логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

За старец Паисиј Светогорец

 Старечник

Јан 3, 2013

 Старецот Паисиј нема потреба од нашите пофалби или од нашето претставување. Со неговата христоподражателна љубов ги успокои Бога и луѓето и затоа голема е неговата пофалба во Божјата Црква. Го имаше реткиот дар да успокојува луѓе од секоја категорија, од секакво образование и од секаква духовна состојба. Се сеќавам на случајот со еден психијатар психоаналитичар кој помина низ нашиот манастир по неговата средба со Старецот. Не само што беше успокоен, туку ми кажа дека она што му го кажал Старецот бил последниот збор на психијатријата. Познато е дека отец Паисиј не читаше други книги освен Евангелието и Ава Исаак Сирин.

За да успокои една душа не штедеше време и труд. Еднаш имав недоумица како можеше да исцели еден млад човек со сериозни психолошки проблеми. Од почит не го прашував. По неколку години на оваа моја недоумица ми одговори на следниов начин: „Кога некој има проблем, треба да го слушаш со внимание колку време и да ти зборува, без да покажеш дека си се уморил, затоа што тогаш си загубил сé. Ете, јас тој и тој млад човек еден ден го слушав неподвижен девет часа. Затоа ми настрадаа цревата”. Тоа не беше единствениот случај кога жртвената љубов на отец Паисиј чудотвореше. Друг пат, кога го прашав за еден тежок проблем што како духовник го среќавав во исповедта, ми рече: „Слушни отец, кога некој ќе стане духовник, треба да одлучи да оди во пекол за оние кои што ги исповеда. Инаку нека не станува духовник. Но јас ти велам дека таму во пеколот каде што ќе оди, ќе го направи рај, затоа што ќе ја има љубовта”. Страшни зборови, што само еден богоносен човек би можел да ги изговори.

Познато е дека во последните триесет години Пресветата Богородица се погрижи за возобновувањето на Света Гора. Отец Паисиј им припаѓа на оние Старци кои на многу млади луѓе им помогнаа да одлучат да станат монаси. И уште им помогна на многу млади монаси да се вкоренат на Света Гора и да донесат плодови. Го чувствувавме како помошник во нашата борба за раководење на нашите монаси, мелем на мнозина кои се бореа против ѓаволот, страстите и светот.

Старецот често советуваше да имаме духовно благородство и усрдност. Со тие добродетели се одликуваше и самиот, како што знаат оние кои го имаа сретнато. Еднаш кога го посетив во неговата стара келија на Свети Јован Претеча, кога по нашиот разговор го поздравив, тој ме испраќаше долго време. Штом му реков дека не треба да се мачи и да се врати во својата келија, ме поздрави и си замина. Да не му реков да се врати, ќе ме испратеше до нашето претставништво во Кареја.

Ќе треба уште да кажам дека неговиот дар на прозорливост ретко го пројавуваше и никогаш заради истакнување, туку заради полза на душите. На еден млад монах кој го посетил и имал помисла против игуменот дека не му направил елек, пред да му ја каже помислата, Старецот му рекол: „А бре, каква помисла имаш, дека Старецот не ти направил елек”. Ги утешуваше младите монаси кога ќе се насекираа заради некои нивни слабости (како што е зависта), кои ги карактеризираше како детски недостатоци. Нормално, ги советуваше дека треба да созреат и ќе ги надминат.

Отец Паисиј се одликуваше и со највозвишената од сите добродетели: расудувањето. На секоја душа ѝ помагаше да ја открие својата склоност и својот повик од Бога за да го најде вистинското успокојување.

Неговата љубов го прегрнуваше целиот свет. На многу луѓе, а особено на младите, им помогна да го живеат христијанскиот живот во светот и во семејството. Кога разговараш со Старецот, имаш чувство дека си во Божјата прегратка. Ќе треба уште да се нагласи дека отец Паисиј беше многу чувствителен во догматските прашања. Еднаш ми напиша: „Догмите не влегуваат во Европската Унија”. И во ова го следеше патот на светите Отци, кои верувале и исповедале дека не само добродетелта, туку и православието на верата е потребно за да се спаси човекот.

Својот свет живот го запечати со својата света смрт. Неговата тешка болест ја прифати како Божји дар и се радуваше со мислата дека и христијаните во светот, кои страдаат од истата болест, ќе се утешуваат дознавајќи дека и монасите страдаат од неа.

Го имаше надминато себељубието. Не се секираше поради својата болест, туку наоѓајќи се и на болничкиот кревет мислеше на ближните кои страдаат. Дури и во последните денови од неговиот живот се интересираше за проблемите на луѓето. На еден благочестив брачен пар, кој го посети неколку дена пред неговото упокојување и кој имаше неомажени ќерки, им рече: „Ви давам заповед да се заинтересирате за мажењето на вашите ќерки”. Со неговиот благослов и молитва, заповедта и желбата се исполнија.

Вечен ти спомен, почитуван Старче. Ти благодариме за она што ни го принесе, што нè утеши, нè утврди, нé поучи со твоите зборови и со твојот живот. Моли се и ние да ги следиме твоите чекори, како што и ти верно ги следеше чекорите на Христос Спасителот.

 

Света Гора 25 Март 2004 Архимандрит Григоријатски Георгиј Капсанис

 

Извор: Православен пат, бр. 30

Преземено од:: http://agapi.mk/grigorij-kapsanis-starec-paisij/

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5834
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6646
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6442
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5630
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Православен календар

 

24/04/2024 - среда

Велигденски пости; (строг пост)

Светиот свештеномаченик Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите маченици Прокес и Мартинијан;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Тропар на преподобниот отец епископ Паријски Василиј 12 април / 25 април 2024

Василие, преподобен оче наш,верата во Христа ти ја сочува,иако велијар во безумие кон тебе поита,стадото Христово по твоите молитви Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Антип Пергамски 11 април / 24 април 2024

Велик те направи Спасителот тебе Антипопомеѓу ѕвездите небесни,и возвишено стана името твое во Црквата,на која како семе одбрано и послужии...

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април /  23 април 2024

Тропар на св. Христови мач.Терентиј, Африкан, Максим, Помпиј, Зинон, Александар, Теодор, и др.33 со нив 10 април / 23 април 2024

Рахила плачеше по своите деца,о свети пустињаци од дванаесетте манастири,а ние денес се радуваме на вашите венци невенливи,ангел Господов свитата...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная