логоFacebookTwitterYouTubeeMail

ЖЕНИКОТ НА МОЕТО СРЦЕ

Доаѓа Христос и му се обраќа на секој човек поединечно. Повикот на љубовта што тој го упатува не е колективен, туку е личен. Христос благовести слобода од колективната масовност, во било каква форма - етничка, расна, социјална, политичка, образовна, економска.
Женикот стои во центарот на храмот и го повикува човекот, личноста на секој еден од нас, да влезе „во себеси“, да се бори против своите лични страсти, да ги умножува своите лични таланти и способности надвор од рамките на масовноста. Човекот е повикан да излезе од мнозинството за да живее за мнозинството. Болката на Христос, е што човекот постојано бара утеха во толпата, и се задоволува со она што го прави мнозинството.
Христос доживува внатрешна борба не заради Крстот, туку заради оваа страшна изолација што ја чувствува. Никој не го разбира. Никој не го познава. Никој не го прифаќа овој личен повик за спасение. Никој не се осмелува да ја игнорира толпата, да го прекине влијанието на толпата. „Внимавај, душо“, пееме во Последование на Женикот. Душата на секој е повикана да го види Младоженецот, да живее со духовна будност, избегнувајќи нејзиниот избор да зависи од толпата.
Браќа мои, Младоженецот Христос доаѓа, доживувајќи апсолутна егзистенцијална изолација, но без да ја напушти љубовта. Тој доаѓа за секој од нас поединечно и лично. Болката во Неговата осаменост е голема. Осаменост која е предизвикана од суштествувањето на толпата. Христос го поништи мноштвото, толпата и го гледа човекот, го гледа лицето на секој и претрпува пораз, темнина, Крст, па дури и смрт, за да го спаси секој од нас. Во Црквата нема поделби, нема касти, само личности. Тоа е Црквата. Личности кои се обединети преку Христос. Личности кои ја прифатиле поканата за живот од Женикот на нашата душа.
Никој не е изгубен во Црквата,никој не е случаен, како во мнозинството. Во Црквата, личноста не се укинува, туку се пројавува, и на тој начин сите врват  заедно и создаваат взаемен однос. Тие си простуваат едни на други. Изолацијата на современиот човек е главна карактеристика на обезвреднувањето на поединецот. Човекот се губи, а единственото нешто што доминира е она што го прави мнозинството. Поединецот станува роб на изборот на другите, човекот ја омаловажува својата уникатност по сопствена волја наспроти олтарот на „сигурноста на мнозинството“.

Се разбира, целта на човекот не е да се издвојува од „другите луѓе“, туку да разбере дека тој самиот е одговорен за својот живот и спасение. И го велам ова затоа што, за жал, многу пати се плашиме да постапуваме според нашето срце и гледаме што прават другите за да можеме да донесеме слична одлука. Сепак, Христос ме гледа во очи и не повикува лично. Гледањето лево и десно што да правам – “во часот кога доаѓа Младоженецот” – слушајќи што другите ќе ми кажат, што ќе ми понудат, покажува дека одамна сум го ампутирал личниот избор. Христос не се обраќа на целото, туку на конкретното. Не “спасува” колективно, туку лично. Тој не љуби неодредено и неопределено, но лично мене и секоја личност поединечно. Затоа  и Женикот не е младоженец на христијаните, на луѓето, на толпата, туку е мојот Младоженец. Женикот на моето измачено и грешно срце.



Автор: архим. Павел Пападопулос
Извор: pavelpapadopulos.wordpress.com


За Преминпортал:  Симеон Стефковски


 


    



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Јуни 30, 2021
3.to.Naoganje.glava.sv.Jovan.Krstitel

СКОК ПРЕКУ ЈАЖЕТО НА НЕСОГЛАСУВАЊЕТО

Затоа, секогаш кога можеш прескокни го јажето на несогласувањето и фати се за оној дел од приказната кој ветува радост, насмевки и љубов. Горчината плисни ја со бран од морето, измиј го отровот на искажаните зборови и погледни кон залезот на сонцето. Тоа ќе…

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 3009
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 2258
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…