логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 svetiatanasij

Бог стана Човек, за човекот да стане бог.

* * *

Синот Божји е неодделив од Отецот, како што е блесокот од светлината.

* * *

Словото се воплотило, за луѓето кои станале распадливи, повторно да ги подигне во нераспадливост и да ги оживи од смртта, присвојувајќи за Себе тело и со благодатта на Воскресението, унишувајќи ја во нив смртта, како огнот што ја гори сламата.

* * *

Господ, примајќи смрт како човек, ја претворил во ништо красноречивоста на мудрите за идолите! Чија смрт некогаш изгонувала демони? И од чија смрт некогаш се плашеле демоните, како од смртта Христова? Секаде каде што се произнесува името на Спасителот – се изгонува секој демон.

* * *

Кога сонцето ги сокрило своите зраци, земјата се потресла, горите се распаднале, сите се ужаснале; тогаш тоа покажало, дека Распнатиот на крстот Христос е Бог, а сета твар – слуги Негови, кои со страв сведочат за присуството на Владиката.

* * *

Спасителот, како што го принесе на смрт за сите телото, така со телото пак го отворил за сите патот за искачување на небото.

* * *

Зошто Господ не претрпел некоја друга смрт, туку смрт на крст?.. Ако смртта на Господа е за искупување на сите, ако со неа се разрушуваат  неразрушливите прегради и се призиваат незнабошците (Еф. 2, 14), тогаш на кој начин би можел Он да нè повика кон Отецот, ако не се распнел на Крст? Зашто само на Крстот се умира со раширени раце.

п.п

 



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1481
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 1844
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1649
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…