избор од фб профилот на: Оливера Соколова Македонска

 01.12.2018 лето Господово

 

 Друго:

 

 

 

 

 

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1109
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1047
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…