логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 bakica.jpgЧовекот не само што живее, туку и си дава отчет за својот живот, и затоа што си дава отчет за својот живот, тој може да живее не како што соодветствува, туку како што тој сака. Од личните размислувања над фактите тој си создава жива претстава за богатствата на животот и од гледна точка на таа претстава ја оценува својата положба во светот и се поставува себеси во однос на творечкиот живот.

Мојата ќерка Мариам, уште од раѓањето имаше проблеми со говорењето. Таа не можеше да зборува. Единственото нешто што можеше да го изговори, беше звукот „у“. На овој начин таа се обидуваше да ни каже што сака и што ја мачи. Отидовме кај сите лекари во градот, но немаше никакви резултати. Таа практично беше нема, и ние се помиривне со тоа. Еден ден, мислата ме 

Човекот ги соединува двата света – видливиот и невидливиот,  соединува две природи – физичката (телото) и духовната (душата). Ние телото го гледаме и го чувствуваме, но има многу докази и за постоењето на душата, ние ја чувствуваме и ја разбираме нејзината болка, нејзините радости и потреби. Затоа, човечкиот живот не може да се ограничи само на задоволување на потребите на 

Но човекот кој верува во Бог, кој се предава на Бог, не се плаши. Многу луѓе додека живеат во лоното на Црквата, пројавуваат слабост, се колебаат пред да донесат решенија. Затоа многу пати таа своја обврска ја префрлаат на духовникот. А тоа е грешка. Човек може да побара совет од духовникот, но решение во животот треба сам да донесе:

Срцето е почеток и корен на сите наши дела, учи свети Тихон Задонски. Што и да правиме во и надвор од нас, го правиме со срцето, било тоа да е Добро или зло. Со срцето веруваме или не веруваме; со срцето сакаме или мразиме; со срцето се смируваме или се возгордејуваме; 

Нека биде благословено името Господово од сега и до века! Господ како Своја заповед рече: „Сакајте Ме и во таа љубов чувајте ги заповедите Мои“ (сп. Јован 14, 23). Преку чувањето на заповедите ние добиваме навика, односно сѐ навикнуваме да живееме во непрестајно сеќавање на Христа: на Неговиот живот, на Неговиот пример и на Неговите заповеди. Ве замолувам драги, браќа

Постојат различни начини на кои можеме да им се спротивставиме па лошите помисли, да го ослободуваме нашиот дух од секоја страсна или хулна помисла. Прв, кој го препорачуваат Отците на Црквата е покајанието. Вториот е да го насочиме вниманието и нашето битие на нешто друго. Кога нашето внимание за ова другото се продолжува, непријателот престанува да се интересира и нè напушта.

Веднаш ќе забележиш дека му се случува преобразба. Започнува да испишува една нова насока и, ако разбере дека оваа љубов не е од мене но од Бога, тогаш врз него доаѓа Благословот. Спротивно, ако не го сфати тоа и почне да ми се заблагодарува за оваа љубов, тогаш упропастува се.

За време на германската окупација, речиси сите резерви жито во манастирот Филотеј се потрошиле, така што отците одлучиле да престанат со давањето милостиња. Во тоа време во манастирот живеел еден побожен монах, старецот Сава, кој бил многу изненаден кога слушнал за таа одлука, поради што го молел Советот на манастирот да ја преиначи одлуката бидејќи, во спротивно, постапката ќе го разжалости Христос

Старецот Сава од манастирот Филотеј ми раскажа дека за време на големиот глад во 1917 година, монасите од манастирот Ивирон, гледајќи дека залихите во нивните магацини се намалуваат, го редуцирале давањето милостиња. Всушност, скржавиот надзорник инсистирал сосема да се престане со давањето милостиња.

Исто така, во духовниот живот треба да се сетиме дека велиме едно, а одвнатре нѐ гори и мачи друго. Никој не започнал да следи некоја ерес затоа што добил особено просветление и видел дека православната вера не е вистина. На еден човек му починало детето и секташите го нашле во неговата болка, напуштен од неговата парохија, никој не беше го прашал: „Кој си, што работиш, како си?“ Туѓ помеѓу туѓи.

Живееме во време кога низ православниот свет е сè некако испомешано, од едноставноста на христијанството во апостолско време, до привилегираноста во Византија, потоа во Русија, потоа губењто на привилегиите, до сега веќе губењето на едноставноста, а барање на привелегиран статус во општества (секако и нашето) кои сега воопшто и не се христијански, иако се изградени на христијанска основа.

Не постои општ изглед за сите нешта. Еднаш го прашав еден човек: „Пречи ли да сме со различни мненија и да се сакаме, да имаме љубов еден кон друг? Ни пречи ли да се согласуваме во нашето несогласување?“ И да останеме поврзани и покрај тоа. Христос имал дванаесет ученици, секој со свој карактер.

Не е далеку од човекот – моралното битие, а човекот е создание морално. Така е предодреден. Не е создание кое само јаде, пие, чекори исправено, и по нешто зборува, туку создание кое си поставува прашања: „Кој сум?“, „Од каде сум?“, „Каде одам и како треба да живеам?“ Такви прашања само човекот си поставува на себеси.

Конечена и истовремено бесконечна цел на човекот е – обожување, кое се остварува само преку благодатта, односно преку силата и делувањето на Божеството. Благодатта е дадена на Црквата. Црквата е поле на вечна, божествена светлост, која взаемно дејствува со човечката душа, која е послушна на благодатта и која невидливо ја просветлува (во некои случаеви тоа просветлување и преобразување на душата се случува и на материјален план ...

 Кој се плаши од гревот, го љуби Бога. Кој има умиление, има уште поголема љубов. Кој во душата има светлост и радост, има уште поголема љубов. Кој, пак, има благодат и во душата и во телото, има совршена љубов. Таа мерка на благодат Светиот Дух ја дарувал на мачениците, а таа им помага храбро да ги поднесат сите страдања.

Никој не може да утеши друг човек. Грешка е да сакаме да најдеме мир во која било личност. Секое лице, колку и да те сака и колку да  го сакаш, - погледнете во себе - има ограничени можности. Тој е човек, има мала сила, има мал капацитет, само Бог му дава целосен одмор на човекот, и само Бог

Многумина од нас не умеат да го ислушаат својот соговорник: го прекратуваат, не му дозволуваат да ја искаже својата мисла. Исто така, не смее да се зборува кога сме под влијание на гневот или на другите страсти. За сето она што ќе го кажеме во состојба на гнев, подоцна горко ќе зажалиме. Најнапред, потребно е да се успокоиме.

Но, ако човекот сфати дека неговиот пријател многу сака кајсии, ќе се преправа дека не му се допаѓаат и ќе изеде само една, велејќи: ’Те молам, земи ги сите овие кајсии, јас не ги сакам. Всушност, ме боли стомакот и не сакам повеќе да јадам’. Таквиот човек поседува Божествена правда и повеќе сака по човечките мерила да биде неправеден кон себе и да се жртвува за да 

Вистинскиот христијанин никогаш не смее да осудува или да изнесува обвинувања против своите ближни, дури и ако некој насилно му ја земе облеката. Постои разлика меѓу оние луѓе што веруваат во Христа и оние кои не веруваат. Христијаните се придржуваат до Божествената, а луѓето кои не веруваат до човечката правда.

Повеќе артикли...


Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…
Јануари 29, 2020
3.angeli.so.truba

Живот во служба на Бога и на луѓето

Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат целосно легитимирање на македонското црковно и духовно наследство. Дедо Стефан е ревносен борец за македонскиот јазик што неизмерно го сака и постојано го збогатува. Еве…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1122
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1057
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…